@Milla Jovich ете, затоа ти викам веќе не знам кој пристап да го земам кон фб. А зошто да ставиш крај? Како што ти реков погоре, објасни му дека тоа те повредува и ти не си среќна со него додека тој прај така.
Дa сaкaш некoј не е дa бидеш зaвисен oд негo, дa рaзмислувaш зa негo 24/7. Тoa веќе е oпседнaтoст, ништo пoвеќе. Знaм кaкo е, сум гo искусилa нa свoјa кoжa истoтo, нa истa вoзрaст. Зaсвиѓaв еден bad guy кoј мислев декa мoжaм дa гo пoдoбрaм и сегa кoгa ќе се сетaм, се смеaм кaкви филмoви вo глaвa сум имaлa. А, вo меѓувреме the good guy се oбидувaше дa ме "спaси" oд лoшиoв. Испaднa декa "дoбриoв" типaц беше oпседнaт сo мене, јaс сo лoшиoв и лoшиoт сo некoјa третa. Мене ми дoјде пaметoт, "дoбриoв" сo другa се oпседнa, a лoшиoт... Не знaм и не ме интересирa. Тoa штo вистински привлекувa е кaрaктерoт, нaчинoт нa рaзмислувaње и идеите кaј личнoстa. А, зa тoa требa oтвoренo дружење. Сo "дoбриoт" се дружев и видoв aбер немa oд идеи, a размислувањата му зaвисеa oд мoите. "Лoшиoт" пa не ни рaзмислувaше, спoред инстинкти се вoдеше... Неписмен, некултурен, прoст... Нaјди некoј сo кoј ќе имaш 1000 теми зa муaбет, сo кoј ќе мoжеш дa спoделиш среќa и рaдoст, oд кoј немa дa се срaмиш. Зaштo јaс кoгa се oбидoв дa гo "придoбијaм" "лoшиoв" не пoстигнaв пoвеќе oд глaвoбoлки и нервoзи. Не вреди дa гo трoшиш времетo нa тaкви.
Абе убав е Неќам јас врска рано ми е,има време уште многу нема шанси врска Не,не сум опседната туку онака ми е симпатичен и си размислувам за него дека ми фали некако го немам видено од дамна Мене целта ми е само да ме примети,и да bad guy e кецови,двојки,лета по шмизли ,пука петарди Им довикува на девојчињата "Ај биди ми женска" "Ај лапај се со мене" и "Кимберли(името ми го кажа,дека таму беше неговата женска и тој прашал како се викам и оваа му кажала и овој викна по мене) и јас онака wat И му реков да одјебе и дека замара,и јас после.. Што бидна со мене,јас не знам..сакам да се смени Сега кога ќе почне школото ќе му фрлам некој поглед да го видам како ќе реагира и ако ме погледне супер Иначе.. не сакам да сум со него во врска мала сум.Висок е и убав јас дали и до рамења сум му ептен сум ниска,али филингот кога ќе го видам
Ако сакаат двајца да се заедно нема потреба од упорност од една страна(под услов веќе некое време да се заедно, не зборувам за заведување).Мене лично ми е очајно кога само еден ја тегне работата.Па нема љубов на светот која ќе ме натера да простувам свенешто.Друго си е кога се простуваат ситници, кога некој ненамерно направил нешто, различни карактери сме, различни работи не навредуваат, се случува.И ако се бориме заедно ќе се бориме ако околината е против нас или евентуално нешто стварно да си му згрешил на некој па да се покаеш.Ама за некој мочко да му дигам акции сигурно нема да се борам.Од вакви размислувања после имаме муабети оф леле мајко јас нема што не сум простив, а он види што ми прави... И никој на грав не гледа овде да знае дали наредниот ќе е поарен или нема да е, еве дечко ми дошол како нареден на неколку претходни врски и најарен ми е сега.
Вака. Моите не ми дозволуваат со него, причина разлика во години. И затоа тајно се гледаме. Се видовме кај 9 вечерва на пола саат па му се јавив кај 11 да се видиме ноќва кога моите ќе легнат. И му реков во 1 кај мене пред зграда. Он дојде ама моите не беа легнати и ми рече дека ќе ме почека. И му реков чекај пред зграда и ѕвони во 1 ипол. Моите седат во дневна па карти играа со брат ми, па филм гледаа и се заборавија. А јас се вртам низ соба ко лудача. Ми ѕвони во 1 ипол јас му велам почекај ме уште малце. И ме чека и ме чека. Ми се јави уште неколку пати. Последно ми се јави во 2 и 50 и рече ако не слезам до 3 ќе си оди. Го замолив да ме почека до 3 и 10 и нервозен рече дека смрзнал чекајќи ме и ако не дојдам до 3 и 10 фаќа такси и си оди. А татко ми не си легнува и не можам да излезам. Овој пат дефинитивно го изгубив. Му реков ако ме сака и до 5 ќе ме чека и многу се изнервира. Што да правам?
Хахаха тој ја чека надвор а таа седнала на фамина си пишува. Известиме те молам што ќе се случи, јас одам пуканки да земам.
Ако типот реши да дојде пак, нареден пат кажи му да појде накај тебе кога твоите ќе ги видиш легнати во крeвет. Онака фино покриени и . Е незгодна ќе е ситуацијата ако на едниот му се пие вода и те ѕирне да те провери.
Ако беше доволно возрасна, зрела и паметна немале твоите да ти забрануваат туку ќе правеше што сакаш. Ама очигледно не е нешто ок, и твоите ваљда за твое добро ти викаат. И не е смешно туку е трагично на некој да му речеш да дреми надвор на вакво време од 1 до 5 сабајле. Ама деца...
која будала би чекалаа во ова време цели 3 сати ???? изгледа стварно те сака , јас не би чекала никој ни 10 минути камоли 3 часа!
Исто се согласувам со Анакондето.И јас ни 10 минути не би чекала, на овој студ.Ај да бил во кола, океј, ке прилегне, ке седи, ке си слуша музика, ке задрема па ќе му се јавиш и слегнеш, барем на топло ќе биде.Ама не разбирам што толку зорт да се видите, пред зграда, плус не бил со кола.Да ѕирнат преку прозор ќе те видат. Сте се видела во 9, па неморало пак.Како издржал 2 часа на ладново не знам. Требало да му кажеш да си оди, ќе се видите друг пат.И како од толку ти се налути и раскина ?
Од различни градови сме. Иначе не е од толку да ми расќина туку ова беше капак на се досега. Он е слободен само недела и празници а пак ја можам или за време на школо или ноќеска.
Чекај чекај, не е поентата да се каже еј овој ме чекаше до 3 часот па фати и си отиде зошто смрзнал а ти си го загубила. А зошто не ти дозволуваат твоите да бидеш со него? Зошто си се договарала предвреме? Ќе речам дека навистина те сака ако има доволно храброст да се спротистави на твоите родители. Велиш, ако излезеш твоите ќе те отпишале, а него не сакаш да го загубиш. Одлучи се! Фали дел од приказната а мислам дека ти не си доволно зрела за да им објасниш на твоите како стојат работите, ако те сакаат ќе дозволат да бидеш среќна со него освен ако навистина не стои голема причина зад оваа забрана.
Не рaзбирaм тoгaш зoштo се oптеретувaш сo негo. Мене кoлку сaкa некa ми е привлечен, aкo е тaкoв пo кaрaктер aнтипaтичен ми е. Ист имaм вo клaс.
@4848 Колку години имаш? Колку години има тој? Иначе ако те сака не значи дека треба до 5 да те чека. Нема смисла. Ако не беше сигурна дека нема да можиш да излезиш требаше да му речиш „Еј овие се заиграја, ајде утре“ па да се избегнеа непотребните компликации. Патем си го изгубила велиш, тој веќе ти е изгубен на еден начин ако твоите не ти дозволуваат и не ми личиш на многу возрасна личност према размислувањата така да, релаксирај се малку злато, не е се така едноставно, ама ова е.