@elimkd Да, ама мора да знае, мора за да може да донесе свесна одлука. А девојкава @JollyGirl е таа која знае, сепак станува збор за блиска другарка ако е можеби блиска и со нејзино семејство нека проба со некој од нејзиното семејство да направи муабет и да каже. Сериозна е работава за да се губи време и да не се кажува.
Да девојката кажа дека и е блиска. мислиш ли ти дека се знаеш и си 100% сигурна? -НЕ! Има толку многу работи што мислиме дека ги знаеме, а вистината е можеби сосема друга, подобро и побезбедно е некогаш да останат работите такви какви што се Толку од мене го кажав мојот совет и мислење и незнам што друго да додадам
Во ред девојки нема потреба од напнување, различни мислења имате и двете ми значат и ги почитувам. И јас во моментов се соочувам со мои приватни проблеми и затоа не можам со ладна глава да размислам и за овој проблем на другарка ми. Сепак се решив и му пишав нему порака, дека знам се, да не навлегувам во детали, и на крај го прашав отворено и искрено да ми каже што планира. Сега го чекам да врати, па зависно од одговорот ќе решам понатаму што да правам. Битно направив прв чекор, па нека е со среќа. Сепак човечки живот е во прашање, малечко и невино бебе е во прашање....Може вистина во моментов е големо колку кикирика тоа бебе, ама има значење како и секое друго човечко суштество. Тој волот не е дете вака да се понаша, ама нели нему му е гајле таа ако абортира....тој ќе може пак деца да има, а што кај неа ако настанат проблеми? Прва бременост и одма абортус. Не е играчка. Таа ќе треба по болници да седи, таа ќе треба низ психички тортури да поминува, а тој што? Само оди од девојка на девојка... Гад.
Не е за напнување, ете различни ставови имаме, не знам зашто се напна така феминкава. Сега сите имаме право да искажеме мислење. Сепак мое е она да дознае и да направиш муабет и со некој од нејзините. На крај, има многу што абортирале прво па немале проблеми за второ. Не сме 19ти век, не е страшно тоа колку моментот низ што ке поминува без разлика што ке биде нејзина одлука. А фер е да знае. Уште пофер он да и каже.
Мое мислење е дека премногу се преоптеретуваш со тој гад(ти така го нарече)...ама гледано од друга страна и тој има право да си живее како сака..подобро е да не се мешаш воопшто..што си видела не си видела и толку.
Ама како може да бидете имуни на такви ствари, не е било кој туку нејзина најдобра другарка. Како тоа да премолчи?
Не се напнав напротив, ти се извинувам ако така делував, сепак друго е да пишуваш, друго е реална комуникација, различен впечаток се добива. Jollygirl добро е да прочиташ различни мислења и сама да си донесиш заклучок како ќе постапиш. Ти посакувам побрзо да си ги решиш првенствено сопстените проблеми
Не се преоптоварувам со него, туку жал ми е за другарка ми. Не е било која другарка, туку ми е НАЈДОБРАТА другарка. Леб сме делеле што се вика. И тој има право да живее како сака? Па што не и раскине со веме на другарка ми, па нека си оди со другата, ама тој не...сака со 5000 девојки секс да има во исто време. Една оставил трудна, кај друга оди на тешење. Абе другарка ми не ја нашле на улица за вака некој да се понаша со неа. Да дознае татко и нејзин, ќе го убие наместо. Ете во иднина да се смират, седнуваме заедно на маса, таа насмеана радосна, кажува колку се сакаат, а јас во очи ја гледам и како кокошка да ќутам? Не можам да го поднесам тоа. ете му пишав на гадот и веќе се замешав
Знам дека ти е жал ама некогаш ова решение е најдобра варијанта, да се правиш на тошо...од искуство ти кажувам.
Се надевам ќе се реши да ѝ каже он. Те советував и минатиот пат истото и сега ќе ти го кажам. Кажи ѝ ако дојде до тоа. Не ќути. Полошо е. Ако дознае дека си знаела, и тебе ќе те обвинува.
Тој ми остави само seen и ми скурчи....Одма ја начекав постарата сестра на другарка ми, и пишав дали е слободна да зборнеме. Беше слободна, сама е во друг град, зборувавме на телефон и се и кажав. На неа барем ми е полесно да и кажам... Не знаеше ни дека била трудна, беше шокирана ама баш шокирана...ама ја замолив да не и спомнува ако сама не каже за бременоста. Не можеше да се совземе пошто низ сето тоа поминувала сестра и, а таа ништо не знае. Утре ќе доаѓала дома, и ми рече таа ќе зборнела за се со неа. Ми рече мене нема да ме меша, као демек таа го видела со друга, и други луѓе и кажале за него. Ми рече, цитирам: Мене и да ми се налути сепак сум и сестра, нека ми се лути, нека ме тепа, нека го исфрли бесот сепак сме сестри, ама вие не си го уништувајте другарството. Пошто нели никој не знаеме како би изреагирала. И реков одма да ме извести за се и некако ми е полесно сега. Жал ми е премногу, низ ова никој не заслужува да поминува а послебно не толку добра личност како што е другарка ми. Ќе бидам цело време покрај неа, само ете сестра и нека и каже...од сестра не боли толку....барем знаеш дека сестра ти/ брат ти нема да те излаже.
@JollyGirl полесно е сега нели? Браво и за сестра и што така заштитнички се поставила кон тебе, знае дека ви вреди пријателството
Полесно ми е што таа ќе и каже, ама сепак ја мислм сега Очекувам да ми се јави, па ќе и бидам поддршка што и да одлучи. А тој нели ми остави seen, сабајле во 5 ми пишал: Што зборуваш бе? Ти нормална си? Имам проблеми оставете ме. Демек дали сум нормална дека му кажав дека знам за другата.... Јас не можам да повервам каков станал тој, а тешко на другарка ми. Ќе ја изгушкм силно и цело време ќе бидам покрај неа.
@JollyGirl да, тој сега ке игра на карта на жртва, ке измислува некакви семејни и здравстевни проблеми, ке се прави невино јагне и сл. Тоа се тие профили на луѓе кои емотивно манипулираат други. Гад.
@JollyGirl, има ли шанси другарка ти сепак некако да дознала за неверството (кога очигледно веќе цел град знае) па бебето и да не е толку „случајно“? Тој почнува да шара на страна, односите почнуваат да се заладуваат, таа баш тогаш останува бремена... Нема да е прва ни последна што посегнала по старата добра женска тактика за задржување на фраер. Звучи злобно од моја страна, знам, ама па и лично познавам цуци кои се послужиле со „финтава“.