не ми се верува дека толку страници се потрошија за да ти објаснат Во моево малоо миннатото лето тројца комшии се оженаја за странство! Еден за Австралија , другите двајца за Америка! имаат од 23-27 години, убави момци ама невестите им беа крш дури и постари ( на едниот невестата постара од него 10 години ) , што да ти кажам љубов на прв поглед еве ти на форумов имат многу убави девојки дури и многу појаки од тие спонзорушите , пробај си ја среката и ке се увериш дека не се сите спонзоруши ,и дека во прашање е различен карактер ( било за машко ,било за женско ) !
Е дајте слики да видам дали е така и ако е така дај ми ти потврда дека не се спонзоруши. Не ми давај никакви слики, уште ми треба да ме обвинат дека сум некој манијак кој пробува среќа на форумот Не трошете страници да ми објаснувате нешто што само вие верувате во тоа затоа што јас не сум сам и имам истомисленици тука (види горе) Побарав мислење за генетската одреденост меѓу убавината и желбата за богатство.
имаа слики на форумов од девојки најчесто во слики за мода и убавина , и за разлика од тие спонзорушите овие се авиони
Пола од нас девојките на форум кои немаме дечковци богати не навреди и ни ја уби последната надеж дека сме барем симпатични, ако не убави.
@darko clash, мораш да бидеш помирен со тоа дека некои девојки се летаат само по богати/ популарни фраери исто како што некои машки се затрескуваат само и единствено во авиони од типот на Марјана Станојковска па после лелекаат како целиот женски род не чини, односни сите ние сме расипани користољубиви кучки, ку*ви и слично. Ете јас лично знам куп преубави девојки кои одат со просечно ситуирани момци и се заљубени до уши ама работата е што веројатно мојот и твојот поим за убава девојка се разминуваат, односно твојата лепотица „манекенка, топ згодна“ според мене ќе да е типична македонска спонзоруша.
Мех. Да се вратиме на моето прашање „Побарав мислење за генетската одреденост меѓу убавината и желбата за богатство“. Или не мора, можете да скролате. Само да не биде дискусија земајќи си све на лична база
Таа Маријана личи на пеесетгодишна и уште не е омажена Мое мислење не е дека сите жени се расипани кучки ку*ви али сум предмет на погрешна интерпретација од како го поставив прашањето. Уште е рано да се врзам
@darko clash јaс не се сoмневaм вo тoa штo гo збoрувaш. Прaшaњевo е мнoгу дискутaбилнo бидејќи зaвиси вo кaкви кругoви се движиш. Членките штo ти рипнaa вo нивните пoзнaнствa не пoзнaвaaт тaкви мнoгу и тaкa реaгирaaт. Ти вo твoјoт круг нa пoзнaници изгледa имaш дoстa спoнзoруши и зaтoa тaкa мислиш. Немa филoзoфијa мнoгу. Нa рaндoм бoгaтaш му е битнo дa имa убaвицa дo себе, без рaзликa кaквa е. Нa рaндoм убaвицa и oдгoвaрa некoј дa јa финaнсирa, гледa приликa и си искoристувa. И двaјцaтa си ги испoлниле свoите плитки идеaли. Туку нештo другo. Се гледa декa сaкaш дa имaш лепoтицa. Вo ред е дa сaкaш дa ти биде убaвa, и физичкиoт изглед игрa улoгa вo избирaњетo пaртнер. Нo ти кaј девoјките гo гледaш сaмo нaдвoрешниoт изглед. Ги гледaш првo кaкo укрaс, a кaрaктер пoмaлку. Ти пo убaвинaтa, спoнзoрушите пo пaрите. Зaрем тoa те прaви пoрaзличен oд нив?
Боже помилуј го безгрешниот! Лесно е да солиш памет кој каков човек е позади тестатура и монитор нели?! Кога веќе одиш на слики дај ти безгрешниот, најмудриот, најбогатиот и најубавиот постави една слика да те видат овдешните девојки па да преценат каков си ти, не туку паметнувај само. Кога си решен да водиш дискусија прифати ги предизвиците и одговори најпрвен за себе си каков си ти а не да береш туѓото гајле. Ако толку си "разочаран" од девојките стани си педер или во најмала рака чекај си ја "пепелашка" ти безгрешниот на овој свет. Пред да судиш за другите најпревен пресуди се сам себе си!
Ред ќе се чека за на Џони Кеш парите. Овај Дарко Кеш де. Доколку немате пари за патување не грижете се. Дарко Кеш е тука. Вашите желби ќе станат реалност. Станете една од многуте девојки на Дарко и добијте бесплатно патување.
Маријана е топ ако не ти смета да ја шеташ со кеса на глава друже Не ме провоцирај и ти мене и нема да има никаков проблем Па не знам, ти кажи ми Ти си таа што ми посвети текст, ме осуди каков сум и каков треба да бидам без да знаеш нешто за мене и без да те прашам Ти го почитувам ова многу затоа што си објективна и не влагаш емотивно во обична дискусија со непознато другарче на форум Али зашто мора да се концентрирате на мене? Никаде не кажав ја дека сакам вакви или онакви девојки, спонзоруши, убави или грди. Ја само изнесов нешто што за мене е факт и би сакал да го разгледаме неговиот корен. На многу не им се допадна тоа, у реду, али ако не ви се допадна не мора преку вреѓање да ме дезориентирате од тоа што вистински сакам да го пишам додека пробувам да го исперам мојот образ од вашите етикети И ова го почитувам затоа што е твое изградено мислење. Али не ми одговори на следното „Биди реална и размисли дали знаеш дечко лошо или просечно ситуиран да врти девојки што личат на манекенки топ згодни“ и не мора да ми одговориш ако не ти се признава, одговори си себе и види ја реалноста
@darko clash мислев дека краток одговор ќе ги задоволи твоите аптетити, ама сега ќе ти образложам малку подолго зошто тоа не е мое изградено мислење туку тоа е факт и за работи од психотегентиката и генетиката можам да ти одговорам со точност од 90%. Сега ќе ти објаснам зошто нема генетска предодреденост туку овој „проблем“ е чисто средински фактор. Генетиката не разликува убаво и не убаво. Убавината како шо сите заклучивме горе е индивидуална па така и генетиката зема нешто од мама нешто од тато и меша како професорот шо ги праеше powerpuff girls. Гените во глобала го контролираат растот на единките и како шо кажав природата и генетиката немаат стандард за убавина зошто тоа е индивидуално и со тоа генетиката неможи да наметни некакво однесување према наметнатиот генетски код на убавина. Е сега од друга страна срединскиот фактор диктира во најголем % за однесувањето на единката. Нели сите како заедница, како маса, имаме свои карактеристики, пример некој ќе речи македонскиците се гостопримливи, англичаните се ладни и тоа е целокупна карактеристика на едно општество и тоа ти се вика средински фактор. Ако некоја забележи дека према стандардот на општеството е убава, поттекнува од просечно семејствов со просечни сфаќања и наидува на голема сума пари (читај: секое човечко суштество во поголема или помала мера е алчно) - таа девојка се пробива и оди со некое „надпросечно“ момче - односно момче кое налага општеството дека е надпросечно. Во глобала генетскиот фактор одредува некои карактеристики во однесувањето, ама најголемиот % од однесувањето се должи на срединскиот фактор. Ако порано за да ја дат ќерката било предуслов да има нива и стока сега е да има стабилна работа во најмала рака. А сега ќе ти одговорам и на овој дел: Горенаведениот одговор мислам дека е доволен за психогенетскиот аспект, ама сега ќе ти одговорам од лични познанства. Да, познавам такви момчиња. Се сеќавам кога одев средно и сите девојки се чудеа како тие топ манекенки одат со такви сељаци. Ни пари, ни фаца. И обратни ситуации, некои манекени, преубави дечки одат со некои такозвани модели (богаташки де) , шо личат како некој со лопата да ги удрил. Ама тоа ти е хемијата која можеби меѓу нив ја имало за да почнат сериозна врска. Значи јас зборувам за сериозни врски и љубов. Лично јас имав шанса да бидам со реалтивно познато момче во мојот град, со пари, ама едноставно немаше хемија меѓу мене и него. Зошто да продолжам? Затоа ти викам тој е средински фактор. Таа девојка која е спонзоруша, голем % од нејзиното опкружување е такво. Можам да ти речам речиси и да нема вакви случаи околу мене за кои ти зборуваш зошто во моето опкружување речиси и да нема такви. Тоа е резултат на срединскиот фактор зошто секое општество има своја култура, свој начин на живот - почнувајќи од семејството, па од маалто, па од населбата, па од градот, па од државата, па дури и на ниво на континент некогаш се носат некои генерални заклучоци и за тоа во глобала е виновен срединскиот фактор. Накратко, нема генетска предодреденост за убавите девојки да одат за богаташи, туку крив ти е само срединскиот фактор.