Аха, епа вака, фала на мислење секако со тоа што да додадам уште еден пример зошто не знам дали бев јасен. Мислам дека не е фрка за како е кога сме на само, туку чисто дека она како девојка и покрај тоа што е во врска постојано има "понуди" од други мажи што ја прави помалку да зависи од мене (во смисла и да прекине со мене знае т.е. е потсетувана постојано дека има и други опции). Што уствари нели е супер, јас несакам она да зависи од мене, баш напротив. НО, истовремено мислам дека е и потребно и јас да се осеќам слично, чисто за да јас не станам зависен од неа што нели ќе биде лошо за врската. Работата е во тоа што за таа да се осеќа така не треба да прави ништо туку мажи сами и се убацуваат, додека јас за да бидам во иста ситуација треба да бидам тој што се убацува. Нормално, не викам дека она ќе ме извара или ја неа, но чисто за опцијата за други да биде присутна. И да го дадам уствари примерот, да речеме на фб машките се тие што во главно праќаат риквестови, така да она и ништо да не прави ќе и стигаат. Ја ко машко не ми стигаат толку и за да правам паралела треба јас да праќам. Е сеа, ја не се лутам што и стигаат а она се лути ја што праќам. Иако нели аднување не значи и муабет правење, а правење муабет не значи дека ќе има нешто... Се надевам дека појаснив малку
Воопшто немаш доверба во девојката, а очигледно не ја сакаш доволно штом сакаш да си имаш и резерви. Мислиш дека секој момент ќе ти змине и ќе останеш сам, па додаваш и пишуваш со други.... Ама верувај така побрзо ќе ја изгубиш. Ако ја сакаш и ако ти значи, потруди се околу неа, направи и изненадување, јавувај и се често и гледајте се почесто. Само не претерувај да ја гушиш премногу туку со осет. Имај поголема доверба во неа, а ако сакаш така да правиш и ако продолжиш така да размислуваш тогаш подобро раскинете, очигледно не сте еден за друг.
Ова е твој пост од друга тема, го цитирам тука зошто мислам дека дава дополнително светло врз целата ситуација Накратко-цурата е убава, комуникативна и не и недостига (машко) внимание, ти од друга страна не си баш „популарен“ па сега си и љубомориш на сопствената девојка зошто таа е пофаца од тебе. Совет? Соочи се сам со себе, надмини ги несигурностите и комплексите и поработи на самодовербата. Ти всушност немаш проблеми со врската или со девојката, ти имаш проблем самиот со себе. Исто така, не си лечи комплекси преку девојката, не само што е многу педерски од твоја страна, туку ако таа ти врати „мило за драго“, ти си тој кој ќе се утепа од плачење на крај!
Не е дечкото крив туку девојката, тој самиот појасни дека таа не му дава да пишува си други и се љути, а таа постојано го прави тоа. Проблемот е до двајцата, како што кажав нејзе и недостасува доверба кај тебе, а тебе ти недостасува самодоверба. Таа е малку себична во поглед на социјализирањето, немате доверба ти кажав и во претходното мислење. Тебе ти фали самодоверба во самиот себе си прво, се потценуваш со тоа дека не ти пречи да комуницира со други особи, а всушност тебе те јаде тоа. Како најклучно решение би било да си ги деактивирате профилите, изградете доверба меѓу себе. Таа е љубоморна и тебе ти годи тоа, ама покажи и ти малку љубомора па ќе видиш како ќе се сменат текот на нештата.
А зошто мора да бидеш еднаков со неа во врска со фб пријатели и риквестови? Еве дечко ми нема ни 100 пријатели, јас имам многу повеќе па никогаш не ми рекол јас сега ќе аднувам некои женски за да не бидам покус. Ти се плашиш да не се затрескаш во неа, а она да не те остаи за друг, м?
Сметам дека постот на @Nausicaa баш го долови твојот проблем. Навидум и јас вака те читам и сваќам дека премногу си ископлексиран од тоа да бидеш некоја си "фаца" и "женкар"низ град, и љубомориш всушност на твојата девојка а тоа уствари и го објаснуваш овде сано што ти самиот не го сваќаш или пак не сакаш да го сватиш. Совет: држи си ја девојката ако ја сакаш и нека не ти шараат многу очите настрана бидејки и тоа е "многу" за тебе што го имаш, немој да останеш без ништо па после да ја трескаш главата. Нит си фраер со овие глупости што ги објаснуваш овде нити си женкар, ископлексиран си и несозреан, ете дете. Вразуми се и чувај ја девојката дур не е касно, знаеш, животот може таков шамар да ти залепи па да не се совестеш кај се наоѓаш.
Имам грижа на совеста...Летоска некој одреден период имав раскинато со дечкото,бидејќи дознав работи кој што ме уништуваа дека он искача со други девојки додека јас запаѓав во депресиии и плачев решив да се впуштам во авантура со наш не толку близок другар кој што ми се пушташе дури бевме ние во врска.На некој начин само за да му вратам се видов со тој “другар“ и имав нешто повеќе од мување...Бев тотално скршена,да не го напревев тоа мислам ќе полудев..но сега сум смиренасо дечкото и ужасно ме мачи совеста,он секако дозна за тоа дека сум се гледала и ме прашуваше дали само сме имале мување и ми посочува дека ако сум имала секс дека ќе ме оставел и никогаш нема да сум го видела секако дека не му признавам и он си мисли дека само на мување сум останала. Со тој така наречен “другар“ кој ги искористи тие моменти на слабост немаме никаков контакт. Мн гадно се осеќам,врската ни е сега мн убава,мн проблеми се решија и секогаш кога е добар со мене мн ми е криво што се така се случи но што да правам,дали ова лажење можеби е добро и исправно..? Затоа што можеби и он е најголемиот кривец за сето тоа.........
Девојки сакам само да ве прашам како вие би изреагирале доколку дечкови ви прати слика од друга девојка која ја има на фб и ви пише како она е добро градена? како го сваќате ова? како би постапиле вие? фала однапред
Може навистина е добро градена, па сака да ја видиш за да те мотивира... Ама најверојатно е дека сака да те напраи љубоморна. затоа што е кретен.. Конечен одговор! Прашај го како тој ќе се осеќа кога ти би му пратила слика од некој дечко и со твои комплименти за него.. Брзо реагирај! Поздрав
Да те прашам дали знаеш и што мислиш дали дечко ти има грижа на совест ??? Ако ја нема, зашто ти да ја имаш ??? Ако сте си простиле двајцата, и ако можеш да замижиш и се помириш со тоа дека се гледал со други девојки за кој што кривец е тој, тогаш продолжетеси во врска, и понекогаш е подобро да не си искрена зашто искреноста може да доведе до крај, а и неверувам дека он само бакнежи делел со девојките, така да, ова е мој совет, понекогаш некои работи е подобро да ги сочуваме во себе, како наши мали тајнички, иако мислам дека дечко ти не те заслужува по тоа што ти го направил али ако мислиш дека можете понатаму терајте па и башка ти вика ќе те оставел он тебе ако дознал дека нешто повеќе си имала со типот за што дечко ти е крив за сето тоа, ти на тоа си требала да му кажеш дека ти си таа што треба да го остави и да несака никогаш повеќе да го види, а не он.
Види ги само блондираните делови. Како што кажа членката над мене, дечко ти нема грижа на совест? Не му е гајле ниту малку што додека ти си била во лош период од животот (да речеме, небитно од која причина), си плачела, си се нервирала а тој место да биде до тебе, да ти биде подршка тој си излегувал со други девојки, мислам секоја чест. Не те обвинувам што си се видела со другиот дечко, иако не е баш океј. Ама ако тоа ти била некоја утеха, си се смирила на тој начин тогаш океј си е, секако си е тоа твое. Во врска со твојата совест, мислам дека нема потреба да се потресуваш и нервираш околу ова. Било и поминало, таму нека остане. И незнам која е потребата со твојот дечко да дискутирате за работи кои поминале, гледајте кон иднината зошто минатото не се враќа може само да ви направи проблем во сегашноста.
@theboy пиши ми ако понудата сеуште важи. @Yeeah ама нели вие не бевте заедно па имавте право да излегувате, да имате секс, да се мувате со кој сакате. Ама ако немаш контакт со тој дечко, можиш да го прикриеш тој факт или да го изнесиш на површина малку подоцна кога ќе бидите поцврсти еден со друг зошто неможиш да знајш шо има иднината за тебе. Можеби тоа што најмалку го очекуваш ќе се случи и ќе дознај за тој момент и да имате проблеми со недоверба и слично во иднина. @Svetulkaaaaaa Да сме заедно и јас да прокоментирам дека некоја е убава па се согласи или не со мене, океј. Ама ако ми пиши на фејс за некоја рандом девојка дека била убава вака или така, нема да се осеќам убаво.
Девојки ве молам за мислење.. Што мислите за тоа кога некој кој ве сакал но вие сте му нанеле големи нервози и што се му немате изнакажано секакви навреди секакви пцофки секакви клетви ќе продолжи да биде во контакт со вас. Знаејќи дека и вие чуствувате нешто кон него, но неможе да ви верува. Зошто го прави тоа ? Зошто одржува сеуште контакт ?
Па изгледа затоа што му значиш и те сака искрено а неубаво е да навредуваш некого зш времето се менува можиш да го изгубиш,чувајго тоа што го имаш
Знаеш кога еднаш се изгуби довербата тешко се врајќа.. Али покажи внимание,нежност пред се покажи дека се кааш,и никако во никој случај да не навредуваш и пцоваш со тоа само ќе ја изгубиш таа личност.Биди внимателен/а со таа личност,направии изненадување биди секогаш до неа коа и требаш,кажуваии убави зборови,покажии дека ти значи и дека си ја сватил/а грешката
@mikser Зошто тој човек те сака. Ако го сакаш тој човек и ти, обиди се да го задржиш зошто колку и да те сака еден ден ќе си замини, ќе му/ѝ се смачи. За да му ја вратиш довербата треба да почниш да не навредуваш, за почеток да се извиниш, да му кажиш дека ти е навистина жал и навистина да се промениш, да му посветуваш многу внимание, да ја искажуваш твојата љубов и неговата/ нејзината важност во твојот живот.
@mikser Некој кој го сакаш и што ти значи не би го навредила никогаш, а не пак клетви. Не се измачувајте и двајцата. Велиш не може да ти верува, па многу нормално и не знам што уште очекуваш. Замисли тој така да се однесуваше спрема тебе. Мој совет ти е наместо да пробуваш да ја вратиш довербата во него (што е многу касно) продолжете секој по свој пат и ти малку поработи на однесувањето. Никој не е должен да те трпи.