Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    И јас во ПМС, и можда тоа ме дотепува.
    Од кај да почнам...
    Уште од сам почеток кога случајно се запознавме со дечко ми, пред околу 2 години, првиот впечаток за него ми беше дека е посебен човек - во секаква смисла. Не знам дали верувам во љубов на прв поглед, али сепак ќе речам - беше тоа љубов на прв поглед. Или нешто слично :) Али, уште од истиот миг - се осетив недоволно добра за него. Ми беше желба која не верував дека некогаш ќе ми се оствари. Почнавме да контактираме на фб, али сепак цело време имав на ум дека не смеам да се залетам, тој едноставно не беше за мене. Повремено контактиравме година дена. Баш тогаш кога најмалку очекувавме, на начин на кој никој не ни можеше да претпостави - испадна да се зближиме уште повеќе. И да почнеме да излегуваме. Да започне ова нашето. На почеток се гледавме само неколку пати месечно. За после постепено да премине во нешто посериозно. Се уште не можев да поверувам дека тоа ми се случуваше мене. Дека таа голема желба започна да ми се остварува. И еве не, ден денес - поблиски од било кога. Никогаш не сум била посреќна и поисполнета. Пожива. Ама, нешто не е како што треба да е. Во градите постојано ме притиска она исто грдо чувство, кое со секој нов ден се повеќе и повеќе се наголемува - дека јас не сум доволно добра за него, дека тој заслужува многу повеќе. А тоа многу ме боли. Свесна сум дека уствари сама правам да ми е уште потешко, што постојано се мачам со вакви мисли, ама се осеќам немоќно, ко да не можам да си влијаам врз себе. А и плус, да напоменам дека цел живот сум ваква - сум пораснала во таква средина, да постојано сум искомплексирана, незадоволна од себе, патам од недостаток на самодоверба за се во животов. Тоа силно се одразува врз мене.
    И, друго што ме мачи и што прави да се осеќам несигурно - неговите претходни девојки биле навистина згодни, јаки девојки, со супер тело, баш онакви со какви што отсекогаш велев дека го замислувам. Тој е таква појава, и баш ради тоа отсекогаш мислев дека јас не сум доволна за него. Од првиот миг сметав дека тој заслужува крај себе некоја жена, жена и пол! А јас не сум тоа, јас сум се уште дете, недорасната за него. Не толку во размислувањата, колку што сум дете како појава. И баш тоа е коментарот на сите кои ќе ме запознаат. Му кажуваат дека сум младолика, детинеста фацка. И откако разбрав дека тоа е коментарот на скоро сите негови другари и познаници со кои се имам запознаено (а впрочем тоа е и коментарот што го добивам од сите кога ќе ме запознаат!), кога шетаме еден крај друг, јас се осеќам непријатно, постојано во главата ми се врти тоа - што прави тој со мене кога би требало да е со некоја подобра?
    Испадна цел мој пост да се врти околу физичкиот изглед. И навистина тоа е тоа. Осеќам дека физички не сум доволно добра за него. И тоа ме мачи.

    Претпоставувам би ми кажале дека физичкиот изглед не е толку битен, дека главно е да се сложуваме и да ни е убаво кога сме заедно. Се сложувам, ама верувајте, јас во последно не ни можам да уживам во миговите со него, затоа што истава мисла ми се врти низ главата - јас не сум за него. И се мразам заради тоа. Се почесто сум онерасположена од истата причина, тој постојано ме прашува што е работата, што не е во ред. Преќутувам. Му викам се е океј. А не е. Се замарам, премногу се замарам.

    Ваш совет, како да ја надминам ситуацијава? Сама се доведов до овој степен. Што би требало да направам? Да разговарам отворено, да му кажам за моите стравови, дека мислам дека јас не сум доволна за него, или едноставно да се обидувам да не мислам на тоа, па со тек на време да го надминам ова?
    Многу го сакам, многу ми значи, навистина не сакам да го изгубам... А од друга страна, дури почнав да размислувам да му речам да прекинеме, затоа што тој заслужува подобра од мене. До таму стигнав :(
     
  2. darko clash

    darko clash Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    191
    Треба да поработиш на психата. Во слободно време прави нешто што те исполнува со позитива, ако се оптовариш со глупости ќе го пуниш со негативност и дури тогаш ќе го одалечиш од тебе. Он те избрал затоа што те сака и мисли дека си најбоља од сите други. Имај го тоа на ум секад.
     
    На Simplicity и anakonda88 им се допаѓа ова.
  3. darko clash

    darko clash Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    191
    Он е у love-hate со рибата. Сигурно го пали. Ти и он сте заедно или само у фаза симпатија?
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Друже може еден совет и за мене. :angel:

    Се запознав со една девојка преку фб. Почнавме да си лајкнуваме слики. Јас на неа 2, она мене 5 слики и тн.
    Почнавме да си пишуваме. Ја поканив да излеземе една вечер и таа прифати. ^_^
    Отидовме, супер си поминавме.
    Поминаа неколку дена од таа средба, па почна една друга да ми пишува. Излегов и со неа.
    Со првата се знам толку колку што се знам и со втората. По убавина се негде исти. Е сега пречката е што едната е од Скопје а другата од Прилеп.
    Скопјанката ја запознав прва (таа со лајковите).
    Како да останам со првата, а да не ја повредам втората?
    Затоа што првата ми е поблиску, но и повеќе муабет си имаме развиено.
    И најбитно што сакав да прашам, дали да и ставам повеќе лајкови или помалце?
     
  5. darko clash

    darko clash Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    191
    Сака да те вара :D
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Поголема самодоверба во себе. Биди си своја. Не ги копирај неговите бивши или некои други. Почни повеќе да комуницираш со него, да си посветуваш малку внимание и на себе си, биди отворена за муабет секогаш, биди расположена и тн.
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  7. darko clash

    darko clash Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    191
    Не ти треба тебе мој совет друже. Уште малце ќе си легнеш пак и тогаш соништата спонтано течат :D Just focus. Ако не иде консултирај hypnotist.
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Дај бе кажи ми совет. Ќе ти дадам сендвич. :lol::lol:
     
    На darko clash му/ѝ се допаѓа ова.
  9. darko clash

    darko clash Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    191
    Зашо да ја повредиш, ти од едно излегување со двете се стаи у врска? Почни некој муабет дека мрзиш патувања, дистанци, дека е најмачно нешто на свет, индиректно ќе те сфати. На која лајкови? :D Ставај таму лајкови каде гледаш деколте, ноџиња, устиња :D Така им креваш самодоверба на девојчињата.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    одбери ја таа што ти е поблиску , да не арчиш пари по патиштана :D
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    @Simplicity Леле срцка. Знам дека често мислите и психата ни се појаки од самите себе...Јасно ми е дека така се чувствуваш ама биди логична. Прво не го ставај дечко ти на толкав пиедестал. Можеби е и убав и паметен и се се, ама никој не е толку совршен како што имаш ти слика за него. Признај си дека и тој има маани и полоши страни. Второ ти со сила не си го натерала да е со тебе. Значи тој доброволно „троши“ месеци, години колку што одите за да биде со тебе. Самото тоа треба да ти кажува дека ти како личност му се допаѓаш.
    За тоа дека си младолика и јас сум. И јас кога се фатив со дечко ми ми велеа лелеее кај си го нашла толку стар, а тој е две години постар од мене :lol:. Тоа е позитивно. На 30 да изгледаш за 24. На 40 ќе изгледаш за 35 итн. Пробај да си попозитивна во таквите мисли. Можеби баш за тоа тебе те одбрал оти си поинаква од пуфлите. Поработи си на самодовербата ти сама, мислам дека нема потреба да му го кажуваш тоа него. Пример шминкај си се, дотервај си се, земи вежбај... За физичкиот изглед. А за тоа што си мислиш има многу книги, ете и по интернет читкај си не размислувај толку и ќе биде се во ред. Поздрав:hug:
     
    На Simplicity, MilaP и Svetulkaaaaaa им се допаѓа ова.
  12. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    @Simplicity И самата си свесна дека се работи за недостаток на самодоверба и голема доза на оптимизам. Не си го комплицирај и отежнувај животот со измислени работи.. Он е со тебе, убаво ви е, се чувствуваш сакано и тоа треба да ти е доволно за мотивација, да продолжиш да гледаш во вашата иднина. Престани со таквите мисли и насочи се само кон убавите работи, убаво си е кажано - ако сакаш светот да се промени почни од самата себе. Излегувај, дружи се, постави си некои мали цели кон кои ќе се стремиш да ги освоиш, така ќе почнеш да се чувствуваш по храбра. Што се однесува до изгледот ако ти е за утеха и јас изгледам детинесто, дечкоми пак повозрасно, а сме една година разлика, но воопшто не гледам проблем во тоа. :) Можеш да поработиш на физичкиот изглед, како што пиша и феминката погоре
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    5.319
    @Simplicity Нема да се повторувам како погоре феминките, само ќе ти кажам... Тој веројатно не сака такви женски повеќе, бидејќи да сакаше ќе беше со таква а не со тебе. Тој со тебе поминува време, и 2 години не се малку. Не е секогаш се во убавината. Имаш нешто повеќе да му понудиш од физичкиот изглед, затоа е со тебе. А таквите работи се за цел живот. Убавината, неколку години трае после испарува.
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересира вака... Два месеци се гледам со еден дечко, всушност излегуваме на кафе, со неговите другари, со моите другарки, ме кани со нив во диско... и убаво е. Се гледаме неколку пати неделно. Никогаш не зборуваме за нас, нашиот однос и чувства, како почнавме така сме цело време. Но, сакам да знам на што сум. Бидејќи претходно бев во многу долга лоша врска, не знам како да постапам. Сакам да знам, но не знам дали треба и како да прашам... Па би сакала да слушнам некој ваш совет. :)
     
  15. lidu6

    lidu6 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Треба да бидеш трпелива и да почекаш како ќе се одвиваат работите. Никако уште во почеток не потенцирај дека сакаш да знаеш на шо си. Пошто тоа него ке го исплаши и голема е веројатноста дека ке најде начин да се одалечи и да олади. Остај работите да си течат по свое без никакви притисоци. Поуживај малце и покажи ја најдобрата верзија од себе. Глуми малце недостижна и не баш заинтересирана за да му го привлечиш повеке вниманието. (hollest)
     
    На ViktorijaG му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.146
    Пол:
    Женски
    Некако рано ми стои за зборување за чувства, а можеби и не е ама не е секој човек ист. Мое мислење е дека треба постапките да ги цениш, џабе млатење слама, а третман НУЛА. Уживај си, ќе дојде и до чувства ако се оди добро, имај на ум има типови на луѓе што тешко изговараат што носат во себе. :*
     
    На ViktorijaG му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    зш ма рано ??? Немат рано ако човек се заљубил , некои тешко се заљубуваат некои лесно ....
    Но дека мора да поминат месеци месеци за да изразиш љубов или да му покажеш љубов немат врска !
    Само директно и искрено ! :D
     
    На ViktorijaG му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.146
    Пол:
    Женски
    Хахха за мене е рано, привлечност и потенцијал за да биде нешто ОК се знае да не речам ама мн брзо, а за љубов хаххаа мене подобро заб извади ми хаххаха
     
    На ViktorijaG му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    На почетокот коа се запознавме ми пишуваше секоја сабајле, ми се јавуваше секој ден, ми пушташе срциња, сега не го прави тоа така. Комуницираме на вибер, онака опуштено, кој кога може враќа... Пошто не гледаат заедно и ме прашуваат јас не знам шо да кажам, другар му на една моја другарка и рекол женска му за мене... Не знам како да се однедувам со него. Понекогаш и во јавност ќе ме бакне, гушне... Како ви изгледа вас?
     
  20. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.146
    Пол:
    Женски
    Нормално ќе се однесуваш, секој почеток додека да те придобие е така и т да си така би играла :) Опушти се, а ако има нешто друго што те гризе тогаш не знам. А за тие околу тебе и не треба ништо да кажеш тоа не е нивна работа. Не ти треба ни одобрување ни критика ако тебе ти годи врската, тие ќе прашуваат едно ти ќе го вртиш муабетот на друго и готово.
     
    На ViktorijaG и anakonda88 им се допаѓа ова.