А јас ќе те посоветувам само да се оддалечиш и да ги баталиш и двајцата и да пробаш да си ја најдеш среќата со малку постабилни и поискрени личности. Оној кој што те тера да бираш и ти прави работи позади грб не вреди воопшто да трошиш време и нерви да лепиш нешто што не е лепливо воопшто.
Немам кому да му кажам, ама чувствувам дека морам. Долго, доста долго ја чувам болката. Можеби добри 8 месеци. Глумев дека ми е сеедно, ама не ми е. Не можам да си признаам себе си а и на другите. Мислам дека не можам да се лажам сама себе повеќе. Се уште имам чувства кон бившиот. Посилни се од било кога. Абе да речеш дека не сум се потрудила да го преболам, не е вистина. Прекинав секој контакт со него, не му одев никогаш на профил, ни пак имав желба да го барам. А сега опседната сум со секој негов чекор, посебно па со неговата нова девојка, а посебно кога случајно забележав дека ме одблокнал од негов лажен фејсбук, почна да ме копка зошто? Па нели има друга девојка? Зошто е заинтересиран што правам јас?(беше во период кога беше скаран со девојката) И кога сфати дека јас не го молам како порано (можам да бидам сигурна дека вечерта пред да го деактивира лажниот профил ми го прегледал мојот и потоа магично исчезна, го деактивирал. ) Видел дека сум "среќна" без него. Не знам, тој е навикнат да го молат а јас се каам зошто му немам пишано, макар на другарски начин, да видам дали е добар. Сепак 2 години бев со него, и секогаш ќе ми значи и покрај се што се случи со нас. Разговарам со мајка ми, не наидувам на разбирање, разговарам со другарки, повторно истото. Секогаш истото -Батали го, не вреди. Го знам тоа, се ми е јасно, но пусти чувства пусто срце. Неодамна напишав овде за еден дечко, и кога зборувам пред мајка ми за него таа ми вели џабе толку си радосна кога ќе ти се јави кога постојано мислиш на бившиот. Сето тоа е вистина, мислите ми се упатени кон него, бившиот. Кога гледам, ништо на крај не постигнав. Повторно се вратив на почетокот, се што постигнав досега е залудно.
Убаво си кажа самата на себе, залудно се замараш и патиш кога нема причина и аир од исходот, нема ништо да промениш, можеш само да се измачуваш и да се полниш со нервози, цел немаш, иднина немаш до него. Или пробај да бидеш похрабра и да го исконтактираш или помири се со тоа и продолжи со животот. Чуството потисни го колку што можеш подлабоко и пробај да пронајдеш нова светлина.. нов жар за кој вреди да живееш.
Јас се помирив одамна дека е завршено, барем мислев дека е така еден период. Знам дека не е за мене, јасно ми е, но надежите што ми ги даваа и вољата од страна на сите - Сигурно има нешто зошто те одблокнал, бла бла ми дадоа сила да се надевам на нешто. Можеби и самата сум виновна што се надевам, затоа толку боли.
@anakonda88, Јас воопшто не сум толеранта личност по ова прашање и многу добро знам какви кучки знаат да испаднат најблиските. На своја кожа имам почувствувано што значи другарка да ти се повампири и затоа сега не сакам многу збратимување меѓу дечко ми и другарките. Се знам себе си, си го знам лимитот. Едно беше пред да се изгорам, сега навистина немам толеранција за глупости. Со тоа кажано, кога сме излезени сите заедно сосема нормално ми е да разговараат меѓу себе, да се зезаат, да се дружат. Затоа пак ќе речам, едно е одење сами на кафе, друго е комуникација во друштво.
Мој совет ти е да ја ,,фрлиш,, гордоста и да видиш до каде сте стигнале со заборавањето еден со друг. Зошто да те мачи прашањето дали те заборавил или не. Биди искрена со него.Кажи му ги чувствата.Ако е човек и ако те сака ќе ти се приклони и ќе продол ите. Ако има љубов заборавете ја гордоста. Таа пуста гордост уништила многу љубови и животи.
Отфрлија гордоста и срамот и пробај да разговараш со него, ти скрши го мразот не мора секогаш на машкото да чекаш, од каде знаеш може ќе успеете, ако не, бар ќе знаеш дека си се обидела. Ништо нема да загубиш ако пробаш.
Не знам под какви околности сте се разделиле, но велиш дека тој бил навикнат да го молат, што ми кажува дека можеби ти си онаа која го навикнала така.Зошто ти да се каеш што му немаш пишано, зошто он не ти пишал да види како си.Самата велиш дека порано си го молела, нема тука навика одвика,ако некој толку сака и ќе замоли некогаш. Да речеше дека само другарките ти викаат батали го, да се посомневам,да кажам дека ајде може они не се замараат толку, ама зар мајка ти би ти посакувала лошо.Сигурно има нешто штом мајка ти не те разбира... Mожеби ти е период,a можеби и ти е непребол,тага во душата со која со тек на време ќе мора да научиш да живееш, што и да е продолжи да бидеш силна и што е твое ќе си дојде, нема зошто да молиш некого цело време, остави да видиш дали тој некогаш ќе се жртвува да се помоли Oва го кажувам зошто ми звучи како ти да си онаа која досега се трудела, ако е обратно ако мислиш дека си оставила некои работи недорешени, твое е што ќе правиш
Не ми е баш јасно, сега, во моментот имаш дечко или не ? Најверојатно нема да ти се допадне што ќе пишам, јас некако сурово ама реално преферирам, белким не сум во право за ова ... секоја врска прекинува затоа што нешто не оди помалку или повеќе. Љубовта кон некого некогаш нема врска со иднината на врската за која и двајцата се свесни дека не оди и не е можно. Лошо е себе да се залажуваш, пиши му, меѓутоа колку ќе оди тоа, голем знак прашање, тој не девојка и жена да има може не само да те одблокира туку и да те контактира или да се интерсира уште за тебе и твојот живот тоа е само знак дека нешто го копка и толку, дури и кога има љубов некои луѓе едноставно не функционираат заедно. А да не ти тежи и да се сомневаш секогаш во својот избор провери се, само не дозволувај да ти го скрши срцето пак.
Тој е виновникот, драма беше тоа, никогаш и не дознав зошто раскинавме, тој секогаш бегаше од одговор. Е Секогаш се трудев и секогаш бев пола пола. некогаш победник, некогаш губитник. Таа мисли дека тој не ме заслужува, да не се нервирам. А тоа не е се така наивно ко што изгледа. Се гледам со една личност, убаво ми е. А истото и јас го мислев, зошто ме одблокирал а не ме контактирал? Во право си, само се залажувам, би му пишала, но моментално ми е пречка тоа што има девојка, а јас не би сакала да се мешам во неговата врска. Ќе начекам момент, се надевам.
Верувај, има двајца нешто ги влече еден кон друг,а кога се заедно пекол .... и не оди и не оди ... пиши му нема што да чекаш, не си ги продолжувај дилемите. Како викаат срце памет не пита и каде и да одиш кога срцето не те води, не бива. Вака расчисти си сама со себе за да можеш да бидш среќна со другиот човек, и тој те заслужува комплетна, не делумно пристуна.
Сакам да прашам нешто што ужасно ме нервира. Имам другарка која иде со дечко и околу пола година. Никогаш не ја извел во град заедно. Имам едно прашање... зошто машките, доколку се срамите од некоја девојка да ја изнесете некаде, воопшто сакате да бидете во врска со нејзе? Не ја покажувате, а и немате никаква корист(грозна е ама важно имаме односи) само мување е работава.
@SnowQueen17, мила, сама си одговори на прашањето: Инаку, од напишаното се сомневам дека другарка ти е во врска со фраерот, поверојатно ми е дека тој си ја држи блиску само за секс и таа тоа го знае, само пред вас другарките глуми дека има нешто повеќе меѓу нив.
Што кога сте помеѓу разум и срце? Срцето препознава добар човек, човек кој те сака со сите твои мани, кој се топи пред тебе, за кој си една и единствена, кој е спремен во моментов да те венча, човек кој е миленик на женска популација но доживува трансформација ради тебе и станува маче во дланка, вреден, паметен, упорен,човек со кој те спојува голема хемија, страст, уживаш и забораваш на време и проблеми, чуввствуваш топлина во неговите очи, без срам ти кажува дека ти си неговата дрога и онаа вистинската за која светов ќе го преврти..... Од друга страна е разумот кој потсетува дека сте од различни семејства (учени /неучени), град/село?? Совет за исто или слично искуство, со епилогот од истото?
@Rubiii семејствата се всушност најмалку битни во целата приказна. Првин, ти треба да бидеш сигурна дали сите тие негови зборови би останале исти доколку треба да донесете некоја одлука. Дали доволно го познаваш типот и дали си сигурна во тоа што тој го зборува? Сериозни сте или само вљубени до уши, па на светот гледате со розови очила? Заљубеноста и вистинската љубов ја прават разликата- вие двајцата или сте спремни да поминете преку сите непријатности, кои ти претпоставуваш дека ќе се јават во иднина, или пак, разликите се преголем залак. Некои успеваат, остануваат заедно, некои се откажуваат под притисок на родителите. Секое искуство е различно. Самата одговори си на прашањето, дали тој ти е побитен, од една страна, дали љубовта е доволно голема и силна и дали би имала целосна поддршка од него или родителите, од друга страна, кои претпоставувам дека не ја одобруваат вашата врска.
и јас имам реторичко прашање на твоето, зошто девојките не се тргнат од врска во која што не ја добиваат потребната почит? Зарем воопшто не приметуваат кога некој се срами од нив? Со што продолжуваат со такви луѓе и притоа имаат ли некаква корист тие од тоа? И да, само мување е работава? Секоја чест на другарка ти кога издржала пола година ццц...