Руби мислам дека ова прашање веќе ти беше поставено ако грешам се извинувам и пак ќе одговорам. Сите оние кои што се палат на еден човек заправо како мета на материјалност, физички аспекти, фамилии итн потоа магично се гаснат од последиците и недоразбирањата со истиот. Хемија се нема, љубов, чуства.. ако не постојат џабе е се тури му пепел. Ме разбираш што сакам заправо да ти кажам. Послушај си го срцето, почуствувај хемија и разгорена искра, искористи го моментот и пробај да бидеш среќна.. фамилиите и не се толку битни кога станува збор за љубовта, крај краева ти си со човекот кој го сакаш и ти значи а не тие, компромис и помирување со одредени ситуации ќе постигнеш секако доколку го имаш тоа неопходното.
Еве ти одговор - можеби не е во прашање срам или тоа што девојката е грозна, можеби едноставно сакаат да се сами. За мене е нормално, особено на почетокот на една врска, партнерите да сакаат да поминуваат повеќе време насамо - дали се работи за мување, секс, држење за раце, галење на коси, разговарање и запознавање или ќутење и гледање у ѕвездите, не е битно - и не знам како си ти толку сигурна што прават они кога се сами. Можда у моментов им е доволно да си бидат еден со друг и можеби им е поубаво на само, отколку со друштво и другари и „другарки“ кои девојкава ја сметаат за грозна.
Не мора да значи. другарка си е за другарка не мора се да знае како што е посебно за партнер или дечко.
Не мора да знае другарката, ама зависи колку се блиски тие две. Ако се знаат подолго време, ако се знаат како дишат, ако нема лаги помеѓу нив нема потреба да ја лаже и за овој дечко. Еве јас конкретно со една најбиска другарка зборувам за такви интимни работи, ама со неа се знам од 1во одд. Знам се за неа, исто и таа знае се за мене. Значи во прашање е доверба и блискост помеѓу другарките.....како и да е, не е тоа проблемот за кој се обратила девојката, туку нешто друго ја мачи.
Што се чудни па и вие, фала богу жени сме ќе муабетиме за се и свашта а посебно со најблиските другарки, а и зошто да не. Е сега проблемот е што треба да се разграничи до каде ќе се оди со разговорите и "исповедите" нели?! Па и она "се" коешто го велите е претерано, "се" на никој не се кажува.
Здраво девојќи. Па вака, бев со сегашниот дечко две ипол години, па се разделивме поради многу неубаво причини иакп највеке се сакавме. Иако го сакав јас испаднав 2-3 пати со друг но никако неможев да го заворавам. Поминаа 3 години, сега повторно сме заедно и се е толку многу убаво и романтично и сексот со него е толку многу добар што неможам да му одолеам. Но сега проблемот е во тоа што родителите незнаат дека повторно сме заедно, а порано знаеја но не мо дозволуваа да бидам со него, како тој да не бил достоен за мене, незнам тами почнувајки од неговите родители итн. Сега незнам какп да им кажам, иако имаж 18год.сепак незнам како да го почнам тој разговор, се мислам дела повторно ке биде истото. Јас него најмногу го сакам а и тој мене, значи ме чува се грижи за мене, секогаш е до мене. Но има и уште еден да се нарече проблем. Бидејки сега сме на факултет со другарките излегувам еднаш неделно, и сега едната секогаш лута секогаш нешто префрла, јас со него сум излегувала, било мизерно бодејќи со него ќе сум била за нова година, за неа нокогаш време немало бла бла... Значи никој не е таков само таа уфф . Незнам каков проблем има со мене. Ја прашував на крајот се скаравме. Колку излегувам со партнерот толку и со нив. Но повеке важно ми е ова со родителите, несакам моето маженце неубаво да се чувствува.
Сакам совет како да одиме во подобро светло со дечко ми. Значи.се беше супер..и одеднаш се оладивме,нема енергија,возбуда,нема комуникација..сеуште сме заедно но ккако да не сме. Што да направиме? Кажете макар активности што би ги правиле заедно за да се подобри ситуацијава.. Кино,викенд,заедно спортување,кафе,друштвени игри,филм..друго? Решение?
Не, навистина прашувам за другарками. Јас штотуку раскинав. Инаку знам за односиве бидејќи таа многупати се жали дека сака да му раскине, дека тој и барал нонстоп а таа не била спремна. Таа сака да излегуваат во град посебно вечерно време но тој секогаш наоѓа причини како да не дојде. Тоа ми беше прашањето. А за на само да остануваат баш мислам дека на почетокот на врската најмногу излегуваат сите парови...
Најверојатно постои некој проблем штом твоите родители не го одобруваат дечкото. А и ти 2 години си била со него па не знам колку не си била па сега пак, па побогу бре девојче на колку години имаше озбилна врска и дечко?! Може и затоа родителите не одобрувале и што е и најнормално. Ако сметаш дека тој е правилниот и вистинскиот за тебе тогаш продолжи и остави на времето да си ги намести коцките по ред, не избрзувај толку со одлуките и соопштенијата.. се во свое време.
Почнавме да се гледаме кога имав 13год. Тогаш се беше на зафрканција повеќе како другари, но важно статусот беше in relationship. Но како времето поминуваше јас се заљубив во него тоа беше на 15години. И почнавме така да ср бакнуваме, ифф летав во облаци хаха. Потоа се разделивме се до пред месец ипол кога сме повторно заедно. Многу би сакала моите да го прифатат, тој е многу добра личност. Сега пред малки ми кажа дека сакал да го помине остатокот од животот со мене, секако прво да го завршам факултетот. А ова за онаа "другарката", сум без коментари. Жално.
Потребен ми е совет и решив да се обратам тука со надеж дека ќе наидам на помош и разбирање. Сметам дека сум жртва на емоционална манипулација. Имам седумнаесет години и до сега сум имала пет врски од кои ниедна не траела подолго од месец дена. Рака на срце, сеуште не сум спремна да се „обврзам’’ и долга врска би ми била товар но навистина чувствував нешто кон сите со кои бев заедно до сега. Причината за прекинот на сиве овие врски секогаш била само една која се повторува и повторува одејќи до недоглед. Сигурно не сум добра во проценување на луѓето бидејќи сите од нив за нешто повеќе од недела драстично се променија. Сигурно ќе си помислите дека всушност тие секогаш биле такви и јас сум ги познавала за краток период, но повеќето од нив сум ги познавала долго време пред да стапам во врска. И нормално, сите тие игри, топло-ладно, глумење hard to get секако во умерени дози за да ги натерам да се потрудат и да видам дали навистина се подготвени за една врска со сите проблеми кои таа ги носи. Меѓутоа, имам забележано дека проблемот можеби е во тоа што на некој начин сум „магнет’’ за „лоши’’ момчиња. Чудниот пресврт е мојата незаинтересираност за нив, од секогаш повеќе ми се допаѓале момчиња кои се однесуваат пристојно, софистицирано и манирите ми се многу важни. Јас сум таа која што ги привлекува мрачните и мистериозните типови на момче. И искрено не знам зошто тоа е така. Според некоја моја можеби и погрешна логика, таквите момчиња би требало да бидат привлечени од девојки кои се срамежливи и изгледаат незаштитено, поводливо, немаат оформено свои ставови или не се плашат да им бидат „следбенички’’. Од друга страна јас сум гласна и отворена, комуникативна девојка со голема самодоверба и никогаш не би прифатила постојано да бидам во сенка на проблематичен тип кој ќе ме третира како ќе му текне. И никогаш ова не ми претставувало којзнае каков проблем. На крајот на краиштата, имам само седумнаесет и се фокусирам на учењето и на забава со друштво. Но мојата последна врска беше толку драматична што некои нешта сеуште не можат да ми се разјаснат. Тој е три години постар од мене. Се запознавме на интернет (да, свесна сум дека Фејсбук не е најидеалниот начин за запознавање луѓе но ми се допаѓаше толку многу што по долго двоумење одлучив да му дадам шанса) и на почетокот беше многу добар, внимателен, делуваше суптилно и разговаравме со часови. Имав чувство дека можам со него да зборувам за сé, згора на тоа многу е паметен и начитан. Бидејќи не живееме во исти градови, по три месеци допишување, Скајп и телефонски разговори дојде да ме посети. Беше со двајца другари кои имаат пријатели во мојот град а јас бев со најблиската другарка. Заедно отидовме на кафе и бев многу пријатно изненадена од нивното однесување. Одлични манири, добра смисла за хумор, отвореност. По два часа со нив, насамо прошетав со него. Зборувавме на многу теми и се чувствував прекрасно во неговото присуство. Го испратив на автобуска и веднаш штом се вратив дома сфатив дека не можам да издржам повеќе и му напишав порака прва признавајќи му дека ми се допаѓа. Одговорот беше позитивен и чувствата беа взаемни. Тогаш започна нашата врска. На почетокот сé беше повеќе од одлично и нашата поврзаност ме правеше многу среќна. Но одеднаш тој полека започна да ја открива својата мрачна страна. Сé тоа започна со еден разговор во кој тој ми откри валкани детаљи за своето минато. Бев шокирана и разочарана но за прв пат во својот живот ги прекршив своите принципи и одлучив да верувам дека е променет. Но следуваше уште поголемо изненадување - неговото однесување беше променето до тој степен што јас не можев да го препознаам. Од една страна беше болно љубоморен и посесивен и често се обидуваше да ме контролира, додека истовремено беше ладен и често ме отфрлаше од себе. Кога ќе ми се смачеше од ваквото однесување и ќе му посочев дека е променет, ќе направеше драма и вината ќе ја префрлеше на мене, убедувајќи ме дека јас сум таа која што се има променето и дека јас сум виновната, дека го притискам и дека му е многу тешко. Чувствата ги покажувам на топол и театрален начин, но за кратко време и јас се заледив. Кога јас се однесував ладно тој плачеше за внимание и се закануваше со самоубиство (знаев дека најверојатно манипулира со мене но повторно му ја премолчив грешката) , а кога тој беше оддалечен од мене вината повторно беше моја. Свесна дека таа врска на мене делува деструктивно и ме исцрпува, му се јавив и му кажав дека е крај. Беше многу вознемирен, веднаш го промени однесувањето и очигледно беше дека се наоѓа во многу нестабилна психичка состојба. Вината ја префрли на фактот дека јас живеам во Австрија и иако прилично често доаѓам во Македонија, тешко му било и сакал да ме гледа секојдневно и наводно доколку сум живеела во Македонија секојдневно со воз ќе доаѓал да ме посети. Но како велат, секое чудо за три дена. Тогаш почнаа приказните за тоа колку нему му е тешко, колку е за никаде, колку го мрази својот живот, колку ги мрази сите околу себе... Пробував да го утешам но попусто, резултатот на сето тоа беше нула. И јас бев исполнета со негативна енергија. Се жалеше на анксиозност, депресија и borderline personality disorder и јас добронамерно го советував да побара стручна помош но тој дрско се спротистави на тоа тврдејќи дека никој не може да му помогне. Во неколку наврати ме натера да мислам дека всушност јас не го поддржувам доволно и дека немам разбирање за него, што кога подобро ќе размислам е сосем бесмислено. По неколку кавги и на мојата необично и некарактеристично за мене голема толеранција и дојде крајот. Јасно му дадов до знаење дека ме вознемирува. Неговото однесување стана застрашувачко. Го прифати тоа без да каже збор, но познавајќи го повеќе од сигурна сум дека е подготвен да ми се одмазди на било каков начин или бар да ми создава психички немир. Неодамна во мојот живот влезе ново момче кое ми се допаѓа. Сега сум многу попретпазлива но тој ме разбира и е подготвен да ми даде време. Мојот бивш постојано става лајк на коментарите кои тој ми ги пишува и постира слики, песни и статуси со сугестивна содржина и индиректна порака дека планира одмазда. Свесна сум дека е подготвен на ужасни нешта. За ова разговарав со мајка ми, сестра ми и најблиските пријатели. Сите ми велат дека најверојатно сум само параноична после долгото психичко малтретирање од негова страна и дека не треба да се грижам околу ова. Меѓутоа, што мислите вие за целата оваа ситуација? Ви благодарам и се извинувам за долгово „четиво’’. Спојлер: Како на 9GAG Ако сте на 9гаг, компирче за вас. Sorry for the long post, here's a potato Ви посакувам пријатна вечер.
Ти на твои само 17 години девојче како прво не можеш ниту да процениш и оцениш засега вистиска вредност, и општо карактер и манири кај одредени луѓе, верувај. Друга работа, зарем мислиш дека од 2 саати лаф муабет и општо од една недела "врска" и комуникација ти би можела да процениш кој каков е и какви манири има?! Епа се лажеш.. Баш затоа си и разочарана бидејки мислиш дека се што лета се јаде и мислиш дека човек се запознава така од ракав со неколку муабети. И трета работа многу си мала а веќе имаш зад себе 5 врски?! Епа кога успеа?! Алал да ти е.. Па одозгора зборуваш и за проценки, оценки, анализи. Чекај малку.. полека, мислам дека е подобро сега засега да се стремиш малку повеќе кон училиштето и твоите успеси и надоградби, а дечкото сам по себе ќе си дојде.. спонтано. Може сега нема да ме разбереш што ти зборувам но еден ден ќе се сетиш на овие зборови и многу работи ќе ти се разјаснат.
@BigliMigli Ако го сакаш, ако планираш нешто сериозно со него седни и кажи им на твоите родители. Ако негираат, објасни им дека го сакаш. Со тек на време, надежно, ќе прифатат. Во поглед со другарката, нормално е некогаш да се чувства запоставена особено во период кога поретко се гледате. Средно друго е, ќе избегаш од часови, можеби заедно учевте, сега немате толку време за себе и не е за дечкото, повеќе проблемот е за вас двете зошто не се гледате. Барем јас тој проблем го почувстував сега кога почнав на факс. @MightyAries Колку што сфатив, тој е Мкд, ти во друга држава. Ако тој има „алат“ - фб, да ти се одмазди тебе како што мислиш, зошто не го блокираш? Зошто се запознавте на фб, како што нагласи (а јас сум од оние стриктно против тоа), сигурно не знае многу од твоите пријатели за да ти пакости доколку нема никаков контакт со тебе. Како и да е, продолжи со животот по натаму, обиди се да не се навраќаш на работи кои те прашавт тажна и параноична. Можеби навистина нема никакви лоши намери, добро е да си претпазлив и да превентираш поголем проблем. И фала за компирчето :3
Ви благодарам на советите @vitamina Кога ќе се споредам со некои мои врсници и врснички, верувај, претпазлива сум За врските искрено да ти кажам, не знам. Сé дојде спонтано. На училиште сум една од најдобрите ученички и на тоа поле имам сé под контрола. Од друга страна, три месеци разговор виртуелно или не, ми се чинеа доволни но воопшто не биле. Ама и јас баксуз сум, си дозволив еднаш да се залетам и се разочарав Секакви глумци од луѓе постојат, колку и да пази човек ќе се изгори. Но не можам да кажам дека после вакво искуство ми е сеедно. @theowndemon Не би сакала со блокирањето да му давам некаков „повод’’ за хистерија или слично, бидејќи во неговиот ум сé има двојно значење така што блокирање на Фејсбук за него би можело да значи „почеток на војна’’, верувај ми има мошне извитоперен mindset Се знае со доста луѓе од мојот град (во Македонија). Ќе се обидам да го игнорирам, а од сега и на Фејсбук и надвор од него ќе си пазам повеќе. Пријатна вечер девојки.
Zdravo devojki najprvo vi se izvinuvam sto ne pisuvam kirilica bidejki sum od mobilen. Me interesira vaseto mislenje za toa mi se sluci denes.vo vrska sme skoro 1 god no on ima premnogu problemi i stvarno go razbiram kazano neznae kaj mu e glavata ama toa so denes go napravi negativno me iznenadi,trebase da odime na edno mesto jas on i eden drugar negov i jas gi cekav koga gi gledam pred mene so kolata pominuvaat i ne zastanuvaat da me zemat mu zvonam i mi vika abe izvini te zaboraviv ajde dojdi podole sum eve zastanavme i uste mi se smee smesno bilo toa so me zaboravil..kako moze da me zaboravi jas predmet li sum.. me interesira kako kje postapite da ste na moe mesto
Без разлика како се однесувал тој во таа 1 год, без разлика колку ѕвезди ми симнувал доколку решил да е со тебе значи нема врска колку проблеми и да има впрочем врската е за тоа освен љубовници сте и најдобри пријатели па проблемите ги решавате заедно.Мене ваква да ме изиграше тип на кого сум му посветила 1 година од животот би го плукнала в лице дури '' се шалеа со неговиот пријател '' и дома пешки.