Женскиии ми треба помош Сакам да му кажам дека го сакам,ама ми треба помош! Како да му кажам индиректно за да не биде тоа директно а да сфати што сакам да му кажам? Да биде тоа од околу? Ве молам! Некој нека ми пише во ЛП Ве молам извинете за оф топик
Зaвиси кaкoв ти е oднoсoт сo дететo, кoлку живеете. Нaјчестo нaјaрнo е дa не вртиш мнoгу oд oкoлу сo суптилни знaци, дoбри се шaнсите дa не те зaбележи. Или кaжи му директнo, или речи и нa некoјa другaркa дa му спoмне нештo.
Ние се допишувавме едно 20 дена буквално секој ден и он ми враќаше се беше океј се дур не дознав дека се смирил со бифшата и тогаш преќинав дека ми беше глупаво,иначе се разменивме со слики од полуматурата и некогаш се погледнуваме во очи и ќе се разминеме Ваква ни е ситуацијата Што да правам? А иначе он не ја сака таа бифшата од досада му е
@Kimberly11 Ти има тој пишано откако се вратил со бившата? Знам конкретно што мислиш под тоа дека не ја сака бившата т.е. сегашната, нели пишувавме за тоа. Мене прашањето ми е, ако ти му се довериш, како ќе бидиш сигурна дека тој нема да сака да те искористи тебе за забава и потоа и ти да му бидиш од досада? Следно, индиректно кажување ако немате моментален контакт па да примениш одредено ниво на флерт - нема. Сем да му пишиш на фејс или на таа екскурзијата онака да му дајш до знаење од типот: Се игра групна игра па ти бараш да бидиш во тим со него (ама тоа би го знаеле сите, ако веќе не знаат, нели) Го прашуваш него за резултати од тестови, му се моткаш пред очи (ако му нудиш резултати од тестови, прашања од тестови, домашни - можи само да го искористи тоа). Во глобала, можи да не сфати. Мислам имам 101 пример на машки кои не сфатиле директен флерт, а не па ова, ама па дупло толку кои сфатиле. Значи лотарија ти е дали тој ќе сфати дека ти го сакаш или не, накратко, најдобро е директното, особено ако си сигурна дека не ја сака бившата, ама дури и да не ја сака, мој предлог е да не се мешаш. Причина: постави се на нејзино место. Можеби тој не ја сака, ама сигурна сум дека таа него го сака. Следно, се работи за основска љубов, врви и заминува, ретко останува (скоро никогаш). Со среќа.
Што би направиле ако сте во ваква ситуација?Ти стоиш подалеку од него и го гледаш а тој те чека и не гледа дека го гледаш и поминува една девојка која и двајцата ја мразиме и тој се врти по неа,потоа му кажуваш и му се лутиш а тој одрекува и не го гајле на тебе како ти е туку ти се дере..а одите 2 години?
@young.lady се врти? Во која смисла? Ја мери од гла до пети додека таа врви? Океј тоа е природно да забележиш некој. Шо знам. Ама потоа да се караме околу тоа - сигурно не би се чувствала најсјано, би ми пречело ако некоја небитна ми го расипува мирот, а не дали тој ја забележал кога таа поминала или не.
Па очи се за гледање. Мислам кого мразите, самите себе си се мразите со вакви глупави ситници. Да не треба превез околу очи да стави и само тебе да те гледа? И како ти е на тебе, ти се исполни љубомората, егото? Полесно ти е? Богами и арно што ти се дерел, а да се свртел и заминел без збор, ќе плачеш тука...
Девојка Која и двајцата ја мразите? Очигледно само ти ја мразиш Не се нервирај за глуоости. Дозволуваш за некоја небитна личност да се расправаш со дечкото. Ете си му рекла, ти дошло полесно и сега попушти.
Нa тие гoдини немa дa свaти никaкви суптилни знaци. Мoжеш дa и речеш нa некoјa другaркa дa гo пoдбуцне, aмa штoм се прoстил сo женскa му мислaм декa ќе сaкa сaмo дa те искoрисри, тaкa дa внимaвaј штo ќе прaвиш.
Па вака...деновиве сум многу нервозна бидејќи имам менструација и сум емотивно растроена и незнам дали воопшто некогаш работите во овој период правилно ги протолкувам иако мислам дека после ова денес што го забележав дека сум во право..па вака,бевме на шетање онака ја дечко ми и уште еден пар во золошката градина у скопје бевме,но дечкоми коа ќе сме со ова друштво секогаш повеќе внимание му посветува на другар му отколку мене иако одат пред нас пример со женскаму а тоа мене ми смета..секогаш јас гледам него повеќе муабет да му правам внимание да му обрнувам не како него..пример идеме по паттека а он цело време умот во другар му како да му е само како да измисли нова шега за го задре да се смеат и ред др работи.. all eyes on him ..а јас сакам повече мене внимание да ми обрнува иако сме во друштво јас треба да бидам во предност како што тој мене каде и да сме секогаш ми е приоритет сакам и јас така да бидам за него..а он другар му та другар му смао нови шеги со него со мене ништо посебно коа го прашувам нешто ии кога коментирав за животните сакам да се соживувам со него моментите заедно да ни бидат поубави да бидам сослушана а не да му потенцирам и со напор да му кажувам работи а он многу многуу не ми мава рецка ... не до толку да не ми обрнува вниамние ама сепак некако слабо ... и кога му реков за оваа работа ми вика ти само се ти смета повеќе не изл со друштво се само нешто не ми чинело.. велам ти не ме разбираш сакам да бидеш повниамтелен со мене и да ме сфатиш што ти зборувам и што ме нервира и да се смениш пробаш да не бидеш таков не си сам со другар ти и ја сум тука ако не....и уште толку караници велам ок доста енможам повеќе нема да се разберам со тебе џабе си правиме муабет... и ок смао ми вели .. господ да чува... ма нели сум во право ?
@untitled12 Јас, од моја гледа точка, ти си малку повеќе љубоморна, но и ПМС-от реално си го прави своето. Кога се шета со парови, многу нормално тие двајца зад вас и си коментираат машки работи, вие две напред и коментирате женски работи. Ако се седнува, се прави колективно муабет, а тој што ќути ја уништува целата атмосфера. Сепак, во друштво едноставно треба да си искулиран и да не се замараш. Проблемот ќе беше доколку тој и обраќа внимание на девојката на пријателот, а вака, мислам нема што да се секираш
Омг и јас во љубовни проблеми, барам совет. Ајде некој вака послободен што има време да се замара со моите глупости, нека ми пише ЛП.
Не, не си во право. Извини, но мислам дека малце повеќе претеруваш. Овде нема ништо загрижувачко дури е и нормално кога си со друштво. Немој да бараш проблем каде што нема.
@untitled12 нормално е на даблдејт вака да се одвиваат работите, ајде да сте поголемо друштво кое ти не го познаваш па да ти обрнува повеќе внимание зошто ти се непознати додека да се вклопиш, ама дабл дејт функционира така во глобала. Се согласувам со Самер, ПМС си го прави своето, мислам сите сме биле робови на ПМС и знајме како е, знам мене лично што ми има правено ПМС и ден-два покасно се прашувам себеси на што дроги сум била. Ако и во нормални денови ова ти смета, тогаш зборувајте пак или пак не излегувајте со друштво, излегувајте си со сопствените друштва посебно, а времето кога ви е планирано за вас - имајте си го сами.
Ако партнерот ти каже дека би преминал преку неверство значи те сака премногу или не те сака воопшто?
@Jason123 Па тука може од различни аспекти да се согледа: Може индиректно ти кажува дека тој/таа веќе изневерил/а, па ако ти некогаш изневериш- ќе ти биде простено чедо Божјо Од друа страна, сака да каже дека може е таква личност што во името на "љубовта" би опростил/а, само да не раскинете- што може да се толкува или како љубов или е неспособен/на друг/а да најде. Штом дошло до ваква тема, или се плаши од изневерување или е веќе индиферентен/а. Односно или премногу му/и значиш или ама баш му/и е сеедно. Е сега, јас од моја гледа точка ќе ти кажам: И да е мојата најголема љубов, преку неверство нема да поминам. Тогаш љубовта престанува и не треба да се прости. Но, секој е различен и ете некој би простил. Оние што веќе опростиле такво нешто, можат повеќе да ти помогнат зошто тоа го направиле.
Hормално следеше тука мое потпрашање `Дали ако ти би преминал преку тоа треба да се очекува истото и од мене`, и негативен одговор проследен со одлучност и решителност.
Ех дете дете..што да ти кажам кога нема да ме сватиш денес а утре ќе се смееш на напишаново.. Излегувате и се дружите и сето тоа е ок, наместо да се правдаш со твоите пмс ови синдроми и да очајно да бараш внимание од дечкото за гушкање и лапање како да ви е последно и баш тогаш фокусирај се на дружбата и заедничките моменти. Смеј се и ти, кажи и ти нешто, подискутирајте сите заедно и смејте се.. тоа е убавината на тие убави и млади години .. има време и за гушкање и за лапање тоа не ти бега.. преоритетот не е твојата опсесивност туку да знае човек да се дружи да се социјализира и да коминицира наместо да се затвора во 4 ѕида и љубов да води како да животот во тоа се состои. Најнормално дека си му преоритет но приоритет не се бара во вакви баналности бе дете.. уживај и не го напињај дечкото бидејки ќе го загубиш за ништо.