Ти кажувај дека ти е дечко , фати го малку во тесно и ке се предаде Не значи дека морат да се одреди и датум за почеток на врската , нели прво излегувате , па се запознавате подобро и работите одат спонтано , некои веднаш си дефинираат врска и брзо си раскинуваат ! Али да ти кажам ако не приметува дека си сантим и пол шишана , батали го
хаххахаха а што ако она има 2 см коса ? хахха ме изнасмеа хахххах Во тесно повеќе ќе биде ако таа не го именува како дечко Ладно малку не мора се да знае А за ова почеток на врска, шо знам според мене се знае кога е почетокот, тогаш кога границата на прјателството е премината и нема филозофии, за понатаму зависи каква е таа реалација.
Здраво на сите феминки... Би ви била многу благодарна ако одвоите време да го прочитате мојот пост и ми дадете по некој совет. Се работи конкретно за еден дечко, требаше да се фатиме но сеуште не биднало ништо , се двоумам за некои работи во врска со него. Типот е супер во се, единствено ми смета една една работа кај него која многу ме иритира - а тоа е што си игра топло - ладно со мене понекогаш . Некогаш е се супер и нај, а некогаш толку ми доаѓа на нерви со некои негови постапки што посакувам да му се налутам и да не му прозборам више. Не би да разговарам со него за тоа, мислам ако некого сакаш не би си играл вака туку ќе бараш наЧин да го освоиш. Или треба и јас да ја играм неговата игра па можеби така ќе се свести за некои работи ? Не сум којзнае колку затрескана во него така да слободно можам и да го откачам, но од друга страна не би сакала да го оставам туку така.... Како би постапиле вие на мое место ?
^ Се извинувам ако е глупаво прашањево, но баш и не сум во сотојба добро да размислувам покрај сето тоа што ми се слуЧува со него.Ме притискаат многу работи . Што конкретно би му направила, примери некои да ми посоЧиш /.?
не му се јавувај , не го барај една недела , и да ти звони не му кревај , и после недела две јави му се како ништо да не било
Очгледно те изнервирал ... зависи колку време трае тоа топло - ладно ако е долго време, ти да не му се јавуваш, а кога тој ќе се јави да бидеш од фина пофина ДРУГАРКА, во меѓувреме ако има некој друг што знае што сака и не си игра грачки бркај работа таму. Овој те насетил и се зеза, фати се ти со друг па, пак нека се зеза
Викаш се супер ви е АМА, е тоа "ама" во случајот е вашиот проблем за ваша врска во иднина и нејзино продлабочување. Не може да ти е супер ако во една врска ти имаш "ама" или накратко проблем, проблемот е топло-ладно што баш и не е ништо незамеравателно. Па девојко имаш 1000 машки на овој свет, твое е да ризикуваш и да пробаш, ако не бидува зошто и понатаму губиш време и живци за таков човек. Не му е стало до тебе, не се замара, на почеток сте, кога му текне те бара кога не никаде го нема а ти си му една резерва за тепање време или?! Со тоа топло ладно, таа слика ја даваш. Не си губи време со такви, туку напротив користи го твоето време за обврски и луѓе кои што навистина вредат.
Тоа топло-ладно трае околу 2-3 недели. Не го гледав тоа како нешто којзнае колку трагично , притоа правдајќи го со фактот дека можеби му недостига повеќе внимание од моја страна или нешто не е како што треба па сето тоа го наведува да се однесува така. Секаква причина може да има и не значи нели дека ако нешто не ни чини одма треба да ставиме крај на тоа. Ме нервираше тоа од негова страна, ме пукна , навистина . Ви благодарам на сите за советите. Го немам побарано деновиве, и ете го вчера ми пишува исто како ништо да не било, заљубен демек, срциња ова она, но не му вратив ништо и се исклучив. Денеска изгледа чекаше да му пишам и пошо не го сторив тоа гледам после некое време ме избришал од фејсбук и скајп. Ахм, свашта.
Се надевам дека ја погодив темата, ќе ве замолам за совет и за помош.. Има едно дете што ми се допаѓа веќе некое време, тој е постар од мене има 23, за викенди често се сретнуваме бидејќи се движиме на исти места.. Јас го гледам тој ме гледа,на фејсбук сме пријатели веќе неколку години но ете до сега не го имав заприметено. Сакам совет од вас како да му дадам до знаење дека ми се допаѓа и дека сакам нешто со него (ако до сега нема сфатено од погледите)..Девојка нема, а како што дознав од блиски извори бил доста срамежлив и не бил некој голем женкар.. Размислувам да почнам со по некој лајк, можеби така ќе сфати но тука има нов проблем откако една другарка моја дозна дека ми е симпатија го додаде и почна да му лајкнува, дури почна да раскажува дека и неа и се допаѓал Не знам како да направам бидејќи ако почнам на фејсбук бидејќи таа ќе види.. Од една страна нема право да ми се меша бидејќи јас бев прва што кажав дека ми е симпатија ама од друга страна немам ни јас такво право да и забранувам бидејќи тој не ми е ништо.. Што мислите како да го освојам?
@Kosem Без навреда,ама многу ме нервираат луѓе како другарка ти Значи ти си и спомнала дека ти се допаѓа,а типката го додала и почнала да лајкува,ко да нема други машки,па баш за него се фатила. За освојување немам многу да те советувам,биди таа што си,почни нешто лајкови,коментари(другарка ти што сака нека прави),кога ќе се видите на исти места,насмевни му се и слично. Бидејќи и јас сум тие години колку твојов,да ти кажам тешко е да одредиш како и дали да пријдеш на машко. Ама некогаш можеш да се изненадиш. Така јас претходниот викенд си се запознав со еден „симпатија“ со кој се меркавме долго време и си напраивме муабет како да се знаеме сто години.А замисли пред ВЦ на кафич се сретнавме А ако си сигурна дека е баш срамежлив,можеш да му пријдеш подиректно,ќе видиш дали ќе има реакција.А ако е женскарош,не се мачи со прв чекор,пошто и да те свиѓа,ќе си крене акции и ќе се занесува,без разлика колку години е,такви се Best of luck
Таа не ти е другарка. Гледа корист од тебе. Почни муабет кога ќе го сретнеш. Мислам дека подобро би било отколку на фб. Ако се допишувате на фб, после кога ќе се сретнете уште повеќе срам ќе ви биде. Вака прво почни на живо кога ќе се разминете. И почни му било каков муабет, поврзано со работа, школо, општи прашања прашај го и тн. А "другарка" ти е голема манипулаторка штом ти го направила тоа. Јас на таквите им давам веднаш црвен картон.
Zdravo luge imam mnogu teska maka...imam decko veke 8 meseci i go sakam...stvarno prv pat za nekoj da osetam vakvi cuvstva,koga vodime ljubov bukvalno me nosi kako vo druga dimenija. Ama.....ima edno gooolemo ama.....deckoto se drogira,od pocetok toa se bese pod nekakva "kontrola" no sega veke ne lici na sebe pocnuva da zivee vo drug svet... toj celo vreme mi veli deka me saka i deka uste kratko vreme ke trae ovoj los period no toa nikako da go resi! sto da pravam luge go sakam!
Да беше така лесно одвикнување од дрогата, немаше да постојат зависници во светот, ниту па да починат од предозираност и потреба за дрога, ама не е лесно и знам дека си свесна за тоа, иако не сакаш сама себе си да си признаеш. Се во ред што го сакаш, љубовта е убава работа, но дали ти си подготвена на таков живот? Еден ден ќе бара пари од тебе, друг пат ќе те продава ТЕБЕ за дрога, трет пат во бесознание ќе те претепа. Дали мислиш на тие последици? Нека не те лаже дека ќе прекине, алкохоличар никогаш не познава дека е алкохоличар исто како и наркоманот.