Како беше она....срцки сте, ве сакам кис, топ сте ))) Апдејтовани ќе сте навремено, благовремено )) ќе ја чувам форава со мерењето, сум ја заборавила !!!!
Јас имам проблем и незнам како да постапам.. Имам дечко или имав дечко премногу се сакавме не бевме долго заедно ама поминавме многу убо време заедно и се беше супер ама некој некако му кажал на неговите дека се дрогирам и да си го тргнат детето од мене и нормално нејќам да си има проблеми со неговите заради мене, а никогаш во животот не сум пробала нешто плус од цигара... И сега се сакаме и ќе прајме утре муабет ама никако нејќам да останам без него ..
Како тоа им кажал дека се дрогираш? И они поверувале?? Ако не користиш ништо од тоа,и за тоа има решение,се прават тестови,испитувања ако сакаш да докажеш мислам Ако они цигарата ја сметат за дрога тогаш мн од луѓето се дрогираат .. Еве незнам.. Разговарај со дечко ти објасни ми што како Инаку да те прашам кој го кажал тоа па и плус на неговите? Зошто пример не му кажале нему? Некако ми е сомнително ова..
Не му кажал тој туку некој други луѓе шо се занимават со туѓите животи ( Синот излегва со таа тргнете си го оти се дрогира), тој се потрудил да му објасни ама не му успеало и му кажаја дека не смеј да се гледа поќе со мене зато шо нејќат да ги срами пред другите тие се угледна фамилија..
Како што кажав има испитувања за тоа ако сакаш да докажеш Инаку според мене ако некој се дрогира тоа се познава,не изгледа се ОК
Да оди на испитувања за да докаже дека не се дрогира љубов ипол... ако не ти верува, што бараш уште со него? Сте биле некое време заедно и ако си се дрогирала тој ќе приметел, ама сепак може решил си ги слуша мама и тато. Сега ако ги слуша, цел живот ќе ги слуша... Да е слеп или глув тој, ајде оди и докажувај му дали си се дрогирала, дали си се напила 4 голтки пиво, дали еднаш си запалила цигара...ама при очи глупа те прави.
Во недела ни се 2 ипол години откако сме заедно и сега јас планирам да му купам поклон од 50€,затоа што знам дека највеќе би се израдувал ако го добие тоа.Но,јас од него никогаш не сум добила скап поклон,не е за тоа дека јас сакам да добивам скапи поклони,не е до тоа дека нема пари туку едноставно не знае да ме изненади со некој поклон без разлика на вредноста.А јас и за роденден негов потрошив 100€ само за да биде се преубаво,а тој дури и за 18ти роденден не ме изненади..Не знам што да правам
Јас еднаш пишав тука дека не треба да се преценуваш и да се гледа тоа кој колку трошел. Може дечкото е таков на карактер па не ги вреднува материјалните работи и од колку пари би те изненадил. Ти не мора да бидеш како него, сега ако сакаш не мора е од 50 евра може и скромно да е.
Да во право си,ама тој не ме изненадува со ништо.Колку пати му имам кажано барем една ружа да ми купи,да ме изненади некогаш ама џабе.Кога гледам сликаат вечера дома со дечко и на маса ружа им љубоморам..
@young.lady Може едноставно дечкото не е по подароци... Може не мисли дека тоа ќе те направи среќна или дека се потребни. И ти сама си пишала дека не знае да те изненади. Очигледно е дека не мисли дека се битни. Ако сакаш да му подариш нешто, подари му, без разлика дали ќе ти возврати или не. Ама со оглед на тоа што прашуваш, мислам дека си се' уште мала и некои работи не ти се разграничени. Љубовта не е кој што на кого ќе му подари... Кога сакам да подарам нешто од срце го правам тоа, а не поставувам прашања ама тој/таа мене ме нема изненадено, ми нема подарено. Многу себично и егоцентрично размислување.
Тогаш разговарај со дечкото. Вие од почеток ништо не сте си кажале што сакате. Но од друга страна може и не е финансиски стабилен.
Бубаче не е ни битно, може е супер финансиски стабилен, ама ете дечкото си е таков. Не го гледа животот низ подароци. Претпоставувам дека размислува на начин: Еј ми треба ова, океј ќе си купам, исто и за неа, му кажала дека сака цвеќе и он си размислува: Па добро нека си купи.
Или ќе му каже, ќе направат муабет, па дечково ќе се потруди повеќе, (што мислам дека нема да се случи) или девојчево ќе прифати дека он си е таков. А ако сакаш @young.lady ти ќе продолжиш да му подаруваш, ако не никој нема да ти замери.
Дечки пред една недела бившиот ми пиша дека сака да се видиме кога ќе бидам во СК. Го прашав дали сака да се сретнеме за една недела но не добив повратен одговор ? Што викате сега да чекам и до кога би чекала или кога ќе сум во СК повторно да го прашам ? Како би играле вие ?
Не сакам да му се јавам зошто ми е страв дека нема да се јави на телефон. Еднаш се скаравме зошто не се јавуваше, а имаше многу пропуштени повици од мене.