Јас верувам дека нема да стане како него, ама не може да му оди секогаш по кејфот негов. А му оди. Не сакам ни да му забранам да се дружи со некого, ама треба малце да е сам свесен дека не треба да му го тера кејфот постојано. Сакам да му дадам до знаење дека треба малце со усул со другарот, а не да му забранам... :/
Погоре пиша дека му имаш кажано дека ти смета. Колку пати му кажа, како му кажа и што тој ти одговори? Разговарај ако треба уште еднаш и убаво објасни му се. Направете договор но имај на ум и дека тоа пријателство можеби му е важно, дека тој другар можеби му значи. Многумина кога ќе почнат врска забораваат на пријателите но многумина имаат пријатели за кои попрво би се откажале од љубовта отколку од пријателството. Твојот проблем всушност е тоа што не можеш да се помириш со фактот дека тој има таков другар и се нервираш. Можеби единственото што можеш да го смениш овде е твојот став кон тоа другарство а не и интензитетот на нивната дружба.
@Bitter-Sweet Абе Битер, ај да не се лажеме. С ким си, такав си, е можеби најголемата вистина. Никој не е другар со некој од што се дијаметрално различни И плус, кој треба да му биде приоритет? Лар или другар му? Колку пати девојчето треба да каже дека одредена работа и смета за да тој направи некаков компромис? И дечко и испаѓа шетал во ниедно време надвор на улиците, и висел со непознати девојчиња, и ова и она. А никој не може да те натера да правиш нешто што не сакаш
@Summerlover јас знам дека не е баш точно тоа с ким си такав си бидејќи и јас бев во врска на далечина, и мојот бивши имаше такви другари што дури слики од голи женски му праќаа па ништо. Тој беше еден карактер, тие беа други. А и не секоја девојка може да се справи со љубомората, не секоја знае како.
Ако неговиот другар е таков немора да значи дека и твојот дечко таков ќе биде. Мојот дечко има таков другар оди само со постари и сите сака само да ги легне, ама мојот дечко и другите останати негови другари не се такви, одат заедно на кафе онака се собираат кај некој другар и никогаш не помислувам дека дечко ми може да ми направи нешто, бидејки тој не е таков знам веќе и како диши. Не се сложувам со с ким си, такав си некогаш тоа не е точно. Имав две другарки коишто со сите излаваа скоро со сите беа излегле од нашиот град, па почнаа да излегуваат со момчиња од околните градови и тие се исти како другарот на дечко ми, ама јас ете не сум како нив каква што си бев таква и си останав никој неможе да ме смене, се оддалечив од нив и веќе немам никаков контакт.
@shz Со самото тоа што си се оддалечила од другарките баш ја потврдува вистината дека со кој си, таков си. Ти не си била како нив, и затоа не си можела да го издржиш нивниот начин и на размислување и на живот, па затоа си се оддалечила. @Bitter-Sweet Се е тоа во ред. И справување со љубомора и се. Но, еве, како би се ти чувствувала да му кажеш на дечко ти дека нешто ти смета, а тој воопшто да не се труди да изнајде компромис за ситуацијата? Туку, и после толку ултиматуми за крај на врска, тој си продолжува со неизживеаниот му другар. Едно е да бидеш болно љубоморен, а сосема друго е да реагираш бидејќи дечко ти воопшто не те зема во предвид како ти е. Како ќе му беше нему Лар да имаше таква другарка и тие две ќе шетаа во 6 сабалје и ќе одеа на маси со непознати момци? Кој ќе и веруваше на Лар дека она не е таква?
@Bitter-Sweet Па му кажав дека неколку пати ни направи проблем таа дружба со него и ми вика дека тој не го слуша ич дека само се дружи дека му е другар и ништо повеќе, дека никој не може да го натера на нешто што не го сака. Проблемот е што јас сум болно љубоморна и се нервирам кога е во близина негова, пошто знам и дека е малце расипан другар, ама гледано од моја страна. Сите други другари го сметаат за многу добар и голем другар. Е јас инаку гледам на работите. @Summerlover Епа баш тоа сакам да му го кажам, ама не сакам да се споредуваме. Како би му било него ако јас имам таква другарка? Изгледа треба да најдам некоја таква, па да види малце како е. -.- @shz И јас имав таква другарка и ме зборуваа исто како неаа, дека одиме со мажи и секакви глупости, а ништо од тоа не беше точно за мене. Јас упорно и упорно се дружев со неа и пробував да ја сменам ама џабе. Потоа почна да оди во друг град да излегува и не ме бараше, па се одалечивме. Е тогаш кога се дружев со неа, на дечко ми му пречеше тоа што ќе одев кај некои машки на маса заедно со неа или ќе шетавме до покасно. Ама тој е со визија дека машко е едно, а женско е друго. И да така е, ама пак мене ми пречи тоа што го прави токму кога е со тоа детише. Од др. страна го ценам тоа што на пример синоќа си отиде порано од сите дома за да не се расправаме, ама ме нервира самото тоа што е излезен со него, а тој го носи кај братучетка му на маса а таа со 10 женски кои му се пикаат, и нервата ми се кине.
Вака сега мојот проблем е следниот. Минатата недела со дечко ми имавме жестока расправија и го натерав да го отвори фејсбукот да видам со кого си пишува и тогаш видов дека си пишува со друга девојка од Велес и дека размениле броеви таа му се јавувала, си правеле муабет тој го негираше сето тоа и го натерав да ја блокира и ја блокираше пред мене. Меѓутоа доста често кога му вртам телефонот му е на втора линија, ме лажеше мајка ми ми вртеше, тетка му, другарот овој оној знаев дека ме лаже ама молчев и собирав во себе цело време, сакав да видам до каде ќе отиде. Зборував со еден заеднички другар и одоколу ми кажа дека сеуште се слуша со таа девојка од Велес и дека ја лажел дека му е блокиран фејсбукот, не и кажувал дека има женска и дека таа му направила нов фејсбук ама тој ме блокирал од таму. Од на другарка ми фејсбукот проверив и навистина има нов профил и ја има само нејзе на тој профил. Е тука ми пукна филмот и го отерав у пм го блокирав од секаде и му раскинав. И сега ми праќа пораки дека таа ништо не му значела, дека не вредело да се скараме ради нејзе, дека ме сакал и триста глупости. Другарка ми вика си избрзала не си го ниту сослушала ама како да го сослушам кога ми вика кумот ми го направи тој фб денес, а отворен е од пред два дена и зошто ме блокирал мене, зошто му е зафатен телефонот? Многу го сакам ама не можам да го простам ова не е прв пат. Дали да му дадам уште една шанса да ми објасни или не?
@loveyouuu Тој имал шанса,ја прокоцкал. Ќе му пружиш втора,па трета,петта, ќе те мотка само. И самата си го фатила во лага, нема што повеќе да очекуваш од таква личност. Штом еднаш се роди желба за трета личност,нема назад. Без срам уште и се слуша со неа, барем да ти раскинел и отворено да си каже што има. И јас имав таков случај со бившиот. По саат време зафатена линијата, демек до мрежата било. Недела,две така. Фб пред мене не се отвараше. Еднаш го отвори и имаше "ненадејна" порака од девојка која му вели да исчезне од нејзиниот живот,кога прашав зошто?Демек ја одминал здраво не и кажал. Мижи да ти баам муабетов. Па лајкови кај "братучеда на кумата" за на крај да излезе ме вара со овие две Каква шанса,какве п***е материне. Не попуштај,прости му не но заборавај. Те чека подобро во животот.
Мене не ми се допаѓа тоа што си му чепкала по телефонот сепак тоа е приватна работа. Според мене најважна работа во една врска е довербата ти чим си се посомневала одма си почнала да пребаруваш место прво да го ислушаш е сега ако тој навистина правел така тоа е веќе негова грешка па според мене не заслужува уште една шанса.
За ова не можам да се согласам со тебе. Едно е болна љубомора и „превентивно“ чепкање по телефон да не се налета случајно на нешто компромитирачко ама кога веќе постои солидна основа за сомневање, од каква реална корист ќе биде разговорот? Да не ќе признае дотичниот оти има друга? Мислам, можам и да го замислам муабетот: -Абе злато, да не имаш ти друга? -Неееееее, никако, само тебе те сакам! -Хмм ај ок, штом ти така викаш... Па уште и ненормална ќе ја направи девојката што воопшто можела да се посомнева во него. Кај нема ништо да признае без докази, туку фраерот уште ќе учи од грешките па нареден пат дупло ќе се потруди да не биде фатен. Плус, знаеш како викаат, во Господ верувај, се друго- проверувај!
Да убо го кажа ова ама некако не е мој стил така чепкање по телефони... Можда има и некој други начини ете и кажувале и други дека го виделе и слично мислам не се бега од тоа нели?
Ве молам за совет..Вака..почеток на септември додека бев излезена сретнав еден дечко и цело време се гледавме измеѓу гужвите .. утре дента тој ме најде на фб бев изненадена и го прифатив. Одма ми пиша како ме тражел цела ноќ и на крај сум му излегла од страна не дека поверував многу ама ајде да прејдам на главното.. се допишувавме 1 недела можда 2 така нешто се да се видиме ау бау инаку јас сум од скопје а тој не е од мој град. Се видовме излеговме си поминавме многу убаво и отидовме кај мене дома , јадевме слушавме песни ни беше многу убаво.. не можевме да издржиме и имавме секс. Преубаво беше се ама поентата е што како што поминува времето се повеќе се каам што спиев со него одма бидејки обично не правам така.Се гледаме уште значи тој доаѓа во скопје да ме види ама врска никако не ми спомнува, знам дека е рано ама јас така се привржувам брзо. Кога еднаш го прашав што планира со мене ми рече дека сакал работите да течат спонтано меѓу нас дека не сакал одма да скокаме у врска бидејки работите што почнувале многу брзо завршувале лошо.Бил во врска 1 година и типката го изневерила или требала да се види со друг се допишувала не го сватив убаво.Се допишуваме секоја вечер и се слушаме преку телефон секоја ноќ пред спиење , на моменти е многу мил со мене вчера ми викаше дека му фалам многу дека сака да е у моја близина да биде до мене...некогаш е многу ладен променливо расположение има. Поентата ми е дали мислите бидејки спиев со него уште одма дека тоа е причината поради која тој не сака врска? Можеби мисли дека сум некоја лесна девојка не знаете колку се каам ама ме понесоа страстите...Ми вика дека од како почнал со мене не се гледа со никоја друга,и мене нон стоп ме прашува дали се гледам со друг.Многу ми е убаво со детево и не сакам да биде само за секс иако почнувам да мислам дека само ради тоа се гледа со мене и не знам како да му спомнам и да му кажам нешто...Тој е тип што не сака да го гушат многу и да го напнуваат.Ве молам за искрено мислење што да правам и без осуди зошто сум спиела со него уште одма.Ке ви бидам многу благодарна.
Не ми звучи како да е со тебе само за секс искрено. Се додека неговиот однос кон тебе не е сменат, значи дека се е во ред. Дај му малце време, сега доаѓа Нова година и други празници, поминете си убаво. Доколку после тоа не почне да кажува за врска, можеби ќе е подобро да продолжиш без него. Иако, мене ми изгледа дека се ќе биде во ред, сепак претходната врска не била баш најдобра. Биди трпелива, иако знам колку е тоа тешко некогаш. Машко не оди во друг град само за секс, тоа може и во негов град да го добие
Не знам како што реков многу променливо расположение има.Овие 2 дена 3 да не речам се јас му пишувам прва и како нерасположен ми делува.Вчера му пишав ми вика кај си цел ден ти ццц, а тој уклучен цело време и не ми збори,и сега е уклучен ама не ми пишува а ми рече денес ке сме се виделе.Не знам не му пишувам јас воопшто веќе пошто се осеќам безвезе..многу ми е криво ама со сила убавина не бидува
@stefanijata, нема врска тоа што сте имале односи уште на првиот состанок ама па ако на тоа ви се сведува секое негово доаѓање во Ск, јасно е зошто е со тебе. „Оправдувањата“ зошто не сака врска му се клише и слушнати милион пати до сега. Мислам дека немаш иднина со тој дечко и колку побргу се тргнеш од него, толку подобро за тебе и твоето емотивно здравје.