Тој самиот треба да си го реши тоа сам со себе,но ти можеш да се однесуваш добро со него да му дадеш до знаење дека не си како претходната.. На него останува одлуката потоа,но сепак мислам дека со тек на време ќе сфати дека не се сите исти
Докажи му дека ти нема да бидеш како таа, ќе го сакаш, дека нема да го повредиш ако го е повредила таа немора да значи дека и ти ќе го повредиш. Дади му до знаење дека му значиш, дека со тек на време ќе свати дека е точно тоа што го кажуваш.
Еееее..зошто треба она да се докажува, да се спушта толку ниско....он треба да има мерак да ја осознае нејзе, да има желба нејзината убавина и карактер да ги запознае!? А што ке биде ако она му се нуди и го убедува како е она добрата и по некое време она ке се разочара во него, нема да и се бендисаат некои негови скриени мани што не ги знаела и како да го откачи после тоа??
Да ама можеби го е страв, тој можеби ја запознал каква личност е ама таа што го повредила можеби му оставила длабок траг и зато неможе така лесно да верува во други, јас бар така мислам. Немора ниско да паѓа да го моли само да му каже дека ако таа била таква јас не би била и толку нема потреба од никакво молење, тој треба да се потруди уште подобро да ја запознае, да ме мисли дека сите се лоши и дека можат да му наштетат.
Слушај ме душо моја, тој глуми лудило, треба да го батали под хитно..барем јас такви плачковци од мажи несакам...
Сигурна сум дека не глуми лудило, не делува дека глумит лудило. Збунет е. Ако сака некоја за подетално да поразговараме нека ми пише ЛП
Вас некој ви раскинал, и ве бара навечер со покана за секс,и вие упорно секоја вечер одбивате?? Какво мислење иматте за тој бивши партнер? Не ви дава одговор зошто го прави тоа,само е упорен секоја вечер,инако му е залудно. А вели не можам со една,потоа се шалам Крај си е крај,М? Нема потреба да одам со таков, и толку нема осет,главата да му ја расцепиш нема да осети, сака да команда, секс мноогу, и бил претходно премногу повреден од девојка. Во кратко за личноста,во која гледав надеж..незнам што како да му објаснам дека не е се во сексот и тоа да има малку осет, ме гребе вели ништо не ти е. Го изгребав несакајќи велам извини ми вели за што велам за гребнатинат,прашува кога сум ја направила не ни осетил. ЦЦЦ Не е во ред нешто. Риба,хороскоп може некој по тоа ќе даде совет.
Ми се има случено, знае дека уште го сакаш и мисли дека тоа може да го искористи за да те придобие за секс.
Блокирај го да не може да те замара ... ете како денес девојките ги прашуваат, зш не си мажена до сега ... зато ашто момците имаат ум и за извоз, ете зошто.
Кажи му убаво да те остави на мира и дека не сакаш ништо веќе од него. Ако има ум во глава ќе те остави, ако нема ум тогаш блокирај го.
Аха, шала шала, пошали се малку ти со него, дојди у толку и толку таму и таму, да завршиш работа и после шетај ! Дојди после на форумов ќе разговараме колку е тоа шала и колку е тој неизживеан. Стави го ти него на место на сексуална играчка па, да видиме. Нема луѓе денес, за секс има секаде. Викни го на виолинче да ти игра хаха има да бега од тебе како од чума
Приказни за мали деца. Јас да сум на твое место ќе му кажам дека животот продолжува понатаму. Ме повредиле и мене и тебе па ете сме живи и здрави, со минатото позади нас, спремни за нова љубов. Ако сака да пати за неа остави го нека пати.
Сепак мислам дека не треба да се трудиш да му дадеш до знаење. Најубаво е секој да биде свој, без тензијата за докажување било што. Според мене се треба да си тече природно ..... и сега ќе звучи ова клише ама - доколку требало да биде, ќе биде
Ако го сакаш и сакаш да се гледате така уште потешко ќе ти биде. Сексот е лажна надеж. Ти дава слика дека ти е дечко, а тој не те гледа како девојка. Рибите сакаат да се враќаат на старите врски ако им бил добар сексот.
Хороскопт нема врска, има разлика од поединец до поединец. Рибата обично не се откажува од планираното, упорни се, ама не мора да значи. Почни да го игнорираш дечкото, тебе ти одговара да те бара и длабоко се надеваш дека може нема да е за секс, тој ќе користи разни методи ако не успее вака и сега, по некое време кога ќе заборавиш ти се, ќе ти пише за кафе и така може ќе успее. Најдобро е да го игнорираш и воопшто да не му посветуваш внимание, не одговарај на повици и пораки. Ќе сфати.
Многу е јасно штом упорно ти барал секс, а ти раскинал значи до тоа му е. Јас имам едно нешто заклучено, не за овој случај туку општо штом некој упорно бара, зборува за секс значи само за тоа е да добие секс и ај чао можеби грешам, а можеби и не. Така да бегај подалеку од него не ти треба таков, ќе си најдеш подобар што нема да му е најважен сексот туку ти на прво место.
Кoлку време oдевте? Мене ми изгледa сте oделе крaткo, ветувaл свaштa, дoбил тoa штo сaкa и сеa ќе се пoнaшa лaднo, aкo му упaли пaк зa секс aрнo, aкo не имa мнoгу други.