Морам да го коментирам овај дел. Не и не. Можеби повозрасните ќе реагираат, помалите не. За да можи да има промена на некое поле мора да се има поддршка за истото. Ако нема поддршка - нема да го прави тоа. Ако таа не го направи, нема да го направи и друга и трета и ќе имаат иста омраза како момчето погоре зошто така го учеле мама и тато. Ако таа научи да ги гледа луѓето како луѓе, таа нема да има проблем зошто ќе најди дечко во иднина кој ќе ја гледа како тоа што навистина е и јас имам куп примери на девојки и момци кои биле со муслимани и сега имаат убави и стабилни врски во која момчето знае за тој „грев“, вклучувајќи ме и мене. Баш затоа јас тие кои нагласуваат дека биле со муслиман замолувам да не нагласат. Знајте зошто? Сите ќе дајте различен коментар ако тоа не е нагласено. Тоа ти е, накратко, дискриминација. Сакам да кажам, претежно постарите луѓе ги имаат овие мислења, ама младите девојчиња и момчиња - не до толку зошто и самите посегнуваат по забранетото овошје. И да, познавам и Турчинки и Албанки кои јавно одат со Христијани. Ама не знам, ние Бт шириме љубов, можи до то е Прв болд: Не. Втор болд: Тоа е индивидуално. Сега ќе ти кажам и зошто. Индивидуалное зошто како ти што мразиш муслимани, некој и него му наполнал малото главче само во 6 одд дека треба да мрази христијани. Го видел само и го натепал. Ти го виде тоа и го мразиш, не него, туку сите кои се муслимани, Божем исти се. Вистина е дека кога слушаш на Тв вести, абе човеку тие сакаат да нема соживот, како ние луѓето да сме стока, а не луѓе и затоа има мислења како македонци кои мразат муслимани и муслимани кои мразат македонци и тоа апсурдно зошто пред се ние сме луѓе. Само ова сакам да те прашам, дали ти имаш барем еден пријател муслиман? Барем еден. Зошто јас имам неколку. И можам да ти кажам дека има зло и во христијаните и во муслиманите зошто тоа е човечно, ама нема зло зошто Куранот или Библијата го налага тоа зошто така се генетски и средински скроени. Си ја оставил девојката, океј. Твоја работа, ама имај на ум, како ти си засегнат од нејзиното минато? Мислам, никој нема право да му се лути на партнерот за нивното минато во кој ти/јас/моменталниот партнер, не бил присутен, не се знаеле, немале никаква врска. Тоа е исто како јас да му се лутам за сите оние работи кои дечко ми фино ми ги раскажа на прв дејт. Не се обидувам да те разубедам било како, едино шо се обидувам да ти кажам дека неможиме да градиме здраво општество врз основа на дискриминација, расизам, сексизам и слично. Прво мора да прифатиме дека сите сме луѓе, без тие религиозни, етнички разлики, различни субкултури, култури и слично. Сфати ме како сакаш, сепак твојот живот ти ќе го диктираш онака како шо сакаш. Нели, некој фактор сме ние кој се обидуваме да ти кажиме? Трет болд: То го сфативме уште првиот пат ко пиша и те советувавме да го оставиш девојчето. И таа има право да биди среќна во животот и нема право некој да ја осудува за тоа што прави. Никој нема право да осудува некој друг за неговите одлуки во животот. Толку од мене. Ти девојко што направи? Ти се јави? Се одлучи што ќе правиш?
Ок ви ги читам проблемите и вака ќе ви кажам на сите на кратко. Ако ти се допаѓа некој дај му до знаење, ако си заљубен во некој бори се за таа личност. Не дозволувајте, годините, општеството, религијата и други не битни фактори да влијаат на вашата среќа. Имајте во предвид дека животот е толку многу краток, не дозволувајте времето да ве згази. Зошто да бидете несреќни кога можете да идете среќни. Ако некој не ве прави среќен, оставете го, за секое лонче има капаче. Сигурно мислите дека е многу лесно да се каже ова, но ова е само чекор за да ги превземете работите во свои раце, е дури тогаш ќе сфатите дека навистина е лесно. Луѓе сме, комлицираме, не знам од кои причини. Да не повредиме некого, да не се изглупираме, а не сфаќаме дека на крајот само ние останиваме повредени и глупи. Не дозволувајте утре да се каете за нешто што сте можеле да го направите денес, но не сте имале храброст. Бидете храбри, затоа што храброста е средство за нашата среќа. Поздрав до сите.
А слушај, не знам за други ама јас и во приватниот живот си се водам по советите што ги давам тука тоест си ги применувам за себе. И искрено ич не ми се чуе за некој си Петко, што ќе зборел наоколу за мене или какво мислење ќе имал за мене. Ние македонците сме ептен чуден народ. Она што ми е најинтересно а воедно и најсмешно е тоа што и на форумот, во реалниот свет па и секаде, сите се залагаат за некои си права, да нема дискриминации, да нема озборувања, да нема пикања на нос во туѓи работи, а од друга страна пак истите тие се први кои ќе се осудат, ќе те нападнат, ќе те понижат итн. Сите сакаат да го применат светот ама никој не размислува да се промени себеси. Во врска со првиот блонд, нема да ти кажам ништо, само ќе се насмевнам под мустаќи ете така. Не сакам да зборувам што се сум чула и видела со свои очи и уши, од проста причина што културата не ми дозволува и не планирам да си земам превише време за на форумот да расправам за некои си сосема трети особи. Oсвен тоа, не би сакала да се почуствуваат навредени и муслиманките на форумот. Само ќе кажам дека, секој ден сум опкружена со еден куп муслимани и ниту тие не се цвеќиња како што ги мислите, значи зборувам за цел од нив, не за сите, да се разбереме. И не ми е јасно од каде таа потреба да се величат муслиманките. (???) А пак не сум слушнала некој странец или муслиман да зборува погрдни зборови за македонките, не знам од каде ги вадите овие работи. Самите себе не се сакаме и почитуваме како народ, па не знам зошто очекувате албанеците или некој друг да не почитува. И за последното, е зошто не издржани? Сите ние се раѓаме како чисти и невини суштества, оние што се родиле во христијанска фамилија ги крстиле, оние што се родиле во муслимански ги направиле сунет, итн. Сметам дека верата треба да биде право на избор, вака на некој начин се наметнува. И да не ја должам, темата од љубовни проблеми ја направивме нешто друго.
Wow, ама голем пост ми посвети, лол! Готово, ме убеди и ти верувам! Јас не го негирам тоа дека имало, има и ќе има во иднина такви “врски“, но колкав број се тие од генералната популација и колку од нив се успешни и завршиле со брак, деца, среќен живот? Дај ми некоја реална бројка, анализа поткрепена со бројки и факти, а не зборување на памет. Моето почитување кон Клео е, затоа што беше максимално искрен за разлика од повеќето social justice warriors на форумот. Никогаш форумот нема за мене да претставува веродостоен извор на информација и формирање на мислење, затоа што виртуелноста е секогаш алтер его на нечија личност. На форумот приметив дека Македонците секогаш се систематски анти-македонски расположени, но ова е најголем женски форум, а темава конкретно ги таргетира истите тие женски личности што се или биле засегнати од слични ситуации така да се остава една искривена слика која со реалноста нема никаква допирна точка. Треба да направиш една паралела на тоа што луѓето длабоко мислат во себе и тоа што луѓето го кажуваат, затоа што системот очекува истото да го кажат. Истите приказни што ги слушам од тебе ги слушам и од многу блиски пријатели/пријателки, но сите тие имаат Македонци за дечковци и девојки. Што нив ги спречува да се во љубов и брак ако толку веруваат во тие работи или тоа само го кажуваат, затоа што некој очекува од нив да го кажат? Плус, треба да направиш паралела на 15-16 годишна девојка и возрасна жена. Критериумите за врска, љубов, семејство значително се менуваат со текот на годините. Затоа и девојките засегнати во таканаречени недозволени врски се тинејџерки претежно од дисфункционални семејства со сомнителен морал. Не навлегувам во тие клише муабети кој бил поубав, кој бил попаметен, кој бил поцивилизиран, каде имало повеќе насилство и алкохолизам, туку реалноста е дека скоро сите на крајот одат таму каде што природно припаѓаат и се чуствуваат свои на своето. Реалноста е тоа дека сите училишта во Македонија се сегрерирани, сите установи се сегрерирани. Ако младите генерации не ги интересира политика и се тотално во хипи филмот, зошто тогаш Македонците не гласаат за албански или турски партии и обратно? Дај ми релевантен доказ колку гласови освоило Сдсм во етнички чиста албанска или турска средина и обратно? Zero, right? Јас имам пријателка која предава македонски јазик во албанско основно училиште и можам со сигурност да ти тврдам дека меѓу млади Албанци има голем бојкот кон македонскиот јазик и воопшто не сакаат да го изучуваат. Порано Турците и Ромите исто така учеа во македонски паралелки, но последната декада и тие се разделија за да учат на свој мајчин јазик ( што е и нормално). Освен каде што немаат доволно ученици да формираат паралелка. Сите индикации го потврдуваат моето мислење дека денес има многу поголема сегрегација отколку пред војната во 2001-ва година.
јас имам другарка од мешан брак , таткои албанец , мајка и македонка , имаа прекрасен брак и две деца , друг случај од моите родители нивни пријатели се македонец со турчинка ,прекрасен брак и две деца , во овие семејства се слави и Рамазан и Велигден , бидејки не дозволиле врз нивната љубов да влијае религијата и се срекни!
Каде тоа јас спомнав дека немало такви бракови? Поентата е колку тие бракови се застапени на генерална популација? Ете и во моја населба има брак помеѓу Македонец и Босанка, но другите 99% што ги знам се во брак со Македонци. Сестра му на Бени, Нора Шаќири, пред некој месец се омажи за Македонец, но нејзе реално многу тешко некој Албанец да ја земе за жена, затоа што таа и Бени не се многу почитувани личности меѓу Албанците. Јас во поблиско семејство имам женска личност што се дружи со Албанка интензивно. Сега пред некој месец правеше свадба, а до пред свадба беше невина. Многу е згодна и секогаш тип-топ средена, но сепак традицијата е многу посилна
Само првиот дел беше за тебе, нели? Во врска со реалната бројка за семејства со мешани бракови, неможам да дам реална бројка зошто не сум од завод за статистика ама можам да ти кажам дека во моето потеско познајнство има 3 високо функционални мешани бракови ако се сеќавам најдобро од кои едното ми е доста блиско и апсолутно се согласувам дека виртуалноста е алтер его на некој, ама тоа не значи дека некој не ги има овие ставови и не ги применува (зошто првично те цитирав зошто лично бев засегната од твоето мислење, и вервај ова шо го дискутирам со тебе го дискутирам и со тие околу мене). „Затоа и девојките засегнати во таканаречени недозволени врски се тинејџерки претежно од дисфункционални семејства со сомнителен морал.“ - овој дел искрено малку ме навреди. Зошто јас ни сум тинејџерка ни пак семејството ми е дисфункционално со сомнителен морал. Ама нема да коментирам потака на оваа тема зошто можи да зафати поголем дел од луѓето и некој друг да се навреди. Нека. Крај краева, нормално е да не е застапено нешто шо е дискриминирано, ќе речиш ете сега ти имаш дечко македонец зошто со него, ама јас во него се пронајдов, не зошто е македонец туку карактерно сме компатибилни и мислам дека е подобро да најдиме нешто компатибилно со себе него да форсираш нешто само зошто другите прават така. Ама нели, тоа е мое мислење. пс. реалноста е лоша, ама мора од негде да се почни.
Пoлитичките прoблеми меѓу мaкедoнците и aлбaнците се решaвaaт вo сoбрaние, a не вo љубoвниoт живoт. Јaс, Петкa, Стaнкa, aкo не се врзувaме се Албaнци ќе се смени oднoсoт кoн мaкедoнците вo aлбaнските oпштини? Ќе се смени злoупoтребувaњетo нa Рaмкoвниoт дoгoвoр? Не бе луѓе, туку сaмo уште тoлку ќе се рaздвoиме вo мoменти кoгa требa дa бидеме oбединети. Антимaкедoнскo е дa oсудувaш мaкедoнкa, дa јa нaрекувaш немoрaлнa пoрaди нештo тривијaлнo кaкo нaциoнaлнoстa нa некoј нејзин бивши. Пo нaчинoт нa рaзмислувaње, штo ве прaви пoрaзлични oд aлбaнците штo тепaa мaкедoнци вo aвтoбусите? Требa дa сфaтите декa живееме вo еднa држaвa. Пo држaвјaнствo сите сме мaкедoнци. Нa сите ни е ист премиер, исти зaкoни влaдеaт, исти пaри кoристиме. Пoделби вooпштo не ни се oд кoрист. Меѓуетнички врски не сaмo штo не се немoрaлни, туку и се пoзитивни бидејќи oбединувaaт две рaзлични етнички групи. Акo не ви се дoпaѓaaт некoи пoлитики, aктивирaјте се, глaсaјте зa пaртијaтa штo нaјдoбрo бе претстaвувa, прoбaјте нештo дa смените. А сo oмрaзa и oсудa кoн aлбaнци aмa бaш ништo немa дa се реши.
Поентата е дека во доминантно албанските средини има се помалку Македонци, границата секојдневно се поместува од Запад кон Исток, а футуристички-science fiction постови апсолутно немаат никаква допирна точка со реалноста. Реалноста е тоа дека сите училишта се сегрерирани, сите општини се сегрерирани, браковите и пријателствата се маргинален процент од генералната популација, џамии и исламски училишта никнуваат на секој аго. Имиња на училишта, улици, плоштади се менуваат од македонски во албански. Косово 99-та година, ти текнуе? Значи не те тролам, најискрено од срце ти кажувам. Познавам Албанка што студираше на градежен факултет. Девојката во еден момент ми велеше: - Ние Албанците имаме две држави, а во блиска иднина ќе имаме и трета. Тој муабет ми го кажа со голема позитивност и радост. Таква личност едноставно не можеш да мразиш, затоа што е прекрасна, чиста, искрена и со отворено срце се изразува во врска со тоа што го чувстува и сака. Кон таква личност имам многу поголемо почитување отколку кон лицемер.
Луѓе, ми ги напраивте цитрони со национализам и религија. За љубов сакам да читам на темава, а не за политика.
Не негирaм декa тoa се случувa и декa не е вo ред. Амa кaкo oсудувaњетo нa меѓуетничките врски и мрaзењетo нa aлбaнците ќе гo реши oвa?
Ама ви се чудам, кај ги наоѓате овие луѓе? Зошто правите муабет со нив? Никогаш не ми се случило било кој од друга националност да ми каже вакво нешто, затоа што луѓето што ги познавам се разумни и знаат дека ова не е нормален муабет. Значи не збориме за националисти и екстремисти, сигурна сум дека ниедна девојка не би сакала да биде со таков, особено ако не го почитува нејзиното. Против ова сум и јас, ама никогаш не би била против нормална, здрава и мешана врска, и не можам да разберам зошто некој би бил против.
Радикалниот патриотизам е исто толку штетен како и радикалниот пацифизам и аутизам. Луѓето коишто јас ги опишувам се секаде околу вас, но вашиот аутизам и его не ви дозволува да си признаете дека грешите. Тоа е тоа што јас ви го објаснувам. Ниту една реална слика не ми давате за да ме убедите дека грешам. Вашата демократија и љубов во глобала се сведува на: - Уапсете го Клео, смрден патриот, глупав, заостанат! Уапсете го, уапсете го, бришете му ги постовите! Зошто? Затоа што не ви се допаѓа неговото размислување и идеал во животот? Па, драга, треба да се помирите дека не секој размислува како вас, а тоа највеќе ме испровоцира да реплицирам. Клео има чисто срце, идеал кој го почитува и сака, а тоа допринесе и јас него да го почитувам. Ќе ја почитувам и таа Албанка што е искрена со мене и недвосмислена. Јас немам никаков проблем со Албанки или Турчинки што носат шамија, традиционални се и го сакаат својот народ. Вие имате проблем со нив и сакате да ги претворите да размислуваат и делуваат како вас. Ете цело лето Скопје, Тетово, Гостивар има албански свадби. Кажи ми колку од тие свадби зетот или невестата е Македонец? И, тоа Албанки дотерани тип-топ од дијаспора, пораснати во Западна Европа, образовани таму, но пак под рака се држат со Албанче. И, сега ти ќе отидеш таму и ќе ги убедуваш дека всушност се тоа што тие го прават е лошо и погрешно, затоа што ти си убедена дека тие треба да се омажат за Македонец за да би биле духовно и социјално прифатливи?
Ми ги изврте зборовите скроз. Не реков дека не постојат такви луѓе, само дека јас не ги сакам во моја близина затоа што шират омраза. Кој со кого сака нека си се мажи/ жени, не реков дека мора за Македонец, туку дека не треба да се осудуваат толку остро тие што се решиле за таков брак.
Не знaм дaли примети, aмa ти си тoј штo целa темa тупи декa oдреден вид врски се лoши и пoгрешни и мaкедoнките требa дa си нaјдaт мaкедoнец зa дa бидaт духoвнo и сoцијaлнo прифaтени.
Не ти ги извртувам зборовите, туку ти ја кажувам реалноста. Тој на 5-ти кат воопшто не му е гајле што работи тој на 1-ви кат, а ниту го попречува да работи било што се дур не му ги загрозува неговите потреби и идеали. Луѓето не се егалитаристи, а многу често се лицемери, затоа што тоа е одбранбен механизам за опстанок. Тој што не се изразува на начин кој на тебе ти смета тоа не значи дека така не размислува длабоко во себе. Можеби тоа го прави само колку да добие некаква општествено-социјална корист од тебе ( друштво, секс, задоволство) И, јас сум слушнал од некои Македонци дека сакаат да пробаат секс со Албанка, а од друга страна условно кажано не сакаат Албанци и немаат намера да оженат некоја Албанка. Со сета сигурност те убедувам дека и 98% од Албанците што ги “развезуваат“ Македонките го прават истото со иста цел. Лесна авантура и секс, а не дека веруваат во убава, здрава и нормална врска. Затоа и ги пикираат тие девојки со лесен и сомнителен морал. Клео според неговите убедувања не сака да држи под рака таква “развезена“ девојка и нема зошто некој тука да му скока и да го навредува.
Haha lele temava...se mislam sega dali da si gi napisham ljubovnite problemi vo "Aktuelni politicki nastani", "Religija" ili odma vo "Bugarski pasosh" i da se selam vo stranstvo
Немој да ме споредуваш мене со нив, јас не тепам муслимани, муслиманите се збираат да тепаат христијани. Јас немам слушнато кај нас христијани да истепале муслиман Тоа не беа деца од шесто одделение туку беа поголеми и бараа помало дете да го малтретираат за да ни покажат дека ни можат се. Како што ве лажат вас женските а зад грб се смеат дека христијанките се курви вакви такви Никогаш нема да прифатам таква да ми биде девојка, ако треба ќе најдам девојка од држава или од град каде немаат муслимани ама со тоа ќе бидам на чисто. Сигурно има девојки кои се паметни и не се сите наивни како вас, не сакам да верувам во тоа. Вие им помагате во целта, ќе ви прават деца и така ќе се шират. И Арапите порано не биле сите муслимани имало многу христијани каде се христијаните сега, што мислиш? Од такви како вас немаме држава а Турците и Албанците имаат силни држави. Ти можеш да ме учиш мене да не дескриминирам ама дали можеш на муслиман да го научиш? Јас ти личам дека дискриминирам, јас што ништо не им имам направено а да те прашам дали Американците се будали што не примаат бегалци муслимани а? Да не ме тераш да пишувам уште.