Нека се научат да пишуваат, да користат точки и запирки, па кој знае нека помага. А и кој будала би застанал да чита љубовни проблеми на 14 год деца.
Како те повредил? За што сте се карале? Сакаш да му се скараш оти ти опцу? Какви глупости тресе? Мислам луѓе нема смисла... Сфаќам дека барате совет и помош ама ајде сега ќе си годиме од небо. Или објасни конкретно што се случило или вакви хипотетички прашања џабе се.
Шпанска серија. Те осеќам дека си мала и сеуште не разбираш како функционираат врските. Не си зрела ти за врска како што гледам. Не моеж туку-така да ти пише и да ти понуди врска и на тебе и на другарка ти. Мајтап си играат и двајцата. Се фалат пред другарите кој прв ќе си фати девојка.
Вака девојки, јас пак сум на средина по не знам кој пат веќе.. почнавме да се гледаме околу месец дена со еден дечко и да ви кажам супер беше, али една вечер се скаравме за нешто не битно ии се појави бившиот на забавата, па со него завршив. Искрено, не помислив на утре, на тоа како ќе му биде кога ќе слушне дека сум отишла со друг, мноогу ми е жал сега што направив така. Несвесно сум почнала да се приврзувам, бидејќи секој ден се гледавме, секоја вечер. Му кажав се отворено и нормално тука заврши се.. Најмногу ми е мака што се покажав како тотално нестабилна, а уствари не сум таква, имав преголем притисок и од другарки и од сите што знаеја за нас, бидејќи тој има многу грозно минато, искуства со секакви девојки и мислеа дека и со мене ќе биде така, а сега излезе како јас да го зезнав него. Помина некое време, почнав да си пишам со еден малку поголем од мене, ми се свиѓа дечкото веќе повеќе време ии подзаборавив малку кога ете го пак се појави ми пиша дека му било жал, дека бил крајно разочаран од мене, но сакал да пробаме пак. Сега јас не знам дали да дадам чекор напред со тој што си пишувам моментално или пак да му се вратам на другиот А и двајцата се мноогу добри и преубави се, навистина е комплицирано. Фала ви на одвоеното време
Прво - Свесно си отишла со бившиот нели? Без да помислиш на чувствата на дечко ти. Грешка од самиот старт. Второ - Дали го познаваш човекот со кој си пишуваш? Трето - Дечко ти, да речеме ти простил, што те спречува да бидеш со него? Ако го сакаш навистина не гледам причина зошто да не му се вратиш. И одговори си на себе, со кого ти е најубаво со тој биди.
Јас би го избрал тој што се допишуваш. Касно му текнало на тој другиот сега да те бара. Кај бил до сега? Убаво од твоја страна што искрено си му кажала се како што треба. Но тој штом одма се налутил и те откачил и сега пак сака да ти се врати...веќе страчка нема врачка. Требало да си мисли на време. Пробај си ја шансата со новиот. Освен ако и тој не е сличен. Прво процени каков е па после дејствувај. Не суди веднаш по убавината.
Зборот ми беше дека ако се вратам со него, од кај знам дека јас нема да бидам зезната овој пат како за возврат и новата прилика да пропадне во вода..
Е да, постои ризик. Чим не сте биле за озбилно, ти препорачувам да смениш друг што ќе биде подобар. Овој можеби и нема да ти врати, а може и ќе ти врати. Никогаш не се знае. Следен пат поубаво избирај си ги. А во ситуацијава и ти си малку виновна. Што бараш таму кај бившиот, кај што не ти е место.
Како прво ти треба да се одлучиш со кој сакаш да бидеш. Си пишуваш со некој тип па и бившиот е тука и на крајот тој што си го зезнала.... Послушај го срцето и биди со тој со кој мислиш дека ке бидеш среќна.
не велам дека несвесно постапив така, али сепак во тој момент бившиот се погоди до мене како рамо за плачење
Отворени се сите опции сега, И сега се плашиш истото тебе да не ти се случи? Кармата е кучка, и многу силно удара.
А и друго нешто во што се сомневам дека и да се вратам нема да бидат истите чувства, нема да биде исто.. офф сама си комплицирам
Затоа и на почеток ти реков да не му се враќаш. Само заради вакви работи. Од кај да знаеш дали не е злопамтило, па утре да ти врати.
А зошто ПОД РАЗНО МОРАШ да бидеш со некого?! Зошто толку многу брзаш и се форсираш за врска и дечко? Зошто? Така само си правиш проблем и неспоразум на себе си, де со овој, де со оној и на крај со НИКОЈ а ти пак повредена остануваш. Имаш совет од мене да продолжиш да си пишуваш најпријателски и најотворено и со двајцата, без врска и разврска, без дечко, чисто онака на пријателска база, па дур по одредено време кога всушнсот ќе увидеш со кој имаш доволна "хемија" за врска и кога ќе почуствуваш кој е "оној првиот за тебе" реигирај и започни врска. Вака, на овој начин како што си почнала никаде нема да стигнеш.. Не се форсирај, дај си време и за самата себе си и за твите чуства бре девојче!
Вака значи машко сум и се имам само 1 лапано и тоа онака само на зезанција! имено да навлезам во темата ”ми се свиѓа мојата нјдобра другарка” не е проблемот тоа што ќе ми каже не тоа нема толку да ме повреди туку...Неа ја свиѓа еден тип кој и беше најдобар другар и он и призна се направи за неа ама таа го одби и не само тоа туку малку ги залади односите со него а мене тоа ме плаши шо ако ги залади односите спрема мене? Help me! Plssss....Ми треба многу помош!