ОД овој момент заврши оваа приказна . Ќе имам повеќе време за мене. Сега не сакам да го видам повеќе е тоа е , тркалото се врти, Го молам денот кога тој ќе пати од милина ќе го гледам .
Денес требаше да си одам дома и тој уште во 8 ми пишал да се видиме, неможело така да си одам. Му пишав прво ќе шетам со друштво па ако имам време ќе се видиме, и околу 2 се јави кај сум , зошто ме нема и се видовме, бевме на кафе, па ми се јави другар да одам на гости и го викна и него и отидовме, се вративме и пак излеговме, а ништо немаше. Се разделивме пред половина час и за чао ме бакна најнежно на цел свет и јас му реков не продолжувај тешко ќе ти биде, утре си одам Како и да е убаво си поминав, драго ми е што помина со мене толку време, а и денес цел ден. Ми кажа дека за него сум нешто посебно, а не ко сите женски,сакал да се слушаме и ако можеме да се видиме повторно пред да оди, но мислам дека ова е само онака.
Па,јас мислам дека нема да има ништо лошо во тоа да му го кажеш твоето мислење за неговата врска со женетата..Затоа што ако сте останале во толку добри пријателски односи како што викаш,мислам дека сепак не би имало проблем да го ислушпа твоето мислење. Е сега,друга е работата ако ти чувствуваш нешто многу повеќе за него. Тогаш не можеш да го гледаш како пријател. Мислам дека тој расчистил со тебе,ама дека не сака да ти го каже затоа што сепак му значиш. Но,ако ти уште чувствуваш нешто за него,подобро разговарајте,затоа што тој е само на почеток со таа женета..И плус,до каде би можела да оди таа врска со женета? Не многу долго! Поздрав!
Што сега..? Значи идев со еден скоро 2 години.. се беше супер,се додека не дојде оној “кризен период“..и се тргна наопаку..постојано расправии,натегања,плачење и тд..он почна мн да шета(по други градови,вадејќи се дека е на „работа“)..приметив дека почна чудно да се понаша..мене ме одбегнуваше,не ми се јавуваше..искклучуваше мобилен ..кога се јавив кај другар му он почна да го вади демек е на раб не знам што,а у позадина ја слушам истата галама што ја слушав кај него кога му се јавив последниот пат.. и веќе ми дојде преку глава... Собрав храброст,и успеав да ставам крај! 2-3 дена после раскинувањето..он се понашаше уште фраерски како и секогаш..се додека не виде дека имам шанси со друг..! И поради тоа што мн пати бев повредена од негова страна,се фатив со друг..! Со него идам веќе месец ипол..и стварно ми е убаво! мн се грижи за мене,ме пази,ме чува.. ми го пружа се она што не го добив во тие 2 години .. Алиии...бившиот напињаше некое време..се закануваше али помина.. Но едно уште ми е чудно.. значи барем така мислам дека повеќе НЕ ГО САКАМ..али зашто тогаш кога и да го спомнат или да ми префрлат некоја информација за него,мене срце ми игра 200 на саат? Што се случува со мене?? Осеќам многу силни чувства за сегашниот и немам намера да го испуштам... !! Поздрав...
Што сега..? Затоа што ти е бивш и си поминала одреден период со него. Мене ми лупа срце било кој бивш да ми го спомнат. Плус, кај тебе е сеуште пресно, само што сте раскинале. Не велам дека го сакаш, можеби е омраза тоа што ти лупа срцето, гнев, разочарување... Незнам. Во секој случај ако ти е убаво со сегашниот и мислиш дека можеш да се заљубиш во него не го оставај за нешто што поминало и однапред му го знаеш крајот.
Убаво кажа Офспринг.Затоа што ти е бивши. Ние женските за ниту еден од нашите бивши не ни е сеедно,а не пак некој со кој си била ти во врска две години. Ако ти е убаво со сегашниот,воопшто немој да мислиш.Рано е за да бидеш заљубена во него,сепак сте месец и пол заедно,но ако ти е убаво,како што велиш има големи шанси за тоа да се случи. И тогаш воопшто нема да мислиш на бившиот. Ова што ти се случува е нормално,сеуште имаш некои чувства за него... Ќе научиш да живееш и без него,само треба време да помине и да имаш некоја твоја блиска личност до тебе која ќе ти помогне во тоа.
Што сега..? Мисти, зависи какви чувства има спрема него. Како што реков, можеби се чувство на омраза, гнев спрема него... Можеби љубовта завршила уште додека биле во врска. А за рано дека е немора да значи. Јас со дечко ми се знаев една недела и тоа само онака еднаш имавме излезено другарски, наредниот пат по 1 недела кога излеговме започнавме врска... И се заљубивме на прв поглед Ама тоа е друга тема, само сакав да спомнам дека времето нема врска... Јас и препорачувам да не разгорува стар оган, само полошо ќе си направи. Потсвеста не е мала работа, ќе си стави во главата дека е уште заљубена во бившиот и ќе направи 300 додатни компликации за кои подоцна ќе се кае. Девојко, терај си како што си почнала, ич да не се замараш за бившиот. Гледај да ти е сега убаво и ако имаш иднина со сегашниов не го испуштај.
Што сега..? Значи изгубив секаков контакт со него.. он уште се обидува преку други да дојде до мене,и се тоа ме стресува..! Веќе и не ми фали ..како што порано ми беше, после секое раскинување се трескав од земја ау.. Чудно ми беше коа видов дека он се стаил во врска (на фб) .. и не знам.. не осеќав НИШТО...нити криво да ми е,нити среќна да сум.. онака само.. Али сепак знаев дека нема да успее.. (после 3-4 дена видов слободен).. Сепак се надевам дека нема повеќе да се обидува да стигне до мене,за да не ми се прават проблеми во сегашната сега за сега,НАЈСРЕЌНА врска.. :/ Бтв.. не знаев кај да го пишам проблемов...само сакав да се искажам,а не видов кај постирам .. И ќе продолжам со сегашниот Фала ви многу..
Што сега..? Мило ми е што така размислуваш, драга Бебица. Не си како повеќето овде што доаѓаат и се трескаат од земја, а се што треба да направат е да си ги контролираат чувствата преку разумот и да речат ГОТОВО Е! Бтв. ме интересира, шкорпија да не си во хороскоп? Се извинувам за офф.
Што сега..? Ние шкорпиите одма да прашаме дали е шкорпија во хороскоп! Инаку,да,зависи од многу работи,но и јас ти предлагам да останеш со сегашниот и да го заборавиш... Се е до психата... Дури и ако се решиш да го заборавиш,и правиш се за тоа да ти успее,и тоа е добар почеток!
Mysterious девојчето го имаше пишано проблемот неколку страни поназад. Сега само ни пишала како се одвивале работите.
Јас мислам дека треба да му кажеш, не гледам зошто толку многу се мислиш, се плашиш ли како ќе изреагира ако почнеш да му сугерираш? Мислам дека што сте толку блиски пријатели и секој ден сте заедно, не би требало да има пречки во вашата комуникација, значи можеш да му кажеш што си дознала, да го прашаш дали е вистина тоа и да го советуваш дека таква врска со женета жена нема никаква иднина. Разговарај со него па пиши како изреагирал тој. Поздрав
Што сега..? Добро си направила што на време си ставила крај на врската. Подобро ти да ставиш крај отколку да те мота и да ти набива рогови. Браво за храброста Бебица. За тоа што уште ти лупа срцето кога ќе го спомнат, немој да мислиш дека тоа е знак на вљубеност. Ти сама кажа дека тој ти се заканувал и те замарал, па можеби едноставно се плашиш кога ќе го слушнеш неговото име. Како што кажа Офспринг, може да е чувство на гнев и омраза, поради сите работи што ти ги има направено. Мој совет ти е да го избришеш и од ФБ за да не се потсетуваш на него. Фокусирај си се на новата врска и гледај да ти успее.
И мене секад ми чука срцето кога ќе видам некој бивши и се ми се чини дека сега е поубав и после нормално морам да излезам на кафица со него...за да се уверам дека е ист Иначе Бебица ја мислам дека срцето ти чука поради возбуда сепак имаш преживеано нешто со него што е уште тазе да кажам Немора да значи дека чуствуваш нешто за него и треба да си продолжиш со новиот..животот иде понатаму
Бебица браво за храброста, такви личности не ти требаат, ехх да можам сега јас да го вратам времето и да ја исправам работата како ти што си ја направила, ама јас направив глупава работа и многу се каев, затоа не дозволувај му на бившиот да ти ја уништи оваа врска која те исполнува како што викаш, и ако се однесува со тебе како што заслужуваш се поретки се таквите машки, а овој со тек на време ќе го заборавиш и нема да му се притресуваш. Поздрав и се најубаво во твојата нова врска
Хехехехе...Offspring...не сум шкорпија,туку стрелец Ми требаше многу време да соберам храброст и да продолжам понатаму.. свесна сум дека ..да не беше сега овој дечко со кој што сум,јас уште ќе плачев и ќе му се враќав на бившиот.. и само се ќе си се повторуваше... --Супер е,ќе се испокараме..ќе раскинеме..ќе плачам..ќе ме моли..ќе се смириме..и после пак..Супер,па карање и тд.. Е во тој круг ми се вртеше целата врска .. Иначе од фб и од мсн ..го немам од кога се фатив со сегашниот,зашто сепак и него му смета и мн се нервира кога ќе дознае дека ми пишал или нешто слично.. Само за едно највеќе се радувам...ШТО ПОВЕЌЕ НЕ ПЛАЧАМ КОА ЌЕ МИ ТЕКНЕ НА НЕГО ИЛИ НЕКОЈА НАША ПЕСНА
низ истава историја поминав и јас само што бев 1 година со тој, ми ги скина нервите,конечно се решив да стаам крај и крај братче, а сега со новиот дечко сум 1 година и веруј ми ич не се каам шо раскинав со бившиот а за напињање ехеее до ден денес ме замара, ама тоа е... и мило ми е шо си решила да го откачиш, зашто ни едно машко не е повредно од тебе
Девојки сакам да ми дадете некој совет... Пред некој ден раскинав со дечкото што одев 4 и пол години. Сумљав дека ме изневерува, и му га кажав тоа, место јас да бидам љута, тој се наљути како сум можела да помислам на такво нешто и ми се правдаше дека никогаш не би го направил тоа. За малку и да поверував и се договоривме да размислиме и утре дента да го доправиме муабетот. Си доагам дома и го отварам профилот на девојката со која што мислев дека ме изневерува и гледам ставила апликација: "Ако сакаш врска со мене стви лајк" и одоздола никој друг освен дечко ми лајк. Му го пишав тоа на порака и од тогаш никаков го нема. Несакам да продолжам со него во никој случај само сака да се видам со него и да му се изнавикам убаво и да го повредам. Па барам од вас совет како можам да му вратам мило за драго...