@Zeynep Не се мешај никако во таа ситуација,да не ги загубиш и двајцата. Нивна работа си е. Што ќе ти каже едниот не го пренесувај на другиот и обратно. Тоа ти е единствен начин да останеш во добар контакт со двајцата.
Се согласувам со @Waka-waka Колку и да сте блиски, не се мешај. Никогаш. Во туѓи врски не се меша. Најверојатно се доволно зрели за сами да си ги решат проблемите а не некој од страна да им ги решава.
@Zeynep Нема што ти и кажуваш на неа, туку кога веќе тој ти се доверил, посоветувај го него во што поскоро време да му каже на девојчето тој лично. Кога веќе знаеш дека не ја сака, барем на индиректен начин придонеси за нејзиното што помало повредување. Навистина кој заслужува вака да си играат со него и таа да живее во заблуда.
Јас на твое место би разговарала со братучед ти. Доколку ти признал дека ја сака бившата, значи дека сте блиски и дека можеш искрено да разговараш со него. Иако не е лесно да ја знаеш вистината, сепак тоа е нивна врска и не е убаво ти да и кажуваш или било како да се мешаш.
Да,се ми кажува тој на мене баш се,јас истото му го кажав да ја остави ако не осеќа ништо спрема неа,тој ништо не ми одговори само кажа дека знаел нема да најде девојка како неа.А ако раскинат па таа секако ќе ме праша дали сум знаела,бидејќи знае дека ние се си кажуваме,не ќе можам да ја излажам дека не сум знаела и не знам како ќе испадне на крај,братучед ми секогаш ќе го имам ама неа не знам
@Zeynep За да не ја изгубиш како пријателка, подобро одвлечкај го него кај неа и притисни го да и каже. Така ем нема да бидеш ти таа што ќе и кажеш, а потоа ем ќе ти се заблагодари што си го приморала да и ја каже вистината. Навистина секако не е фер. Значи немал да најде девојка како неа, златна и убава, па ај ќе си ја чува, нели сигурна му е, а тој по друга ќе си фантазира Бре бре, многу златен тој. Од друга страна, ти мислиш да не ја изгубиш како пријателка, тој како девојка, а јас велам ако одма не и кажете, сметајте дека ододамна сте ја изгубиле. Вие си мислите само за вас.
@SunnyGirl2 Твојот бивши на сестра ти и велел дека има секси глас. Па нема некое скриено космично значење Затоа е и бивши.
Јас мислам за двајцата.Ама од друга страна сепак тие се во врска,немам јас што да се мешам,ама криво ми е затоа совет побарав.
Немој да и кажеш.Не се мешај.Едноставно тие најдобро си знаат,нема што крива да се осеќаш па фала богу нема да го предадеш братучед ти...А за другарка ти,ако раскинат мора да свати дека на тесно си била и да си знаела не било твое да и кажеш.Толку.
Немој да и кажеш ништо, да не испаднеш на крај ти крива. Така и јас се зафркнав еднаш, и испаднав дека јас сум расипувач на врски. Затоа на некој начин чувај ја "тајната" на братучед ти, па ништо не му знаеш, можда му треба уште малу време за да ја засака
@Outlook @vitamina @Marick14 @Bitter-Sweet дечки фала ви за советите. Ги прочитав ама се исподешаваа други глупости во меѓувреме. Раскинавме со дечкото по негова иницијатива и по неколку дена сакаше пак да се смириме зашто сфатил дека можеме да ги надминеме проблемите и океј, се смиривме и ми раскина пак утредента, со причина дека он е сигурен дека јас нема да се сменам и дека се ќе продолжи по старо, и покрај тоа што дојдовме до некој компромис кој и на двајцата ни одговараше. Не го разбирам искрено, самиот сакаше да раскинеме, па плачеше да се смириме, па сега кога се смиривме сепак да раскинеме зашто нема да ни оди?! Искрено не верувам дека е друга женска во прашање, јас знам дека направив некои грешки што до некаде беа пресудни, ама па не иде и вака. Се осеќам како да требаше да му глумам нешто ладна наместо да прифатам пак врска, зашто вака испаѓа додека не му обрнував внимание тие неколку дена дур бевме раскинати му фалев, сега кога го доби веќе не му е интересно... Не знам искрено, ако знаете вие слободно споделете зашто јас ги губам нервите малку.
@Freya123 штом тој ти раскинал, за што бараш совет? Гледаш дека ни самиот не знае што сака, ништо чудно и ако пак ти рече да се смирите но немој. Остави го зад себе. Денес едно утре друго, не може така. Кога ќе сакаш навистина да си во врска ќе биде поинаку а со овој веќе не контактирај оти пак ќе се премисли и уште којзнае колку пати.
Девојќи помош! Значи со дечкоми одиме веќе скоро 2 години и двајцата имаме 18години и на почеток се беше убаво јас бев малку ладна и постојано излегував со другарки со него ретко а тој нонстоп ме бараше да излеваме заедно а јас не..бев затрескана по другарките и сега многу се каам,многу ми е мака.Го сакам многу многу и тој сега се смени почна да се понаша како што бев јас порано ладен е со мене, не се замара толко многу,не ме бара нонстоп како што го правеше тоа порано и кога и да излеземе ми вели дека врската ни виси на конче дека ќе ми раскине,ќе ме изненадил некој ден ненадејно да ми раскине..дека сакал да биде слободен малку..не сакал да се врзува за некој толку многу... Не знам што да правам секој ден се караме....стварно многу го сакам и се каам за се од порано ве молам помогнете ми!! Советт!
Значи вака.. Бендисував едно машко од другиот клас, и таман почна и тој да ме бендисува другарка ми му пишала на фб и од тогаш си пишуваат. А таја од почетоко знаеше дека многу го бендисувам и ми се фалеше демек тој и пишувал ја бендисувал и сл.. Некој совет дали да продолжам да се дружам со нејзе и како да се однесувам спрема нејзе? А инаку блиска другарка ми беше..
А ти зашто не му пиша? Што чекаше? Па ако ти е блиска другарка нема да пишува со тој што ти се допаѓа...