Многу важниот детал е овде - Како те заеба? Што направи? Пред колку време беше тоа? Исто така е важно дали секој ден се гледате, колку пати тој посакал да се видите први? Кажи му го истото што ни го опиша овде нас, кажи му дека те мачи незаинтересираноста од негова страна. Со еден збор кажи како се чувствуваш во врска со тоа.
Тоа се случи пред неколку месеци, беше се ок, но одеднаш му текна дека не знаел што сака итн..после испадна дека запознал друго девојче. После некое време ми се јави онака за да ме праша како сум, а пред извесно време пак почнавме да се гледаме. Се гледаме често, но нема некоја иницијатива од негова страна, нема некое внимание, нема подароци (јас не барам скапи работи, туку некој знак на внимание, било да се работи за чоколадо или сл...). Единствено добра работа му е што ми се јавува секој ден и што ми кажува дека ме сака. Дури пред некое време и му реков дека сакам пауза, ама ми рече дека не прифаќа. А во врска со ова имаме зборено и ми вика дека заради работата нема мн време (а стварно многу работи)
И што се случи со девојчето што го запознал? Ми се чини дека си му златна резерва, не се случило ништо со нејзе па ти си овде. Длабоко во себе се надевам дека грешам, но тоа со девојчето не знам, и мене ми се случи слично но јас се тргнав затоа што не дозволувам да бидам втора опција ниту пак да ми каже дека не знае што сака. Мислам дека треба да му дадеш време и да сфати што сака, не го напнувај, не го барај, гледај како ќе се одвиваат работите. Па кој и да е на овој свет има време, имаш дечко и нормално е дека сакаш внимание.
Колку што знам не издржаа ни две недели....и јас истото го мислам/мислев и имаме разговарано. Вика нема врска, јас си ја сфатив грешката, нема тоа да се повтори. Инаку да напоменам, секс уште немаме, така да не е со мене ради тоа. Ама на зборови сите се јаки, нели. А поготово тоа ''те сакам'', денес нема никакво значење според мене. И секако, и довербата е разнишана. Ова му е прва да речам подолга врска, затоа и гледам да не го напињам со слики на фб со изјави на љубов, со запознавање со роднини, семејство...сакам да си има слобода да не притискам. Ама не може да тапкаме во место, врска ко врска треба да се развива...
Ti si kriva sto na prvo mesto si go stavila deckoto, imas 20 godini a se zatvaras doma koga ke izleguvas i ke se druzis ako ne sega, izleguvaj, setaj, druzise so drugarkite najubavite godini ne se vrakaat mila ke ti bide podocna krivo sto mnogu ubavi momenti si ispustila, a i vaka loso si pravis za sebe nikogas ne smees da dozvolis deckoti da znae deka toj ti e se vo zivotot zasto ke pocne da go zloupotrebuva toa, se pomalku ke te ceni i pocituva
Со дечко ми одиме 3 месеци и сме многу приврзани еден со друг затоа што во контакт сме 3 години, тој сега во септември ќе биде прва на факултет и сака во Бугарија да оди да студира а до септември ќе ни бидат 11 месеци од како сме заедно и не знам како да направам сега тој треба да направи бугарски пасош и да живее таму и нема многу често да го гледам како може врската така на далечина да ни потрае?.. Сега ќе кажете од кај знаеш дека ти до септември ќе си со него? Знам дека е и возможно и не али пример ако сега поднесе се тоа за да студира таму и останам со него и до септември во врска што ќе правам тогаш така со тоа што ќе го видувам 2 пати во месец ако не и помалку? Нареден месец изгледа дека треба да поднесува за во Бугарија и ме прашува за мислење дали да оди или не... не знам што да му кажам пошто ипак се тоа е убаво за неговиот живот ке си ужива али ако останеме и до септември заедно каква врска ке ни биде тоа.. тој таму јас ваму.. не би можела така.. совет? (инаку јас од септември ке сум втора во средно)
како ќе изреагирате ако сте закарани со дечко ви и ви рече вака а воедно идете 5 години ! (јас тебе ако сакам да те изневерам ќе го направам тоа и нема никој д дознае не ми треба ни фб ни никоја друга соцмрежа !) аххх што ќе си помислите дали би му се скарале или посомневале ?
Дали ти дал претходно причина за сомнежи? какво е однесувањето кон тебе? Може да значи дека треба да имаш малку повеќе доверба во него, а тој почуствувал дека немаш. Значи дека ако има желба ќе те изневери без разлика на се.
Убаво од него што те прашува за мислење дали да остане или да оди, тука покажува дека му значиш многу ама предноста што ќе оди таму е мноогу поголема, ќе направи чекор во животот, ќе си помогне сам за понатаму.. а за гледањето нормално дека ќе е тешко ама не значи дека ќе биде и невозможноако навистина се сакате, ќе издржите.
Па има причина бидејќи он ме излажа за некои работи и сега тоа по втор пат го направи и будала прави од мене не почитува договр меѓу нас...јас пробувајќи да му објаснам дека тоа ми смета кај него тој уште повеќе се разлутии и за инает полошо направи од нас (направи една работа што ме изнервира) и го рече ова што го пишав во врска со изневерувањето..ова направи јас да ес посомневам дека веќе ме има изневерено ...
Имаш разрушена доверба во него што е разбирливо. А дали е внимателен со тебе кога е се во ред? Мислам дека треба малку да се распрашаш околу што прави кога не сте излезени, кога не сте заедно. Не велам да му ја нарушуваш приватноста на социјалните мрежи туку да се распрашаш наоколу, можеби нешто ќе дознаеш, или уште подобро, да го прашаш директно што мислел со тоа, не значи дека те изневерил. Знаеш кој највеќе ја зборува истината? - Мало дете - Пијаница - Изнервиран човек. Не велам дека во случајот мора да е така, но сепак треба добро да ги отвори очите, никој не сака да биде направен будала.
@JustFun па тука е и проблемот со соц мрежи вссушност,почнал да лајкнува слики од девојки постојано кај истите лајкови..и ред др работи без мое знаење ..јас сама видов а знае дека тоа ме иритира а исто и него ако јас тоа го правам..но тој знае дека јас не правам ништо а сега у последно време си зел голем замав.. @johnnys.girl да баш сесогласувам со тебе,целосно си во право..треба да обрнам повеќе внимание во оваа ситуација иако ми е претешко со помислата дека идеме 5 години ....
@anamarija65 Има многу врски на далечина. Ако ти навистина го сакаш ќе сакаш се за неговата среќа, а тоа е да студира таму. Тешко е сигурно, но има многу девојки тука кои одржуваат врска на далечина и ќе видиш дека ако им ја читаш темата (зошто знам дека јас ја читам), ќе видиш дека се врви, дека секое видување ќе биди поубаво од претходното и слично. Дури можиш, уживај го времето со него тука и штом ти дава дури опција ти да одбериш дали сакаш тој да оди или не, ти му значиш. Мое мислење е дека нема смисла да му забрануваш да оди, никогаш не знајш шо можи да се сличи. <3 @untitled12 Вистина е дека нервозниот ја кажува вистината ама мислам дека во овој случај тој бил изнервиран, ти сигурно си се сомневала во него и тој е искрен да, вика „ако сакам - ќе го направам тоа“, шо иди до заклучок да, нервозниот ја зборува вистината и тоа „ако сакам“ има голем удел во вистината. Значи - не сака да го направи тоа, но би можел доколку би наумил. Јас не би се посомневала во ваков одговор. Веројатно бурно би реагирала зошто таква сум кога сум закарана, но кога би размислила подобро не би се посомневала.
да се сомневам и ќе се сомневам бидејчи на очи ме лаже..кој и да е тоа ќе го помислис на мое место не сум некоја ненормална да гедам дека некој на очи ме лаже..тоа ме нервира кај него а не си признава и затоа се сомневам а одр друга страна па коа н сме закарани кога се е во ред си мислам да овој е тој што сакам да останам цел живот..толку совршен,а уствари коа ќе ми текне на вакви работи коа ќе ми прави...
девојки -совет-дечко ми има брат кој премногу на нерви ми оди има 27год нема женска,денес беа со дечкоми на кафе и таман кај 12 завршив ми се јаве да одам ијас,добро му викам кај сте ми кажа дај потпречекајме ааа ми вика јас Х ќе го остам сам тебе да те пречекам ,и ко појдов како мајтап да ми праеа како да ме зафркаваја ,ко ќе е со брат му како друг е,мнноооооооооооогу неубо ми падна очите се солзи ми се наполнааа,зошто?го сакаш го поштоваш се му кажваш,верна искрена си и на крај?ЈАС не сум за мајтап ако нека оди по паметот на брат му дека тоје таков безобразен се зафркава со сите,тој е совршен другите сите се грди криви ливи за тоа сам е ко некој утт,која готрпи-ама ако и дечко ми продолжи вака ќе меизгуби разочаранасум
Не брзај одма... Сѐ ова што ни го напиша и него кажи му го, само без да го навредуваш брат му. Кажи му сека ти смета кога ќе те зафркава пред друштво (не мора ни да го спомнуваш брат му, можи сам ќе си сфати). Едноставно разговарај со него за сѐ што те мачи. Со среќа
Поразговарај со брат му, возрасен човек е би требало да знае да испочитува озбилен муабет и да разбере ако нешто ти смета. Доколку имате озбилна врска, со можност за брак тој човек ќе го гледаш најверојатно почесто, па не би ти било полесно. Исто и ако дечко ти заедно со него прави шали на твоја сметка што не ти одговараат и нему спомни му, но доколку е само шала во која што не ја навредуваат твојата личност не би имало потреба да се лутиш туку приклучи им се или пак почни и ти нив слично да им одвраќаш. Мораш да знаеш и дека ако дечко ти е помлад од брат му и ако му се вклучува во невкусните шали тоа тој го прави само за да биде поголем и подобар во очите на брат му, за да не го исмева тој него дома. Ако и понатаму сметаш дека дечко ти не те почитува тогаш не би требало да се сомневаш во твојата одлука.