@sweety-bube, вака не ми се верува дека жената свесно те „скрила“ од останатите гости, ептен ми е психопатско и мизерно тоа. Повеќе би сакала да верувам дека ненамерно така испаднало (да си имате приватност со дечко ти, да не ве замараат старите гости со муабети од типот „Ааааа, и кога свадба блаблабла“ итн) но никогаш не се знае, има секакви будали. Јас би ти рекла сега-засега да си молчиш за случкава ама и да внимаваш на однесувањето на идната свеки па ако и понатаму има слични фрки од нејзина страна, тогаш сериозно да поразговараш со момакот. Исто така, нареден пат не се нафаќај на обврската да бидеш нечија куќна помошничка туку стегни се, нашминкај се, направи фризура, стави парфем и отиди си одморена и весела како гостинка.
Кажуваш дека си била во собата со останатите гости, значи фактот овде е дека не те криеле како ти што мислиш, да случајно го мислиле тоа биди сигурна дека немало ниту да те повикаат да помогнеш ниту па воопшто да бидеш присутна таму. Ако ти и дечкото сте се повлекле во друга соба заедно, во оваа ситуација ниту си била навреѓена од некого ниту си била избркана, може едноставно место да немало или пак мајка му мислила дека најдобро ќе се чуствувате таму бидејки сте млади па да не седите со стариве овде в соба, значи причина најверојатно постои. Јас ќе те советувам да го прашаш дечкото зошто така постапилем, сигурна сум дека ќе ти одговори и ќе ти ја каже причината, крај краева ти со него си заминала в соба не си заминала сама..
Денес му раскинав на дечко ми со кој што идев долго време.Летоска имавме раскинато но пак се смиривме,залудно беше се бидејќи тој ми кажа дека бил со други..уживал,шетал,се забавувал додека јас секоја вечер легнував со солзи во очите. Откако се смиривме он стана пре добар спрема мене. Во буквална смисла се подобри кон мене,но за жал јас секој ден се уништував и се прашував зошто мораше да дозволи и други да се појават? Многу бедно се осеќав,како да сум најгрдата девојка добивав и нервни сломови во последно време,неможев да ја издржам ни најмалата караница со него,се ми сметаше,почнав на секое гледање да плачам да се дерам по улици и слично. Дечко ми ми се колнеше дека тоа никогаш нема да се повтори,но неговите добри дела и неговите зборови не допираа до мене. Западнав психички и изгубив секаква надеж. Неможев веќе да продолжам,се опседнав со тие девојки им идев секој ден на нивните профили на фб.иако сите ми викаа дека јас сум милион пати поубава јас на никој не верував. Се доведов до дното. Решив се ова да заврши! Денес му раскинав. Ми рече дека немала да сум нашла како него,одма видов дека си направи нов профил на фб само за да нема наши слики и објави.Не верувам дека и ќе ми се јави,само му се јавив повторно и му реков:НАПРАВИВ ДОБРА ОДЛУКА. Одма ми се дигна он,како ништо да сме немале,ми рече:ќе си бидам сам и му спуштив му го блокнав бројот но на мене ми е тешко. Морам да издржам,несакам да ми е вака
@Yeeah ако сте биле раскинати тој период разбирливо е да биди со други и тоа од повеќе причини: - му се присакало - сакаше да ти се одмазди - сакаше да те заборави Штета што дозволи ова чувства да те совлада. Ако го сакаш мислам дека убаво би било уште еднаш да разговарате. Ама сепак одлуката е твоја.
Си направила паметна одлука. Ако си се чувствувала лошо со него,си плачела,си се променила на лошо. Биди среќна што завршило. Ќе боли и ќе помине. Во секој случај ќе боли многу помалку од твојата уништена самодоверба и од нервозите што си ги доживеала со него. Не е дали тој згрешил или не. Работата е дека љубовта не треба да прави да запаѓаш психички,да бидеш недоверлива или да изгубиш надеж. Не му се јавувај,блокирај ги сите профили на фб што сакаш да ги гледаш и мазохистички сама да се измачуваш себе. Биди истрајна. Работи на себе и пронајди го својот мир.
@Yeeah твојава работа ми изгледа пишманаџиска. Забележа дека не му е гајле на човекот? Или едноставно сватил дека нема зошто да губи време со личност што нема сопствена самодоверба, од ништо си направила нешто и сеуште настојуваш. Најверојатно дечкото забележал дека не си стабилна, абе како можеш да се лутиш на некого што не бил со тебе и да береш гајле со кој излегувал, па уште и да љубомориш на дотичните што воопшто и не те забележувале тебе како личност, не знам но треба да размислиш што си направила, си копаш самата дупка, никој не ти е крив.
Јас не си ископав дупка самата на себе туку си ги отворив очите! Дечкото што ми се колнеше дека НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ПОСАКС ДРУГА сега гледам како станува пријател со разно разни женски кој што ги додава на новиот профил! Значи он е спремен толку лесно да ме заборави мене и да се впушта одма со други. Ок е! Додека он аднува а и пишува (сигурно) јас ќе поработам на тоа да си ја вратам самодовербата во себе и во мојот изглед и да сфатам колку е всушност убав животот! Нема одма да се залетувам и да си наоѓам друг за да ми се зголеми бројот туку ќе оставам на времето да видиме кој што изгубил. Имајте си убава вечер,поздрав.
Не, воопшто не е погрешна одлука. Не е добро да се биде во врска во која се нема доверба. И да ја кажува вистината дечково скршеното не може да се поправи ниту пак да биде исто. И да продолжила врската при секоја караница ќе се спомнува ова. А тој како едвај да чекал раскинување веднаш направил нов фејсбук и додавал девојки. Кое понижување, која идиотштина од негова страна, алал да му биде. Мене ќе ми биде гад да бакнувам некој со кој бил веднаш после мене па да ми се враќа. Додека таа плачела по него тој уживал, молам? Секој на нејзино место би постапил така, сигурна сум.
Ти си кривецот тука, што си го прибрала назад. Нека си ужива во животот, негово право. Јас можам да кажам по себе дека после здраво сакање и раскинување, не сум била способна за ништо. Од дома не сум излегувала. А ако него толку му фалело журкање со други наоколу, назад кај мене нема шанси. Батали го, не го отварај и кога и да се присетиш на него, сети се на тоа што направил и ќе ти се одмили со тек на време.
Девојки, барам совет од вас, нека е побрзо ако може. Сношти бевме на журка со друштвото и баш убаво си поминав али не ради нив, туку ради еден дечко кој ми се свиѓа веќе повеќе време. Ама само така ми е симпатичен никогаш не сум била опседната со него. Кога видов дека и тој доаѓа со нас знаев дека ќе се пушта бидејќи тој е таков.. ме молеше цела вечер да се тргнеме од таму али јас одбив. Ми рече знам дека сакаш ама стварно неможев ете така душата не ми даваше. Сабајле ми пиша да сме се виделе да сме се запознаеле и ми кажа дека ќе бил озбилен ради тоа што ме свиѓал многу. Искрено многуууу е убав и така фин е, сакам да бидам со него ама како ке излезам во јавност некако срам ми е, бидејќи има одено со многу, а не верувам дека со мене ке биде кратко време:/ Што да правам ??
@johnnys.girl ако ти се допаѓа детето излези, види како ќе се одвиваат работите, немора да официјализирате одма ако ти не си сигурна во тоа што го сакаш. Кога ќе бидиш спремна ќе му кажиш и се ќе биди во ред. Со среќа.
ја у фаца му кажав дека не е паметно да бидам со него бидејки сите го знаеме каков е ама ме убедува дека му значам и дека секој може да се смени, а чудно ми е еден ден се знаеме.. инаку фала ти за советот
Најслатко е кога си со некој кога сеуште не се знаете убаво. Ама горе спомена дека си имала и други па неќиш да ти се бројат. Сепак ете, ако не си сигурна добро е да се обидиш неофицијално да видите колку ќе ви биди убаво заедно, месец- два така и потоа официјализирајте кога ќе осетите тоа убавото и кога ќе бидите сигурно дека така треба да биди
Јас си најдов нова тактика за да му го привлечам вниманието. Го зимам најјакиот парфем се шприцам ли се шприцам со него а кај и да поминам,тој парфем остава трага цела училна мириса на мене па и ходникот кога ќе поминам јас .. намерно ќе му се плеткам ce околу него ќе проаѓам и онака еден поглед ќе му пуштам па нека се чуди. Гајле ми е. Go Kate! Go! Е ќе видиш ти убаво..
^ Хахахааххахааххаха Ауууу супер би билоо зашто да не? Се зезаам Прво нека ме примети па да го видам како ќе реагира Денес кога не го видов во школо не дојде кој знае зашто... може и намерно киднал. И кога не го видов се разочарав и си викам Кај си бе баш денес ли... Раскинал изгледа со онаа негована и ја тргнал нејзината прва буква од името на фејс,кога видов ваква бев дефинитивно Ми идеше и шербет да делам
Секој одмор меѓу часовите од 5 минути го користам за да одам да го гледам и почнав да му се врткам само ,дојде и моментот кога он доаѓаше од едната страна а јас од другата и онака карши карши одевме и јас одам исправена и право во очи цело време го гледам се додека не се разминавме и ете... И пак не ме виде и не ме виде јас не знам што да правам веќе. Не ме виде зар не ме примети дека цело време зјапам во него? После ова уште да земам да му мафтам и да му речам "Еј ај бе погледни ме веќе бе глуп" Кога и да го видам,макар и од далеку одма срцево 200 ,ми се крева адреналинот возбуда ме фаќа некако појма немам што ми се случува во тој момент.. Готово отидов.. И онака ќе подзастанам откако ќе се разминеме и ќе се поднасмеам и да се смирам малку,другарка ми ми вика "Што ти е?" И јас и враќам Жива ли сум? Ама тоа чувствоо е нешто различноо Една другарка од клас требаше да оди на тренинг по ракомет и наставникот требаше да ја пушти да си оди ама и беше срам да оди да му каже на наставникот а он истовремено ни држеше час и на двата класа нас ни даде нешто задача и отиде кај нив нема везе,И замислете јас и другарка ми отидовме за да го прашаме а он да има час со класот каде што учи он!!! омг Па другарка ми неќеше да тропне срам и беше и јас одма мртва ладна тропам на вратата,влагам внатре и кажувам "Наставнику може да дојдете одма итно е" А додека го кажувам тоа шарам со очите за да го најдам и не го најдов немав време толку тоа траеше 2-3 секунди,и си излегов онака цела возбудена.И уште ќе го гледам нема да се откажам одам до крај. Сега имам причина и ова е тоа зашто јас сакам да одам во школо. И така.. Story of my life али изгледа го сакам немормалнооо Многу многу ми се свиѓа и го сакаммм мноогуу најмногуу Само на него никогаш не му паднало на памет за мене.. Никогаш не би размислувал за мене. А јас одам даље каде и да е целта ми е од сегде јас да излагам да бидам до него