Не е сигурен дека го сакаш. Ти љубомори зошто не си му сигурна и ти. Нема доверба во тебе. Али чим ти зборува за тепање, дека ти треба повеќе тепање, тој цели и кон тоа некој ден. Најдобро е да го оставиш, зошто со ваков човек само се измачуваш. Не е само тој, има милион други мажи.
Пред 2 месеца пробав и му реков слободни направи си што сакаш, почна толку брзо да вози и урлаше што мислев дека е готово со мене Причината беше што го фатив во лага, за девојка со која тврди дека ништо немал, потпишана со име на негов другар во именик (ова ни на крај памет не ми текнало да го направам) правел муабет уште рано сабајле, во тел имаше нејзини слики пратени на месинџер, и плус денот кога јас бев на свадба тој си беше излезен, утредента видов истата таа му пишала на фб вчера бевме заедно денес те нема ни да се јавиш,немој да ме замараш, а упорно тврди и се нервира кога ќе му ја спомнам, и уште лаже дека му е блокната. Се колнеше дека ќе се смени немало да биде така повеќе, и за што? За џабе. Имам страв веќе од него, се има усудено да крене рака на мене, не ме удри ама ме стискаше на лицето што е исто. Незнам луѓе, стално сме сами не се дружиме со други парови, досадно ми е јас во најубавите години вака да се затворам дома не ми штима. Пред два дена на сред кафич почна под маса да ме мава по нога зошто на новиот инста ме следеле пак машки? А се чука во гради нај убавата ја имал, сите ме фалеле дека сум од добра фамилија и дека сум девојче на место, ама и сите му биле љубоморни затоа што е со мене. Филмови си прави не е ни свесен колку, јас не се преценувам до толку ама па и свесна сум дека вредам многу повеќе и дека не заслужувам вака. ' и да, не треба слики да ставам за да нема лајкови, не треба тесно и кратко да носам да не ме гледале, и зошто воопшто сум се шминкала? сум сакала на другите убава да им бидам
Убаво ти рекоа погоре,има да го баталиш одма,во овој момент.И осигурај се дека на тебе нема да ти направи нешто,а он ако сака нека се убива,психопат. За такви машки ми иде да викнам двајца,тројца другари да го држат,додека јас го тепам шамари и клоци.Или со каиш,по лицето. Па и ти си го слушала,не знам зошто...
Збори во полиција, осигурај се како можиш да бидиш заштитена од лудаков, еден извесен период движи се само во друштво на блиски и познати луѓе. За твое добро. Ако треба и преку порака раскини му само за да не бидиш сама во моментот кога треба да му раскиниш. Знам дека тоа е најглупавиот начин на раскинвуање ама искрено јас сум загрижена за твојата безбедност према ова што го опиша, не за неговата.
Сум била во ваква ситуација, многу добро знам како е, дотичниот при секоја наша кавга му се слошуваше, глумеше дека е во болница, па демек за Германија ќе одеше, па не знам што, па кога виде дека не сум толку наивна и не паѓам на ефтини и прости приказни, почна да ги гњави сите околу мене. И јас ќе ти кажам да го откачиш колку што е можно побрзо, зошто со вакви луѓе немаш иднина, барем не добра. Советите да зборуваш со него не ми се допаѓаат, пошто колку и да зборуваш тој може да се смени на саат време после пак истото ќе биде, пошто очигледно дека се работи за психопат. Во мојот случај беше проблем фб, зошто тогаш не користев инстаграм. Зошто овој ми лајкнал, зошто оној ми лајкнал, зошто ми бил зафатен телефонот, што сум имала да зборам со другарки кога цел ден сме биле заедно у школо или па кога ќе излезев некаде ќе се довлечкаше и тој, кусо да не е. Не знам јас од дома никогаш не сум била контролирана, ниту пак ми поставувале некакви забрани со кого да се дружам или со кого да излегувам, каде да излегувам па така тој начин на живот кој за среќа на траеше долго ми пречеше многу. Од самата помисла и ден денес се ежам, да не можам да отидам до кај другарка без тој да ми ѕвони 10 пати или пак да не можам да испијам едно кафе у центар со друштво без и тој да се довлечка, мислам страшно. Таквите луѓе не се менуваат никогаш. И самата кажа во најубавите години си, не си должна да трпиш никого можеш слободно да ставиш крај на таквата врска, да си го смениш бројот, да го блокираш од секаде, а ако продолжи да ти досаѓа зборувај со твоите, никој нема право да те малтретира на овој начин. Заслужуваш нешто подобро и точка. Башка самата си кажа дека не го сакаш, тоа е доволна причина да го шутнеш во моментот.
@Megannn ако после шест месеци е ваков замисли каков би бил после година па и две. Или во брак? Нема да можеш да отидеш ниту до најблиската продавница а не пак до комшиката на кафе. Дали ти сакаш таков живот? Не, нели? Добро е што си свесна за тоа. Те удрил? Па мене мој родител ме нема удрено а не пак некој мочко? Без разлика дали се работи за бившиот или сегашниот. Не дозволувај да те понижува, ниту тој ниту некој друг. Се прашувам зошто не си прекинала до сега со него? Нека се заканува, нека урла, куче што лае не каса. И да направи нешто, ќе го пријавиш фино лепо и чао пријатно, ќе добие забрана за приближување. Кажи на некому, ако имаш постар брат или братучед, роднина или дома. Не го криј тоа. Подобро на време, отколку да чекаш да биде полошо. Болна љубомора е тоа, не се лечи, бегај додека можеш.
Ви благодарам многу на советите Денеска повторно имав непријатна случка со него, бев излезена и за 5 мин се нацрта пред мене, ми вика "Кој го праша ти, на кој кажа дека ќе излегуваш? Оди си дома одма. " Не го послушав нормално. Ниту е изневерен, ниту излажан од моја страна, што му е во главата не знам. На ignore ми е од прееска , му кажав не сакам да збориме, ама знам дека до вечер пак ќе ме побара и ќе моли и колне да не бидам лута.. а не сум лута, само повредена сум од неговото нечовечно однесување. Досега мислев дека до мене е, јас дека сум крива што така се однесуваат и тој и бившиот (на времето ) и единствена грешка ми е што многу сум добра, ваљда..
Ќе ти кажам нешто за кое и сама си свесна - што побрзо да се тргнеш од него и да раскинете, не е он никакво фактор да ти кажува со кои другарки ти ќе искачаш и каде ќе одиш. Не си смеела да дозволиш некој да ти брише инстаграм и пријатели на снепчет, ама ајде кога веќе се десило нема друго што да те посоветуваме освен да фаќаш патот и да бегаш. Приметувам кај него ниска самодоверба пропратна со комплекси дека не е доволно добар како бившиот/за тебе па на насилен начин пробува да те задржи крај себе. Психопат, социопат како сакаш наречи го, без соодветен третман нема здрава врска со него. Зборувај со твоите дома или со блиски пријатели, а пожелно и со неговите ако си во можност дека и да раскинете некое време најверојатно нема да те остави на мир.
@Megannn Зошто дозволуваш некој како што и сама го нарече психопат да се изживува врз тебе? Зошто? Никој не е толку вреден, никој. Плус, не ни го сакаш, тоа ти е предност. Прво ти е грешка што си се фатила со него колку да го заборавиш бившиот, значи дечко бивш не се заборава со фаќање нов дечко, само повеќе ти се копаат раните од минатото. Ако не го сакаш одма чао и не се мисли ич ич ич. Ама баш ич. И јас бев во слична ситуација, се` за мое добро ми зборуваше и правеше дечкото, јас сеуште се тешам и сум му благодарна што ме слезе малце на земја, пошо правев многу лоши работи и ми забрана се`, ама кога ќе видам дека на некоја дру
Откако излегов од тригодишна врска, која траеше од средно до факс, решив дека сакам да бидам сингл се додека не ми се здосади зашто три години врска за некој толку млад е стварно многу, барем според мене. Арно ама кратко потоа запознав еден друг дечко со кој моментално сум во врска повеќе од година и супер беше се, но веќе извесен период почнувам да се осеќам пригушено поради тоа што се осеќам како цел живот да сум во врска. Веќе години уназад јас го немам осетено она да ти се здосади да си сингл и да сакаш да бидеш со некој. Додека моите другарки флертуваа и одеа по дејтови, јас бев во врска. Не ме сфаќајте погрешно, јас не се каам што сум била во врска и верувам дека тоа си има свои предности, но никогаш не сум го имала тој период на флертување и дејтање. Проблемот е што сакам да бидам слободна, но многу го сакам дечково, и нормално овие две работи не одат заедно. Не знам што да правам искрено, до сега што правев муабет, некои ме советуваа да излезам од врска и да искусам сингл живот зашто сега ми се годините и после ќе сум се каела, други ми викаат да останам со дечково. Кога се замислувам сингл, сфаќам дека дечково ќе ми фали. Кога се замислувам со него, се осеќам како да не можам да издржам уште долго во врска. Морам да одлучам наскоро, бидејќи не сакам да си поигрувам со неговите чувства. Совет?
@Freya123 да сакаше да бидиш со него немаше така да размислуваш. Подобро биди со сингл ако сакаш да уживаш во слободата и младоста.
Фреја, застани малку седни и размисли. Ако навистина си ти вљубена во оној правиот и ја има таа "хемија" меѓу вас двајца како што велиш зошто би помислувала на разделба и сингл?! Вљубен човек што бескрајно го сака неговиот партнер при самата помисла раскинување и сингл се гуши во истото чуство бидејки е вљубен и не сака да го изгуби ни под разно саканиот. А твоиве мисли не ми изгледаат баш како на вљубеност и сериозност навистина. Дечкото ти е само навика, го сакаш ама не на тој вистински начин за да продолжиш во врска туку на другарска и пријатна друштвена база. Да така, излези од врскава штом се гушиш, ден два ќе осетиш што чуствуваш и реално што сакаш, или евентуално дај си пауза со дечкото.. па отпосле ќе сумираш што си изгубила а што добила. Излези малку и уживај, излуфтирај се од се околу тебе што те гуши но, никогаш немој да мислиш дека ако си било во долги врски не си изживеала и не си поминала младост бидејки малдоста и изживувањето на истата би можела да ја изкусиш и со партнер и тоа на ист начин и со ист интезитет како сингл не менува ништо освен чуството да менуваш партнери и да флертуваш со најразлични што всушност и не е некое видно и восхитувачко достигнување, верувај.
Вчера му реков на дечко ми дека е глупав што става лајк кај секоја што ќе стигне. Вечерта требаше да се видиме, не ми се јави, му се јавував многу пати и му пишав и две пораки. Секакви мисли ми поминаа низ глава ... Ова што не се јавува значи крај на врската, а не сака да ми каже ? Па нека се јави нека каже. Не знам јас какви игри се овие. Се мислам пак дали да му се јавувам или не. Се осеќам како 15 години да имам
Не ти јавува откако му рече за ова со лајковите? Можеби телефонот му е на безвучно спие или јади во другата соба... Ова ти го велам за да се смириш зошто такви работи се можни реално гледано. Крај да значи без ти да знајш - не вервам, ако решил да раскини на глуп начин барем порака ќе ти пишеше ама во секој случај лошо е и така. Зошто ова беше вчера, дали зборнавте од после? Навистина се надевам ќе се среди. @pupi.girl
Мислам дека до сега видел дека сум му пишала и дека сум му вртела. Сега би требало да е на работа, освен ако не се случило нешто. Нека каже како што треба, само ме изнервира, а ако сака да ми се скара и порака нека пише ама барем да знам дека сме скарани. Вака глупаво е