Него го сакам уште одамна, прва љубов ми беше и сеуште трае, никогаш кон никого не сум гаела такви чувства какви што имам кон него, доаѓа и до тоа ниво што ми се допаѓаат момчиња кои физички или карактерно ме потсеќаат на него, многу нешта ме асоцираат на него и скоро секогаш кога ќе помислам на љубов помислувам на него. Можеби звучи глупаво, но се чувствувам токму така. Ние двајца сме во врска на далечина, јас сум Македонка која живее во Австрија а тој живее во Скопје, што ја отежнува целата ситуација. Меѓутоа, на почетокот далечината не беше никаков проблем. Впрочем, многу често сум во Скопје и кога сум со него се трудам да го посетувам што почесто. Проблемот е неговото однесување кое од секогаш ми било мистерија. Нашето трае веќе три години. Тој постојано ме оставаше буквално без збор, ќе исчезнеше и повторно ќе се вратеше. За тоа време имавме и други, но секогаш ќе пронајдеше начин и ќе ме побараше, ќе се вратеше. Секогаш знаев дека ќе се врати но и секогаш кога ќе се вратеше знаев дека ќе ме остави повторно. И никогаш не ја дознав причината. Сега повторно се вратив со него и свесна сум дека можеби згрешив. Мислам дека ова е шестата шанса која му ја имам дадено. И самата очекував недела-две да ми покажува чувства и да се изгуби, но овој пат е поинаку. Веќе месец дена е тука и имаме разговарано неколку пати. Неговиот изговор е дека веројатно бил премногу незрел за врска на далечина, дека бил уплашен, дека се чувствувал игнорирано, дека се чувствувал како да не ме заслужува. Но тврдеше дека и тој тагувал како и јас. Сега засега е многу внимателен. Но сомнежот во мене никако да згасне. Во секој миг очекувам да го снема. Дури и во мене се јавува силна потреба да го оставам, но притоа сум свесна дека тоа ќе ме боли мене повеќе од што ќе го боли него. И не, не е за одмазда. Едноставно понекогаш помислувам дека ќе ми е полесно да живеам без него отколку со овој сомнеж. Се трудам да му верувам, но не можам. Се трудам да не мислам негативно но не можам., Понекогаш ми се причинува дека тој никогаш во моите очи нема да биде тоа што некогаш бил. Иако на некој начин верувам дека е искрено момче кое се заплашило, има нешто кое ме боли. И еве, не знам што да сторам...
Јас не можам да опишам колку само го сакам премногу Ми значи стварно! Се топам кога е во моја близина,oдма срцето ми чука брзо многу брзо а тогаш се зашеметувам целааа аии.. Денес влезе он во училна кај нас и јас намерно стоев меѓу двете клупи знаев дека од таму ќе помине он и не се тргав и он само си помина а јас го гледам цело време без да трепнам поглед не тргам од него и не ме гледа пак може е глупо ама си реков во себе "Абе јас невидлива да не сум?" Денес едно дете од клас го пиша името на неговата бивша и до нејзиното име неговото презиме. Јас мртва ладна и мирна гледам на табла што пишува а во мене земјотрес и се ми се руши.Веќе ќе станам приметлива со лагиве,ќе ме приметат поминував покрај неговата училна он беше внатре и јас и викам на другарка ми а чекај врвките да ги врзам и застанувам пред училната негова за да кога ќе излезе го видам. Оди он со другарите во веце тие се како банда па сегде групно идат а ја на другарка ми и викам "Чекај ми е лошо нешто" Ова го направив за па да го видам. Смачено ми е вака да правам веќе јас не можам!! Товар ми е ова!! Вака ми е 3 месеци веќе! Ама најголем проблем е што не можам да го заборавам еднаш реков "Готово јас него веќе не го сакам" Ама не бива само со зборови да се каже готово и толку. а ако ме дознаат готова сум ќе ми се смеат не можам сите ќе ми се смеат! Денес правев тест по мат, јас решавам решавам и одма ми излегува неговиот лик и само името негово го повтарам во себе, којзнае може и ќе извадам некоја 3ка Веќе не ми се учи,он е причината за тоа,вчера ме прашува Историја "Катерина ај повтори што реков!" И јас ја гледам ко муле онака не знам што да и кажам се занесов цела. Дури и го сонував синоќа. Сме отишле на екскурзија во Охрид летно време,сме се бањале во езерото и од нигде никаде се појавил он и влага во вода и имал мускули дека не знаел да плива. И јас сум дошла до него и сум му рекла " (името) дали сакаш да те научам јас да пливаш? И он ме погледнал и одма после тоа ги фрлил муслулите ме земал и ме кренал така убаво силно ме гушнал ама мамо бе зашто ме разбуди за еден глупав сок Нема тој сон никогаш да го заборавам,беше како навистина да се случува тоа колку беше реално. Не можам да го заборавам него,се трудам ама џабе.. Биваше ли толку да го сакам?! Аи он мене ни еднаш да не ме погледне? Имам две опции.. -Да се обидам да го заборавам ама не верувам дека можам - Да чекам до полуматура и вечерта да му кажам се што чувствувам за него и онака ќе се разделиме може и никогаш да не го видам. Да му признаам ли тогаш?? Не знам како ќе реаѓира што ако се тргне од мене без ништо да ми каже..би сакала таа вечер да го викнам на само и како би го извела тоа? Дека мене ова ме мачи не можам чувства да кријам. ВЕ МОЛАМ ПОМОШ! ВЕ МОЛАМ!! НЕКОЈ ВО ЛП НЕКА МИ ПИШЕ!!
Сигурнa си декa нaвистинa неќеш ништo сo негo? Дa неќеше немaше дa се зaмaрaш кaкo тoј ќе oдгoвoри aкo си му ги признaелa чувствaтa...
Здраво девојки, пред неколку дена пишав за еден дечко што го запознав на журка али ништо не бидна со тојзаборавив да ви кажам дека одевме со еден година дена и раскинавме повеќе пати така безвеза.. Зборот ми беше дека сакам пак да сум со него, ми значи мн, со него имам тооолку многу спомени што неможам да ги заборавам и ете го сакам проблемот е што тој е мн повреден од мене, бидејќи му раскинував за се и сешто и сега не е сигурен дали да биде со мене пак, а знам дека ме сака и тој. Сте имале ли ваква ситуација, како постапивте вие? Ве молам пишете битно ми е мн
Хммм.Доста лоши постапки од тебе штом си му раскинувала постојано но ете доцна си сфатила дека сакаш пак да бидеш со него. Јас сум била во ваква ситуација само што јас бев од повредената страна, му се враќав бидејки го сакав, но колку и да сум го сакала некогаш не вреди да се простува за жал тоа доцна го сфатив. Доколку навистина го сакаш докажи му дека си се променила, со некои гестови, со некои посебни работи кои би му значеле.
свесна сум дека грешев ама сакам да го вратам бидејќи стварно ми значи.. како и да е ќе пробам да го убедам и да го задржам
Нема потреба од молење директно туку само со докажување дека си се променила, со дела. Ти посакувам среќа
@Kimberly11 за шо злато? Ти кажав и претходно, колку повеќе се криеш стануваш поочигледна, а и речиси си при крај на основно, па ете, почекај уште еден месеци пробај здружи се со детето, не да му признајш, здружи се, па види како ќе ви оди. Ништо не губиш. @johnnys.girl обиди се разговарај со него и објасни му дека жалиш и дека сакаш уште една шанса. Кажи му објаснување за сите тие раскинувања, кажи му дека се каиш и дека нема да се повтори дека го сакаш и дека ти недостига.
Девојки , доколку има некоја девојка од кичево замолувам да ми пише во лп , итно ми е да прашам нешто...
Земав избришав 300 слики од кај мене на фб,ги оставив само тие најубавите што ми се,еве изгледа ќе го аднам :// не за џабе цел ден бришам слики за ако ми го отвори фејсот да види нешто убаво