Не сум била интимна со него. Ние имавме прекрасни спомени, бев детенце што се вика со него си пораснав, заштитнички настроен за се но се смени после тоа. Инаку ми пиша порака после тоа ми рече мило ми е што те видов, прекрасна си. После тоа ми се јави и мене и него ни трепереше гласот. Со мене ја имаше мајдолгата врска, прв пат се заљуби. Не ми се верува дека се расплакав кога го видов, целата почнав да се тресам. Точно е дека многу ме има повредено, ама на срцето дојди па кажи му. Се што можев направив за да го заборавам за овие две години што не го видов. Не бива. Еве сеа станав од спиење ми се враќа сликата кога го видов. А што ќе беше да ме гушнеше. Ќе бев најсреќната.Колку многу ми фали, неможам, џабе ќе опишувам тоа може само да се почувствува. Ова е толку јако чувство, пред се зашто од душа го сакав а тоа ти е јасно туку така лесно не се искорнува.
Мислиш дека ако се вратиш во неговата прегратка сите проблеми ќе исчезнат и дека се ќе е како што ви било тогаш. Напиша дека тој е виновен за тоа што се прекинале. Јас сум сигурна дека ако одлучиш пак да си со него истото ќе го направи. Се ќе помине со тек на време, треба сама да се натераш да не мислиш на него. Игнорирај ги пораките. Бившите секогаш ќе се враќаат, освен екстремно опасно ако било раскинувањето. Посвети му повеќе внимание на сегашниот дечко, тие чувства за стариот само ќе се потиснат и ќе исчезнат, ама за тоа самата треба да си помогнеш.
[QUO="samojed, post: 2965862, member: 36081"]Здраво кеве замолам за совет , кесе обидам да бидам кратка. Пред точно 6 месеци , на работа се запознав со еден колега, постар од мене 17 год , иначе женет, има две деца, ама со неговата жена се разделени и не живеат веке подолг временски период заедно само судски несе разведени. Од ден на ден , јас и колегата превише се зближивме, и почна многу дамисе допага, постојано мислев на него. Една ден тој ми предложи да идеме на кафе, јас прифатиф ,бев кај него дома он ми призна дека мусе допагам, ама поради неговата ситуација несака сериозно ништо туку само онака фак френд. Јас прво реков дека неможам ама емоциите беа посилни се случи да имаме секс. Од таа ден јас повеке се затрескав во него, а сега осекам дека на работа некако ме избегава ,нее ист односот како порано. Забележувам флертува со други колешки, пред мои очи а јас толку би направила се зада биде само мој. Ама знам дека он него сака тоа ама и го разбирам заради неговата ситуација кеве замолам за било каков совет е добредојден.[/QUOTE] Не верувам дека не сака заради неговата ситуација. Мислам дека сакал да се испрсзни чоекот, жената го оставила и мора некако. Не си давај лажни надежи. Ете гледаш дека само за тоа му е, ем сам ти кажа фак френд и плус и на колешките им се пушта сак да му бидат исто фак френдс.
Неможам да Ве разберам што тоа ги разбирате. Едната вика го разбирам имал долга врска е разочаран. Другата вика скаран е со женаму. Вие што сте? Како се доживувате самите себеси? Добро дали имате респект према себе,дали имате вредност? Па уште вие ги разбирате па ќе ги тешите. Ајде ве молам отворете тоа очите и живејте квалитетен исполнет живот не како пијани заспани само дај што даш да не биде досадно. После ќе речат ене ја онаа што спие со стари мажи и со право така викале. Па одозгора ќе слушнам ми љубоморат затоа така зборат за мене.
Да нормална сум фала му на Господ Грешката моја е што имав поинакви очекувања од него ,тоа одмазда е малце премногу строг збор,пишав дека сум лута што не значи дека ке изгигрувам кловн,а не прочита напишав дека имам желба таква моментално ,јас сум доволно паметна и мудра да се тргнам во тишина бидејќи се знам себе си многу добро,сум имала и други слични вакви ситации па мудро сум излегла од нив без да се резилам.Фала
Имаш 20год. така ? Првата љубов не се заборава лесно, ќе се омажиш, ќе се ожени и кога ќе се видите на двајцата нема да ви биде сеедно. Може да стои покрај жена му или девоката и да те гледа ко хипнотизиран, може да продолжи да те бара и тн. Вие подолго сте се лажеле така да речам и нормално е да не ти е сеедно. Љубовта некогаш нема врска со имањето односи, тоа ја дотепува работата некогаш, не е реализирана комплетно ... ништо не ти е, не се секирај, ќе дојде тој што е за тебе во животот и ова ќе биде било и поминало за тебе.
и што ако ти бил прв дечко и ти нему прва?? Што фактор е тоа?? Сите сме имале прва љубов и завршила . Ти ваљда си мала или си опседната со него или не можеш друг да си фатиш .
Не верувам дека не сака заради неговата ситуација. Мислам дека сакал да се испрсзни чоекот, жената го оставила и мора некако. Не си давај лажни надежи. Ете гледаш дека само за тоа му е, ем сам ти кажа фак френд и плус и на колешките им се пушта сак да му бидат исто фак френдс.[/QUOTE] Тој е возрасен човек, тој има искусено многу работи во животот ,што општо е искусен, што изгледа сака сега само да се забавува откако се ослободил .Ти сето тоа го гледаш со свои очи дека се забавува и флертува со други и уште викаш се би сторила за него .. шта речи?! Најди си некој нормално дете приближно на твои години,што нема да се замараш со вакви работи! Си размислувала за подледиците?
Бевме заедно скоро 5 месеци....По мое напинање за да се видиме за да решиме проблемот ако го има или да прекиниме конечно се видовме, претходно кажуваше дека се е во ред, дека е изморен и нема време. Кога се видовме не кажа ништо пак, го прашав дали има друга, кажа нее, дали му се смениле чуствата кон мене, ми рече дека ме сака, ама не како на почетокот....Ме праша тој што да правиме, јас реков тој како сака, а пред да починме да излагаме јас му кажав дека ако дојде до раскинувае тој да го направи тоа, бидeќи јас нема да можам.Го прашав дали сака да раскинеме, ми рече демек да размислел уште 1-2 недели, во меѓу време беше ладен и незаинтересиран, ако му пишев враќаше по два збора, ако не му пишев ме бараше на тел., разговор од 1 мин сакал само да ме чуе......После 2 недели ми пиша, ми кажа дека сака да останеме другарчиња, тоа му значеше дека раскинува, ми пиша на фб, мислам дека заслужив барем на кафе да ми го каже тоа, или барем на тел, другата ден ми се јави, ми кажа дека пиел....... го прашав зошто, кажа за тоа што ми пишал претходната ден, дека згрешил, и во гласот приметив како да се расплака, другата ден ме праша како сум, и кажа дека му било и нему тешко, не само на мене....., не сваќам зошто кога веќе тој ми раскина, ми пишува на фб, макар по 2-3 збора ама мора да пиши......а мене толку ми фали, мислам дека сум опседната со него, кога е на фб мислам дека пиши со некои, кога го нема на фб во исто време кога бевме излезени, кога бевме заедно, мислам дека е со друга..... незнам што да правам за да го извадам од глава, и не моѓам да сватам зошто ми пиши на фб, ми пиша и вчера добра ноќ другарче мое најубо и најмило.... кажа дека пиел... го прашав зошто, кажа само онака и замина.... но зошто одржува контакт со мене?
Типот и самиот не знае што сака...а мене ова ми изгледа дека не е љубов туку навика. Ти кажал дека чувствата се смениле ама навиката го влече кон тебе. Најдобро е да се оддалечите еден од друг зошто инаку тешко ќе запре сето тоа. На почеток е тешко ама така е и за двајцата најдобро. Од моментот кога се раскинува една врска треба и контактот да се прекине а не да се продолжи.
Види вака, дечково ем сака ем неќе обврска со тебе. Он си видел дека ти уште имаш чувства и сега ја користи ситуацијата да те држи на неизвесно. Не би знаела дали вистина те сака или не, ама штом рекол не како порано, очигледно не планира нешто за озбилно. Машките повеќето се такви, штом види дека ти си за губи интерес во играта. Јас би те советувала да се оддалечиш на некое време, двајцата да си ги средите мислите. Некако целава ситуација ви е како рутина на двајцата, ти пробај да си се дружиш повеќе и да си најдеш некое хоби. И не постои "другарче" после "отсакување", нека не ти тресе празна слама.
И јас мислам дека незнае што сака. Затоа кажи му дека не сакаш да продолжиш со некој што не е сигурен во чувствата. Кажи му дека сакаш една недела да не ти се јавува, ни пишува на фб за да си расчисти тој самиот во главатс. Кога ќе го речеш сега ти тоа е малку поинаку за него, повеќе ќе го здоболи ако нешто му значиш. Ама во таа недела никаков контакт. Нека осети што му фали а што не. После тоа излезете на кафе и разговарајте.
Моето мислење е дека тој незнае што сака,според мене тој несака да биде во врска зошто незнае дали те сака,а од друга страна пак несака да изгуби контакт со тебе зошто (сигурно) знае дека го сакаш Како што кажа феминката погоре кажи му да не ти пишува и ќе видиш како ќе реагира и колку време нема да ти пише или да ти се јави
Ти стварно веруваш во приказните за развод. Освести се девојко додека ти е време, тој само сака да си се празни со тебе, да му бидеш швалерка и толку!
Хелоу, ми треба совет и мислење. Што кога дечкото е повреден од некоја предходно и страв му е повторно да сака? Да се плаши дека ако се приврзе со некоја страв му е дека ќе замине? Да не верува дека може повторно да засака некоја, да не знае што со себе и како понатака?
Ако сеуште неможе да засака друга тоа значи дека сеуште многу ја сака ама неможе да признае. Имав јас како мома една таква врска наводно девојката бифша му беше заборавена а уствари на секој фтор збор беше ИВАНА вака праеше , Ивана ова,Ивана она ... Ми скисна и му реков еве ти ја ИВАНА еве те и тебе. Неможел да сака од страв како не он уште заљубен во таа.