@Данделион Епаа вака јас мислам да олабајш малце да не му досадваш многу да му дајш до знаење дека нема да трчаш постојано по него дека не е господ.. Друго постави се најдругарски со него како шо си била претходно, не бил среќен епа прашај го зошто не е среќен како можиш да помогниш ии ако не е среќен со тебе зошто сака да продолжи со тебе не сфаќам.. Остај на времето како велат трпение, спасение ако треба да биди ќе биди не мисли многу ..
Да, блиска ми е многу како сестра. Искрено и јас би сакала некој да ми каже ако сум изневерена, ама премногу ми е жал за токму јас да му бидам почетокот на крајот од врската. УФ, во многу глупа и тешка ситуација сум, воопшто не ми е лесно. Зошто баш и јас мораше ова да го дознам. Тие двајца 1000 години се заедно, а нашето другарство е од пелени. Може ќе пробам од околу да и спомнам како што пишала @tteea55 ама ми треба гооолема храброст. Дури сега срцето ќе ми излезе од возбуда, а не кога ќе ја видам. Еднаш си реков да и пишам ама тоа мислам ќе биде многу глупо од моја страна, таква работа не се кажува преку порака. Или да и речам да му побара лозинка од фб, па таму има што да види... Како и да е, фала ви за советите на сите. Знам и свесна сум дека треба да и кажам, ама ми треба гоооооооолема храброст, и не знам ни како да го изведам тоа...
Ако знаеш со кого и каде и кое време се мота обично, однеси ја со свои очи да види или слики ако имате да не бидеш ти виновна после. Кажи и пред тој да и го уништи животот.
Па и мене тоа ми е страв да не излезам јас крива на крај. Немаме слики, ама повеќе пати кога само со неговото друштво е излезен, го виделе како го напушта кафичот заедно со неа. Плус како оди доцна навечер в стан кај неа. Ја знаеме која е девојката, комшивки се со друга другарка па затоа повеќе пати виден е типов како оди таму. Ама јас како би знаела баш точно кое време и кој ден тој би пошол да се швалерисува, па да ја носам пред зграда и да чекаме за да се увери. п.с. Баш сега другарка ми што и е комшивка на таа љубовницата, рече ако случајно го начека типов пак како оди кај неа, да ми се јави, па тогаш да и кажам другаркава, да ја упатам за случајот и за лично да си го фати, па да го види со свои очи. Цела тежина пак на мој грб паѓа...и тоа прав шок ќе биде за неа. п.с.2 Искрено јас малку лута сум на другите што не кажале ништо досега, а можам да замислам таа како ќе изреагира.
Не верувам дека некој сака да биде во нејзина кожа ама сликајте го и однесете ја да види сама, подобро така, после таа ќе си реши што и како,а уште подобро да го фати таму на дело да нема место за изговори и правдања и префрлање вина на некој друг. Болна работа ... си ќутеле др. сеир си бркаат еден дел, др дел не сака да се меша зш не ги боли едноставно и не ги интересира.
@JollyGirl Мене истото ми се случи и кажав на една другарка за дечкото исто од окулу малце па после дирекно и кажав дека сите знат самоо таа не, и најлошо е шо типот ја изневерува со нејзината најдобра другарка, ама немам докази и не ми верва.. Ми рече ние две години сме заедно до сега за ништо се немаме скарано нема шанси и така уште се заедно „среќни“. Не ми се налути мене дека и кажав не излегов крива ама испадна дека џабе си зборав..
И мене блиска другарка што ми е,дознав од друга другарка дека ја изневерува и више еден месец не и кажувам зошто ја знам каква е и ќе мисли дека сакам врската да и ја расипам оти го избра повише дечкото неголи другарките.Затоа не се мешам никаде,кој што сака тоа нека си прави.Зошто на крај ти ќе го јадеш ни крива ни дужна.
Епа вака..Имам дечко со кој на 27 август веќе направивме 1 година..Денес ми кажа дека за кратко време заминува кај својот вујко во америка и дека таму ќе биде најмалку 1 година но и доколку успее да остане дека нема воопшто ни да се врати.Кога го прашав што ќе биде со нас тој ми рече дека сака да остане сомене и дека неќе да ме изгуби но дека тоа е многу време за јас тука да го чекам, го сакам многу сум имала и други врски но со никој не сум се осеќала толку убаво,спокојно, среќно Имавме доста планови за нашата иднина и ред други работи и сега наеднаш излезе ова заминување Кажетеми ваш совет што да правам дали да продолжам сонего и да го чекам дури е таму или да се помирам со судбината дека веќе се ближи нашиот крај и да продолжам понатаму со животот иако е тоа многу тешко
Ако сакате да бидете заедно пробајте, и покрај далечината, ако не оди ќе прекинете. Не мораш баш да гледаш на тоа дека ти ќе го чекаш него, работи на својата иднина, вложувај во себе, па ако успеете супер, ако не секој по свој пат. Зависи колку е вистинска и цврста вашата љубов, а и колку сте одлучни да бидете заедно.
Јас би ти рекла да се навикнуваш без него. Кога се сака се се може да,ама кога тој ќе биде таму а ти тука,ќе има многу разлика.
Дечко ми бивши исто така беше во Америка на 3 месеци беше и јас си го чекав и искрено во секој момент очекував дека ќе ми речи си најдов тука некоја.. незнам зошто ама си бев спремна на се..
Јас сум спремна да го чекам иако не се месеци во прашање туку година дена..Но исто како и ти имам страв дека тој може да го смене мислењето да најде некоја друга таму.Кога ќе види каков е животот таму кој е многу поразличен од тука да не му се смени мислењето и да ме остави а јас тука сум го чекала одредено време.Сепак морам да бидам спремна на се..Ви благодарам за советите
Пробајте, тешко иде тоа али можеби ќе успеете ако се сакате доволно се ќе издржите. А ти нели можеш да одеш со него? бидејки знам така некои отидат со својот дечко или девојка. @WarriorAngel може на мене да ми пишеш
Тоа е одлука на дечкото твој, а не твоја. Тој ако сака да е со тебе ќе остане каде што си ти, нема да си оди во друга држава. Ако си замине сигурно дека нема да успее врсаката. Мора тој да одлучи дали сигурно ќе оди или не. Ако оди, жал ми е што ќе го кажам ова, ама треба да си продолжиш со животот, плус ти вика дека таму ќе останел...
Ај размисли малку подлабоко пред да си створаш слики како ќе го чекаш и како ќе имате среќен крај. Не увиде дека дечкото од старт си кажал што му е планот? Зарем ако толку те сакал и ако толку била таа љубов реална и чиста би можел така да се понесе со тебе и баш тоа да ти го рече?! Не. Ако љубиш нема така да зборуваш, ќе зборуваш за "ние" а не за "јас". Дечкото толку отсечно и самоуверено тоа го кажал. Се надевам дека си сватила всушност што сака да ти јаже вистински.
@JollyGirl за да ти верува имај цврсти докази да не испадни дека е некоја шпекулација нели и секогаш имај на ум дека можи да не прифати дека тоа шо го велиш е вистина. Обиди се еден период да видиш како се движи дечково па ако можиш да го фатиш на дело или да предизвикаш некој сомнеж кај другарката. @jabi Колку години имате? Ако се сакате, ако гледате иднина заедно обидете се со врска на далечина, крај краева ако успеј на крајот мора да се најдите некаде заедно, таму или тука.
@shz Јас неможам да одам сонего..знам има многу така што заминале со работна виза или со запишување на факс..Но неможам да си доѕволам толку финансиски за да заминам и јас не се малку трошоци @pupi.girl Има притисок од семејството и тие го убедуваат дека мора да замине ако сака да има убав живот..Но тој вика дека после таа една година ќе се врати назат @theowndemon Јас имам 20 год. а тој има 23,незнам како ќе се одвиват работите дури да замине но разговаравме за тоа да пробаме да видиме како ќе оди..ако оди се во ред ќе продолжиме и по неговото враќање (ако се врати) ако не секој по свој пат и тоа е тоа @vitamina Знам дека ме сакам..во многу наврати за оваа година што сме заедно ми има докажано и искрено го ценам тоа што ми кажа точно како стојат работите отколку да ми велеше цело време чекајме ќе се вратам за брзо и така се до година..Незаминува по негова воља туку под притисок на семејството..А и пред некој ден една моја другарка со која многу често сме заедно така парови кога ќе излегуваме ми потспомна дека тој планирал да ме запроси пред да замине како сигурност дека ќе останеме заедно..и сега стварно незнам што да мислам и како да се понашам а и незнам колку е сериозна работава со тоа дека ќе ме запросувал