Мислам дека не е важно колку време се заедно, тој мора да размислува зрело и да се однесува зрело а не да се крие и да не одговара на повиците нели?
Тој има 27 јас 22. Изгледа си бараше причина за кавга си најде. Не може во живо да каже или на телефон па вака со игнорирање сака да се скараме.
Секако дека е важно,неможе ако се 5 дена во врска да се понаша како да се 1-2 години.Дефинитивно дечкото нема потреба да размислува зрело затоа што не ни ја гледа инината со девојкаму.Си барал само мала искра и да си заврши со сегашната врска.
Мојот совет е следен: Млада си,зрела си(барем по она што го прочитав до сега),сакаш сериозен дечко за сериозна врска,не сакаш играчки и децки работи.Батали го што сака нека прави,заклучокот е дека си барал искра за да пукне она што го имате,веќе не си му интересна и не е заинтересиран за тебе,само сакал што поскоро да те откачи и да си тера со животот. За годините нема да зборувам само ке кажам УЖАС.
До сега не иницирал кавга и никогаш не сакал да се расправа, ама изгледа тоа е што викаш му се смачи на човекот, па и мене да ти кажам. Постојано истото, а и во овие неколку месеци имав чувство како да не сака многу да се експонира, па можеби и друга си има, кој го знае
Не е убаво тоа што го прави, ако сакал да и раскине нека и кае, нема овде трте мрте, 27 години е, утре фамилија ќе гради, по првата сериозна кавга нема и дома да спие?
@pupi.girl можеби треба да го оставиш, не затоа што лајкува слики или те игнорира, туку затоа што е незрел за неговите години. 27 викаш а вака се однесува. Па ќе дојдете понатака до посериозни нешта со кои треба да се соочите, пак ќе се повлекува? Не ти треба таков. А и да те сакаше немаше да те игнорира, ајде еден ден, ама па повеќе?? Остави да видиш сега дали ќе те побара тој тебе, додека ти го бараш си го дига тој егото.
Според она што го кажа мојот заклучок е тој,дека си му здосадила и му е веројатно монотоно.Па може сака да е сам,или па како што кажа можеби и нашол друга.Ете гледаш се поклопува она што си го осеќала со ова што се случува.Јас мислам дека немаш потреба да се замараш што како биднало зашто биднало,сепак се премалку 2 месеци врска за толку да се замараш,да се замарал он за тебе ке било многу по друго.
Ќе оставам сега ќе си го држам телефонот подалеку од мене. Не го знаев дечкото јас, ниту па некој да го знае него и да ми каже каков е. Монотоно беше во смисла одење на исти места и настојување секогаш јас да зборувам. Најинтересно е што тој мене индиректно ми покажал дека ме сака, а јас му реков дека го сакам за да видам како ќе реагира
Немаш потреба повеќе да се замараш со него,он си го направил неговото и се виде колку си му значела.Така да батали си го на време како што и другите членови те советуваа,со таков само проблеми и неубави спомени ке имаш.Дечкото сакал раскинал го нема и готово,гледај си напред и гледај тебе да ти е убаво А за 2 месеци сакање далеку е тоа,имало многу време до сакање.
Hey zdravo devojki, mi treba nekoja kreativna ideja . Za 1 nedela so decko mi ce slavime 2 godini od vrska , pa sakam da go iznenaden i da mu kupam nesto ama ne znma so. Parfemi mecki kucki ne sakam sakam nesto kreativno i uknikatno...
Пупи ќе згрешиш ако се вратиш со тој човек да знаеш. Човек велат од грешки се учи и надоградува, кај тебе веќе една грешка има и постои, научи и процени да не ја направиш и втората како во овој случај со овој проблем. Велиш има 27 години, реално на 27 години зрел маж веќе размислува за сериозни врска и понатамошен брак. Прави планови и идеи и ужива во врската уз девојката што ја сака, но, овој човек што е покрај тебе е далеку од зрел и најискрено не ве гледам во никаква иднина со ваквиот негов однос. На 27 години да имам девојка и сериозна врска и да лајкнувам секоја голотија што ќе ми излезе на фб е бљувотина најреално, знаеш.. она сељачкото кога сељак седи у кафана и манијачи девојки. Мене не би ми било сеедно а притоа врднаш би сватила дека типов не чуствува баш и нешто реално за мене. Според мене тоа е подсмев, едно е да лајкнуваш а друго е се живо да лајкнуваш што видиш. Реално сепак секој се доживува различно на тие години но твокот дечко бар во блиска иднина покрај постапките не се доживува во нешто сериозно. Друго и поважно е дека ако денес од мравка направиме слон и го дигнеме носот до небо со нејавување и криење пред вистината што останало за утре во брак. Планира да не си дојде воопшто дома ако се скарате?! Размисли?! А и грешиш што му ѕвониш да знаеш.
За се што напиша си во право, јас изгледа не сум имала среќа што ми се погодил тој да ми е дечко. Што сак нека си прави, мене не ме гледа веќе.
@pupi.girl Токму така Пупи, многу добро ти кажала Витаминка. Лајкнувањето секакви разголени желни за внимание на фејсбук е типична карактеристика на 15-годишен тинејџер, т.е на недораснато машко кое во животот жена на видел, ама на 27 така да се однесува е сосема трето. Никој не вели дека на 27 тој да биде смртно озбилен и да мора одма да се жени, ама тоа сепак не му ја оправдува постапката. Едно е слики од некои славни личности, друго е на девојки од околината.
Па, тоа зависи и од буџетот со кој располагаш. Рачен часовник е за 90% од машките полн погодок, на пример... Зборуваме за подарок кој не е купен “ради реда“, нели, туку кој има и конкретна намена.
Пупи ти си девојкаа што имаше аватар со розева штикла или грешам?! Размислувај паметно и послушај повозрасен муабет па размисли за понатаму. Седни и напиши му порака, ете баш ваква со таа морална вредност што сите ти ја пишавме и затвори со него. Ќе си најдеш посериозен дечко со посериозен карактер и памет во главата, не се тупи со некого без врска наместо да уживаш ти на овие години ќе се јадосуваш со недозреасност и сељачизам.
Да јас сум таа со штиклите розови. Епа толку, јас не можам веќе да се замарам и нервирам, му кажав на полеток дека ако ме нервора нема да испадне ништо. Фала ви на сите за сите за советите
Женски,имам еден проблем ама не е за мене.Братучед ми има нова девојка,од почетокот се немавме многу ама после неколку време што се дружевме заедно и се зближивме ептен,сега ми е една од најдобрите другарки.Ама тој ми призна дека уште ја сака бившата,колку и да се трудел да ја засака не можел а убаво му било.А и она ме прашува у последно време дека баш не им е како што треба.Таа многу го сака,претерано дури и не е убаво толку,а е една добра личност што има големо срце,на никој лошо не може да помисли.Сега не знам дали да и кажам,не сакам да се мешам во никој случај,од една страна братучед ми,заедно пораснавме како брат ми е,од друга страна таа,жал ми е за неа повеќе.Не знам како да постапам,ја нема изневерено,не е таков ама ја има повредено во некои мигови што на неа многу и значат.Не знам што да правам,вие да сте на мое место како ќе постапите ?