Единствена грешка што ја правиш не само ти, туку познавам и многу други девојки како тебе е што откако ќе се фатите со дечко заборавате другарки, роднини, дружења и се останато. Давате "се" со цел да успее врската и да бидете среќни, ама некогаш и тоа се не е доволно. Затоа после ви е жал, се гушите во сопствената кожа и волку страдате ко ќе ве остават.
Лек за полесно заборавање на некои личности? Како шлаг на сето тоа, принудени сте да ги гледате секој ден па и на социјални мрежи плус.. не дека јас не сакам ама МОРАМ да избришам некои од срцето.
Имаш опција block на социјалните мрежи, тоа ти е најмалиот проблем. Научи се да ги игнорираш личностите кои ти пренесуваат негативна еденргија, не им придавај ни најмало значење. Со тек на време ке ти стане смешно зошто си се нервирала заради нив.
Ееј луѓе пoмaгaјте... Мoјoт прoблем е следниoв: Знaчи еден дечкo трчaше пo мене и ми велеше декa мнoгу ме сaкa. Трчaше пo мене скoрo еден месец aјде дa речеме. И си пишувaвме нa фб у шкoлo пoгледи oвa oнa.. И јa мислев aј ќе тепaм дoсaдa ќе се зaебaвaм сo негo. Амa oд симпaтизирaње нa крaјoт испaднa тoa штo се плaшев се зaљубив у негoo.! И викaм aј шo ќе гo д**** и у скoрo време му пишaв нa фб декa мн гo сaкaм, и декa тoa шo сум реклa декa не гo сaкaм е лaгa. И сегa oвoј викa јaс не те сaкaм, пoшo кoa те прaшaв дaли ме сaкaш ти рече не не не... И пред 3 недели престaнa дa ми пишувa нa фб, и у шкoлo истo тaкa бегa oд мене кoa сум у негoвa близинa, кoa ќе види декa се мoтaм oкoлу негo. И сегa мислaм декa финтaтa му е: Јaс дa трчaм пo негo, пoшo oн трчaше пo мене, и сеa ми викa не те сaкaм пoшo јaс му викaв тaкa. Прaшaњетo ми беше зoштo ми избегaвa, мн се нервирaм? Штo му згрешив пa вaкa дa ми се пoнaшa лaднo!!?? Кaкo дa пoстaпaм? Јaс мн гo сaкaм и сеa свaтив кaквa грешкa нaпрaвив сo тoa шo му викaв не те сaкaм.. Другaрки ве ми викaaт oткaчи гo мa, не трчaј пo негo, зa дa не збoри нa сите декa сечеш вени пo негo. Шпoн е инaче, зaтoa ми ее!...
Епа кога не си му возвратила тогаш,тој со друга си пробал,му успеало и сега не му требаш.Заборави го.
@ProudDirectioner69 Епа трчал по тебе не си му обрнувала внимание си се заебавала со него и дечко то се откажал нормално
^одговорот на првото прашање. Е сега, второто прашање ти е „Како да постапам?“ Кажи му дека ако не сака нешто повеќе да останите приајтели, посекако ништо „сериозно“ не се случило меѓу вас и така почнете да комуницирате. Комуникацијата е клучна за некое пријателство да премини во добро пријателство или во нешто повеќе. Извини се во соодветна ситуација и кажи му дека немаше таква намера и дека многу ти значи. Ако не сака - тогаш толку од оваа кратка приказна. Ќе ти преостани само да го заборавиш.
Многу ви е детинеста и не сериозна целата ситуација, извини вака ама имајќи во предвид дека и самите сте деца нема да кажам ништо. Во врска со твоето прашање, јас мислам дека ти не го сакаш него тоест само го симпатизираш. Вакви работи на тие години се сосема нормални, некој ќе ти посвети трошка внимание, ти чисто онака го одбегнуваш, него ќе го снема и тогаш доаѓаш до "заклучок" дека го сакаш, што всушност нема врска. Mислам дека времето треба да го трошиш на поквалитетни нешто, пример да припрочиташ лектири и да не се замараш толку со дечковци, има време и за дечковци кога да се замараш, верувај глава ќе те заболи. И многу ме интересира на горе блондираниот збор значењето?!
Пред да си го кажам мојот проблем и да побарам совет,Ви го честитам 8-ми Март на сите жени <3 Мојот проблем е следниот,неодамна дознав дека дечко ми направил инстаграм некако самиот уз муабет ми се издаде и кога видов дека има мн женски,јас немам ни фејсбук,ни вибер и го прашав ДАЛИ ЛАЈКНУВАШ НА ЖЕНСКИТЕ? Ми рече НЕ Многу ми беше чудно зошто ли направил инстаграм ако немам јас и ми текна и јас направив и кога што да видам ... Коментирал на една девојка на две слики на едната слика и коментирал: <3 <3 <3 А на другата:Убава <3 Таа ништо не возвратила на коментарот бидејќи сигурно не го знае но он со која смелост,покрај што е во долга врска се осмелил да искоментира!!! Му го кажав ова. Не ме сфати сериозно,замислете за него ова е НИШТО. Мисли дека сум љубоморна, но јас сум погазена! Му го блокирав бројот,избришав се од него и се трудам да го закопам во земја зошто таков човек не ми треба! Јас да би коментирала така ма не само тоа туку и да би направила прва инстаграм би ме стаил он 4 метра под земја,а он смее се! Епа нека смее,но без мене. Ми пишал порака:дај да не бидеме глупи да не се караме за еден коментар тебе те сакам назад..Прашањето ми беше како би се чуствувале вие на мое место и што би постапиле? Фала Ви многу,убав ден
Се испонашал премногу детски. Држи лутина, не му попуштај. Направете муабет докажи му дека згрешил и дека можеш без него и готово нека е. Чим криел инстаграм од тебе значи и други работи крие од тебе,
Благодаран, среќен 8-март и тебе, да си жива и здрава. Една работа што буквално ми боде оче е тоа дека многу детски сте се испонашале и ти ама и дечко ти. Не знам од кај ги вадите таквите ставови дека ако имаш дечко, не треба да имаш фејсбук, инстаграм, вобер, месанџер и ред други работи. Навистина никогаш нема да ги сфатам луѓето со вакви размислувања. Исто така и горе блондираното, дечко ти иако е во врска со тебе, тоа не значи дека тој не смее да има другарки или да не комуницира со женски. Се чуствуваш погазена и си го шутнала, ради 2 коментари. Детско однесување. А тој пак скришно од тебе прави инстаграм, за да лајкнува и коментира девојки. Уште по детско однесување. Најсериозен совет што можам да ти го дадам е да пораснете и созреете со дечко ти ама навистина.
Не, воопшто не е детски што таа изреагирала на тој начин. Прво - Ја излажал дека не лајкувал на девојки а тој освен тоа па дури и коментирал. Од ситниците почнуваме да се сомневаме, од нив почнува да паѓа довербата, и зошто бе тој не и кажал дека има инстаграм, и криел од нејзе? Некој ќе рече дека не секогаш социјалните мрежи се виновни, но зошто да крие од нејзе? И не бидете многу со тие коментари - и вие ќе шизнете доколку дознаете дека вашиот партнер праи нешто кришум на интернет. Второ - Коментар е само, но замислете ја реакцијата на нејзиниот дечко како би реагирал доколку таа го направила истото? Да кажам, баш од тие лајкови, коментари, некогаш се појавува чувството на љубомора, мене бившиот ме промени за една иста случка, за една девојка со која лајкуваше и коментираше, а кога ќе се појави црвот на сомнежот, овде нешто не штима. Ако денес ја излажал за ситница, утре којзнае за што ќе ја излаже?
Па самите сме си виновни што дозволивме социјалните мрежи да ни станат се и да зависиме на некој начин од нив. Колку љубови и другарства се распаднале ради такви да не речам ама ќе речам глупости. Сами сме си виновни и одговорни за се. Искоментирал, па голема работа ако искоментирал. Не нема да "шизнам " ако дечко ми искоментирал, зошто не го држам дечко ми на ленец врзан по мене, напротив. Тоа што ја излажал дека нема инстаграм, а тој имал за мене е детско однесување и крај. Да му раскинеш на дечкото ради тоа што лајкнал и искоментирал исто така е детско однесување и толку.
Женска мој совет е да не му попушташ. тој ако те сакал немало да има потреба да коментира и лајкувва на други женски .... еве јас имам маж кој предходно ми беше дечко ... еден од друг ништо не кријаме ... јас имам фб , инстаграм, вибер, фемина ... тој има фб ...но нема секакви женски освен тие што ги познава . И јас исто би постапила така како тебе .... исправисе кренија главата горе. прави ти како што мислиш и како што ти е подобро.
Веќе у ку*ац цел живот. Смачено ми е се. Значи јас сум една девојка со многу грдо и срамно минато. Се имам измувано само со еден, ама порано излегував нон-стоп по дискотеки, многу се пијанчев, пушев, носев танги, тесни, кратки фустанчиња, а имав само 16 години. Сето тоа се случуваше летово, пред да се запознам со него. Имав многу лошо друштво, сите другарки ми беа „меракливки“ и уште останаа, ама јас се повлеков. Имав лајкнувано кај полно машки, ми звонеа, му коментирав и такви бзвз работи. Сега кога и да се подскарам со дечко ми ги спомнува тие работи, не дека тој пораноо бил мирен (изневерувал и лажел) и мене сето тоа ме боли. Ме боли и неговото и моето минато. А тој, не може да се помире со тоа дека минатото поминало и нема да биде никогаш. Се сменав. Сите го кажуваат тоа, се повлеков премногу, не одам без него никаде, го чекам да си дојде (бидејќи е студент) за да излеземе и ред други работи, и не дека тој ми забранува туку ете не сакам да излегувам за бадијала. Ама тој попусто, ќе излезе некој лајк или коментар од пред 2-3 години и се лути не ми верува, нон стоп само крај е готово е, па пак се мириме, пак се караме, пак се мириме. Не знам веќе што да мислам, не знам дали вистински ме сака, дали сака да е со мене. И кога и да му речам да правиме во живо муабет ми вика абе ајде уживај во моментот остави расправии и ќе се гушниме бациме и нема кавги. ЕДИТ: И синоќа баш излезе некој лајк кај некој дечко што сум ставила и се скаравме, готово е крај е вака е така не ти верувам никогаш нема да ти верувам и бзвз работи ми изнакажа, а кога сме смирени ми вика ти верувам сигурно.. Прв ми е иначе вистински дечко, имаме и односи и се, а втор мувач. 4 месеци во врска сме и некако сме премногу одалечени, не смее тоа што бевме на почетокот и кој и да вика дека се се менува, до олку не се менува. Имам другарки кои со нивните дечковци си се најблиски, за разлика од мене со дечко ми. Пред да му звонам се тресам дали да му звонам дали да не му звонам. А, свесна сум дека направи многу за мене и за нашава врска, за да сме заедно ние двајца стори многу. Кога ќе сме заедно не осеќам ваква празнина, ама вака кога не сме заедно кога се караме се осеќа таа празнина таа промена и боли. Јас сум емотивен рак, а тој стрелец, па јбг. Виберот го избришав, сега дури имам и нов фејсбук и пак не му чинам хаха. Хелп!
Те сака тебе и уште 20 со се тебе. Не вреди да му простуваш. После неколку месеци пак ќе си се врати на истото. Еднаш ако го направил тоа и не го признава, а ти се буни ти да не правиш инстаграм, ондак рачувај ако му се смириш ќе покуша пак.
Лошо минато...многу лошо. Си немате доверба меѓу себе стекнато. Тоа се прави уште на почеток. Поразговарајте уште неколку пати. И ако видиш дека не бидува, раскинете просто. Па после биди си пак кул и ок. Терај си по ново и заборави го минато. Сврти нова корица од животот. Повеќе жанси ќе имаш да си фатиш убав и добар дечко ако си добра и не лудуваш, отколку да си пак истата ко порано, да имаш 100 дечковци и од нив 50 да те користат за секс. Јас викам да си дадете уште една шанса со разговор. А ако не иде и така, ондак раскини. Нема потреба да го трпиш тоа. Ако си стварно сменета, тогаш не ти треба тој.
Си почнала нов живот си завртила нова страница тоа што си го правела во минатото е стварно лошо ама ако си се сменила тоа е добро. Ако дечко ти знаел на почетокот какво тие минатото и дека навистина си се сменила стварно мислам дека не ти верува... Треба да седнете и да разговарате сериозно. Ако не почне да ти верува раскини му. Најди некој што ке верува дека си сменила и дека навистина с каеш за минатото и да не ти го набива на нос нешто од пред неколку години.
Денеска се скаравме поради една,поточно јас му се налутив.Одиме веќе 2 години,значи една девојка што учи со нас пред неколку месеци почна да му се пушта и јас постојано му се лутев и добро престана таа после неколку игнорирања од дечко ми.Пред некој ден зборувавме и јас му реков дека ми пречи ако зборува со неа,и денеска таа нешто го викна го прашуваше нешто и тој се врти и збори нешто ау и јас се налутив.Тој се однесуваше како ништо да не се случило,не се ни извини,ми се испонаша и ми раскина.И јас ништо не се замарав..Сега тој нема да ми пише да ми се извини ни ништо,понекогаш помислувам дека не ме сака и ова однесување е детско.Што би направиле вие ако сте на мое место?
Ако таа му се пушта а тој ја игнорира и не се интересира за неа тоа е во ред и нема потреба да се лутам ако сум на твое место. Ама таа да му се пушта и тој уште да разговара со неа и да се прави како ништо да не е не знам.... Искрено би седнала и би разговарала за тоа. Ако не се најде заеднички јазик крај на врската.