^ И јас тоа го помислив ама повеќе иде накај тоа дека и се допаѓа на неа. Се познава по зборовите "мајка ми е манипулирана од него и самата не е свесна" јас ова го сфатив како "ми се допаѓа ама ја манипулира мајками, а не мене".
многу ти е страв премногу детали да не откриеш за себе?! Ако мислиш дека си едниствено дете на форумов од разведени родители чија мајка се гледа со помлад партнер,се лажеш. Многу ги има такви и на форумов и надвор од него. Мислам дека најискрено навистина замараш затоа што велиш дека е манипулирана ,дека тој нешто и прави на неа а таа не е свесна,дека го знаеш од порано а не кажуваш како...ова веќе наликува на филмско сценарио..муабетов е мојот бивши се фати со мајка ми?! Пошто бараш совет,а веќе ги доби многу,или прифати ги или отфрли ги,ама престани со тоа паранојата од типот "да не пишувам тука ќе откријам детали и некој може да ме прочита"... На крајот од краиштата и ти и мајка ти сте полнолетни и возрасни и можете да се одвоите и различни животи да терате.А ако се работи за страв да не му го препише имотот на новиот дечко,тогаш не барај помош на форумов туку разговарај со адвокат. П.С. Темава е љубовни проблеми,а не про лемите љубовни на другите.
Ништо не си открила, искрено не разбирам што е проблемот, ако има нешто што не ти дозволува да му веруваш на тој човек и сметаш дека мајка ти е занесена заљубена, држи го на око, но што и да правиш верувај, со тек на време тој ќе се открие пред мајка ти кој е и што е. Ако сметаш проблем е што 10год помлад верувај мн бракови и тоа слични на мајка ти одлично функционираат. Не знам што да кажам, а да не биде погрешно со толку оскудни факти.
Па дур се обидуваш нас да ни објасниш на форумов, земи седни со мајка ти зборувај. Очигледно знаеш нешто за него, епа тоа што го знаеш кажи и го на мајка ти. Или го свиѓаш него, или тој ти се има пуштано...нешто очигледно е таква работа, инаку викаш дека не ти е проблем да има друг маж. Значи тебе овој те нервира, имаш лично проблем со него. Немора тука ништо да кажуваш, и верувај дека не можеш да очекуваш некој да ти го реши проблемот на форум, туку кажи и отворено на мајка ти, за да се заврши дур не е доцна.
јас сум на твоја страна , доколку станот е твој посакај и срека на мајкати со дечкото и нека си живеат кај него! ми мириса дека дечкото има некоја намера ... ! кажи ми имал тој брак зад него ?
Ах колку зрело и возрасно ќе биде ако заминам од својот стан за господин жиголо да остане со мајка ми. Дури тогаш ќе и се посреќи во животот. Не е толку лоша идејата да ја оставам сама, тогаш ќе види и ќе сфати многу, ама немам каде да одам и не сакам да правам голем проблем од ова ниту во нејзини очи ниту во ничии. Не сум подготвена да се соочувам и да објаснувам. Ако се преселам ќе морам. Токму затоа што има многу деца од разведени родители мислев дека некој ќе може да ме поучи како мирно да и укажам на мајка ми да се оддалечи од тој партнер, или да се послужам со некое нивно искуство без да морам да ги кажам моите вистински причини. После кога ќе најде нов, некој нормален за неа, јас си ветувам дека нема да и се мешам. Не го познавам од порано, никаде не го напишав тоа. Ништо полесно да беше имотно прашање, ќе му се јавев на татко ми и досега ќе ми го решеше станот. Ама ова не е едноставно. Не знаев каде да напишам, гледам дека тука се даваат советите. Не ми се најдобро прифатени објавувањата. Изгледа ова ќе ми биде последниот пост затоа што е исцрпено се` што ми кажавте, кружи истото, а никаде го нема тоа што прашав. Дали знаеш што значи манипулирање? Тој е еден... не можам овде за неговиот живот. На почетокот дури имав добар впечаток за него, сега се срамам што го прифатив. Не го мразам, немам сила да се трујам со тие работи, сакам само да го снема. Подобро е да не пишувам јавно, залудно е, се` добив, добив и објави како од сапуница, демек растурам среќа, само тоа што побарав не го добив. Мислам дека добив слика како треба да постапам, ако не изгубам храброст.
девојко јас сум на твоја страна , разговарај со мајкати и кажи дека не го сакаш во станот ниту во близина твоја , а вие остали кога ве читам во другите теми као у стил -Има некоја причина што твоите родители не го сакаат твојот дечко "" што е поразлично од овој случај?? различно е што овде се работи керка која не го сака дечкото од мајка и !
@Morgan Le Fay, јас сум единица, дете на разведени родители, цел живот сум со мајка ми и можам да ти кажам дека ја имаш мојата 100 % поддршка! Зошто? Како прво, треба да разграничиме дека едно е мајката да има дечко а сосема друго е тој дечко да дојде да живее со ќерката после едвај 9 месеци врска! Епа, нека извинат тие што мислат дека тоа е океј ама мене лично не ми е нормално. Ова е премногу сензитивна и специфична тема. Да, мајката се заљубила, сака постојано да е со новиот дечко ама не живее сама. Кога го делиш кровот со некого, мора да ги земеш во предвид и желбите на другиот. Морган не е малечко девојче па со неколку барбики и чоколади да се подлаже да го прифати новиот „цимер“. Возрасна жена можеби не е, но ни ова не се детски тантруми. Девојката исто живее во тој стан, не е мала и треба и нејзиниот глас да се почитува. Според мене, не е Морган таа која е себична, туку мајка и- пак ќе речам, едно е да се гледа со дечко и, да преспива кај него, да оди на викенди/ одмори со него но да го донесе дома кога знае дека ќерка и не го сака, не е во ред! Морган, мила, јас не само што немам совет за тебе, туку и не верувам во тоа дека сите мајки секогаш ги ставаат своите деца на прво место. Мајка ми работи во образование, се има нагледано случаи каде „мајките“ решиле да се премажуваат па децата ти трупосале по баби, дедовци. Можеби мајка ти, сега кога го добива тоа што и фалело во претходниот брак, свесно решава да ги затвори очите пред вистината. Би ти рекла разговарај со неа уште еднаш, отворено, кажи и што ти смета и замоли ја дечко и да се исели од станот. Не барај од неа да раскине со него, не застанувај меѓу нив само инсистирај тој да замине. Ако мајка ти никако не сака да слушне за таа опција, отиди си ти под кирија (која секако тие двајца ќе ти ја плаќаат). Штом не можеш да го смислиш фраерот, нема логика да го гледаш по цел ден и да се нервираш. Ако сакаш, слободни пиши ми лп.
@tigarche1 купи му нешто ти Приреди му убаво изненадување на кое нема да можи да остани рамнодушен. После тоа јас сум доста сигурна дека кога ќе го види твојот поклон и како ќе го гледа дур е дома и се тоа, дека ќе има како желба да ти возврати т.е. да имаш и ти нешто од него кај тебе. @Morgan Le Fay Можам да сфатам дека си фрустрирана и не го сакаш. некој ќе речи дека е себично, некој разбирливо ама факт е дека нема решение на овој проблем кој не вклучува прифаќање на проблемот и разговарање со мајка ти. Кога ќе го прифатиш проблемот дека постои, тогаш полесно ќе можиш да го решиш т.е. ќе можиш да ѝ објасниш на мајка ти твоите причини зошто ти пречи. Крај краева дури не почнат да живеат заедно тој нема да доаѓа кај вас. Патем ако тој има свој стан можат да живеат кај него доколку ти го неќиш, и мајка ти да доаѓа секогаш кога ќе посака. Накратко за секој проблем има решение, ама ти мора прво да се смириш и да се помириш со постоечкиот проблем. Јас, како и неколку членки погоре, мислам дека си во право. Колку што сфатив покрај тоа што живеете заедно со мајка ти, станот е на татко ти кој потоа рече дека останува за тебе? Мислам дека меѓудругото, имаш право да кажиш во сопствениот дом што ти се допаѓа, а што не. Во смисла, ние дома кога се купува нешто, кога иди некој да преспие, сите се прашуваат, безразлика на другото, исто и ова, а ова е поголемо од купување на мебел и имање на некој роднина да преспие кај тебе. @ladyySi пиши ми ако уште важи понудата.
Интересно е како луѓе во теми за дискусија галамат ако се скараш и викаат „ако немаш совет не пишувај“, а кога ќе дојдат на теми во кои actually треба да дадат совет, успеваат само да нападнат девојче со реален животен проблем, каков што најверојатно повеќето од нив никогаш нема да доживеат во нивните удобни домови и полни трпези со семеен џагор на Божик. @Morgan Le Fay - твојот проблем е реален проблем. Не е за оваа тема, бидејќи не е твој љубовен проблем, ама дефинитивно бара подлабок пристап од „леле колку си себична“ пристапот кој ти беше даден. Прво, не си себична и тоа треба да ти биде кристално јасно. Апсолутно имаш право да ја бараш и да се бориш за сопствената среќа во сопствениот дом. Второ, не си ти виновна за неможноста на твоите родители да остварат една навидум толку едноставна животна задача како што е родителствувањето. Понатаму, себичната личност во твојот живот е токму мајка ти. Како родител, таа би знаела колку трауматичен може да биде самиот развод, па потоа и фаќањето на нов дечко, па згора на тоа и дечко помлад 10 години од неа, за капак да биде типот да ти дојде да живее со тебе дома, како ти да си мајката, а таа да е тинејџерката. Мој совет во твојата ситуација е да не правиш сплетки и сопки. Мајка ти колку и да е во менопауза и сега да и` излегува на површина адолесценцијата која очигледно никогаш не ја преживеала, мора да го има мајчинскиот инстинкт и на твоето барање да го отстрани од дома, ќе мора да размисли малку подлабоко. Но, тоа значи дека ќе мора да најдеш начин како да те сфати сериозно кога ќе и` кажеш дека не го сакаш тој човек дома. Откако (речиси сигурно) нема да го прифати твоето барање, мое мислење е дека треба да заминеш од дома, надежно само како средство за закана. Тоа значи дека прво ќе мора да побараш гаранција дека ќе имаш каде да живееш, зборувај со баби и дедовци, тетки, братучеди, луѓе кои реално можат да ти обезбедат дом, барем на еден месец. Сепак, биди спремна на тоа мајка ти да не падне на блефот и да те остави подолг период да живееш надвор од дома. Клучот во сето ова е да не се скараш и да не зборуваш со неа, туку постојано да имаш комуникација. Да знае каде си, како живееш и да сфати дека мора да одбере меѓу нејзиниот boy-toy и нејзината ќерка. Good luck, спреми се силна животна битка и не попуштај. Ако ова го минеш, потоа ќе можеш да поминеш низ секаква траума во животот.
Заминување од дома ... дај не си играјте играчки, разведени родители, татко на пат постојано, мајка и' не знам што мисли, сепак од мајка подобро ниеден роднина нема да и' мисли и нема да се грижи за неа. Не го туркајте девојчево каде не треба, да беше возрасен ОК има глава ќе размисли сам ама вака ... пред се мора да се има на ум дека децата често реаираат вака на нови луѓе во животите на родителите независно од возраста, а дека може има нешто друго зад завесата многу можеби, не знам ако е така треба да и каже додека е порано, се да заврши побезболно. Едно знам врската меѓу мајката и детето не може еден маж да ја скине туку така, ако има нешто треба да ја потпре мајка и, не да ја става плус меѓу два огна. Мене детето, не дај боже, неосновано да ми каже ИЛИ ЈАС ИЛИ ТОЈ, ќе го изберам детето ама душата ќе му ја извадам после, зш доаѓа ден, детето и вели на мајката ЈАС БЕВ ДЕТЕ, ТИ ШТО НЕ РАЗМИСЛИ ПОДОБРО, КОЈ ТИ Е СЕГА КРИВ? Вакво сценарио фала, не.
Само едно со капетанот не се согладувам, идењето од дома. И на тој да му го остави станот што е од нејзиниот татко? Може "заканата" нема да и успее баш па на крај со свиткан опаш да остане. Треба да разговараш со мајка ти, не знам како она самата си дозволила одма да си внесе маж дома да живее со неа, а има дете со коешто живее. Осет малце има ли. Ќе повторам и јас од погоре, не си ти себичната воопшто!
Што нема да прочитам овде ..... осет дали има мајката ? Бог да чува, вашите мајки осет имаат што живеат со вашите татковци ? или оваа се развела со маж и тука завршува приказната за неа? НЕ, БЕ ОВОЈ МЕНТАЛИТЕТ НА МАРС ДА ГО БАРАШ ГО НЕМА. И ВАКВИ УМОВ ЌЕ ПРОЦЕНАТ КОЈ Е СЕБИЧЕН КОЈ НЕ Е. ДА, ГАРАНТ.
Не е проблемот што мајката си нашла дечко, ама одма да и го тупнеш дома на ќерка ти? И што треба да очекува? Не е затуцаност, стварно треба осет да има. Демек по 9 месеци врска он и станал најважното во животов. Се разведува, си фаќа дечко 10 години помлад, и го носи дома. ЕЈ СУПЕР. Од кај дојде до спредба за нашите мајки и татковци Глупост пиша ама ај.
Споредба е затоа што на крај се сведува на истото, децат си одат секое свој та си фаќа и така треба да биде. Можеби таа жена мсетала детето е големо веќе и може да разбере. Од моја гледн аточк акажувам, ЖИВОТОВ ГО ПОСВЕТИВ НА ДЕТЕТО, СЕ, АМА БАШ СЕ И КОГА ЈАС ОСТАНАВ САМА СЕ АДАПТИРАВ, ШТО ЗНАЕТЕ НЕКОИ ОД ВАС ШТО ЗНАЧИ ДЕТЕ ДА ЧУВАШ САМ ПА, УШТЕ И РАЗВЕДЕНА, ФАЛА БОГУ ТОА НЕ ЗНАМ КАКО Е И НЕ САКАМ ДА ЗНАМ. АМА АКО ЈАС МОЖЕВ ДА СЕ АДПТИРАМ И ДА СЕ БОРАМ И ОД МОЕТО ДЕТЕ ОЧЕКУВАМ И ЌЕ БАРАМ ДА СЕ АДАПТИРА И ДА СЕ РАДУВА ,БОЖЕ МОЈ АКО ДОБИЕ БРАЌА ИЛИ СЕСТРИ. И НИШТО ПОМАЛКУ НЕ БАРАМ ОСВЕН ПОЧИТ КОН ТОЈ ЧОВЕК И ОБРАТНО. ДЕМЕК ... ДА НЕ ТЕ ПАРАФРАЗИРАМ, ЕТЕ ТУКА СЕ АЖУВА КОЈ Е КОЈ И ШТО И СТАНА, Е, НЕ МОЖЕ СЕГА ВНИМАНИЕТО СЕ ДЕЛИ СО ТОЈ ЧОВЕК КОЈ НЕ И Е ТАТКО. МОЖЕБИ ДЕБЕЛО И ТУКА БАШ ДА Е ПРОБЛЕМОТ.