Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Некој слободен за совет ??
     
    На Svetulkaaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    фати книга , не ојш нашколо за глупости , на 12-13 години вие знаете што е љубов ?!.... ццццццц имате бре вие родители
     
    На vitamina, SimonaTino и PogbaPol им се допаѓа ова.
  3. Morgan Le Fay

    Morgan Le Fay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Не бев сигурна дали да го напишам проблемот, ама ајде.
    Моите родители се разведени. Мајка ми се гледа со еден десет години помлад од неа. Не знам што и стана на таа возраст, ама е сериозно, мислам дека ќе се земат. Типот цел ден седи кај нас, скоро и да е вселен. Ситуацијава ме вади од такт, како да постапам?
     
  4. Андроген

    Андроген Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    72
    Ако неможеш да се помириш со тоа дека мајка ти сака да живее со друг маж, разговарајте со мајка ти за тоа.
    Ако сметаш дека ти треба време да се навикнеш на новонастанатата ситуација и дека е прерано за сериозна врска по неупешниот брак, разговарај со двајцата за тоа.
    Ако те возбудува и привлекува дечкото на мајка ти и неговото присуство, кажи и дека направила грешка што го донела дома.

    Како и да е морате да разговарате.
     
    На LollySky, SimonaTino, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Што точно ти пречи?
    1.Друг партнер на мајка ти,а тоа не е твојот татко или
    2.Годините на новиот партнер?
    Не се секирај,нема да се земат туку заемно ќе се искористуваат. На крајот од краиштата најдобро е да го гнорираш,зошто него можеби ти му сметаш што си таму.Дали работи типот? Ако не работи тогаш е паразит а тие брзо ќе бидат прочитани.
     
    На LollySky и Morgan Le Fay им се допаѓа ова.
  6. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Здраво. После толку време се враќам на форумот, можеби 1 година, но ете проблемите ме донесоа тука хаха. Најверојатно. Значи , имам во врска сум веќе 11 месеци, функционираме но и јас не знам како. Има љубов, да, во тоа сум сигурна, сме си докажале на милион начини, тој мене, јас него. Но сепак, тој е љубоморен а и јас сум љубоморна, од мали работи правиме големи, се лутиме еден на друг, и тоа за ситници, никогаш не сме наишле на ГОЛЕМ проблем. Навистина не знам што да правам. Си даваме шанси, пробуваме, но неуспешно, разговори, превземање мерки но ништо, повторно за ситници ке излезе некоја кавга што како пречка меѓу два големи горди инати стои неколку дена. Не знам дали да ставам крај, навистина го сакам а знам дека и тој мене. Ужасно ми треба совет за да направам да не се однесува толку детинесто и од влакно да прави цела ортома и да ме сфати сериозно дека моето трпение е при крај, за жал.
     
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Сметам дека сепак мајка ти има право да продолжи со нејзиниот живот, ете може се заљубиле, убаво им оди и се сложуваат со човекот.
    Зошто не пробаш да разговараш со нејзе и да ја сватиш?
    И таа има право на нов живот и пред се да биде среќна со животен партнер.
    Деца како деца, растат и се мажат/женат зошто мајка ти да остане сама, и таа си има свои психички потреби, сепак животот не завршува со еден развод.
    Разговарај со неа и пробај да ја разбереш, пробај да ја разбереш и нејзината среќа и исполнетост.
     
    На Morgan Le Fay му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Бела едноставно во вашата врска не постои таа така наречена "хемија" таа искра, тој дел од мозаикот што би ја красел и исполнувал вашата врска.
    Време е да се обидете да ставите крај од навиката што досега сте ја тегавеле со месеци.
    Со сила убавина не бидува па колку и да се трудите едноставно тоа е што е.
    Разделете се за доброто на вас двајца, и пробајте да си ја пронајдете вашата среќа и вашата искра некаде на друго место.
    Вака само се измачувате и двајцата, а врската и кога тогаш ќе ви пукне.
     
  9. Morgan Le Fay

    Morgan Le Fay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Знаете, не можам целосно да ви се отворам затоа што тука може секој да ме прочита.
    Не можам ниту со мајка ми отворено да разговарам за ова. Се однесува како маѓепсана од него. Не ја сметав за таква жена, после разводот не се гледаше со никого, сега прави вакво нешто. 10 години помлад. Не го сакам него во домот. Да беше некој друг, ајде де, ама овој не. Не го гледам како очув или некоја фигура со која можам да имам однос како со татко или некаков роднина, не можам да го поднесам. Ми го донесе тука во станот што татко ми и го препушти, поточно мој стан.

    Разводот се случи пред повеќе години, бракот им беше многу лош, не ги памтам како заљубени и затоа не очекувам мајка ми и татко ми некогаш да се смират. Било и поминало, немам проблем со тоа.
    Се` што сакам е да ја прекине оваа врска зашто ме вади од кожа. После нека најде човек кој повеќе ќе и одговара ако има желба. Барам начин како да и објаснам.
     
  10. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Какво нешто прави? Грев некој да не прави што се заљубила?!
    Прво нешто, ако не зборуваш со мајка ти нема да ја решиш или сфатиш ситуацијата.
    Ти треба тебе очув или татко? Не сфаќам каква врска има нивната љубов со тоа како го гледаш ти него.
    Ми делува како да си љубоморна на него. Ако се чувствуваш дека ти ја краде, или дека заради него не ти посветува веќе многу внимание, кажи и, разговарајте.

    Како и да е, мислам дека преувеличуваш. Среќна е, зошто не и дадеш шанса да биде? Едноставно или игнорирај го типот, или прифати го. А, да се обидуваш да и ја расипуваш на мајка ти шансата да биде среќна, немој. Како би се чувствувала ти ако ти забрани да се гледаш со некој м? Стави се малку во нејзина кожа.

    Викаш да беше некој друг, ајде де, ама и него хм, ако не ги исполнува твоите критериуми што правиме? Ајде ако не барај и ти партнер, по твои критериуми, не е ни битно дали нејзе ќе и се допаѓа.

    Ептен детски муабети. Седни зборувај со мајка ти, сослушај ја, ама немој да и кажуваш дека не можеш да го поднесеш, или дека не го сакаш дома. Само ќе ја повредиш. Сигурна сум дека како мајка нема да сака да се потресуваш, па можеби и ќе размисли да ја преќине врската. И ти ќе и ја скратиш среќата фактички. Ќе ти биде океј тоа? Ќе си ја постигнеш целта?

    Може едноставно после некое време ќе увидат и двајцата дека не се еден за друг, па ќе се разделат. Може ќе бидат уште посреќни. Ама не е фер да и се мешаш во одлуката.
    А да не го коментирам ова мој стан.. Мислам шта речи.. Како ти со твој труд да си го купила. :x
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Morgan Le Fay

    Morgan Le Fay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Во ред. Не сум дете, полнолетна сум и многу добро разбирам какви потреби имаат возрасните луѓе. Барам сериозно решение. Мајка ми прави нешто што мене не ми се допаѓа, јас не можам да го поднесам неговото присуство во нашиот дом и не можам да ја поднесам нивната врска. Сакам да најдам начин да прекине што е можно побезболно за мајка ми.
    Ако може да се задржиме на тоа.
     
  12. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    И да си полнолетна, тоа не значи по дефиниција дека си зрела. Јас немам коментар на твојов пост. Ужасно си себична.
     
  13. Morgan Le Fay

    Morgan Le Fay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Така мислиш затоа што не разбираш зошто морам да го направам ова. Ми треба некој помудар да ме поучи како да го направам без последици и да се извлечеме од оваа ситуација. Не можам, навистина не можам да објаснувам и да одговарам на критиките.
     
  14. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Не мораш да се објаснуваш, на тоа што напиша, ти дадов мислење.
    Само многу ме интересира како ќе те поучат помудрите да и ја расипеш среќата на мајка ти. :?:
     
  15. Morgan Le Fay

    Morgan Le Fay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    О и тоа како среќата нема да ја најде во ова што го планира и што го прави.
     
  16. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Едно од главните ствари што ги учиш коа созреваш е дека:
    Немаш право на никој да му кажуваш како да го живее својот живот.

    Што побрзо се помириш со ситуацијата, бољи за тебе. Фати дечко, искачај, фокусирај се на себе. Звучи клише, али тоа е единствен начин. И пробај отворено да и кажеш дека не се чувствуваш добро во врска со се тоа, па можеби поретко ќе доаѓа.. али дека вреди некој, посебно мајка ти да си ја скрати сопствената среќа затоа што тебе не ти се свиѓа нешто, е нонсенс.

    Којзнае уште колку пати понатака у животот ќе се најдеш у ситуации што не ти се допаѓаат и слично... али ќе сфатиш дека се е до тебе, и тоа како гледаш на работите.
     
    Последна измена: 11 јануари 2016
  17. Morgan Le Fay

    Morgan Le Fay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Вие дефинитивно не разбирате.
     
  18. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Разбирам, ти се ежи кожа коа ќе го видиш, го мразиш, неможеш да го поднесеш, да е до тебе во истиот секунд би го исфрлила од станот.
    Смири се, и размисли.

    Сум поминала низ слична ситуација, веруј ми. Знам дека е одвратно чувство.
     
  19. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Покрај сите слободни и не роднини баш за братучед се фати? :^)(facepalm)(facepalm) Макар и 10ти да е..
     
    На crazylady, LUCERKA и kjukli им се допаѓа ова.
  20. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Ако стасало до тоа дали ќе знаат другите или не да ти претставува единствен проблем и веќе да размислуваш за накај тоа да го напраиш онда YOLO, напрај си го меракот, не знам што друго да ти речам (highfive)(highfive)(highfive):devil:
     
    На anamarija65 му/ѝ се допаѓа ова.