Aко имаш причини основани.... чекај малку на што алудираш? човек на се ќе помисли посебно со женска челад дома малку битно ние да разбареме, обиди се на мајка ти да и кажеш, имај на ум ако лажеш и не ти се допаѓа избраникот на мајка ти од без врска причини, страв дека ти нема да бидеш на 1 место, пари и тн. и ако таа врска неопстане зш ти не прифаќаш еден ден горко ќе се каеш.
Не сфаќам зошто го нападнавте девојчето си кажа што сака, јас додуша ја сфатив. Таа го добива вниманието од него се тоа, ама не верувам дека дечкото нема пари да и купи рамка за слика или чоколадо, да ја изненади. Па сите тука вас ве изненадувал дечко ви, маж ви, а демек не сте останале рамнодушни. Ај спуштете се на земја, зарем вие не би посакале да имате нешто од саканиот за спомен, да бидете пријатно изненадени. Значи девојче бидејќи си романтична купи му ти нешто убаво изненади го, нека не се мери вредноста на подарокот ако таа љубов вреди.
Ние не можеме да ги исправиме нештата ама ти можеш со разговор со мајка ти да смениш нешто. Јас знам дека ти чувствуваш љубомора, мисиш дека нема да ти посветува внимание ко досега. Зворувај со неа и кажи и отворено дека ти смета човекот. Е сеа не знам сигурно што ти е проблемот, тоа е само моја претпоставка за љубомората, ама ваљда можеш слободно да зборуваш со мајка ти и да и објасниш. Ако е решена таа со него да биде тешко дека ќе ја предомислиш, ама на крај краева разбери ја.
pa zashto saka ti blagodaram mnogu, stvarno toa go mislev, i go pisav vo grupata na edna feminka deka jas ne baram od nego sekojdnevni pokloni tuku za nekoi povodi moze da me iznenadi so nekoj poklon i nesto, moze i edno obicno cokolado da mi kupi da me iznenadi barem
Ај полека малце со осудите. Од кога е зло човек да си сака внимание? Јас сум човек што ужива да подарува, без разлика дали подарокот е направен или купен. И не, воопшто не покажувам внимание само на тој начин. Покажувам и на милион други, уживам и кога ќе припремам колачиња и ќе ги спакувам во убава украсна кутија со писменца во неа, не мора да е скап парфем. Многу сте груби на зборови понекогаш.
Знам дека во последно време поретко луѓето одбележуваат за нив "значајни" датуми... Од не знам какви причини, дал е тоа договор меѓу двајцата или некаква "мода"... Ама за мене тие ситници се важни. Вака кога ќе замислам, прво ми доаѓа да речам Ајде не е тоа важно,други работи се битни ... Тоа ми е првата мисла, но не, искрено не знам дали би била со некој што нема да почитува датуми кои За Мене се важни.. За него,лично и кога бил во врска со друга девојка можеби ете не му придавал значење...ама сега кога е со мене и сум му јас важна, по дифолт треба да внимава на тие работи. @tigarche1, те разбравме да не се секираш...овој твојов барем да се завртел околу него, да си го стави малку прстот како за 8ми март сите растрчани со букети во раце некаде брзаат... Една роза омекнува цело срце.
mozebi jas ne se izraziv dobro se izvinuvam eve od moja strana, a tie sto me svatija vo pravata smisla fala mnogu i za podrska i za soveti
Баш затоа што не си дете, мислам дека е време да престанеш да се однесуваш детски. Смеам да прашам каде е татко ти? Во ред е, разбирам дека е јавен форум и дека може несакаш да ја изнесеш вистинската причина зошто не го сакаш дечкото на мајка ти но тоа можеш да го напишеш и по порака на некои членки, ете немора тука. Во однос на другите работи ќе ти го кажам следното. Колку што разбрав јас бракот на твоите не им одел, така да развод бил најдобрата опција. Немаш поима колку јас денес ќе бев среќна моите да беа разведени. Ти изгледа незнаеш што значи да се живее во дисфункционално семејство ама ајде да не мешам баби и жаби. Тоа што мајка ти се развела незначи дека животот за неа завршил и треба да се затвори дома. Ете викаш полнолетна си, што значи сигурно си имаш и ти свој живот, дечко, друштво итн. Таа иако е родител и твоја мајка, и нејзе некогаш и треба внимание, љубов нежност. Еден ден може ти ќе заминеш на факултет или ќе се омажиш, по твоја логика мајка ти треба да остане сама, а осаменоста е тешка верувај ми. Во врска со дечкото на твојата мајка, тој тебе не ти е татко и никогаш нема да ти биде зошто ти си имаш татко. А бидејќи не си мало дете, доволно е со него да имаш културен и коректен однос да го почитуваш пред се како постар, па како дечко на твојата мајка. А дали тие ќе се земат или што планираат, за тоа треба да разговараш сериозно со мајка ти. Како нејзина ќерка да и дадеш подршка, не си свесна колку мајка ти ќе биде среќна кога ќе види дека зрело размислуваш и напротив не ти пречи. Ако одиш против неа, само ќе ја навредиш и ќе направиш големи кавги. Возрасна жена е, најверојатно знае што прави.
Што ако дечкото нема доволни финансии да и приушти поклон? Што ако пример тој е таков и не гледа на тие поклони со очи како што гледа некој друг? Што ако дечкото не ја смета нејзе за девојка во вистинска смисла на збор.. Има многу "што ако" во оваа ситуација. @tigarche1 треба околу овое работи ти да согледаш и да разговараш со него.
Ете може проблемот лежи во другите прашања, размисли малку согледај во што е проблемот и реагирај. Ако молчиш ништо нема да решиш.
Луѓе, девојчето зборува за нешто симболично, аман. Секакви зборови профучеа одма. @tigarche1 освен некако суптилно уз муабет да му споменеш кои работи ти ги сакаш, што те исполнува во врската, што ти создава насмевка на лице итн., не знам друг начин како да те советувам да постапиш. Или еве на пример, можеш ти да почнеш со купување некои ситници за него па да видиш како ќе реагира. Дали со тоа ќе проработи желбата и кај него за такво нешто да направи за тебе или не. Почни со ова, ако нема промена, премини на суптилно напоменување на некои работи. Среќно!
Оф леле, да не се родиш женско. Виновна си и кога не си виновна. Ако случајно си виновна, тогаш си два пати повеќе виновна. Кога на форум е вака, што остана надвор. Некои ми пишувате колку да се напише нешто што веќе го објаснив. Свртете на првите објави да видите што е маката. Дојдов за сосема поинаков совет, не за да ме критикувате мене како ќерка. Верувајте дека немате причини. Доволно сум зрела и доволно време помина за да не ме боли разводот на моите, не сум ниту некое љубоморно детенце приврзано со мајка му... јас сум затворена кон нив уште пред разводот, кога правеа скандали, повеќе се тие приврзани за мене отколку јас за нив. Татко ми работи во странство, постојано е во движење и не е можно така да се прилагодам, инаку со задоволство ќе заминев кај него. Ама нема шанси да му се јавам на и да го вознемирувам, па да правиме голема галама од ова. Сакам проблемите да се решат колку што може потивко. Готово, ме натеравте да откријам се` за себе, фали уште да прочита некоја што ме знае, дури тогаш ќе се каам.
Ако мислиш дека тој не е за нејзе, новиот човек со мајка ти зошто не ја оставиш сама да сфати? И ако не е тој ќе бил некој друг, или трет. Мајка ти има право да биде среќна, нема да биде вечно сама! Порано или подоцна ќе се случило тоа затоа прифати го, или ти пречи што таа повеќе му посветува внимание на него отколку на тебе? Дали сакаш мајка ти да биде среќна или не? Мислам дека таа е доволно возрасна и далеку поискусна од тебе за да оцени што е добро за нејзе. И се уште не ни кажа зошто не ти се допага типот, прави нешто погрешно? И дозволи да го запознаеш па потоа суди му.
Извини вака но за толку да не го сакаш во твојта кука мене ми личи како тој тебе да ти се пушта и затоа сакаш да го отстраниш од дома така делуваш по постовите не гледам друга причина за толку да не го сакаш...и кажи детал плус за да ти се даде искрен и правилен совет ако веке толку сакаш да се спасиш од него...се ти кажаа феминките погоре само погдуваме која е причината ..
Па ти ако си таа "безгрешната" и "компетентната" што не и донесеш стројници да ја запросат со некој кој што ти се допаѓа тебе. Пак ќе ти кажам самобенисана си и многу себична, работите ги сваќаш како 12 годишно дете верувај вака гледано од страна. Ако не сакаш да прифатиш совет а притоа и да објасниш зошто не го сакаш човекот тогаш не вреди ни да кукаш и да се жалиш овде. Имаш решение, ако толку си самоуверена со себе, најди работа и заминиси од таму каде што не ти се допаѓа и не е по твој вкус, па така ќе ти биде најубаво, ќе си бидеш сама на своето и ќе си застанеш на цврсти нозе. Од солење памет некому немаш ќар, ниту храниш некого, ниту покрив над глава си му дала за да мразиш се наоколу и да се бунтуваш. Е тоа е тоа што возрасните го сваќаат и размислуваат.
Па пишала дека го знаела каков е..затоа кажав дека има нешто или она го свига или он и се пушта или незнма веке што...