Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.468
    Пол:
    Женски
    @Outlook Мака ми е да го читам ова, цело ти е со големи букви. Заморува.

    Гледам за тебе лично си сврте, така да немам ни потреба да го дочитам, јас кажав на девојчето тоа што мислев.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Точно, го доживувам ова поемотивно зш ја разбирам таа жена, а и детето. Во ред е мислење како мислење ама ова е дете кое поминало низ бури со разводи и што ја знам и не треба да се пумпа на места каде не треба и да отиде во погешен правец. Нека не те заморува кога веќе истакнуваш нешто.
     
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    @Morgan Le Fay пак ќе ти пишам.
    Девојче, тоа што цело време ти го зборувам овде и дробам слама е дека колку и да се трудиш не можеш да ја смениш мајка ти, таа е возрасна жена и доволно искусна за нејзини години со оформен карактер, се учи мало дете а не возрасна личност тоа треба да ти е јасно.
    Не ви го знам дотичниот проблем со човекот на мајка ти, и затоа не би можела да ти дадам конкретен совет но кога зборуваме за возрасна личност ете ова само можам да ти го кажам да го знаеш што погоре го пишав.

    Ако имаш некој сериозен конкретен проблем со тој човек разговарај со татко ти и пронајдете некое решение за тебе и твојот спокој, а мајка како мајка не се менува штом не сменила став до сега, има секакви родители со секакви сваќања, тоа колку и да е тешко мораш да го соџвакаш. Цело време ја тупам баш за оваа поента во проблемов.

    Ти како дете сеуште кое што не стои на цврсти нозе не можеш ништо да направиш против оваа ситуација и тоа е фактот.
    Ако човекот не ти се допаѓа, те вознемирува, ти прави проблеми разговарај со татко ти и пронајдете решение.

    Ете, мајка ти се заљубила, може не гледа ништо пред себе си, не го согледува тој дотичен проблем што тебе те прави несреќна но ајде кажи ми како ќе ја смениш? Како ти како нејзино дете кое што верувам дека сеуште студира можеш памет да и солиш?

    Тоа е вистната всушност, што во моментот имаш опција да разговараш со татко ти и да се обидеш да пронајдете некакво решение а во меѓувреме и да почнеш да се трудиш за себе си да застанеш на свои нозе (бидејки спомна дека си полнолетна и зрела личност).

    Треба да сватиш дека животот е суров и дека предизвиците и проблемите а поготово работите кој што не ти се по кејф ќе ти се случуваат колку и да го ти самата тоа негираш и не го прифаќаш, тоа е така и така фунционира, но треба воглавно и да бидеш свесна дека ти самата ако не се бориш за својата среќа и за својот живот можеби тоа никој од страна нема да го направи па било год и родителите да биле, знам дека е тешко тоа да се свати, да се свати дека родителот не е родител во вистинска смисла на зборот понекогаш и во многу ситуации но за доброто за тебе треба да соџвакаш некои работи како такви и да прифатиш дека никој не ти е должен да ти дава отчет и исполнува желби.

    Крај краева проработи за себе си, па отпосле секој како што посеал према тебе ти така жнеј со него.
    Тоа е и всушност изреката не некоја животна вредност и општо фунционалноста на животот.

    Со моиве постови наназад баш сево ова кое сега во овој пост го здробив сакав да го кажам.
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
    На Morgan Le Fay му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Девојчево го доживува како жигало, значи мајка и' го издржува, арно се нафатила. Ама ако е Ок кон децата т.е кон девојчево на крај краева како жените се издржувани од мажите, што е разликата сега ? Најважно е да е човек, да ја третира неа како што треба и децата и се ќе биде во ред, ќе се прилагодат едни кон други.
     
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Во иднина кога твоето дете ќе порасне ако со ваков став пристапуваш кон него за било каков проблем тешко тоа дете и неговата иднина.

    Полека малку смири страстите, не се расправај со луѓето и не суди, се ми се чини дека изреката "кој си ја има мувата на капата си ја ишка" неверојатно ме потсетува на тебе.
     
    На theowndemon и kim.k им се допаѓа ова.
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Грешиш :) не суди по постови и ставови, јас не можам да воспитувам на форум. А реакцијата е ваква зш не знам колку осуди и оговарања сум слушнала и видела од околината за жени кои сакаат да си го продолжат животот понатаму, грозно, а никој не мисли дека деца има и не знае ни него ни децата што ги чека утре. И имаат право на тоа, кој ми е мене крив што се освестив по толку години. Грешиш Витамина како и обично ама се читаме само и тука има голема разлика.
     
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Напорна си со твојата самобендисаност.
     
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Повеќе би рекла самоувереност ама машала не си ни долна :D
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    @kim.k зошто заминувањето од дома го гледаш како некаква трагедија? Девојчето напиша дека е полнолетно, не само што не е трагедија да ја бара убавината на животот надвор од станот на мајка си, туку сметам и дека секој на нејзина возраст треба да се потруди да се оствари себеси како независна и самостојна личност на таа возраст. На крајот на краиштата, ако можат илјадници студенти од други градови во Скопје да живеат сами, зошто таа да не може?

    За Outlook нема ни да трошам зборови, жената е исплашена дека нејзиното дете ќе и` избега од дома... Боже брани нè од неродениот Петко... *икончештосекрсти* (facepalm)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Колешка на мајка ми е во слична ситуација. Жената се премажи откако маж и ја изневери и си најде помлада жена. Женава се омажи за познаник на татко ми. Човеков буквално и питa меси по дома. На место, вреден, поштен, културен, ама девојчето не можеше да се држи со сето тоа и си отиде кај баба и. Во коректни односи си е со родителите, нонстоп се гледа со мајка и', ама таму не може да живее.
    Нема ништо трагично, растеме, созреваме и сфаќаме дека животот и не е така хепи шаренолик како што ни изгледал ко помали.
     
    На kjukli, theowndemon, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Оф леле, имав некое понакво мислење ... нема врска. За инфо моето дете нема каде да избега, ми беше за девојчево и мајка и, мајка како што ја боли никого на светов. А моето нема каде да оди утре ден не дај боже (кој ја осетил неговата моќ само во него се крсти). Неговиот татко не е меѓу нас пред неговот раѓање, ме има мене и моите и толку. Сувишно е да зборувам на темава веќе, очигледно се разминуваме во погледите.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    ^Фала богу знам што е манипулација, само мене како и на многу други ми е замрсена работата. Ме мрзеше да се продлабочувам во проблемот ама сега ќе напишам од некои аспектни точки како според мене ми делува.
    Прво таа кажа "мајками има дечко" со самата таа помисла дека нејзе некој дечко макар постар/помлад ја иритира. Зашто таа продолжила со животот после макотрпниот развод со татко и, зашто не добива љубов и внимание од него, па тоа го нашла во друг. Ти девојче си себично, во поглед што не го спомнуваш татко ти во приказната, туку зборуваш за мајкати. Мене тука ми е чудно, никаде го нема татко ти.
    Зашто мајкати да не продолжи со животот и да се биде среќна,ти се посветила на тебе, те израснала, не те оставила без ништо и ти вака. Е од овој аспект си себично.
    Друго не коментирам за момчето, прво тој како момче не знам што бара со разведена жена ама секој ќе помисли таа има пари, ќе го финансира, вака така... ама ај да речеме 2-3 месеци идат, ама цели 9 месеци баеги е период иако е мал, но сепак месеци се во прашање.
    Од друга гледна точка донекаде и те разбирам што не сакаш да има дечко, и некој да помлад да ти го заземе местото во куќата, да те стави на последно место, бидејќи ние помладите си бараме внимание и време, си бараме и љубов. Се плашиш дека мајкати би можела постојано да го слуша него, може да дојде до многу неубави ситуациии, може да се искомплицира и тој да си зазема огромно место во животот на жената, па може воопшто да не те тинтра тебе.
    И она што го заклучив е дека мајкати е една очајна жена, исцрпена и изморена од се, која нашла малку внимание и љубов од некој непознат за да и помогне да се издигне.
    Тоа што сте деца на разведени родители не значи дека родителите не можат да бидат среќни, кога ќе прочитам некој мајками има друг, а татко го нема никаде, значи тој светец мајката грешна.
    Неможете така да размислувате, ниту еден од родителите не сака вие да го осетите тешкиот развод на двајцата па се трудат околу вас.
    Сепак секој има право на своја среќа, ако некој одлучил верно до крај да биде сам и да се посвети на вас до крајот на животот е негова одлука.
     
    На mssuniquee и Outlook им се допаѓа ова.
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Криви дрини исправаме.

    Додека не седне девојката отворено да зборува со мајка и, џабе е. Ситуацијава е замрсена, нека се седне отворено нека се зборува. Раздели па владеј ( да не ме сфатите грешка) не функционира секогаш, ама па и вака не го бива. Манипулирана или не, и дали точно е кажан зборот, не знам ама не ни мора посебна причина да се има, самиот чин дека тој е дечко на мајката е потресувачки.

    Јас не знам дали мајка ми ако донеси некој дома, ќе гледам на тоа како да не е ништо. И јас имам мислење дека по развод животот не завршува, но кога нам ни се случува нешто, потешко се прима.
    Викаме не е голема работа женава што има нов партнер и дома го донела, ама оди најди се во ваква ситуација да видиш дали е лесно.
     
    На sadgirl21, Outlook, kim.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Реков нема да пишувам ама некако се соживеав со ова, ај, што реално ништ не знаеме и гаѓаме де оваа патка де она, ме зачудеа некои мислења и разочараа или премногу малограѓанштини сум видела. Има многу примери каде децата страшни проблеми им прават на родителите во вакви случаи, а има и грозотии од страна на како да ги наречам потатковци и макјеи. Ова не е лесна тема на кој аможеме да дадеме црно - бело решение или мислење. Секоја промена е тешка, но мора да ја има, животот тече и се менува. А што мене ме етикиетира Витамина или било кој друг мање битно, важно видов некако не се поддржуваат децата да станат дел од ново проширено семејство, така е надвор така е и овде кај нас. А ниеден нема да се замара со тоа дете повеќе од ден или два и секогаш ќе му биде терет на некој начин освен на родителот. Да, студентите во Ск живеат сами ама со поддршка од дома и материјална и со разговор. Па, вие како сметате така, никој никого со сила не може да го увери и да му докаже и на крај краева кој не осетил тој не знае, само не се учи од свои школу секогаш подобро е некогаш и од туѓа школа да се земе нешто в предвид.
     
  15. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    2.935
    Пол:
    Женски
    @Outlook Абе зошто се идентификуваш со жената воопшто, милиони се разведени и се премажиле дечковци имале итн, тоа не значи дека помалку ќе се посветат на детето во било кој случај, ама битното во приказнава е партнерот, и причината зошто не го сака и не сака да го прифати. Може кај тебе било друго, кај трета трето, тука само таа си знае и ете од некоја причина не сака да се отвори, инаку кога би знаеле детали и би ја имале целата слика сигурно подруго ќе размислуваме. Спомна девојчето втор трет не би и сметало воопшто, и самата таа сака мајка и да биде среќна, а овој штом толку и смета сигурно има некоја подлабока причина. Од друга страна ако се работеше за лигавење и себичност мислам дека девојчево немаше ни да седнува тука да прашува, него штом си има пари ќе си тераше живот немаше ни да го приметува ни кој е ни каков е, или дали е некој среќен или несреќен, јас така го сфаќам тоа...
     
    На kim.k и Morgan Le Fay им се допаѓа ова.
  16. Sarii51

    Sarii51 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Имам еден проблем со мојо дечко во врска сме 3 год. и имаме односи ама последниве 7 месеци ниту еднаш сме немале.Причината за тоа е оти тој не ме вика дома кај него до сега ниту еднаш не ме викнал јас не му го знам станот како му изгледа ниту кај се наоѓа секој пат ми вели дека дома кај него се сите ама 3 год. до сега да не биди сам :^) Ми вели дојди ако толку сакаш нема врска ако се сите дома. Мене ми е срам оти живее со баба му и дедо му а има и брат и сестра и многу луѓе се дома како да одам јас така и да имаме односи. До сега секој пат кај мене дома сме имале и понекад го носев кај баба ми и дедо ми кога не се дома оти живеат до нашата куќа и секад кај мене а кај него ниту еднаш.Овие 7 месеци немавме оти сестра ми е дома цело време и он цело време ми вели кога ќе почнела сестра ми на работа ќе доаѓал кај мене и пак си прави планови за кај мене.Незнам веќе што да правам 7 месеци јас пукнав многу е и он цело време ми кажува како бил напален и му се сакало а не му текнува да ме викне. Што да правам дајте ми некој совет? :(
     
  17. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Дечко ми почна да штеди за кола,несака да потроши ни денар за мене,дури почнав и јас да частам кога ќе искочиме ..Совет?
     
  18. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Купи му кола и нема да штеди,ке те части он.
     
    На Trxmx, Mala Hembra, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 7 други им се допаѓа ова.
  19. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    2.935
    Пол:
    Женски
    Каде е проблемот? Ако ти иде многу не искачај, а детето нека си штеди, паметно од негова страна.
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.948
    Пол:
    Женски
    @Sarii51
    Хм, епа гледај ... ако нема услови неговите да не се дома, а ти не сакаш да одиш кај него кога има некој, нема начин како. Сем ако одите кај него дур се неговите дома или барем дел од неговите да се дома зошто ако некој е од големо семејство логично е шансите да биди празно местото да се мали. Во куќа е поразлично од стан, нели куќите се поголеми, попросторни и да има некој нема ни да се слушни ни ништо, во стан од друга страна е поразлично зошто е помало ама можиш да одиш кога дел од неговото семејство не се дома или ако работите да му предложиш да си изнајмите мал, ефтин стан за вас и за вашите потреби.
    @Yeeah
    Јас мислам дека за ова треба разбирање. Фактички ако ти е дечко, ако одите подолго време и се сакате, штедењето кола е инвестиција за двата, потоа ќе те вози и сл., нели?
    Мислам дека не е неопходно секој ден да излегувате па да се носиш во ситуација да плаќаш за двата доколку ти штеди. Не знам колкава плата има дечко ти и неќам да навлезам во тоа, ама очигледно сака што побрзо да обезбеди пари за таа кола.
     
    На Yeeah му/ѝ се допаѓа ова.