Девојки,дали се имате најдено во ситуација дечкови да ви каже дека треба да вежбате за да го стегнете газот..?
Не знам колку ви е сериозна врската, но јас со дечко ми секогаш се зезаме така... Му кажувам тој да вежба за стомачни, тој ми кажува да вежбам за нозе и сл... Не го сфаќам тоа како навреда...зависи на кој начин ти кажал тоа ...
Здраво, нова сум на форумот и се надевам дека ќе ми помогнете. Со дечко ми сме во врска скоро 3 години, и он доаѓа некогаш кај мене и јас кај него. Е сега нели периодот слави имаше и они дома има слава и он ми вика мајка ми ќе те викне да и помогнеш оти не можела она се сама, и му викам ок. Отидов и помогнав додека немаа гости, после дојде сестра и и она ами вие ќе одете во другата соба не во таа кај што седеле гостите. И ок нема проблем отидовме во другата соба, ама тоа не знам беше како договорена работа. На дечко ми ништо не му спомнав си молчев. Ама мене ми падна глупаво дека он кога и да дојде на слави дома кај мене моите не кажуваат одете во другата соба, гостите се сите гости ама ајде де. И според мене испаѓа дека кога му требам ај ела помогни после оди да не те видат. Што мислите вие за ова, јас размислувам да му кажам на дечко ми ама не знам како ќе реагира оти сепак нема да оди против неговите.
@Snow-Queen јас сум се нашла во таква ситуација ,и нормално почнав да вежбам , и плус си имав и поголем број на дводворувачи ништо лошо!
Зошто те сака, кратко и јасно. Машките се свесни за нашата женска уста и какви работи можеме да изнакажеме кога сме нервозни човекот те сака, можеби гледал иднина со тебе и поради тоа несака да те изгуби заради некои лоши зборови што си ги кажала
Не му кажувај ништо на дечко ти, тие му се родители, така да ако несакаш караници и слично подобро да си ќутиш, ај што ќе се расправаш со него ќе се расправаш ама дечко ти може да каже и на мајка му дека си им замерила па може и да те замрази, немаш потреба да си правиш непријатели, ти најдобро си ги знаеш какви се луѓето и ако се чуствуваш искористено нареден пат кога ќе те викне за помош кажи дека имаш обврски
Како да не му кажуваа? Денес не се појавувај пред гостите а утре што? Ќе ја претстават како слугинка? Ајј те молам најдобро е да си зборни со него,сепак тоа е важно.Ако на мирен начин му објасни ако ја сака вистински ке ја разбере нема зошто тој да се кара со родителите.Утре други ден тој треба да се жени да створи семејсто и на женатаа ли така да прават и на децата а таа да молчи и трпи ? Додека молчи можи полошо да биди нека разговара дур е железото врело ...Со мирен разговор се може да биде
@sweety-bube Грешката е твоја. Можеби моево мислење е погрешно, ама јас мислам дека ти не си им официјално снаа, се уште си му девојка така да треба да им бидеш гостинка таму а не да и помагаш. А за тоа што го рекла не е нешто големо за да му ја мислиш.
Rose душо да не е снаа таа али сепак тој и е дечко и одат 3 години како што прочитав,што не се малце. Добро можеби како што и кажа @buba4e89 рекле во тој стил малдите во една постарите во друга соба..али ако не е на таков начин јас мислам дека треба да разговараат,ситоацијава може да премине и во полошо...сепак таа си знае
Да, тоа за младите во една соба а постарите во друга и јас се согласувам, можеби жената така мислела. Ама колку и да им е долга врска сметам дека се додека не е официјално снаа нема што да им помага. Ама добро, тоа е мое мислење.
Па добро сакала да се покаже пред мајката, постапката на сестрата е лоша. Може девојката лошо протумачила.
Незнaм штo му е... вo пoследнo време не ми кaжувa штo сaкa...штo не сaкa... немa никaквa живoст вo негo мислиш... Пoрaнo велеше сaкaм пуцa,сaкaм вo Милaнo... oвa сaкaм тoa не ..a сегa... ништo И му велaм вaкoв беше тaкoв беше и ми пише сaмo сaкaм се Ccccccx
@SnowQueen17 јас не би се навредила. Реално сакам да знам шо тој мисли за мене, ама и уз мајтап често се смејме за тоа - „оди море вежбај ко свиња се напрај“ - муабети и се чисто на смеа. Како шо кажаа повеќе членови погоре, зависи во кој контекст е кажано и како вие стојте еден спрема друг. @sweety-bube а дечко ти кај е во цела ситуацијата? Во другата соба со тебе или ...? Искрено, јас не сум тип шо сакам да бидам во соба со многу непознати лица па свеки да ми речи да одам во другата соба со помладите/ брачедите негови, абе ќе скокам јас од среќа. Вервај ме. Ама тоа е индивидуално. Битно е дали и дечко ти е со тебе во ситуацијата или тој е во другата соба зошто мислам дека би било добро да одите во пакет, заедно во поглед на собите. @SunnyGirl2 да не е нешто уморен? Лично јас кај дечко ми забележав две крајности или е превесел или неможиш збор да му извајш. Се тоа зависи колку е уморен. На почеток на врската излегувавме према тоа како тој стануваше па беше секогаш свеж. Потоа почнавме да се орјентираме према тоа кога одам јас на факултет, па имаше денови како шо викаш ти, да е уморен, да нема никаква живост во него. Сега од кога почна на работа имам неколку саати после работа дур е океј ама нели се се трпи, океј е, нормално е. Види и тој да не е нешто заморен, да не има некој проблем, да не го мачи нешто шо така наеднаш тоа живото од него го нема веќе.
@Svetulkaaaaaa @R.o.s.e Да, можев да им кажам дека имам обврски и да не одам, но таква сум не можам а да не помогнам на некој кога веќе знаев дека и треба на жената помош @theowndemon прво бевме во собата кај што беа сите и после отидовме во другата соба
Се зависи од тоа каков однос имаш ти со неговата фамилија и пред се како тој те поставил пред нив, може тука само и единствено дечково е крив во целата ситуација отколку неговата фамилија. Не знам каков ви е односот и колку живеете со неговата фамилија да така сувишно би било да се коментира и претпоставува.
Јас мислам дека се додека ти одиш во пакет заедно со дечко ти нема никаков проблем. Нели ако и тој не е таму, биди ти каде што е тој. Ќе се среди Ако навистина многу ти смета, тогаш кажи му за тоа на дечко ти па нека има на ум за некој следен пат да им навести на родители дека тебе тоа ти смета и дека не би сакале да одите во другата соба или било како.
@theowndemon абе не би ми сметало толку да седам во друга соба со него, колку што се чуствував непријатно,значи свесна сум и сама ќе одев во другата соба а не требаше да ми нагласуваат