Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nita25

    Nita25 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Девојки во многу лоша ситуација сум. Се запознав со еден излегуваме месец дена, но тој е албанец и мноогу повозрасен од мене. Многу го засакав и неможам да се одделам од него. Тој е голем верник и пред некој ден почна да ми кажува ке оставиш факултет ке седиш дома деца ке гледаш кај нас жените не работат, ке смениш вера и јас сум ти другар, сопруг се без мене нема излегување од дома. Со другарките се разделив одамна сега имам само една и само со неа излегувам, но многу ретко, пријатели многу малку. Тој е тука постојано во секое време кога и да ми треба, тој ми е најблизок. Незнам што да правам како да го оставам кога неможам многу ми е тешко немам никој освен него ;(;(
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.936
    Пол:
    Женски
    @emka.ema
    Оф душичка. Само девојките се како здружени против тебе, така?
    Во тој случај, јас од чист инает би се дружела со момците повеќе, кога веќе сопствените другарки решиле да ми вадат муабети. Барем да има зошто.

    @Nita25
    аха, немаш друг освен него. Океј, спремна си ти на таков живот, м? Ако си повели, па имај го само него, и буквално само него. Ама ако сакаш да проживејш малце, размисли подбро и продолжи понатака со животот.
     
    На kjukli, LaraSolare и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. Nita25

    Nita25 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    @theowndemon Ако досега не си била во ситуација да си без другарки и со многу малку пријатели ти посакувам никогаш да не го доживееш тоа. Незнам дали сум спремна на таков чекор, верувајте сум во ситуација прв пат досега да незнам што да правам. Немам на каде повеќе, до пред некое време сакав кариера, друштво, шетање а сега само сакам да има некој домене. Незнам дали тој би бил правиот избор но неможам веќе да се разочарувам од љубов...
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.936
    Пол:
    Женски
    @Nita25
    Абе сонце, не да не знам како е да немаш другарки, знам. Дур сега на само една сум и осеќам дека некогаш можи ни со неа не сме океј. И јас имам дечко шо деној ко ќе сум изнервирана и неќам да изл до неа ме тера. Постојано ме прашва од факс зошто фино лепо колегите ги избегнувам за дружба надвор а не па да ми забрани да изл со нив. Ако ми забранваше јас радо дома би седела и лол би играла него да живеам така. И ова за мене не би било живот него преживување.
    Се што горе реков беше добронамерно ама океј. Сигурна си дека го сакаш?
    Како си сигурна дека ќе го издржиш ваквиот однос?
    Што кога ќе бидиш фрустрирана и нема да можиш да изл од дома да најдиш бар една другарка за разговор?
    Лично душо, крај краева седни убо зборни и кажи му дека на тој начин ќе бидиш несреќна, и дека ако барем малку те сака нема да те чува како во кафез. Јас сметам дека се се решава со разговор, ако не успеј така, особено за овој случај, тогаш тој не ќе да ги почитува твоите чувства и права.
    Сепак, да не се сфатиме грешно, одлуката е твоја и се надевам ќе направиш нешто што е најдобро за тебе и нешто после кое нема да се каиш.
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Ќе го оставиш одма и ќе си најдеш друг. Не е само тој во Македонија. Или па ако ти се допаѓа тоа да си слуга и роб, ондак остани со него. Ќе го одсакаш со време.
    А за другарки и пријатели секогаш можеш да си најдеш.
     
    На kukla21 и kjukli им се допаѓа ова.
  6. galaxy2097

    galaxy2097 Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    во врска сум 2 ипол години и се е океј, но он е премногу љубоморен, и јас сум но не искажувам толку многу.. имав другар како брат но почна да не се понаша корекно спрема неговите другарки со сите почна да сака да се мува и дечко ми почна да реагира, не ми забранува нисто ни другари ни другарки ни искачање коректен е се, ми вика често дека гледа иднина со мене но понекогаш, се почесто се караме ради љубомората.. мислите дека е океј тоа што е љубоморен или?
    Нонстоп сака да знае кај сум со кој сум..
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.936
    Пол:
    Женски
    @galaxy2097
    не сфатив, тој другарот кој ти е како брат сака да почни да си мува другарките (вклучувајќи те и тебе)?
    Иначе велиш дека не ти забранува ништо, ни другари ни другарки ни излегување, коректен е и гледал иднина со тебе, јас тука не гледам знак на љубомора. Ако прашањето што те прашав погоре е позитивно, тогаш веројатно се чувства загрозен од пријателот. Не дека не верува во тебе, мене ми изгледа дечко ти на коректно момче, но секој сака „да си ја брани својата територија“ кога таа е во опасност. Или барем малце мисли дека е.
    На кој начин тој ја манифестира својата љубомора (велиш дека нонстоп сака да знае кај си и со кој си, те прашува пред да излезиш онака
    - „Еј излегваш бе? Со другарките?“ - то јас не го сметам за контрола зошто едноставно разговарате, дури и со другарка кога збораш кажваш со кој излегваш
    или
    - „Еј кажи ми бе со кој излегваш?“ - ова е веќе љубоморно, мн.)
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. galaxy2097

    galaxy2097 Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    @theowndemon детето ми беше како брат се оддалечи од мене,дечко ми се плашеше да не сака и мене и затоа регираше.. искрено и јас сум загрозена на другарот, од првиот тип, сепак фала ти некој раб. ми се разјаснија фала за мислењето
     
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    @MayDiamonds пазејки се да не испаднеш недозреана ти напротив си испаднала баш таква бидејки си му го дала бројот и со тоа по дифолт си му дала до знаење дека би можел да има и нешто со тебе и покрај тоа што си знаела дека има друга девојка.

    @emka.ema се додека не изградиш своја сопствена гордост и самопочит останатите ќе те трерираат на тој начин како што го прават. Не е воопшто во ред односот на деугарките а пред се врегањето кои што ти го упатуваат, време е да пресечеш и да бидеш посилна, да им ставиш до знаење дека не си никаков партал за да си го брошат сопствениот под.

    @Nita25 во случај да се просветлиш лично себеси и да го оставиш тој дотичниот твој дечко би имала и посреќен живот, другарки и поголема социјализација, ете баш овде ти лежи проблемов, а ти не можеш да си го дефинираш.
    Девојче младо си и верувам убаво и паметно отргни се од такви потенцијални посесивни мажи кои во иднина толку многу ќе ти го загорчат животот и слободата. Не си прави проблеми и тортури со сила.

    @galaxy2097 не,не е нормално некој постајно да те следи и да ти кова заговори секојдневно и за секоја ситница. Тоа не е љубов а ниту љубомора, тоа е опсесивност и не е нормално.
     
    На kukla21 и kjukli им се допаѓа ова.
  10. galaxy2097

    galaxy2097 Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    @vitamina само сака да знае кај сум...
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Па тоа е во ред, секако ако само останува на тоа. Во секоја врска има и мора да има доза на љубомора и комуникација со партнерот. Секако дека таа љубомора не треба да премине во опсесија и опседнатост.
     
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @alijana Кога некој сака да биде заедно со некој друг, го реорганизира времето и се прават планови за повеќе поминато задничко време, а не се прави бебе. Јаоо, па со кој памет го пишуваш ова, искрено не знам. Штета што мислите дека детето е секундарен лепак.
     
    На LaraSolare, eloves и vitamina им се допаѓа ова.
  13. emka.ema

    emka.ema Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @theowndemon и @vitamina ви благодарам за советите. Сето ова изгледа како сите да се здружени против мене. Вчера на искачање дојде еден од момците на масата кај што бев јас ( овојпат бев со друго друштво )и не ми прозборе ништо , го прашав после тоа нешто и не ми одговори, се направи како да не ме слушнал . И крај краева изгледа јас сум крива за се . Се што правев беше да бидам коректна со сите и подеднаква( и се беше другарски, на никој од момците никогаш не му дадов до знаење дека сакам нешто повеке ) но изгледа некој сето тоа погрешно го сватил - дека јас уствари им се упикувам на момците. Требаше скроз да ги игнорирам па може тогаш ќе бев поценета...
     
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Емка јас не знам колку години имаш но само ќе ти дадам еден најдобронамерен совет, на луѓето нит устата не можеш да им ја затвориш, нит паметот и односот не можеш да им го промениш, фер во животот никогаш немало и не постои. Не очекувај секогаш луѓето да бидат онакви какви што ти си била према нив, не можеш да знаеш кој каков памет и понашање носи со себе па затоа време е да покажеш заби на сите оние коишто се однесувале така спрема тебе и да им го покажеш местото за да на крај си заминеш од нив. Не дозволувај никој да те понижува бидејки ти не си крпа за беишење сечив под.
     
    На emka.ema, Nausicaa и VladeMila им се допаѓа ова.
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    2.091
    Тој не ми рече дека има друга. Прашав другарка што го познава ми рече дека во друштвото и општо секаде кажува дека е слободен а додека таа „женска“ му кажува по другите дека му е женска (facepalm) Што има врска ако му дадов број, од кога давањето број значи дека можи утре ќе одам бегалка за него :lol: Сум давала број и на други и на крајот ни здраво не сум им рекла на улица тоа нема врска.. И од кога давањето број е недозреано? :?: Не знаев за ова некое ново правило ли е што ли е?
     
  16. Софија...

    Софија... Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите.
    Сакам мислење од вас, за мојата врска. Значи со дечко ми се запознавме на работа , не работиме повеќе заедно. Првиот месец од врската сепак ми се допаѓаше, но тоа беше еден месец. Не се ни гледавме толку. После тој месец цело време бевме заедно, готвевме и сл. Но он остана без работа. И после почна да се однесува како сељак. Значи цел месец ми збореше како сум имала мали гради, како он сакал поголеми. Прво беше како шала, но после мн ме повредуваше. Почнавме мн да се караме. Поточно он цело време се дереше. Незнам кај ми беше паметот и зашто не го оставив. Незнам. После тоа ништо не ми купи за роденден, а јас за неговиот му направив изненадување. Бев скршена. Се осеќав мн лошо. После нова година почнав да му зборам за се. За тоа како не ме третиташе убаво. И почна да се менува. Призна дека не ме сакал на почеток, но неможе да го оправда тоа што ми го направил. Нели мн му е криво сега бла бла.заедно сме веќе 1 год и неколку месеци. Навистина е променет. Оваа год добив поклон. Но веќе ме скрши. Правиме мн планови за иднина, но само малце да ми текне на тие 2-3 месеци, одма сум нервозна и наогам причина за карање. Незнам дали се искупи за тие лоши месеци, оваа година. Цела год е добра но јас цело време ги памтам тие месеци. Што ме советувате? Јас кога би се вратила на почеток знам дека требаше да му раскинам, но бев слаба. Но сега е поинаку. Сте имале ли вакво искуство?
     
  17. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Офф....
    Мила ,што и да направи е џабе веќе. Ако он имал лице за гради тоа да ти го префрли е тежок сељак (извини вака),а дека човек се менува тешко ! Можда му е криво сеа ,т.е 100% се кае ама џабе. Лоши зборови лузна си оставаат.Лош старт на врска ја одма сум прекинувала. Како си издржала се чудам ,ја барем сум ригорозна и не толерирам грозно однесување. Мој совет , направи пауза , не де слушајте и гледате да видиш дали вистина чувствуваш нешто. Ако сега те критикува и не е задоволен,во брак што следи?
     
    На LaraSolare и Софија... им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Ти не ми ја свати поентата на постот очигледно.
    И самата рече дека и покрај тоа што знаеш дека има девојка сакаш да се смуваш со него, ете баш за ова разговарав дека изгледа несозреано, а самиот телефонски повик и број-сеедно води кон тоа нели? Бидејки баш тоа и ти го сакаш.

    Е сега.. бидејки тој не кажал дека има девојка најверојатно можеби и е така, а девојката да си отвора самосебеси илузии, да така исконтактирај со него па потоа и самата ќе забележиш што е вистина а што не е.

    Нормално е на почетокот од секоја врска да не се чуствува вистинска љубов, и тоа е секогаш така. Љубовта се стекнува подоцна, уз разговор, комуникација, дискусии, распознавање на две личности, доживувања итн, почетокот на секоја врска е само една првична емоција и симатија кон одредена особа, а љубовта се створа подоцна, што е сосема нормално и логично. Да така не гледам простор за паника и причина за разделување во вашата врска според она што ти го зборуваш.
    Не знам зошто толку си си ставила се при срце и се навраќаш на минатото, си правиш проблеми онаму каде што не постојат.

    Не го оправдувам дечкото што те враѓал на тој начин-никако, но ако подоцна се извинил и сватил дека згрешил,е друга приказна.. ти тогаш требало да реагираш а не после година и кусур да ти текнуваат вакви работи.
     
    На Софија... и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  19. Софија...

    Софија... Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Стварно мислам дека лузна оставија. Сега се е во ред меѓу нас, он е многу внимателен и се прави за мене, ама јас незнам кај ми беше паметот на почетокот , требаше веднаш да раскинам, бидејќи и јас не дозволувам такво однесување. А сега се е поинаку. Само ние кога сме среќни тоа кратко трае , бидејки јас цело време му префрлам. Но незнам како да се контролирам и да заборавам на тоа.

    Фала ви на одговорите :D
     
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Би требало по дифолт тој да направи и самиот да не се чуствуваш така и воопшто да се сеќаваш.