@MightyAries мило ми е што си го разбрала мојот коментар. Забележав дека си паметна и начитана девојка за твои години. Би ти дала еден совет во врска со момчињата и љубовта, секогаш кога ќе запознаеш некое момче и кога ќе почуствуваш симпатии за истото најпрво што треба да правиш е да држиш достанца со истото подолго време, да разговараш и само да комуницираш, без врска, само на дригарска база. Грешката ти е во тоа што прерано се впушташ и се зближуваш со момчињата, се приврзуваш прерано па затоа патиш и се разочаруваш отпосле. Не избрзувај ти кажав веќе,имаш време за се. Гледај го најправо другарството и комуникацијата, љубовта и врските доаѓаат спонтано. @anas23 ништо чудно и ненормално. Може дечкото се замуабетил и не те видел навистина, тоа ти треба самата да го процениш независно од ситуацијата. Ако случката била ненамерна јас не гледам чудно во ова, но ако го направил намерно би се видело дека те одбегнува намерно.
Ти благодарам уште еднаш, Витамина @anas23 Не сум доволно искусна за да делам совети низ вакви теми, но можам да ти го кажам своето мислење за ситуацијата со надеж дека ќе бидам од помош. Потребно е да го ставиш „на тест’’ некое време за подобро да процениш што се случува во него. Можеби неговата дезориентираност и расеаност нема ништо поврзано со тебе или вашата врска. Обиди се да му помогнеш и да му бидеш светла точка водејќи го низ сите негови проблеми со огромна поддршка и доверба. Но сепак, биди внимателна. Доколку и покрај твоите напори неговото однесување остане непроменето, олади се и ти. На крајот на краиштата, сите ние имаме проблеми но мораме да ги земеме предвид и оние блиски до нас и секако, нивните чувства да ни се барем приближно важни колку и нашите. Од друга страна, со цело срце би те посоветувала да покажеш трпение пред да „покажеш заби’’. Најпосле, толку долга врска не се фрла во вода толку лесно, обиди се, разговарај со него.
Јас мислам дека си игра мајтап со тебе. Мене така ми изгледа. Тој изгледа сака да ти раскине па ти прави нешто као блага одмазда. Ако сте биле договорени, немало да те заборави. Намерно е ова, мене како што ми изгледа.
Тој ако те сака едвај ќе чека да те земе во кола, да те види, да те гушне, а не да заборави да застане кај што чекаш Не дека треба нешто драми да се прават (сите сме луѓе и грешки правиме), ама уште еднаш така да се случи седни и разговарај посериозно малку со него. Тој или е стварно откачен, или се зеза, или заборавен, или бара причина за кавга.
@anas23 Јас мислам дека е океј да се занесиш и да заборајш. Тоа не значи дека не мисли на тебе, дека не те сака, туку едноставно со другаров толку се зазборале што ете, одминале улицата. Мислам ти се нема случено да зафатиш патот со другарка ти и да замините на сосем трето место. Да не ги земам за пример оние ситуации кога си сам и место в продавница заминваш да речиме, в библиотека. Штом е на еднаш, сериозно мислам дека не е проблем на кој треба да му се оддај особено големо внимание, доколку се повтори повеќе пати, разговарај со него околу тоа.
@Rubiii Го сакаш човекот? Никогаш не ми биле јасно овие поделби кога луѓето се делеле на тоа од каде се, кои се, каде живеат или нешто сосема трето, десето без врска. Помлада сум од тебе, несакам да излезе дека ти солам памет ама тој ќе биде заедно со тебе, не со твоето семејство. Ако ти го сакаш него, се разбирате, мислиш дека тој е тој, не вреди поради некои глупави да не речам предрасуди да не бидеш со него. Родителите ти се родители, дечко си е дечко тие две работи не се мешаат. Родителите треба да го прифатат твојот избор и да не се мешаат таму. Ако дечкото како дечко ти одговара, најмалку е битно од каде е и колку е учен. Местото на живеење воопшто не е предсудно, сум запознала еден куп луѓе кои иделе од село а сепак биле далеку покултурни, поцивилизирани за разлика од некои кои биле демек градски. Во однос на учењето, денес секоја втора будала може да заврши факултет. Семејството е битно, но не и најбитно. На крај ти ќе бидеш со него, нема со неговото семејство. И незнам што друго да ти пишам за да допре до тебе дека грешиш во однос на некои работи. Ете само едно ќе ти кажам, не дозволувај поради вакви глупости да страдаш, да бидеш несреќна и без човек со кого се сакате.[/QUOTE]
Девoјки сaкaм дa спoделaм сo вaс еднa ситуaцијa сериoзнa зa мене и мoјoт дечкo...пoштo бевме нaвикнaти нoм стoп зaеднo сегa се нaјдoвме вo ситуaцијa дa бидеме рaзделени преку неделaтa сaмo викендите дa се гледaме пa зaтoa си решивме дa се искaчиме нa пoвисoкo нивo oднoснo брaк...:'( нo негoвите рoдители пa истo тaкa и мoите се прoтив тoa нaвoднo мaли сме биле зa тaa рaбoтa a и јaс имaм уште некoлку испити непoлoжени :'( зaтoa решивме дa си нaпрaвеме бебче зa дa мoжеме нa некoј нaчин дa си бидеме зaеднo и двaјцaтa гo сaкaме тoa нo сегa ме.мaчи реaкциите нa рoдителите незнaеме и ние дaли тoa би билo вистинскo решение :'( вие штo мислите ?
Ако биде за кратко положувањето на испитите тогаш почекајте,не брзајте најбитно е тоа што ете барем два дена од неделата сте заедно.Ако родителите не сакаат рано да стапите во брак,послушајте ги.Ќе има време и за стотина деца и за се..
Си ја утнала темата каде што си го поставила твојот проблем. На страна од тоа дали вие двајца се чуствувате спремни психички, физички и материјално за да стапите во брак?! Ако да, тогаш зошто би се срамиле и плашиле од нивната реакција?! Бракот е нешто сосема нормално, не знам зошто би се плашиле од родителите?! Најверојатно сте возрасни и созреани луѓе.. стоите на цврсти нозе?! Имате приходи или немате?! Работите? Ако и двајцата сте решени за тој чекор не гледам причина зошто би се плашиле и срамиле навистина. Друга работа, ако не сте спремни за бебе и имате вакви недоумици околу ова прашање не мора на овој начин да го решите вашиот проблем и да избрзувате со ваква животно сериозна работа. Правејки бебе не се решаават проблемите да знаеш, туку тек поголеми ќе ви дојдат, ако сметате дека сакате и ножете и сте спремни за тој чекор е во ред, а ако не сте спремни и не сте во можност тогаш пробајте да имате малку трепение, најпрво да се средите, зошто толку трчате и брзате?! Има време за се.. бебето не е предмет и решение, бебето е сериозна работа, бара време,финанции и спремност. Ако ја немате тогаш обидете се да најдете друго решение. Не се решаваат вака проблеми.
Не знам дали е соодветна темава но се надевам дека е, досега не сум се нашла во ваква ситуација и затоа решив да побарам совет од вас девојки.. Не сакам да им кажувам нити да барам мислење од другарки бидејќи може брзо да се разгласи и јас да имам проблеми.. Дечкото го знам онака од низ град не се познававме лично, се случи неколку пати да се погодиме на исти места и секогаш го заприметував дека ме гледа но не обрнав внимание.. Пред еден месец ми пиша на фејсбук, обични муабети ми побара број јас прво одбивав ама потоа му го дадов, голема работа си реков да не испаѓам како недозреана.. Работата е што знам дека тој се гледа со една девојка веќе подолго време, не се официјално во врска, таа има објавено две слики со него ама кај него се сокриени и малце ми е чудно.. Пред некој ден ме бараше да се видиме ама одбив.. Искрено детето не е лошо ете така ми се бендиса на некој начин, ама оваа работата со женската ме копка.. Не знам што да правам, да излезам или не? Знам дека од него неможам да очекувам нешто сериозно ама ете едно мување да падни хм Глупо ми е што поставувам тука вакво прашање ама ете што би ме посоветувале? Се нашла ли некоја во ваква ситуација?
zdravo decki.... Imam 18 godini idam so deckomi 2 3 govni no vrskata ne ni e bas vrska nonstop se karame od mozni 7 dena vo nedelata nie sme smireni samo 2 dena..epten sme razlicni ne mu se sviga so koj se druzam izgovor za negovite karanici e sum nemala vreme on mi bil na posledno mesto...i takvii nekoj raboti sto nema vrska...on ima 20 godni i uste nemame odnosi imame praeno moabet i mu imam kazano deka ne sakam sega i on mi rece ne te prisiluvam koga sakas togas ali imaj u predvid staj sea na moe mesto imam potreba...mislite ako imame odnosi situacijata ke se promeni..??
Се знаеме 7 години. 5 години ми е најдобар другар. Не се гледаме многу често, периодично,но се си кажуваме. Јас бев во долга врска и многу го сакав дечкото, но поради некои проблеми раскинавме,не е битно, друга е темата.. Другар ми беше цело време покрај мене кога раскинав, ме тешеше, ме развеселуваше.. Почнав да чувствувам нешто кон него. Почнав цело време да мислам на него. Почнав да љубоморам кога ке го видам со друго девојче. Предходно не било така, јас сум била таа што му местела женски.. Бевме излезени, пиевме малку алкохол и се смувавме.. Другиот ден не искоментира ни он ни јас во врска со тоа. Следниот викенд пак се смувавме, па пак.. И така остана на тоа. Он е многу внимателен со мене, се грижи за мене, но кога станува збор за мувањето ја избегнува таа тема. Пробав неколку пати одоколу да разговарам и он го избегнува тоа. Сега последниве 2 недели почна пред мене да флертува со други па дури и со мои другарки пред мене.. Случајно видов и дека повторно контактира со бивша му која што не е во државава,а не ми кажа ништо.. Не го разбирам, не знам што да правам тешко ми е многу.. Стана поладен со мене, како да ме избегнува т.е го избегнува тоа што пак би се смувале,а сака.. Го чувствувам дека сака само не ми е јасно стварно ке полудам! Сакам да се тргам од него, да не го гледам, да не бидам во негова близина,но не можам посилно е од мене, ми недостига..
@alijana Ако двата сакате, ако двата сте спреми за овој чекор, зошто да не? Ако ти имаш уште некој испит неположен, ете дај си време да го положиш, да се концентрираш околу тоа зошто ако почниш свадба да планираш ќе го запоставиш учењето. Па штом си стигнала на крај со факултетот, тогаш сигурно не си толку мала, и ако си спремна и го сакаш ова нема зошто да не стапиш во брак со саканиот. Со среќа душо @MayDiamonds Ако тој не е официјално со девојката, јас лично не гледам пречка. Уз муабет, што велиш дека си го имате колку- толку на фб, прашај го како стој со љубовниот живот. Ако речи дека нема женска, нема ти што да се стегаш особено ако сакаш само едно мување да падни. @Florita1 Ако вие толку време сте во врска и се карате, како сексот ќе промени нешто? Мислам вистина е дека е неопходен, особено во долги врски, ама ако ти и дечкото сте сосем различни и не сте компатибилни џабе е. @Fancyyy Вака, вака ... зошто не седните и да разговарате? Што е тоа што ви смета откако се смувавте? Што ќе ви е потребно да ја надминете 'awkward' фазата? Дали тој има чувства за тебе ама мисли дека ти немаш за него па вака се однесува? Се се решава со разговор.
Имам неколку другарки со кои почесто сум заедно на излегување за викенди. Со нас почнаа да излегуваат и уште неколку момци. Е сега проблемот е што некои од нив се вртеа по мене цело време ми се додворуваа , коментари, ова она, а сепак јас не реагирав никако спрема било кој од нив. Се дружев со сите исто. Тоа очигледно на другаркиве воопшто не им годеше , посебно на една од нив на која и се свиѓаше еден од момците ( а тој пак ме свигаше мене ) . Ми беше стварно непријатно за се ова па ги оставив сами да видам што ке направат, се повлеков еден краток период и не излегував со нив многу . Што се случило за сетоа тоа време мегу нив не знам, во текот на оваа недела излегов со нив 2 пати и бев навистина непријатно изненадена од другарките, една од нив почна да вади муабети дека сум била к**ва , по сите машки сум одела, бла бла бла, Се прашувам зошто се ова ??? Ниту еднаш не одвратив на коментарите на било кој од нив, не излегов со ниту еден или било што друго. Се дружев со сите на ИСТ НАЧИН, Не знам, се прашувам можеби згрешив некаде во однесувањето, можеби требаше да игнорирам некои а јас со сите бев Иста , и секој коментар и се друго го ''земав'' како на шала, ''другарски'' Последните денови ситуацијата изгледа како да сите се ''здружени'' против мене и се шегуваат на моја сметка. Не знам како да реагирам, навистина ми е глупо се ова а од друга страна и тешко. Ве молам за било каков совет.