Многу е генерално и општо сето ова за да може да се дојде до било каков заклучок.. Првично, на двајцата ви треба време за да си ги увидите главните карактеристики, идните планови и да сфатите дали има основа нешто понатаму да се гради. Второ, заинтересираноста веројатно ќе дојде до израз во овој период (сте се виделе, сте разговарале, имате некакви познавања еден за друг). Доколку е сериозно - ок, ако не е - никому ништо. Можеш и да го тестираш, нели... дали прв ќе пише, дали ќе се загрижи ако му кажеш дека имаш проблем или лош ден, дали ќе те бара да излезете пак итн. Сепак и тој треба да насети заинтересираност од твоја страна. Друго нешто што јас би го направила е да си го резимирам тоа што веќе го знам за него. Мене лично не ме привлекуваат типци што поминале се и сешто.. ми делуваат како несериозни. Е сега, зависи како ти гледаш на тие работи. Чим го спомнуваш тоа како факт - сигурно нешто и ти значи, само ти знаеш најдобро што и колку. Тоа што има средби со други моментално е знак дека со тебе (или со било која од другите) сеуште нема сериозни намери. Ама ок, тоа се менува... Да ми е мене, отворено ќе си поставам прашање дали е за сериозни ствари воопшто со која било, или не е. Ценам и сакам искреност, па ако уште од почеток тука се погодиме или ќе ми стане нешто повеќе или барем добар впечаток ќе ми остави. Конечниот одговор на прашањето што го постави - ДА, може да има шанси, ама не мора ни да значи, затоа што како што реков уште на почеток - премногу општа ситуација е во прашање.. Дај му време на времето. Ништо повеќе
Јас имам малце "не толку фини" начини за справување со непожелните упикливи типки околу дечко ми Мразам некоја да се топори упорно а знае дека има женска. Не поднесувам, еднoставно... Е сега прво, пошо нели луѓе сме, најнормално ќе и кажам да прекине да се вртка околу дечко ми, оти не сум ни глува ни будала Истовремено разговарам и со него на темата, да видам што и како размислува, како и да му дадам до знаење дека гледам и слушам. Aко господичната не прекине - се пристапува кон "ако се осудиш уште еднаш да му се доближиш... ... не си свесна !!!" - кажано на само, со заканувачки тон и фаца убица . На крај, ако уште не и иде умот, правам што ќе ми дојде.. може жестоко ќе се скараме, може ќе дознае дечко и, може ќе ја повикаат у канцеларија кај директорот мистериозно.. се е можно Најчесто се завршува до - ако те видам пак!!! А, и да. Може да ја игнорира постојано. Прашање е само дали сака и дали е спремен Игнорирањето од негова страна е клучно и може да ги спречи другите работи понатаму. Во спротивно што и да правиш е џабе доколку тој не повлече граница. Spoiler Да нема забуна - начинот не го наметнувам ниту на секој препорачувам, сепак не можам да оспорам дека во пракса се покажал ефикасен.
Јас мислам дека во вашава врска проблемот е повеќе во твоите чувства спрема него отколку во годините...Еден месец врска е малку за да знаеш дали тој е вистинскиот за тебе. Јас сум две години постара од тебе, а дечко ми има 25 години, заедно сме скоро една година, па јас сепак сеуште не сум сигурна дека тој е човекот што треба да биде цел живот со мене... Рано е за да знаеш дали тој е за тебе. Не го разбирам тоа што си пишала дека не те привлекува физички. Јас не верувам дека може да има здрава врска без психичка И физичка привлечност... Треба со тој што е со тебе да ти биде убаво и да те возбудува, а не да бидеш со него без желба.. Животот е пред тебе и ако не сакаш вистински да си со него, немој! Не си ги жртвувај најубавите години за нешто што немаш желба да го имаш. Биди со него само ако си среќна, а ако решиш да останеш со него, немој да направиш нешто за што подоцна ќе се каеш, чувај се за вистинскиот. Поздрав
Ќе ве замолам за помош. Ситуацијата е следна. Имаше едно момче кое беа доста добри другари со моја верна другарка и низ разговор и кажал дека му се допаѓам и после момчево почна да ми пишува за да излезиме ама јас бев потполно незаинтересирана, но по 2-3 недели ми се јави желба да го запонзаам. Во меѓувреме тој и пишувал на мојата другарка дека немало да ме повреди немало да ми се скара вака така..Излеговме неколку пати и се беше океј ми кажа дека ме сакал, но искрено мене ме чудеше како можи некој да засака за три дена. Излегувавме отприлика една недела и оддеднаш почна да и кажува на мојата другарка дека не било во ред моето однесување. Ме налути тоа бидејќи не ми го кажува проблемот мене туку на некој од страна и после тоа почна да биди многу одбивен, а тоа трае 2-3 дена пишуваме пак ама не е како порано. Ако можите да ми помогните што да направам.
Vise ne mu pisuvaj, ako drugarkati vi gi sreduva problemite, sto ponataka? Ke i kazuva i kolku si dobra ili losa vo krevet i dr vasi raboti , nekako mene bas i ne mi mirisa ubavo. Ako ti si nemala odnesuvanje, togas do kraj nemaj.
Јас не би гледала заради тоа што комуницира и се гледа со други. Никој не гаранѕира дека ќе се смени и нема тоа да го прави ако сте во врска. Ако ти се допаѓа бацни го, ама за сериозно јас не би помислувала
Да не си го губиш времето со лажго што ти вика дека те сака. Луѓе со години одат па не си кажуваат, тој тебе ти вика те сакал. Не контактирај со него
Девојки ми треба совет Пред 3 недели официјално излегов од 4 годишна врска (дечкоми почна да се лади) недела дена пред тоа решивме да си дадеме пауза за тоа време тој излегол со друга и прекинавме. После една недела од кога раскинавме едне другар (да го наречам другар) кој подолго време ми се пушта ми рече да му дадам шанса.Типот е океј, многу е добар спрема мене, а и мене ме привлекува, ама пошто бев во врска не дадов значење на тоа. Работава е што бившиов и типов се познаваат- имаат муабет. Не знам што да правам... некој совет? Фала однапред
и што ако имаат муабет??? Он си фатил друга , ти уште мислиш да му угодиш , демек дан се увреди господинот!!! Не му ја мисли , сега си сингл девојка и можеш со кого сакаш да излезеш , и да не ти е галје воопшто кој со кој имал муабет , прај си кејф на душата своја
бившиов уште го сакам ( за жал) сепак 4 години не се малку... понекогаш мислам да му дадам шанса на типов, а друг пат па си викам џабе ќе давам шанса кога уште го мислам бившиов... Стварно незнам што да правам Сепак фала за советот hug:
I јас слично мислам како анаконда, AMA сепак би те советувал да направиш добра пауза, емоционално да се средиш, за да не направиш рибаунд со вториов дечко. Рибаунд не е здраво и не е добар почеток на врска што би траела долго. Ако разбираш англиски, ти ги препорачувам следниве линкови: https://www.psychologytoday.com/blo...igns-you-re-in-unhealthy-rebound-relationship Исто и ова е добро, а можеш и да си изгуглаш сама: http://divorcesupport.about.com/od/romanceafterdivorce/p/reboundrelation.htm
Чим уште го сакаш, не го барај залудно другиот дечко. Остави да помине некое време, да си дојдеш на себе, чувствата да ти избледат, бившиот да не ти биде болка и тогаш дај шанса на некој друг. Вака само ќе го врткаш, а немаш расчистено со своите чувства.
Заборавив да пишам- со типов се гледаме секој ден онака другарски, кафе муабет, зезање, се гледаме скоро секој ден.
Абе вие гледајте си се, ако тоа те расположува и те смее. Ама го сакаш бившиот, имаш чувства за него кои нема да ги снема ако влезеш во друга врска или со друг сакаш да ги потиснеш. Почекај малку, дај си време. Не се брзај само затоа што е добар со тебе и те привлекува. Можеби има многу посилни чувства и ќе го повредиш ако не можеш да му возвратиш и ти. Тоа што има муабет со бившиот воопшто нека не те интересира.
Се запознав со него пред 2 години.Добар став,добро држење,дечково фаца и пол.Од мало место сум.Сите се знаеме.Го свиѓав премногу.По обичај не сум нападна ,ама малку му се смешкав.Му дадов до знаење дека сакам да ми пријде.Почнавме да пишуваме.Требаше да се видиме.Никако не се видовме еден долг период ,а договори секој викенд.Знаев за него дека имал долга врска,премногу сакал и таа му се омажила за друг.Чаршиски муабети дека отогаш не бил ист,не се давал лесно,и дека така правел договори и со други девојчина ама само на збор.Јас бев упорна.Запнав дека ке излезам со него и излегов.Ладен човек.Ладна ноќ.1-ВИ ЈАНУАР.Се видовме на една ливада а снег до колена.Кога ме виде рече ' Ти си била полуда од мене.Само се бакнувавме таа вечер.После таа ноќ играше со мене топло-ладно.А тогаш кога ке испаднеше да се видиме беше повторно ладен,никако не ги откриваше емоциите ,барем да кажеше дека сакал само да излагаме.Промислен и мудар.Мудро молчеше.Свртив тактика.Почнав јас со него топло-ладно.Почна малце да се загрева за мене.Кај сум,зошто не му пишувам ко на почеток,ова она,мислам дека еднаш ми кажа дека брзо се заљубувал.Знаев дека во мене не е заљубен само некоја врста привлечност,навика.Еве уште се гледаме.Тоес пред една недела последно.Тој е ист.Едвај зборува со мене.Само одам,вечерта поминува брзо,во неа никакви емоции само допири ладни како нож.Ме испраќа како да брза.Краток бакнеж.Ме бара само за викенди,после 2. Постојано му пишував дека не сакам повеќе вака.Не ме сфаќа озбилно и по 2 месеци краток период ме бара со наслов на пораката ' ти помина лутината? Ке те барам да се видиме.2 години ништо не се промени.Немаме ни на кафе заедно појдено.Лошо му се поставив.А си викам да се поставев поинаку,сигурно немаше за рака да ме фати.Проблемот е што мене многу ме привлекува сеуште.Многу сум лута на него и секогаш го избегнувам,не му одговарам на пораки,некогаш се осмелувам да напишам цел реферат со цел да ми одговори зошто вака се однесува,дали само со мене или не сака да се поврзува со ниедна? Потоа ке се изнервирам па следуваат навреди,тој и на тоа останува ладен,јас го навредувам а брзо заборавам,тој ме убива со молокот,знам не сум дете ниту малоумна да не сфатам дека не сака со мене врска,само не ми е јасно зошто,зошто се криеме и ме бара после 2,зошто не се обиде да ме запознае подобро и да ми се отвори?Толку многу сакав да му бидам девојка.Деновиве скрос збудалев.Вака не ми беше.Како да ми игра срцето и од тага и од радост.Само за него зборам со денови .Само мислам на него и го барам со поглед.Ама тоа не му го кажав.Повеќе нема да бидам со него,не сакам да му бидам секс играчка,ама секс играчки можат да му бидат и други.Ете една ,друга, ке го одбие.Ке му упали кај третата.Зошто ме бара сеуште кога јас сакам да почнам нешто без него,а кога ке ме побара тотално збудалувам,ноќ,сабота ,алхохол и повторна сум негова.Другиот ден сакам да се упукам.И почнувам да му пишувам дека е идиот а веќе сум се видела со него.Лани тоа не ми сметаше,едноставно уживав и си одев дома.Сега почна се да ми смета.Не можам со него,не можам без него.Кога сум излезена само ги барам неговите чекори.Сексот ми е катастрофа со него.Ама нешто ме тера пак да одам кај него,се заситувам само кога ке појдам и ке ја видам таа насмевка.Ништо друго не ми треба.Дечково е прилично постар.Има 33 ама изгледа преубаво.Девојка нема долго после неа.Што да правам,изигрувам кловн кој секогаш за одговор добива 'знаев дека ке дојдиш. Како да направам да ме сфати озбилно дека повеќе не сакам ништо со него? Како да одолеам наместо на 2 месеци ,на уште 2 па уште 2 и така засекогаш....Или како да направам да ме засака? Дали ИМА НАДЕЖ? Не му е сеедно кога ме гледа со друг во друшто го знам тоа,ама се држи,не покажува заинтересираност како јас,не избувнува,не прави сцени,не се врзува лесно...Мислам дека не е тој што се преставува.Дека се ова му го наметнала околината,и таа што го разочарала...Што да правам? Секој искрен совет би ми дошол добро...позз и ви благодарам однапред.
Некако целокупниот впечаток од се за дечково ми е дека ги лечи комплексите од болката од таа врска. Затоа е ладен, му прија на егото. Кога некој ќе те скрши, после си стануваш таков. И еве искрено, чим после толку време останува само на секс... јасно ти е дека тоа е се. Јас би да се откажеш а ако сакаш да продолжиш има само едно решение. почни да го манипулираш на ниво на его. на пример следен пат после секс некоја мудра досетка како не бил добар, па после тоа пак коа ке се видите пак се супер со него.. па после тоа договори го дека ке дојдеш и у 5 за 2 кажи му, абе ми се приспа сега... нека збудали малку он. биди јака на карактер, и еби му ја психата. тоа е доста злобно, ама ќе биде промена за него.нешто нетипично од тебе кон него....мислам дека ќе му се пробуди со тоа егото, па ќе сака нешто друго, нешто повеќе
Corapce фала ти.Искрено не можев реално да размислувам или така ми одговараше.Пробав така еден период ,баш му ја ебев психата ама тогаш и стварно не ми беше битен како сега.Сега се ке биде глума ,еднаш ,два пати и после ке се упецам во сопствената претстава.Знам дека треба да се тргнам од него,ама ке ти кажам едно,сакам да го натерам малце да ме засака,да мисли на мене ко јас вака на него,да го поиграм пред да ставам крај.Да бидам доста злобна дури и впечатливо.Никогаш досега не му кажав дека сексот не ми е добар,бидејќи имав друг приоритет.Многу многу сум лута.Што друго освен ова што ми го пиша ми би помогнало??? Фала ти за одговорот <3