Па објасни за да разбереме. Што точно те нервира? Дали се однесува недоличнно кон тебе? Сметаш дека не ја сака и почитува мајка ти?
Што и да ви кажам вам, не можете да ги исправите нештата. Што и да и кажам на мајка ми ќе го сврти во негова полза, манипулирана е, ни сама не е свесна колку. Сакам без огромни кавги да ја свртам работата во моја корист, тој да замине веќе еднаш и крај на се`.
Бидејќи си баш оскудна на детали ќе го кажам следново: 1. Ако имаш баш реална причина што не го сакаш, а мајка ти неможе да ја согледа истата, направи нешто да и ги отвориш очите. Ако ти се пушта, снимај го, ако се сомневаш дека прави нешто, потруди се да имаш докази и сл. пред да седнеш да разговараш со мајка ти. (ова се само мои претпоставки) 2. Ако сепак причината и не е баш толку реална, туку едноставно ти сметаш дека тој не е доволно добар за мајка ти, мој совет дај му/си време. Сигурно има некои квалитети, кога веќе мајка ти се одлучила да го запознае со тебе и да почне врска со него. И јас сум дете на разведени родители, така да не зборам на памет. И баш би сакала мајка ми да си запознае некој и да биде исполнета, среќна, сакана, а не осамена. Не биди себична, годините летаат. Ти ќе се омажиш, ќе створиш свое семејство. Ќе ти биде криво, ако неправедно и ја уништиш врската на мајка ти.
Јас мислам дека ти не разбираш, ние те разбираме а ти очекуваш да ти кажеме да направиш некоја глупост. Искрено да ти кажам ти најмалку треба да одредуваш со кого да биде мајкати и да и кажуваш кого и каков да си најде - колку ме вади ова од кожа, како да живееме во арапска земја. Друго, гледај си за себе.
@Morgan Le Fay и да си полнолетна не значи дека си доволно созреана за да разбереш како се чуствува мајка ти и што таа доживува и доживувала во минатото зад нејзе. Нормално би било на почетокот да ти е тешко и да не ја прифаќаш врската, но, предрасудите и себичноста би требало да ги оставиш на страна и да се обидеш да не гледаш само за себе и својата среќа туку и за нејзината. Еден ден ти ќе се омажиш и ќе заминеш, (ќе го разбереш сето ова што овде го зборуваме), мајкати сепак на еден начин ќе остане сама со своите чуства, ти не си никоја да и ја ускратуваш нејзината среќа сепак. Што е за мајка е за мајка тоа е најнормално, тебе никој нема да ти ја зеде и украде мајкати од тебе, таа не прави ништо лошо со тоа што си нашла партнер за да си ја потполни празнината во себе, а ти како нејзина керка би требало да разговараш и да ја сватиш, да ја подржиш и да ти биде мило што таа е среќна и исполнета. Не биди себична и опсесивна спрема тој човек, човекот нема да ја зеде мајка ти од тебе, можеш да имаш само најкоректен и културен однос како пријател со него и ништо повеќе. Сепак и не си доволно созреана да ги сватиш сите овие животни вредности, животот е полн со предизвици а ти ако продолжиш да се однесуваш како разгалена тинејџерка и да плачеш за сето она што не ти се допаѓа на тебе секогаш ќе останеш огорчено и несреќно дете па колку год години би имала. Обиди се да ја отргнеш таа горчина во себе и тоа детско однесување, обиди се да не се трескаш одземја кога ќе слушнеш мислење од постар со искуство што се разликува од твоето, обиди се да сватиш дека мајкати не ќе седи сама дома секогаш, обиди се да ја подржиш во нејзината среќа. Може што и да ти кажам сега не го гледаш тоа од агол кој што јас го гледам и разбирам, но еден ден ќе го сватиш сево ова и ќе и се извиниш на мајка ти.
значи вака луѓе ми треба помош. имам дечко и заедно сме 11 месеци, меѓутоа до сега од него немам добиено никаков поклон, па затоа ни јас не му купувам ништо ниту му правам изненадувања. јас сум многу романтична и многу сакам некој да ми посветува внимание да ме изненадува да ми купува поклони, па макар и чоколади така да биде романтичен, но он тоа не го прави. он тоа што јас го сакам го сваќа како да он треба се да ми плаќа на мене и се што јас сакам да му кажам а он да ми купи.. ве молам кажете ми некој совет како да зборам со него или да направам нешто да почне да ме изненадува, да ми купува и така нешто...
Леле девојче те читам косата на главата ми се поткрева ... Дали мајка ти прави се' што може ти да си среќна, да имаш се' што ти треба ? Треба ли и ти како нејзино чедо да се радуваш за неа и да и' посакуваш среќа? Зошто што и' станало? Зарем таа нема право на нов почеток во животот. Татко ти каде е, во приказнава повторно женет или си има партнерка ? Како мајка ти кажувам и јас чувам детенце како капка вода на дланка се' што можам правам да е среќно ама вакво нешто утре ден не прифаќам од детето, вие ќе си пораснете, секое со својата среќа и за мајката нема поголема радост детето да е среќно, во таа приказна мајката или таткото се пратечи вокали од страна душо, размисли добро сигурно си големка веќе и можеш позесивноста да ја зауздаш. Не ја уништувај мајка ти, макар и да е изманипулирана како што мислиш ти, ако е таков случајот тогаш тоа ќе излезе на виделина, мајката секогаш детето го става на прво место ама од вистински причини, не од страв од некој нов во животот. Штом и дома пред тебе го донела и те запознала тоа не е шала, погледни од убавата страна на твојот страв, што се тоа добро може да донесе и дај се од себе да се прилагодиш.
Ти си многу романтична, многу сакаш некој да ти посветува внимание и поклони да ти купува така ама за жал тоа кај мајкати да одиш да го кажуваш и да и бараш нејзе. Со ова однесување прилично се покажувш како разгалена тинејџерка, ама тоа твое однесување и барање можеш дома да го бараш кај твоите а не кај дечковци наоколу. Совземи се од овие размислување, бидејки со вакво однесување и размислување не верувам дека нити еден дечко би останал со тебе.
За што поточно бараш помош во постов? Да те советуваме како да го натераш да ти купува поклони?! Љубов, внимание и романтика не секогаш се искажуваат со поклони! Материјалист!
jas da bev materijalist ke sakav on sve da mi plakja i ke mu dozvoluvav, znaci jas ne go sakam toa. on mene me saka jas sum sigurna samo sakam ponekogas da me iznenadi i da napravi nesto za mene.
Ај да пробам да те разберам, отприлика сфаќам што сакаш да кажеш. Но не сфаќам, зошто ти е тоа и што те поттикна да гледаш на тоа како проблем дури и да "се пожалиш " тука?
veruvaj deka sum perfekcionist, i ja zabelezuvam sekoja sitnica i ja cenam mnogu povekje od kolku sto ti mislis
Ти со перфекционизмот и материјализмот, со, сакам многу поклони и внимание оди си дома кај мамичка и барај и нејзе а не по народот наоколу. Перфекционист била таа.. боже сачувај. Може дечкото нема пари за твоите каприци, може проценил дека и со вакво однесување не заслужуваш, може едноставно љубовта ја гледа во морални вредности а не во поклони.. Си размислила за ова?
Не се работи за себичност, ви нагласив неколку работи верувајќи дека ќе сфатите. Имам многу силни причини да не го сакам него за мајка ми. Не ми е се` за пишување тука и не можам да навлегувам многу во детали.
Не го сакај, никој не те тера со сила да го сакаш. Мајка ти е возрасна жена и знае да процени како е најдобро за себе си, а ти ако мислиш дека ќе навлегуваш во средина на оваа возраст па одозгора и да се мешаш во одлуките на возрасните нема да успееш само тоа да ти кажам.