Секое машко сака да гледа провокативни девојки тоа е факт и нема овде што да се правда како што верувам дека и секое женско би зирнало на убаво машко кое е убаво градено веројатно, е сега кај многу од машките можам да забележам дека и претставува проблем ако девојките нивни се баш онака провокативно облечени или сликани и слично аа во меѓувреме сакаат да зјапаат во провокативни девојки . Инаку според мене ништо страшно, не набивај си комплекси напротив докажи му дека и ти можеш да бидеш исто така провокативна паа можеби и повеќе
Mислиш дека ако има девојка , никое машко не гледа порно и слики од други "провокативни " девојки? Си се заебала...
Го пишав ова пред некое време, па некој ми рече да кажам што ќе се случи, еве што се случи.... собрав храброст да и кажам пошто дури и мајка ми со свои очи го видела гадот со друга кај што му влага во кола... Значи мајка ми не ни знаеше за тоа што се случува и зар мајка ми би ме лажела, според описот таа беше истата љубовница... И така таман собрав храброст пошто ми пукна филмот и се јавувам не ми крева.... Пак и се јавувам, пак не ми крева... Поминаа 2 дена, кога ете ја се јавува и ми вика да се видиме.... Се гледаме ми кажува дека е бремена, и откако веста му ја соопштила на дечкото ИСЧЕЗНАЛ. После се појвил и рекол не е можно да е трудна, не е спремен тој, најдобро би било АБОРТУС. Таа не сака, а тој и рекол ќе зборуваме допрва за тоа. Еве го најјакиот дел: Кога тој ИСЧЕЗНАЛ, според времето се совпаѓа кога мајка ми го видела со љубовницата... Значи девојката среќна му кажува дека е трудна од него, тој без збор исчезнува и оди да ја секса швалерката.... Девојкта е уништена, а јас сум бетер пошто ништо не и кажав.... Како по ѓаволите да го направам тоа? Какоо? Што да и речам? Еј ај и така си уништена и плачеш да ти кажам дека има друга девојка, па таман едно плачење да ти се фати.. Така да и речам? Жими се на крај јас најкрива ќе излезам за се.... Најдобро е да го притиснам него за сам да и каже или јас ама баш стварно не знам што да правам. Башка си имам мои проблеми, па и ова уште ми требаше....
Најдобра опција ти е да се омажат, така ќе немаш последици врз тебе. А за тоа да се оствари, ти извести ја неговата љубовница преку анонимна порака. Времето само ќе си реши. Се друго тебе ти е на товар со секој поминат ден. Јас така мислам. Е сеа љубовницата ќе се стави у незгодна позиција, ама барем и она ќе се заштити од него, додека не и направил дете и на неа па уште полошо.
Не се мешај нигде, тие си имаат нивни живот.. Нема што да кажуваш и прекажуваш колку и да е вистина оти на крај ти ќе бидеш кривата и таа што не чини. Секој е доволно зрел да си ги реши проблемите. Што подалеку-тоа подобро. Мое мислење..
Јас на твое место би и кажала.Подобро да абортира неголи да го роди,веќе кога направела грешка нека прави до крај.Што ќе постигнат со тоа што ќе се земат,тој што и прави кога се во врска а кога ќе бидат па во брак што мислиш ќе се промени ли? Не,затоа јас би и кажала се,вистината секогаш се дознава,подобро од тебе да ја дознае.Со таков маж иднина нема.
Колку и да е тешко и не прифатливо мора да знае бидејќи таа не знае што се случува околу неа и се надева на него.Сум била изневерена и многу добро знам колку тешко се поднесува тоа,но барем нека дознае од најблиската другарка бидејќи ако дознае од некој друг можно е и тебе да ти се налути затоа што не си и кажала порано..Или нека се среди со тој идиотот,или двете барајте најдобро решение..Труди се да и помогниш најмногу што можеш бидејќи сега си и најпотребна.Биди со неа и разговарај исто така кажи и дека тоа што знаеш дека ја изневерува те боли исто колку и неа кога ќе дознае
Како во мојата глава така и овде гледам. Поделени мислења, едни не се мешај, други кажи и.... Не ми е лесно воопшто и не знам што ќе правам. Ќе размсилам уште малку, се надевам паметно ќе одлучам.
Прави што ке правиш ама мисли на времето, да не биде после касно. Мое мислење, ако ти е толку блиска да и кажеш, нека потврди и мајка ти.... ја да сум ја би абортирала од таков и би сакала да ми се каже.
Ах бе така да е лесно одма ќе кажам... Ете таман собрав храброст, пишав што се случи, сега е уште покомплицирано од претходно.
@JollyGirl Знам дека е тешко, ама ај постави си ја оваа слика пред тебе: Она решава да го задржи детето зашто верува дека овој ке се предомисли и дека ке биде со неа и дека ке и се врати. А он уствари со друга. Оваа више нема време за абортус си го раѓа детето а овој абер нема да го гледа и е со друга... Некако, не ми се допаѓа таа сцена. Не знам дали јас дека сум без татко растена што не сакал да се замара со мене па таа слика ми ги држи очите отворени не знам, ама знам дека би кажала колку и да е тешко ке преболи бе чоек. А уште потешко ке биде да донесе друг живот на свет, многу потешко ке е тогаш. Стави на вага двете ствари.
Извини те молам не прочитав за последната новост, пишав затоа што знам за проблемов пред некое време и те советував веднаш да и кажеш, незнам што си чекала, сега веќе е предоцна, тргни се настрана, момчето е во голема каша, може на време ќе се свести и ќе се покае, обиди се да стапиш во контакт можеби со него да му кажеш како знаеш се и дека многу греши, луѓе сме грешиме....
зашто да е доцна кога има уште време? Нека знае другарка и кое копиле е тој од дечко, уште дете да му роди? Ох не
Леле не е воопшто така, лесна ли работа е туку така абортус? Да лесно звучи, но тоа се трауми, може и психолошки проблеми понатаму да има девојката, не го оправдувам момчето никако, но има простор без последици се да се среди