Е добро нема ништо лошо ако собира пари за кола, ако неможеш ти секој пат да частиш не мора секогаш да седнувате некаде,шетајте повеќе па кога ќе си купи кола после ќе си се возите
Веројатно не со жената, мојата е сосема друга приказна, како да кажам, прекидачот беа советите да замине детево, коментарите од типот што и бидна како тинејџерка полудела па, го донела како падобранец дома и сл. кој да знае можеби и некоја би го направила тоа, не сакам ни да помислам ни да верувам во такво нешто и мислам не е така во случајов. Се работи за осетлива тема и осетлива фамилија веќе распадната и дете кое од каде да знаеш каде и како ќе западне и под чие влијание девејчево, плус да замине од дома, улицата и роднини и другарки и што сакаш наведи не се ни до колена рамни со мајката. Едноставно што не би му рекла на мое дете и како би го бранела така некако го доживеав и ова, деца страдаат за родители ова при жива здрава мајка да се направи јаз, а нечесто надворешни луѓе можат да повлијаат и после си гледаат сеир ништо друго. Дај боже да си се средат посебно мајка и ќерка, кој да знае што е проблемот тој може сега е таму утре кој знае каде.
Татко ми нема врска со конкретниот проблем за да го спомнувам. Зошто те интересираат детали за татко ми? Дали мислите дека е по дифолт повеќе виновен за разводот, а јас ја напаѓам мајка ми затоа што имам конзервативни македонски сфаќања? Татко ми е моментално самец и ниту на времето не се разведоа поради друга жена. Мајка ми велеше дека имал љубовници и дека изневерува, тој упорно негираше, не знам што е точно. Не знам дали после разводот има други, знам само за една партнерка со која ме запозна еднаш, ама сега и неа ја снема, не знам зошто и како, знам дека само таа му беше официјална и за ниту една друга не знам дали постои, дали не постои. Да, нивниот развод беше тежок за мене, периодот пред разводот и детството уште потежок. Мене секогаш ме разгалуваа, туку никогаш не си упатија еден добар збор меѓу себе, односите им беа исполнети со омраза, секој ден се тресев дали ќе биде денес мирно дома или пак ќе слушам кавги за ништо. До ден денес не се поднесуваат. Сакам да кажам дека јас одамна се помирив со разводот и сфатив колку беше неопходен, колку ни е подобро на сите откако се разведоа, иако оставија последици врз мене. “Благодарение“ на нив сум позатворена и не можам да се опуштам ако треба да изразам чувства, од мало девојче се научив да трпам и да трупам во себе. А некој овде објави дека не знам што значи дисфункционално семејство. Нема вистина во тоа дека сум детинеста и дека ги сакам само за себе. Мене ми е полесно кога не комуницирам и со мајка ми и со татко ми, дури и кога сум под ист покрив со некој од нив. Можат да прават што сакаат, како што јас сакам да правам по мое. Нека најде таа некој друг партнер наместо овој и јас нема да отворам уста. Да се вратам на проблемот. Можам да разговарам со татко ми, не мора ниту со него да бидам целосно искрена зошто, доста е само да му речам дека не ми се допаѓа помислата на оној во нашиот стан и да извадам неважни причини. Ама секогаш кога ќе се сретнат мајка ми и татко ми настанува ураган. Ако се вмеша татко ми, таа уште повеќе ќе ослепи, ќе ја фати инаетот. Ама можеби не е лоша идеја и ќе морам така. Првиот чекор е тој да се тргне од нашиот стан, затоа што ако таа оди кај него, нему тоа нема да му се допадне и нема долго да ја толерира. Ама за да се случи тоа, прво морам јас да ги расипувам односите со неа, ќе мора да поминеме низ перипетии и ќе биде малку болно. Јас веќе почнав да и укажувам дека не ми се допаѓа ситуацијата, ама не знам колку ме сфаќа, можеби само мисли дека имам лоши денови. Реков дека нема да пишувам повеќе и навистина нема потреба. Она за разводот на моите не требаше воопшто да го пишувам затоа што е надвор од дискусијата, ама морав да ви објаснам дека не е мајка ми оштетената после разводот, туку двајцата заемно со татко ми се навредуваа и повредуваа. Се` друго што исто така немаше врска со проблемот за кој барам совет го кажав затоа што ми стои како грутка и затоа што ми беше глупаво вие долго да ме советувате, а јас да оставам без одговор. Она каде лежи директно проблемот, не можам да го кажам затоа што не сум подготвена ниту овде, ниту надвор да го кажам, единствено ми требаше насока да го решам без да се навраќам подлабоко назад. Ви благодарам за советите на сите. Поздрав.
Направи го ти првиот чекор биди ти таа прва што ке му купи нешто и ке го изненади,јас сум сигурна во тоа дека многу ке се израдува он.
Најпрво здраво на сите, јас сум нова овде Вака, со дечко ми идевме една година, но почнавме да се расправаме константно околу некои сосем трети лица и ја запоставивме врската, контактот го изгубивме и решивме да раскинеме. Јас уште го сакав, уствари сфатив колку многу го сакам за време на тој период додека бевме раскинати ама се тргна наопаку. Излегоа муабети дека се свиѓат со друга, дека ме заборавил и сл. ама после месец два тој се врати(како што претпоставував). Сега пак сме заедно ама дознав дека кога бевме раскинати тој бил со друга така за една вечер и не можам да се помирам со тоа.. сите ми велат упорно дека тој не е виновен и дека тоа се случило за време кога сме биле раскинати ама мене душата ме боли.. ми нема згрешено последните две три недели од кога сме повторно заедно, но јас постојано го одбегнувам кога ќе се потсетам што ми направи, а несакам така да биде Сакам да видам и ваше мислење во врска со оваа ситуација, се надевам ќе ми помогне
@mandy_gorgeous Хм. Сте биле раскинати. Безразлика ти што знаеше дека тој ќе се врати тој можеби беше многу лут и беше сигурен дека нема да се врати. Можеби се обидувал да те заборави. Сепак тој период не сте биле заедно за да му се лутиш. Можиш и отворено да го прашаш да ти објасни тој дека него тоа не му значи па можеби ќе останиш посмирена.
Се согласувам со постот над мене, нема потреба за паника и одбегнување. Не ја изложувај врската во криза затоа што може да се случи повторно да дојде до раскинување. Разговарај со него, нека ти објасни, иако знам како ти е. Зошто без причина се изложуваш на ова? Со тебе е, ти се вратил и искористи ги убавите моменти на среќа.
Такви сме жените по природа. Обожаваме да комплицираме и анализираме, не си прави од ништо нешто во врската. Уживај.. и остави на времето да покаже што понатаму.
Значи тој нонстоп ми се извинува и гледам дека се кае поради неговата постапка..свесна сум дека бевме раскинати, но јас го сакам и ми е тешко, неможам да разберам како можеше да ми го направи тоа, зошто јас не постапив така.. Се двоумам дали и јас да направам така, па да почнеме од почетокШто мислите вие?Јас не знам на кој друг начин да заборавам...
@mandy_gorgeous разликата ќе биди шо тој не очекуваше и не гледаше иднина после раскинувањето,а ако сакаш и ти да постапиш така па да почниш одново би било како изневерување. Ме сфаќаш? Ти дадов веќе втор пат со мое второ мислење зошто мислам дека постапил така, не гледал иднина, бил гневен, сакал да те направил љубоморна. Толку. Сега сте ПАК заедно, а тогаш НЕ БЕВТЕ. Се надевам делот со: го сфатив грешно зошто во случај да го сфатив точно е навистина незрел начин на мислиш дека ќе те успокои. Јас сум скоро сигурна дека ако го направиш истото ни тој, па ни ти ќе бидите спокојни. Само пак ќе речам, се надевам дека сфатив грешно.
Здраво девојки, имам проблем. Се запознав со еден дечко пред 2 месеци. Не беа поминати 3 месеци од раскинувањето со бифшиот почнавме со овој да си пишуваме. Се видовме,иако зборуваат дека му мрдал газот јас не го мислев за таков. Познат е и сите го да не речам свиѓаат. Се фативме пред Нова Година. Ама слушам од другарки дека во кафичот во кој што е нонстоп,гушнал девојка. Ништо се обидов да реагирам нормално,несакам да има во врската такви љубоморни испади. Помина тоа, сега пак слушам од другарки дека и пишувал на едно што е прилично мирно девојче. И праќал песни, и велел да се слика што прави, и праќал киски. Како што кажав несакам љубоморни испади ама ова веќе почна на нерви да ми оди. Ја викал на кафе и на скијање. А таа вечер откако го одбив бидејќи неможам да одам со него на скијање тој ден овој си барал замена. Несакам и оваа врска да ми пропадне заради љубомора,сакам да се контролирам но неможам со сите да се расправам на кои тој ќе им пишува. Да напоменам дека и јас пишувам со машки и тоа кога сум со него но не ги викам на кафе и сл. Па дали може тоа да е причината или тој од навика си е таков. Ве молам само без навреди. Ако имате совет да ми помогнете,свесна сум дека ова и не е баш некој проблем ама ако почнал вака да се отргнам додека е време.
Ќе да е му мрда опашката како би знаел тој дека ти се допишуваш со момци? и дали ви е иста содржината на муабетот ? според мене нема врска тоа едно со друго, типот си отвара и остава врати отворени, шмекер, бе ти си знаеш, не ми стои вака дека ќе имате некоја стабилна врска ама со оглед на тоа дека сте мн млади, не знам што да речам ... ако те нервира повлечи се тивко, имам работа, немам време, учам, спијам, ме боли стомак, глава и секој по својот пат, и волкот сит и овците на број, без препуцавки.
Како што разбрав, не е до твојата љубомора, туку е до неговото недолично однесување. Дали ти ќе му приговараш за тоа што прави или не, тој нема да се смени. Знам дека несакаш да ти пропадне врската али подобро сега од колку да створите уште повеќе спомени и дури тогаш да раскинете. Тогаш ќе биде потешко
@SnowQueen17 се познаваше со ова девојче што го бара тука така на кафе или за замена за тебе во врска со скијањето? Доколку да - можеби се само пријатели, и пријатели се во животот на дечкото пред девојката па нема смисла за љубомора. Ако се запознале на фејс можеби му мрда газето, можеби е само пријателски тип. За гушкањето мислам не е проблем ама ете зависи од возраста за како се толкуваат тие прегратки. Дечко ми се прегрнува со другарките, јас сум чоек шо се гушка премногу па редовно па дури и да сакам да се стоплам од некој малку го гушкам. Мислам дека тој дел нема смисла. Сепак се знајте краток период, обиди се разговарај со него на разни теми за индиректно да добиеш за сериозноста негова во вашата врска.
Со девојчево сум само на здраво. А многу е мирна и тој ми рече дека таа го прашала дали се гледа со мене и тој рекол да. Пред да се фатиме немал женска и отворно си призна дека со мене сака за озбилно доколку и јас сакам.А за да му мрда газето па и незнам баш, само си помислив. Дечково редовно ме моли да спаѓаме заедно на кафе, на излегување. Јас кога неможам тој е упорен. Му велам ајде вечер ќе се видиме, ми вели сега и вечер пак. Пред неговите дргари нон стоп ме жнави,гушка и бакнува. Кажува дека сум му женска и неговите другари ми се обраќаат со снао. Прва девојка сум што кај него имам отидено и сестраму ме викаше на кафе. Па незнам дали навистина е сериозен со мене или не. Според ова што го кажав што мислите вие?
@SnowQueen17 неговите постапки никако не ми се поклопуваат со неговото однесување тоест дечкото едно кажува, а сосема второ си прави. Познавам многу машки кои се навидувам во сериозни врски, па сепак си пробуваат да си шараат наоколу. Ако неговите постапки кажуваат нешто друго, тогаш тргни се од него дури е време. Таквите тешко да се променат. Ако сега фаќа кривини, постојано ќе фаќа а ти само ќе се нервираш и ќе се карате, ништо позитивно нема да излезе од оваа работа.
Со девојка ми сме заедно од скоро и проблемот што го имам е дека и смета што кога излегувам без неа одам да зборам со рандом девојки. Намерата не ми е да им се пуштам туку нешто друго... Девојка ми е прилично убава што резултира со многу машки да и се пуштаат. Тргаме од куп риквестови и пораки на фб до пристапување по искачања кога не е со мене. Нормално, се трудам да немам проблем со ова бидејќи не е до неа. Е сеа, фрката е што иако сме заедно на неа постојано и се воспоставува фактот дека има и голем број на други опции освен мене, а и плус евентуалното флертување делува супер за нејзината слика за себе, што не викам дека е лошо. Но, јас како машко, ретко е да ми се пушти некоја, да не кажам никогаш освен ако не збориме погледи и девојка да стои као демек случајно во моја близина. Но пак тоа е повеќе ко покана и јас ако не направам нешто - онда ништо. Исто и не збориме за собиранки каде ќе дојде другарка на овој/оној. Оттука, мене ми се воспоставува дека баш и нема други девојки освен мојата што е лошо бидејќи може негативно да влијае на моето расположение и ставови кон врската. Затоа, се ставам да зборам со други девојки чисто за социјализирање и потсетување дека постојат и други... Кога и кажувам за ова се нервира и вика дека не сум фер, што е крајно себично. Мислење/совет?
^ Јас два пати го прочитав твоето и заклучив според мене дека вие двајца сте несигурни во врска. Од една страна таа, а од друга страна ти. Вас ви фали доверба. Незнам колку време сте заедно, ама би требало ако сте на почеток да ги избегнувате ситуациите со други, барем додека да ви се зацврсти врската. Избегнувајте го излегувањето со друшство, излегувајте сами, посветете време за вас двајца. После ова што го прочитав му доаѓа како да сакате што побрзо да се социјализирате меѓу другите, да се измешате со нив, доста нагла промена. Разговарајте меѓу себе, откријте што ви пречи во контекст на тој проблем, па најдете го решението.