Здраво девојки имам 18 години, и со дечко ми одам нешто повеќе од година. Моите дома знат и се океј. Кога и да ја прашам мајка ми да ме остави кај него да спијам дома не ме пушта, а ако е за на одмор, зимување или викенд надвор од градот ме пушта без проблем. Кога ќе ја прашам зошто, само ми кажува дека мисли дека не е океј..што да правам?
Јас имам 21, скоро 22 и три години сум со дечко ми па не сум спиела кај него. (освен еднаш кога татко ми беше на болница и не сакав сама да спијам дома) Според мене мајка ти е во право. Нема потреба од преспивање кај дечкото посебно не на толку млади години. Мене лично искрено би ми било и срам од неговите да почнам да преспивам таму. Си има граници сепак.
Затоа што не е океј, да си ја слушаш мајка ти. Не ти е срам од неговите? Или исто како домче, свекрвица и свекор се, лабаво.. Да не бидам прегруба, ама не претерувајте. Нема потреба од преспивање по домче и изигрување семејство.
На 18години добро е и што те пушта на одмор,зимување и викенд надовор од градот Нема што да правиш освен да си ја слушаш мајка ти ,мала си има време кога да остануваш и да преспиваш кај дечко ти + ако сте од исто место нема никакаква потреба
Во врска сум околу 2ипол години.Врската беше предобра,имавме разбирање,се сакавме,имаше лубов и хемија меѓу нас.Но веќе 2-3 пати се скаравме,затоа што се понашаше ладно,како да не постојам.Си напрае инстаграм,а јас од други дознав дека има,го прашав напрае имаш?Не ми вели незнам што е то незнам како се користи.А си следи чупиња,лајкови ова она.И се скаравме 2 нед,го блокирав на фб, нов број зедов.Затоа што саакше да си шета,да си пиши со други а јас дома да му бидам и сигурнаа.Но какои да ме најде,мал е градов,ме убеде се смиривме.И последнот -3иот пат беше така.Јас те сакам,неможам безтебе,плачеше.Згрешив неможам да бидам без тебе,никогаш нема да се откажам.Во ред јас глупата пак паднав на солзите,а сите другарки ми кажуваа,немој остај го не е затебе,нека не те прај будала.И ете се смиривме првата недела ипол во ред само што ќе се разбудеше ќе ми се јавеше,пораки ќе ми пишеше,ќе излезевме,3-4 пати во нед се гледавме.Но сега пак како предходно,еднаш во денот ќе се јави,како со сила збора,нон стоп на фб уклучен,не ми пиши.Од велигден немаме излезено навечер,ни накафе преку ден никако,ниту сака во врска на фб да се направи,ни слика да клај само мене.Само кај него дома се гледаме и толку.Нејки преку ден да прошетаме.Нез преку глава ми е дојдено од се.Се крија очигледное,цела една недела се немаме видено.неможел,мака му било,глата го болело.Ве молам советувајте,да си кренам раце најдобро е излгеда.Сигурно си има друга со која се гледа,со која муе поубо,една недела никако.а и сексот што го имаме не е во ред,како со сила.Зошто мебараше,плачеше,ме молеше,прашваше замене ..Коога сега пак муе сееедноо,ладен мраз,нејки да излегва по кафичи сомене,по ноќни клубој,Јас сум само за дома.
Те чува како златна резерва. Ќе беснее, ќе се занесува и на крај пак кај тебе ќе се врати. Ете затоа плачел. А ти не си воопшто должна да го трпиш сето тоа.
Незнам со што го заслужив ова,од добра предобра,искрена верна пред да ме праша ќе му кажам каде сум била што сум правела.Ме боли многу зошто вака ладно да е понаша,од овде до небо го сакам.Знај и е свесен за тоа.Многу сум очајна ,дури и лоши мисли ми идат неможам да учам испопаднав на колоквиуми од шо се нервирам.А и домашните мегледат како пропаѓам,доста имаме една болка(татко ми почна пред скоро 2 год јас капак му сум.Ќе го прашам што тие ,зошто вака прај,кажи.АА доста само се расправаш,прекини,ти само тоа гознајш да се расправаш.Секогаш нешто ти фали..ДОСТА само тоа ми вели
Според мене треба да го баталиш и да се фокусираш на испите. Ако толку многу го сакаш и сметаш дека треба сево ова да го проголташ во ред, ако имаш нерв за тоа ОК, арно ама да знаеш ова остава белег во тебе и кога тогаш ќе ги израмниш сметките зш ќе ти падне на рака. Токсична врска која те троши само, а не дава ништо за возврат не вреди да се бориш за неа.
Никогаш нема да се смени, сигурен е го сакаш и место да те чува тој те зема здраво за готово, ама ти изненади го и ОТКАЧИ ГО. Изнендадувањето е мајка на многу работи. Таман е сигурен скини го ! Зошто ако е за тебе таа реткост со тебе ќе ја чува. Не фрлај бисери пред свиња, таа не знае што е тоа.
Реков крај,се откажав го блокирав сегде нов број земав.Но ме наоѓаше покафичи,ме вадеше надвор ми викаше оти сум била излзена.Ако те видам да имаш некој,да си со некој ќе ти ги искршам забите.И пак плачи те сакам, ти си посебна, ти имаш душа.Никогаш нема да го има тоа што го имаше со мене.Искреност,верност од овде до небо иназад,предобра и плус и преку невиност која што ми ја зеде помина.И пак невредам и не чинам е нез поќе шосака.Барем да бев расипана немаше да ми биди криво....
Ти имаш работа со психопат ... ќе ти ги искрши забите ? ајде, бе ... а да му пуштиш некој братучед, роднина или плати на крај краева нека го здрмаат па, ќе збориме мажето колку ќе те брка по кафичи. Бегај од таков што поскоро.
Ниту се понаша како шоо треба ниту ме остаа на миира.Кога ќе е со мене вака ладно безвеза се понаша,ко ќе се скараме иди по мене прашва се распрашва кај сум.
Ако е вистина она што си го пишала погоре, послушај ме ако ти е мил мирот, спокојот и љубоват во себе што ја имаш да ја дадеш на човек што ќе ја заслужува, тргни се од тој. Остави тој се распрашува. да не мислиш љубов е тоа? Не, бе мила, тоа е нездраво ако е љубов би те чувал, а не вака. Јас поминав низ нешто слично, не вака како тебе до толку зш да бев јас 100 посто сигурна многу работи измешани ама да бев сигурна, бога ми ќе го млатеа и имаше да повтара НЕМА ВЕЌЕ ДА ЈА ГОНАМ, НЕМА !!! Тргни се ако не може тоа што ти треба да ти го даде нека си брка работа, ако не сака нормално човечки, ќе сака со сила.
Не си ја мавај главата со глупости, никој не заслужува такво нешто ама кога дошло справи се и главата горе ќе дојде човек што ќе знае да те цени и чува како човек, а не така ко стока со закани, омаловажувања и што ја знам. Многу и си истрпела да бидеш со него, не ми е јасно како. Таквите имаат потреба да имаат нешто вредно и така да го чуваат зш не можат поинаку. Тоа е цела психологија на личност, не се замарај туку фати книга и тури му пепел на тој, а ако уште еднаш ти пријде со закани послушај ме, нека го здрмаат само малку и да видиш како мирен ќе биде штом тој јазик го разбира.
Обратно е, ти само не гледаш сега. ТИ СИ ПРЕМНОГУ ГОЛЕМ ЗАЛАК ЗА НЕГО. Има време ќе сфатиш дека реалноста ти ја кажувам. Тој така тебе те крши мила ништо повеќе.