Ne misles deka e obratno? Si bila premnogu dobra za nego pa zatoa ti pravel vaka. Mozebi vreme e da se smenis i da praves kako sto toj zasluzuva i kako sto tebe ti odgovara.
во врска сум 10 месеци.на почеток како и секоја врска беше се во ред се гледавме почесто.се слушавме,но со тек на време имаше на неколку пати 2-3 пати јаки караници во кои не сме збореле по 2-3 дена.Најлошо е што изгубив доверба во него и после почнав за што и да ми каже да не верувам,додека од моја страна се си беше во ред не му давав никаков повод или причина да се сомнева во мене.Му го имав пасвордот неколку месеци ама последниве два месеци го смени откако се скаравме убаво.Бившата негова го аднала ни лајкнала наша слика кај него и он откако видел ја избришал после.Ова ми го кажа он,но бидејќи ми е срушена довербата во него ни во ова не ми се верува.Во последно време чудно ми се однесува,не ми пишува толку често,не ме вика за гледање вика дека има за учење сега,така некако го чуствувам ко на дистанца да е,нешто од околу му спомнав дека не е во ред со врскава вака чуден си ми,нешто ти се случува вака што се однесуваш,расчистено ли ти е со бившата он да расчистено ми е и пак си продолжи да се однесува така.Не става ниту слика на фб со мене,а 24 год сум,сакам малце по стабилна врска да имам.Не знам што да правам дали да почекам уште малце некое време да не избрзувам да видам рекации или друго нешто да направам.ве молам за совет
Не е така, ти си жива здрава, мрдаш. Животот се состои од подеми и падови ќе го надминеш и ова, ќе помине. Не вреди тој да се замараш вака ама нормално е и на пат си да го надминеш. Ќе биде се добро, ништо не ти може и нисто не ти сторил, те збогатил со искуство таков веќе да не прифаќаш.
Искрено од мене слика на фб може да стави човек со кој сум се омажила пак, друг не. Ако нешто не т штима, трпение ќе излезе на површина, почн да се ладиш и ти и се ќе мине побезболно ако треба еден ан една страна друг на друга. Со среќа!
Мое мислење е дека дечкото подзаборавил дека има прекрасна девојка што му е верна и го чека додека он се глупира. Наместо да ја брише вашата слика требал да ја избрише бившата. Е сега, доверба не се гради врз фб пасворд. Ти најдобро си знаеш дали сакаш да продолжиш да живееш како гаранција дека он нема да остане сам. Според мене, прво испровоцирај некако да ти се отвори, дури и да искочиш нападна а после раскини.
Мојот генерички совет што мислам дека одговара за 95% од прашањата во темава е: Размисли добро што ти смета кај неговото однесување, каде сакаш да оди вашата врска итн, размисли за се добро и седни го на муабет. Едноставно конфронтирај се со проблемот, соочи се директно, без околишање без глупости. Прашај го зошто така се однесува. Кажи му дека тоа не ти се допаѓа, дека тоа те повредува... Кажи му како неговото однесување прави да се чувствуваш. Прашај го дали те сака и што направил во последно време да ти го покаже тоа. Прашај го дали сака да гради врска што се заснова на доверба или ќе си изигравате детективи еден на друг. Кажи му дека сакаш сериозна врска, а не заебанции. И види на што си за да можеш да донесеш одлука дали да останеш со него или да си најдеш подобар. Лесно се решава тоа само треба храброст.
Жал ми е за татко ти...Ама тој не е човек што може да те утеши,не се жали веќе никогаш не бев добра за него и такви глупости,батали го не е само тој машко.Е сега боли ама ќе помине,сигурно не сакаш да имаш некој до тебе што не те сака,не те почитува,не те цени нели ? Затоа главата горе и почни си нов живот без него.
Е пак вака... Со дечко ми сме во врска скоро 4 години и во последен месец некако ми е многу чуден. Пред 1 месец имавме сериозна кавга и од тогаш ми е како сменет. Кога не сме заедно слабо се слушаме или пишуваме а кога сме заедно се е во ред и неколку пати го имам прашано што не е во ред и ми има кажано дека се е во ред и да не го прашувам повеќе. Кога сум кај него и неговите и сестра му се понашаат се во ред со мене. Ама некако не е како што беше порано. Треба да резервираме за на одмор и се некои изговори најдува , или немал доволно пари на сметката, или немал време, било сеуште рано , и на тоа го прашав зошто избегнува ми вика не се секирај пополека ќе биде се. А заборавив да напоменам јас сум постара од него. Јас имам 28 години а тој е 23. Дали јас поинаку гледам на работите, или пак веќе му се здосадува сериозна врска? Или не ме сака повеќе?? Ви благодарам
@korisnichka Може да има повеќе опции: Mоже после таа сериозна кавга сфатил дека сепак не е тоа тоа и дека на неговата возраст тој нормално сака повеќе слобода, како и сите други, а помалку обврски. Може навистина има некој проблем или едноставно му здосадило. Но, како и да е и што и да е, со разговор се се открива, и дали е нешто сериозно или пак е крај.
Па со тек на време односите оладуваат ако не знаеш како да ги оживееш, посебно на машките многу лесно му се здосадува зошто се многу глупави. Пример имаат другар слободен тој ќе се пофали фатил нешто смувал и толку им треба одма летаат им се чини таков живот е најдобар и најзабавен, па се залетуваат и се залажуваат (наивни). Ова беше само пример. Е сега 4 години не се малку, не знам каква ви е врската за други работи, ама штом си го сетила дека е сменет, значи стварно е сменет и има причина. Подобро да направите озбилен муабет и да откриеш што го мачи отколку после да бидеш повеќе повредена. Ти си постара па може и тоа си има врска шо тебе ти треба нешто посериозно, а тој е сеуште детиште, а и со тебе е од 19 години и ништо не проживеал па му треба малце оладување. Или причината е нешто скрос друго. Само муабет помага, ништо друго, можеме до утре да погодуваме што му е, ама џабе да е.
Фалаа. Пробав повеке пати да разговараме и секој пат вика ... доста прашуваш кога еднаш ќе ти кажам дека се е во ред значи дека е така, А неговото понашање останува исто. А не сакам да му досадувам и повторно да прашувам па ќе станам и досадна
Да беа обратно годините ај пак и пак ама вака изгледно ко голема разлика. Не знам како сте функционирале толку години заедно ама сега или е период (може ќе му помине тоа понашање), или ќе пукне тиквата кај и да е. Ти сакаш посериозна врска, позрела си, поинаку размислуваш од него. Замисли врсници твои машки, не се зрели колку тебе, а не 5 години помал. Машките подоцна созреваат и цело време детинесто се понашаат, и искрено не знам како си го поднесувала досега Стави го малку на игнор, не му се јавувај или не му пишувај прва неколку дена, па види тој кога ќе му текне да те побара...ако пак се понаша така, речи му сериозно да зборувате и кажи му дека ти смета се ова. Не верувам да те неќе, штом толку време е со тебе те сака, ама може му здосадува врската па не знае што да прави и како да се издува.
Фалаа Инаку врската ни беше до сега супер. И со неговите многу добро се сложуваме особено со сестра му и мајка му. А тој не е некој тип што сака да излегува по журки по дискотеки или да пие алкохол. Еве денес е цел ден дома и си гледа телевизија. Сигурна сум дека не е во прашање некоја нова женска. Хммм... ми останува само да си почекам и да видам што ќе се случи
Хмм .. до некаде си во право ... многу се мислев додека да ја почнам оваа врска .. ама не е како сите на нргова возраст .. во еден од претходните коментари спомнав дека не е како секое типично машко на тие години.. не оди по дискотеки не пие, не ни сака журки и такви гласни музики и гужви ... мн е позрел ѕа неговите години ...Ама идејата не ти е лоша .. Игноре Фалааа
Во врска сум 6 месеци со некој кој што сфатив дека не го сакам. Почнав со него многу кратко после 2 годишна врска, (а ми се пушташе 5 год пред тоа, и откако ме доби се понаша вака..)само за да го заборавам бившиот и да му вратам за тоа што ми го направи, АМА.. Ама си имам работа со психопат изглеа. Не ми дозволува да излегувам со другарки, никоја од нив не му се свиѓала не биле океј тие девојки.. Друго, ме натера инстаграм да избришам затоа што многу машки ме следеле и лајкови ми ставале, а истото и со пријателите на фб го направи, колку и да го убедувам дека некој не го познавам не ми верува и ми вика Штом ти става лајк има нешто. на снапчат само него го имам, ми ги избриша сите, што имало јас да си праќам слики со некој непознат Најлошото е што цело време ми го спомнува бившиот, ми вика дека уште сум го сакала, и кога ќе му преречам нешто значи било што, ми вика убаво бившиот што те удрил, тебе ти треба многу поише од тоа, ќе ти го искршам тел, ти не си за ништо.. :/ Ми ги пререкува сите што сум излегла некогаш со нив, зошто како, што мајка си барала.. Хаос! Ќе се испокараме убаво, и за 2-3 саата исто како ништо да не било, се однесува нормално. Баш поради ова ми стана одбивен неможам веќе. Не сакам да сум со него многу пати пробав крај да ставам и исто толку пати ми се закани дека ќе си направи ништо, не можел да живее без мене. Некој во слична ситуација да бил?
Не сум била во ваква ситуација ама ако не ме остава да раскинам или ќе зборав со татко ми да ме поддржува и чува на еден начин или откако ќе раскинам би пријавила во полиција зошто би се чувствувала загрозена. Патем ако вели дека ќе си наштети себеси, дека вистина ќе си наштети е едно 99.9% лага. Ако го сакаш, услови го да си го попрај однесувањето или заминуваш ти. Ако не го сакаш, не гледај назад, нема да си наштети. Ако си наштети пак ти не си крива, тој е. И уште нешто, се што ти велел, се си правела. Зошто бе злато, зошто? Во 6 месеци толку промени ... не. Стави крај за твое добро. Мислам кога се двоумиш и обидуваш да ставиш крај, замисли каква ќе ти биди иднината покрај ваква горила?
Речи му нека си направи нешто. Нека се утепа, нека те спаси. Тие што се курчат ништо не прават. Батали го психопат. Уште па да ти вика дека ти требало повеќе тепање. Така ќе најдам него некој да го утепа. Леле колку ме нервираат вакви "мажи". Кукавица.
И мене овој тип момци ми се најодбивни, одвратни. Искрено како шо пишав и погоре шансите мене да ми напрај нешто него себе се поголеми и во нејзина ситуација јас прво би си ја осигурала мојата безбедност па после ќе раскинував со него, а дека он ќе си наштети... никогаш.
Може е од караницата, може од нешто друго. Се има налутено и не сака да ти прости. И сега ќе почнат тие работи, криење, лажење, изневерување и тн.