Машко во хороскоп што е Риби знае да се враќа на старите љубови. На пример оди со тебе, ама ете една вечер ќе му текне ќе се изневери. Се враќа каде што му е најубаво. Брат ми е Риби, ако му е дојдено до тоа, само за тоа ќе ја бара, ниту ќе ја сака ниту ништо. Од кога ќе си се испразни ќе се врати кај таа што ја сака и така.
@Anna-Banana, Машки муабет слушнат милион пати до сега. Кажи ми, колку девојки знаеш што во нова врска влегле со оградување дека се многу повредени од претходната врска? Јас еве не знам ни една таква. Да, рикале, плачеле, се трескале од земја ама го преболеле претходниот момак и почнале одново со наредниот фраер. Плус, да не се лажеме, ниедно машко што држи до себе нема да си го губи времето со некоја што изводи, се туфка и се премислува по сто пати. Ретко кој маж се пали на играње топло-ладно, едноставно има премногу риби во морето за да чека со недели една цуца да реши дали сака да биде со него или не. Од друга страна, знаеш колку типци познавам што уште пред да почнат нова врска јасно и гласни се изјасниле дека се damaged goods, односно се страаашно повредени од претходната девојка која многу ја сакале ама таа гадно ги зае*ала блаблабла? Куп! И таа некогашна бивша сега е и оправдување и оградување и објаснување за сите негови актуелни глупости и дибечки однесувања. Не сака сериозна врска- претходната девојка го повредила, претерува со љубомора- претходната девојка го повредила, не е тука за тебе- претходната девојка го повредила... Ама затоа сака секс, сака ти да го ислушаш кога има мака, сака ти да го тешиш, сака ти да си тука за него, сака да го галиш и мазиш но во моментот кога ти ќе посакаш нешто посериозно или ќе имаш замерка на неговото однесување-ама претходната девојка мноогу го повредила. Мој совет- батали го фраерот и најди некој кој не бил повреден од претходната девојка и на кој не му е страв повторно да сака. Ги има илјадници такви
Еве не знам, јас сум близнак, а тој бик у хороскоп оваа комбинација е страшна(мислам неретко успеваат заедно поради младиот и бунтовночки дух на близнакот и мудрувањето и тврдоглавоста на бикот)така пише у хороскоп.А еве јас и мојата будалетинка веќе петипол години заедно си се сложуваме заедно онака бунтовнички.
Ова не е идеална ситуација за тебе. Можеш да се тргнеш од него ако не сакаш да се замараш и да трошиш време... или можеш малку да се потрудиш, односно, да го охрабриш и да му дадеш до знаење дека немаш намера да го повредиш или искористиш итн. Никакво докажување не е потребно што ги збори бабата. Едноставно почни, приближи му се и дај му време да го спушти гардот. Тој самиот ќе процени дали може да ти верува и дали сака да има нешто со тебе. Сето тоа ако веќе решиш да почнеш нешто со него, што јас искрено не ти препорачувам. Подобро е да оставиш времето да му ги излечи раните. Бабо, твојот вкус за мажи е само твој, и не е фер да им ја негираш емотивната страна на мажите. Како што може жена да биде повредена може и маж. Побогу луѓе сме. И ние имаме чувства. Што, дали реков чувства? Мора да сум плачко. Ајде брзо да почнам да се однесувам како секс робот што мора во секое време да брка женски без емотивно да се приврзува за ништо.
Таа кажа дека е Риби, јас и кажав само не мора да значи дека е така. Ако не ни одговара однесувањето на партнерот, тогаш сите се трудиме да го сфатиме на некој начин преку хороскопскиот знак. Индивидуално е тоа. Не мора да значи дека сите Риби се такви
Epa vaka izleguvam so edno devojche veke mesec dena i razmisluvam da i predlozam vrska no ova bi mi bilo prva vrska pa nemam iskustvo sto kako i me interesira kako ste se soocile so ovoj problem ako ste go imale?Ako moze da mi kazete kako da i predlozam vrska, na koj nacin ? fala odnapred na bilo kakvi odgovori
Сакаш да ми бидеш девојка, сакаш да се фатиме ? Најубаво е да си директен. Само храбро, ако и е убаво со тебе ќе прифати
Само опуштено, немој да си напнат, се си иде тоа полека. Ако имате можност се почесто гледајте се (мислам не мора секогаш да сте договорени изненади ја кога најмалку очекува појави се пред неа),осипувај ја со убави зборови(срце, мрце, сонце, злато..)Доведи ја до тој степен да лудува по тебе (не мислам да се треска од земја или недајбоже вени да сече туку кога ќе те види секогаш да е насмеана со сјајни очи)ете тогаш е моментот спонтано да ја гушнеш најсилно искрено ( вез зборови таа ќе знае дека и значиш) Или заеби ова директно љубофче ќе се фатиш ли со мене?
Не знам кај да пишам, ај ќе пробам овде. Како и дали воопшто да и кажам на најдобра другарка дека дечко и ја изневерува? Многу години се заедно, а тој подолго време ја изневерувал. Сите околу знаеле освен јас и другарка ми, ама еве јас како нејзина најблиска другарка денес дознав. Не знам што да правам. Глупо ми е премногу, а сигурни се изворите и доказите дека ја изневерува. Во лице да и кажам не можам, немам храброст и плус може да ми се налути, па јас да излезам крива за нешто....од кај знам како би реагирала. Стварно не можам да поверувам ова е прав шок за мене, а можам да замислам таа како би се чувствувала. Таа со него ја гледа иднината. Предобра, преубава, школувана во странство за тој идиотот да ја прави глупа при очи, не знам како не му е ни малку жал. Ѓубре. Не можам да дозволам ова...
Му е гајле него за нејзиното образование во странство. Ако имаш докази, како фотографии покажи и ги, воопшто да не се плашиш. Подобро на време да знае каков е тој човек, од колку во иднина, ако и биде сопруг.
@JollyGirl Ако ја сметаш за блиска другарка без размислување кажи и, тоа го прават вистинските пријатели. Да сум јас изневерена а при тоа моја пријателка да го крие тоа од мене, не би и прозборела, значи сум се лажела сметајќи ја за блиска. Собери храброст и кажи и
Девојка, колешка од факултет се запознавме пред година и пол. Многу убава девојка, постара од мене година и неколку месеци. Моментално е слободна, се досега што сме контактирале било за факултетот, колеги, колешки, професори и сл. Имаме пишувано доста и на Фејсбук, таа има дознаење дека ја симпатизирам, ама тоа некако како да го занемарува. Ве молам совет тука или во ЛП (знам дека малку детаљи изнесувам, но и ЛП ми е добредојдена за совети и да доразјаснам некои работи подетално во врска со ова).
@JollyGirl Не и оди дирек, малце од окулу почни знајш дека јас многу те сакам, знајш дека денешните пријателства речиси и не постојат и секој гледа да ти наштети, ама нашето пријателство не е такво и јас секогаш сакам да ти помогнам и сакам да си среќна.. и такаа некако.. оти Дирекно ако и кажиш нема да те сфати, нема да сака да сфати ии ако се работи за долгогодишна врскаа уште помалце.. Па кажи шо ќе напрајш баш ме интересира
Не и се допаѓаш, изгледа не сака да му бидеш повеќе од колега. Што ако си пишувате на фб, кога тоа е само за факултет. Можеби се гледа со некој, ама по ова што го напиша мислам дека не сака да го меша колегијалното со љубовното
Ќе ве замолам за совет. Мојата ситуација е следна...Имам 17 години и има едно момче кое го знам подолг период, се знаеме од школо и ми се бендиса тоа кај него што сме скроз исти во карактер и се. И така со тек на време како што се запознавме сфативме дека сме исти, и самиот тој ми го има кажано тоа. Во многу работи се пронајдуваме, исти карактери и се. И така уз муабет еднаш си ги кажувавме проблемите јас му кажував тоа дека сум страшен баксуз во љубовта а и тој исто така ми кажа дека воопшто нема среќа. И така ми се отвори порано дека бил во долга врска и само еднаш во животот сакал многу и бил премногу повреден од нејзина страна. И тогаш ми кажа дека чуствува нешто кон мене, дека ме свиѓа, ама дека неможи да си дозволи да бидиме заедно оти тој неможел да си дозволи да ме повреди и тврди дека не ме заслужува. Ми кажувале порано дека единствениот маж што те заслужува е оној кој мисли дека не те заслужува. Што мислите вие дали е така? Но сепак ние решивме да си останиме само другарчиња. И јас како другарка што да правам, иако јас го сакав му давав совети и му предложив да се проба и тој упорно ми велеше дека не бил спремен за љубов и врска повторно, не сакал да биди пак повреден. И така помина време и јас си најдов еден идиот што полека почнував да се заљубувам во него и да го заборавам "другарми" да речам, па се запоставивме и си останавме на едно здраво. Но сега брзо повторно стапивме повторно во контакт одкако се скарав со дечкото. и еден ден двајцата баксузи во љубовта се решивме да се пробаме и да излезиме и мене ми беше искрено како од соништата. Но сепак да не се препуштаме одма решивме да не бидиме ништо сериозно но сепак се понашавме како некој пар и си љубоморевме еден на друг, неговите другари ме знаеја мене, моите него. Не ме криеше од светот да речите, излегувавме пред сите само не излегувавме многу често. И сега пред некоја ден конечно му кажав како се чуствувам кога сум со него и дека баш ми годи и тој неочекувано ми кажа дека не бил среќен. Но се закаравме и во нервоза му реков да престаниме со ова што го правиме веќе да не се мачиме еден со друг но ова го кажав безмислено. Тој ми рече дека сакал да се гледа со мене, дека единствена сум јас во долго време што се пробал но не е среќен и ми рече да не престануваме не го сакал тоа, само да не ја форсираме многу и да му дадам малце време за да почниме да се врзуваме. И сега ве молам помогнетеми како да постапам? Искрено несакам да се откажам од него и да го изгубам повторно пошто му ја знам целата ситуација и го потполно го разбирам. Срепмна сум се да направам. Кажетеми како да постапувам со него да го направам среќен? Кои совети можете да ми ги дадете? Како вие би постапиле? Сакам да бидиме нешто посериозно ако треба и ќе чекам само прашањето ми е во меѓувреме што да направам за да го усреќам додека излегуваме, како да се понашам? Како да му дадам до знаење дека може да ми верува, да биди со мене и дека никогаш нема да го повредам како бившата? Вемолам помогнетеми