Што ќе дознае ? Таа немала врска со него, се виделе два пати и толку. За нас не беше полошо, јас сфатив некои важни работи тогаш, едниот знаеше се, другиот не, и до ден денес не знае и нема потреба да знае, за него беше доволно не оди и тоа е, секој на своја страна. Можеби згрешив, не знам ама го поштедив од сознанието дека другиот успеа да се протне помеѓу и ме изгуби за секогаш. Немаше потреба да знае тој иако знаел дека тој со месеци се мота насекаде околу мене. Да го сакав доволно силно немаше да се случи тоа, да го сакав толку многу вториот ќе го толерирав и ќе си правевме како и претходно со години пушти - фати, и конечно расчистивме т.е јас расчистив со него. И не се каам до ден денес, точно заврши и тоа со тој што врската беше поквалитетна ама имаше и др работи помеѓу така што ни за тоа нема каење.
Дали ви се случило да излезете со дечко, еднаш,двапати,трипати, а потоа наеднаш да ви здосади, да изгубите интерес....Откако раскинав со мојот бивши со кој одев година и месец мислам дека се сменив, не во смисла дека уште ми фали(брзо го преболив), мислам дека ги качив малку критериумите.... Но веќе помина година, досега само со еден дечко се чуствував знаете онака баш исполнето, се чуствуваше дека има хемија, муабетот супер, и после 2 недели дознавам дека тој уствари има женска...Помина време, се гледав и со други дечки, пред да дојде моментот до гледање, се океј, ќе се видиме, или не оди муабет или нема хемија....и толку. Се прашувам дали е проблемот до мене, што ми се случува, зошто не можам да засакам никој, или кога ќе испадне некој што ми одговара испаѓа трет проблем. Инаку имам 18 години, знам дека има време за се, за некој месец ќе отидам на факс но сакам повторно да се почуствувам заљубено.... Понекогаш мислам дека тоа е поради дечкото кој го запознав на фб. Го запознав пред 7 месеци, тој ми пиша, и отогаш нон-стоп пишевме, тој е далеку од мојот роден град, ама студира во градот кај што ќе идам јас за некој месец. Нашата комуникација трае уште, иако сега ретко пишуваме зашто нема смисла со некој нон-стоп да пишуваш а да го немаш запознаено. Не знам зошто, но чуствувам како да се опседнав со него, сите момци ги споредувам со него, барам нешто како него...и постојано мислам на денот кога ќе го запознам. Се чуствувам многу никакво и глупаво...Знаете не е исто на фб и во живо, се додека некој не го запознаеш во живо, според мене е заблуда, си смислувате таква совшрена слика.... Се надевам дека ќе го запознам во скоро време и да не ми одговара, барем ќе ми олесни душава..Дали е ова само период, дали сте се чуствувале како мене?
Јас се водев по тоа дека не треба никому да судиме ради минатото. И сеуште сметам дека секој човек заслужува втора шанса, за било што. Ама едно е теоријата и она што ние тука го пишуваме, друго е праксата. Јас сакав со него да зборам, зошто имав слушнато дека ради кражби бил во затвор, дека татко му се знаел со шефот наш па го примиле и ред други работи ама сакав вистината да ја слушнам од него. Индиректно сакав да зборуваме, го распрашував ама тој дали се срамеше, дали сакаше да сокрие вешто ја одбегнуваше таа тема и јас не настојував, му кажав ако сакаш некогаш кажи ми ако не не мораш. Во право сте, со двете раце потпишувам. Се занесов премногу, вчера плачев ама денес сум добра. За 3 дена ќе ми мине и ова, денес не го ни погледнав камоли муабет да му правам. Кога си размислив реално, дојдов со следниот заклучок. Тој возрасен маж (скоро) 35 години зошто до денес нема свое семејство? Или ајде тоа не е некое правило дека ако има 35 мора да е женет, ами зошто трча по деца од 18,19 години, зошто не си најде девојка на своја возраст? Често е поттечен во очите, почнаа да зборуваат дека земал дрога ама не знам колку е точно. Фала му што ме шутна, зошто не планирав да заглагувам со него во проблеми и да се влечам како куче по него. Со такви луѓе нема иднина. Ви благодарам на сите за советите, ми помогнавте.
Толку многу сте разлика во години ? Многу е тоа девојче, не требало воопшто да се чепка со тебе, ти си дете за него. А за она "не треба да судиме според минатото" така е ама ако се однесува на човек кој се труди да го смени својот начин на живот, за тој што се труди за нешто подобро и дава се од себе, инаку минатото делумно ни ја оформува иднината. Млада си многу сеуште има време за се. Патем, мажите не се некои цвеќиња, не сме ни ние ама ете водиме борба едни против други де хахха мал совет, кога ќе тргнеш со еден човек, држи се до еден додека не видиш каде оди тоа, не мешај трет во врската затоа што (барем со мене е така) и двајцата ќе ги баталиш. Затоа еден, полека и без многу надежи и планови, се да си дојде на свое место во свое време. Си се занела па, дете си така речи, многу постари од тебе се занесуваат па, ништо. Важно е што тој се повлекол, а ти сега седи мирна и не си ја барај бељата.
Уште недела прам година со дечко ми ама две недели монотонија не јади. Две недели не сум спана и денес онака рандом си прам ај да збораме и можам да речам дека скоро се решивме во смисла свесни сме дека завладеа монотонија, дека треба нешто ново, дека нешто фали и слично. Решивме да видиме шо би биле тие нови работи, сега за околу две недели ќе одиме на одмор неколку дена па дали имате некои интересни активности за на одмор шо би правеле? Уште немаме односи, па мислам дека то ќе дојди како баш свежина во врската. Место да играме секој дома, решивме да играме скроз заедно во смисла во иста соба (да, сериозна сум), и му ветив дека ќе одам на барем една забава и дека убо ќе поминам. Исто одамна планиравме ама наскоро планираме да исполниме, да готвиме заедно. Гратис на ова е нешто шо ретко исполнуваме, а тоа е да одиме на собиранки во смисла дискусии на различни теми уз организирани кафе муабети. Нешто друго? И нешто шо би можела да напрам интересно за сега кога ќе си прајме како мала прослава за една година врска? Ви благодарам однапред.
Имајте односи, еднаш ко ни еднаш, од соба нема да излезете И јас така, еднаш одамна... сега како морж на плажа лежам, не може во соба да ме однесе, а не односи да имаме
Во врска сум веќе цел месец,овој ми е прв дечко сум немала до сега Многу ми е убаво со него,јас имам 18 години,тој има 22 и примеќам дека сака нешто повеќе од бакнување а јас сум невина и морам да бидам до брак.Тој ми кажа дека сака озбилно со мене ама не знам јас верувам ама не верувам на машко до тој степен му реков кога ќе се потпишеш,тогаш ќе сум твоја.Не знам дали ќе постапам правилно ако имам и дали ќе биде после тука пак за мене,вие женски што мислете?
Штом мора да бидеш невина до брак,значи семејството ти е строго и мораш по тие правила да се држиш.Јас мислам да не имаш односи ако не си сигурна,сепак ти најубаво си знаеш ама јас не би имала ако знам дека може ќе имам проблеми после.
Ви мрда газенцето и после плачете кога сте оставени. Се додека не се расчисти со претходната врската златно правило е да не почнеш ништо со некој друг додека не си сигурен дека тоа е тоа вистинското. Девојчиња плачат да бидат сакани и покрај себе да имаат дечко што вреди а некои што го имаат тоа го игнорираат. @loveyouuu ништо лично против тебе, се надевам нема да ме сфатиш погрешно, ова општо го напишав не се однесуваше конкретно за тебе но се надевам дека од оваа лекција ќе научиш многу работи во иднина.
Да, скоро 17 години е постар од мене. Во право сте се согласувам, сама волку ја заплеткав работата и се занесов без да размислам за последиците. Дечко ми инсистира да се смириме да одиме на викенд ама му реков ќе размислам. Патем тој не знае за другиот дечко и не знам колку би било правилно да му кажам. Јас немав ништо повеќе со него освен мување и тие работи. Ако му кажам на дечко ми мислам дека ќе ми прости ама потоа сигурно ќе му го споменува тоа, ќе ја изгуби довербата, кавги и слично. На колегата не му зборувам, се правам како да не постои. И подобро што се повлече инаку не знам како ќе завршеше оваа работа. Не се лутам што и да кажете, во право сте. Се занесов без да размислам дека некои работи имаат катастрофални последици. Не го заслужувам дечко ми, знам. Дознав многу други работи за колегата кој не би да ги изнесувам во јавност ама сфаќам дека згрешив, моја вина е.
Ако го сакаш дечкото ќе си ќутиш и готово, а ако не го сакаш пушти го човекот на мира. А со тој 17год. постар не си прави бајрам на паметот, тој е искусен волк не е чудо што те занел, добро е што не сте отишле подалеку. Ајде, ништо не е, луѓе сме не машини, чувствата знаат да букнат некогаш и тешко да ги контролираш, сега знаеш со толку постар не треба да се мафташ воопшто.
Со се се сложувам ама ова болдираново ... камо да беше така лесно како што пишуваш ... нели ти се случило, тој те сака и обожава и очигледно се труди и се ама ти да не реагираш соодветно и не возвраќаш како тој што дава ? Со емоциите не оди така лесно, можеш да се натераш себе си само колку ќе биде успешно тоа е друга тема за разговор. Ако не е обострано тешко успева.
остани на тоа со го сакаш јас со мојот бивши бев 4 год и се бесе ок додека не го доби тоа што го сакасе и ме шутна...прво потпис па после друго
Ako se odnesuva na seks ova gore izvini ama mislam deka vrska ne propaga zasto ste imale seks i tolku bila celta , 4 godini ne e mal period da se vrze da ceka da dojde do toa pa da raskine. Sepak vrskata propaga od problemi ,nesoglasuvanja , i nemanje veke custva
Да, во право си, баш моментално ми се случува тоа но кај неа поинаку е, го игнорира дечко за некој како колегата.
Еден месец е малку, не можеш да бидеш сигурна дека има сериозни намери со тебе. Добро си му рекла и остани на кажаното.
Мене ми се чини исто е, можеби едноставно оладила кон дечкото, а овој бил едноставно интересен, и за него и му раскина на дечкото всушност. Тоа не е одраз на голема љубов, можеби ако останат заедно ќе биде ама сега за сега не е.
Ова со потписиве ама др. култура ... на крај краева ти си мала душо ако му се сака нека чека и нека покаже времето дали ќе завршите заедно или не, зш на тие години се што лета се се јаде. Затоа можеби и браковите помлади склучени некогаш биле поуспешни.
Ако на некој му мрда газето и потпис да клај - ќе му мрда. Девојко ако не си сигурна во него, а и краток период сте заедно, те советувам да не правиш ништо со него. За еден месец неможиш да знајш нечии намери и да бидиме искрени до пола година можеби чувствата да лутаат па после да видиш на шо си. Израсната си строго и можеби ќе имаш проблеми во иднина.знам дека не треба да е така и дека соте имаме наша слобода врз нашето тело ама крај краева ти знајш најдобро како е во твојата кожа. Се надевам ќе ја направиш вистинската одлука. @Meliha.