Мое мислење, да му раскиниш на дечко ти. Ако е толку предобар колку што кажуваш не е фер да го лажиш и да си со него со сила. Ќе си најде некоја што ќе го сака како што заслужува. Ти пробај си со новиот ако ти е ќеф, само немој во никој случај двата истовремено да ги лажиш. Кога нема љубов, џабе е врската.
Што и да направиш, прво биди искрена со себе си, а потоа и со другите. Ако навистина после месец дена од кога се знаете со колегата, немаш никакви чувства кон дечко ти со кој си била подолго време, преиспитај се дали воопшто се уште чувстваш нешто кон него, или се е само навика? Најмногу што можеш да направиш за дечко ти, е да бидеш искрена кон него, ќе биде лут, повреден, но барем нема да имаш грижа на совест дека си го лажела. И да останиш со него, ако немаш емоции кон него, ако не те привлекува, остануваш во нефункционална врска на која кога - тогаш ќе и дојде крај, само што ќе изгубиш една прилика да си со некој што го сакаш. Ако се било супер во врската и си го сакала дечкото, не би настанала оваа ситуација нели? Сигурно некаде шкрипело. Што се однесува до колегата во кој си вљубена, прво размисли дали е всушност љубов или тоа е првична еуфорија и возбуда. Но и неговата постапка е ок, сака прво да расчистиш со дечкото, па потоа со него, што е сосема во ред.
@s1a1n1d1r1a1 и @MissPagane девојки искрено ви благодарам на советите, ми значат и тоа многу. Сигурна сум дека не го сакам дечко ми повеќе, тој е најдобриот човек кој го познавам, ми беше најголема подршка, секогаш мислеше само на мене, ме запозна со сите, сериозни намери има со мене и ете не знам, немам храброст да му раскинам зошто знам дека тоа ќе го повреди и скрши најмногу. Многу ми е тешко и не знам ете можеби сум себична што си мислам само на себе ама не гледам многу излези од ситуацијата. Јас не сакам да лажам или да се зафракавам со никого и мене ме вознемирува ситуацијата најмногу од се, воопшто не ми е сеедно. @MissPagane не е ред да зборувам за ова ама јас потекнувам од едно нефункционално семејство, каде што не би било искажано љубов од мајка или татко. Напротив и двајцата си ги гледаа сопствените животи и не им беше гајле за мене. Сметам дека таму е проблемот, не знам да засакам, го сакав дечко ми ама се оладив. А сме немале некои посебни проблеми, може не бев спремна за толку сериозна врска. Дечко ми е предобар со мене, греота е да кажам и еден лош збор и не насетува ништо, барем јас така мислам ама сеедно не сум толку храбра за да му раскинам, го немам тоа срце. Ако му кажам дека сакам да прекинеме знам дека ќе го повредам премногу, ќе почне да плаче, да ме моли да се смириме, а тоа нема да можам да го издржам чуствителна сум и пак ќе попуштам ќе се смириме иако не го сакам. Другарка ми ми вели нема смисла да си уништуваш прекрасна врска ради глупости ама колку може да биде добра една врска ако љубовта е еднострана? Во врска со колегата сега гледам дека сум испуштила еден битен детал - тој е поранешен затвореник. Долга и широка е приказната зошто тој работи во фирмата кај што работам јас, нема да изнесувам детали, не се ни битни сега.
@loveyouuu Тоа што потекнуваш од такво семејство, гледај на тоа како на некоја предност во смисла дека знаеш дека мора да се избориш сама, но и како нешто што не сакаш да го доживее твое дете во иднина. Сепак, тој однос меѓу твоите родители е резултат на баш таква, врска без љубов, кој би знаел, луѓето се менуваат, емоциите исто. Но чим ги поставуваш овие прашања не сметам дека не знаеш да засакаш, затоа што ако беше така немаше ни да размислуваш дали дечко ти ќе биде повреден или не. Значи, сепак го сакаш, на некој начин. Можеби имаш потреба од повеќе внимание, кое ете, сега си го добила од колегата, и те разбирам, возбудата и еуфоријата често не водат кон чекори за кои подоца се каеме. Додека, со дечко си ете, во сериозна врска која си ја започнала прерано. Размисли, можеби ова двоумење не е исклучиво дека си се загледала во колегата, туку е можеби еден страв дека прерано си во сериозна врска, и дека можеби нешто пропушташ. Немам предрасуди кон тоа дека колегата е бивш затвореник, не знам околности, можеби и невин лежел затвор, но немој да изгубиш добар човек, за моментални симпатии. И фактот што го спомнуваш тоа, сигурно и тебе не ти е сеедно, нели.
Дечки и девојки ми треба совет, што мислите дека е причната за следново: Се запознавме со еден дечко пред две недели, и цела недела се гледавме на семинар,секојдневно. Мислам дека се родија меѓустрани симпатии,и комуникацијата ни беше супер.Се наметна муабет за пиење пиво,повеќе некако од негова страна, и јас некако очекував дека до сега ќе ме викне..Се додадовме на фб, првите денови зборувавме,се супер, но еве недела дена си немаме пишано, а од пивото ни п. Што би можело да е причината? Јас разумно си размислувам и си викам дека 90% е дека не му се свиѓам инаку зошто инаку не би ме викнал,стварно супер ни беше запознавањето. Што друго би можело да биде? Што мислите? Машки? Девојки? Слично искуство, можеби?
Па ако било повеќе од негова страна можеби си мисли тој дека тебе не ти се допаѓа. Јас би му пишала и би го викнала на пиво. Не мора тој да те викне само. Пробај. Како и да испаде барем ќе си знаеш и нема да ти остани во мисла што би било кога би било
@loveyouuu Не избрзувај со одлуките, да не се каеш во иднина и во секој нареден дечко да го бараш момчето кое те сакало и ценело. Да го оставиш момчето за некој колега што едвај го знаеш... Плус 17 години е постар ... Денешно време стварно е тешко да најдеш човек во вистинска смисла кој ќе те поддржува, сака и цени, но со сила убавина не бива.
Јас мислам дека кога веќе спомнал пиење и слично секако сакал да испадне со тебе, задени го ти некогаш,не мора тој да викне, мислам дека му се свиѓаш, ама можеби има некако погрешка протолувано некоја твоја реакција па да мисли дека не сакаш или дека дека не ти се свиѓа тој тебе..
Премногу размислував и дојдов до следниот заклучок. Јас дечко ми не го сакам, колку сум го и сакала некогаш е знак прашалник. Пишав погоре дека сум од нефункционално семејство, никој никогаш не ми покажал љубов, посветил внимание, сите си ги гледале сопствените животи а се однесувала како јас да не постојам. Признавам дека ми годеше тоа, да сум му на прво место, да ме сака, почитува, подржува ама не се заљубив во него никогаш, само ми годеше вниманието и тоа е тоа. Јас сум со став дека ако нема љубов, сигурно дека врската треба да заврши. Не би сакала некој мене да ме лаже и завлечува, па поради тоа и јас не сакам да го лажам, ниту дечко ми, ниту колегата. Најдобро би било за почеток да раскинам со дечко ми, но не знам како да му го кажам тоа на безболен начин, не сакам да го повредам тој не го заслужува тоа.
@loveyouuu во дечко ти не си вљубена, ок за тоа си сигурна а што ќе биде откако ќе му раскинеш? Ќе се впуштиш во авантура со колегата ? А во него вљубена ли си или само ти дојде добро внимание од страна, па вака е повозбудливо ? Друго, немој да се сожалуваш себеси као родителите не ти покажале љубов и да си го комплицираш животот, гледај си за тебе твојот живот да биде среден, немој да си ја трескаш главата отпосле зошто му раскинав на дечкото зашто и со тој колегата може по некое време ќе увидиш дека само првична занес било (додуша јас и не сфатив што очекуваш од него) и штом бил бивш затвореник размисли се два пати. А да, и нема начин дечко ти да не биде повреден ако му раскинеш.
Ова не е проблем туку е двоумење како да постапам. Во фаза на запознавање сме со дечко кој до сега имам излезено два пати. Не навалувам, не сум напорна тврдам ништо од тоа! Првиот пат ме покани тој, вториот јас по онаа женска логика сега на него е редот. Но некако деновиве е зафатен точно ми кажа што како има планови и го нема постојано на два-три дена јас го прашувам како е дали е добар се ќе каже ама не ме прашува за мене (знам ситничарам, ама таква сум си). Моето конкретно прашање е дали да чекам он да ме викне за повторно да излеземе или пак едноставно бидејќи ми е стало да потегнам јас прва и да знам на што сум си? Секогаш меѓу другото кога сум чекала не сум дочекувала и си велам да сменам нешто да пробам јас на почеток па и поголема заинтересираност да покажам. Ви благодарам форумџии на однапред кажаното мислење.
Ако тој не те прашува што правиш ти, како си и дали имаш планови некои освен да излезеш со него, мислам дека не е заинтересиран да се гледа со тебе. Мислам дека ти покажа доволно голема заинтересираност со тоа што си го викнала ти да се видите. Не му пушувај веќе, можеби е од оние мажи што егото му е на прво место. Ако те покани тој да излезите добро, ако не да си излезиш со некој друг
@loveyouuu Велиш колегата твој е бивши затвореник - и те како е битен детал тоа ( барем за мене) . Испитај ја убаво ситуацијата пред да се впуштиш во било што. Плус тоа е 17 години постар од тебе . Од друга страна велиш дека имаш прекрасен дечко кој те сака, те почитува , те поддржува и слично, што е да признаам, навистина тешко да се најде на денешно време човек во вистинска смисла. Убавина на сила не бива- тоа да, но мој совет е да размислиш убаво за се пред да донесеш било каква одлука. Да не се каеш после.
Не е некој си проблем , но моментално мене ми е ко планина на грб . Е вака еден период бев константно нервозна и за се нешто му се лутев и негодував , и знам дека ја претерав ! Последнава недела некако како да е ладен кон мене , но пак се јавува да ме слушне и сл. но со пола уста ми збори на тел . Е дајте совет како да ја оправам работава ? Се извинив едно 3 пати ама некако нема некој напредок , ова ни е да речам прва ваква ситуација , никогаш не сме се скарале за ништо , ни за најголемите проблеми . Мислев да му купам нешто убаво за периодов во кој е моментално една убава работа му се случи , и пивце со тоа се разбира и уз тоа уште еднаш да се извинам длабоко. Срце ми се кине кога едвај ми збори , се дистанцира , мислам и на него се му се собра ...... Знам дека сакаше да олабави почесто почна со другарите да се гледа , после тоа го осеќам дека е посмирен , порасположен . За сакање знам дека за мене душа ќе даде ако треба ..... Сама си ја заебав никој не ми е крив . Помош да ја средам работава ? Не можам да издржам веќе вака .....
Да бивши затвореник е ама јас не реков дека веднаш ќе се мажам со него. Многу размислував и навистина не би сакала да брзам со ништо, зошто секогаш кога ќе избрзам носам погрешна одлука. Годините не се пречка, сакам убаво да го запознаам, па потоа ќе одлучам било што. Многу се залетав, признавам. Дечко ми, не викам дека ми беше лошо со него или дека не ме сака ама што дека кога јас не го сакам? Сите ми викаат остани со дечко ти, па со дечко ти остани. Значи океј си е, убаво е да имаш покрај себе човек кој те сака и почитува ама што кога јас не го сакам? Навистина не ја гледам смислата да бидам со човек кој не го сакам. За една врска да функционира нормално како што треба, треба да има двострана љубов, во спротивно знаеме дека се паѓа во вода. @Miss.M5 далеку од тоа дека се сожалувам себеси, ниту пак барам некој да ме сожалува. Тоа беше во контекст со темата затоа и го пишав. Јас не сакам да осудувам никого, а најмалку колегата бидејќи е бивши затвореник. Пишав погоре дека нема да избрзувам со ништо, ќе оставам на времето да видам како ќе се одвиваат работите.
@loveyouuu нормално дека ти нема одма да се мажиш за него, можеби погрешно си ме сватила.. За останатото веќе реков во постот - со сила убавина не бидува - ако не го сакаш и сметаш дека сето тоа не едоволно остави го дечко ти . Одлучи сама тоа што мислиш дека тебе ќе ти е добро.
@loveyouuu , одлуката,гледам, веќе си ја донела, така да околу тоа нема што уште да се каже. Во однос на раскинувањето, сметам дека тој добар човек покрај тебе ја заслужи вистината, ако не повеќе. Мое е да те предупредам дека тоа нема да биде пријатно, и дека, ти гарантирам, за оваа одлука ќе се покаеш за едно 3-4 години,можеби и порано.Не е тоанедостаток на љубов, тоа е желба за нешто друго, различно од онојединствениот во животот.Само да знаеш, добрите мажи се многу ретки, а жените кои ги имаат вистински среќнички, затоа размисли уште еднаш пред да пресечеш