Јас нему не му чепкав во телефонот туку ние кога и да се видевме на дотичниот телефонот му беше или исклучен или на авионски режим и јас тука се посомневав дека крие нешто. И сигурно дека ќе реагирам, не сум јас будала да молчам и да ми набиваат рогови. Го натерав да отвори фб и имаше порака од таа девојка кај што му пишала дека ќе му се јави а тој тука почна да негира, да се правда и триста чуда а нормално не признаваше и ја блокира. Е после од заеднички другар разбрав дека ја лажел дека му е блокиран фб, дека нема женска и дека таа ќе му отвори нов фб за да си пишуваат. И после таа вечер нему доста често телефонот му беше зафатен, знаев дека збори со нејзе ама сепак молчев да видам до каде ќе оди работата. Доста често сам се фаќаше во лага ќе речеше ее со мајка ми зборев, па после некое време демек другарот зборел од негов телефон и мене тука веќе ми е јасно дека ме лаже. И кога видов вчера дека навистина има нов фб каде што е само со нејзе пријател тука ми пукна филмот и го отерав у пм. Како што кажа @Nausicaa и да му дадам шанса да го ислушам тој никогаш нема да признае ќе се правда и ќе ме лаже и утре јас како ќе му верувам нему пак. Мене ме изиритира другарка ми што ми рече дека сум постапила детски што ради фејсбук што му раскинала. Е како требаше да постапам, како ќе се чуствува тој јас ако со други си правам муабет до доцна навечер или си пишувам? Па и ми праќа пораки дека таа не му значела ништо, не вредело ради нејзе ова да му го правам, требало да го разберам не знам што, глупости. Толку ми е жал затоа што вложив се во оваа врска и на крај вака да ми враќа.
Еј, срцев удар за малце ќе имав. Читам штом со други се слуша... и срцето бам бам, си викам како бе се слуша кај сум рекла така ииииии
Не ми пишува еве цел ден а цел ден е уклучен, овие 2 дена се јас пишував, а вчера ми вика i miss you i need you таму нешто.. и ме фати инает и не му пишувам не знам ни јас како издржувам...уфф беее до каде вака со машкиве
девојки не знаев во која тема да се обратам за мислеље па решив тука. Вака јас сум раведена особа и сум со дете имам 32 години..пред некое време се запознав во ннекој кој е помал од мене 7 години. Почнавме да се гледаме на почетокот се надевавме дека ке е само секс забава и секој ке си тргне по својот пат. Проблеммот настанна кога двајцата почнавме мегусебно да имаме чуства еден за друг. Имаме многу пречки за една нормална врска и сеуште се криеме. Едно време се раделивме тој почна да се гледа со друга девојка ама не е во врска и со неа, по некое време пак се смиривме. Пред некое време ми рече дека со неа се обидуввал да ме заборави но не му успева. Јас почнав да се гледам со друг кој ми одговара и спрема возраста...но ете пак се вракаме секогаш на тие тајни средби. Велат љубовта победува се но еве не било така едноставно. Ни можеме да сме заедно..ни па да сме подолго време еден без друг. Ве молам за било какво мислење.
@Mamasita123 А зошто не се обидите? Дали само возраста ви е пречка? Ако да, ќе те советувам, ако навистина се сакате, полека почни да го носиш дома, детето да го запознај, да го засака, а не да биди „еве ти нов тато“. Ако не го прифаќа, дај те му на детето малку време. Зошто разликата е голема можеби и неговите да клоцаат, ама големи се тие, ќе разберат. Гледај играјте како шо ќе ви свири малото. Ако имате и други проблеми, нагласи ги ако сакаш за да можиме поконкретно да зборуваме. Со среќа.
и неговите родители не би прифатиле таква врска... а тој не е спремен да им се спротистави. Секогаш знае да каже јас сум многу млад не знам дали ке можам да се изборам со сето тоа. Некогаш се однесува како да би се борел против сите...но некогаш и како да сака да се откаже од се. Му реков да престанеме да се гледаме да ставиме крај....и неколку пати престанавме но ете после некое време пак се враќаме еден на друг. Сега моментално се гледа и со друга девојка...се со цел за да забрши ова нашево...но бидејки за се отворено си разговараме кажува како само се измачува. Но дефинитивно не е спремен да се соочи со неговите. Не знам дали да продолжам да се борам..или да се откажам од се ова.
Ти имаш 32 години , и кога све ти е јасно зошто прашуваш ? Немој да мислиш дека те осудувам , но зошто си го трошиш времето ? Ти треба да се осекаш како кралица во врска , а не да си под нервози и борби против неговите , против судбината и сл. Остај го детето , да, тој е дете за тебе , и не си го упропстувај животот и твојот и неговиот, најди си некој што би ти одговарал . И јас сум против овие врски , и јас да имам дете нема тоа да го прифатам . Возрасна си и све ти е јасно , незнам зошто прашуваш . п.с. Неговите родители знаат за тебе ?
@Mamasita123 ако тој не е спремен да се спротистави на неговите, во смисла да му кажи дека си најде жена која ја сака, стварно не знам шо да ти речам. Не велам дека е лесно, ама од друга страна нема многу работи искусено па можеби ова му е досега најтешката па му треба малку да го поттурни некој. Зборувај со некој другар, зборувај со него, обидете се заедно да се спротиставите на неговите родители. Господе, за неговата среќа се работи. Сепак, ако успеете да го помините ова, постапи внимателно со детето. Со среќа.
потполно се сложувам....но ете незнам од каде ми се роди голема љубов. И мегу разумот и срцето малце ми се помешаа работите. Затоа и побарав мислења. Стално и се осудувм самата себе...зарем имам право од некој што тек му почнува животот и треба да го изживее тоа што јас го поминав да го врзам за себе. Но ете пак се залажувам и јас и него. Ти благодарамм
@Mamasita123 Разбирам љубов, но тоа што он не е спремен да застане за вашата врска треба доволно да ти каже за него. Љубов не е само чуство као сакање и убав секс, ами борба, пожртвуваност, почит, респект итн. итн. итн. .... Размисли си дали сакаш да имаш живот со човек кој не е спремен да застане за нешто свое и да го одбрани истотот. Размисли си убаво.
изгледа после лошиот брак...го заборавив тоа. Ти благодарам на искрениот одговор. Истото мислење го имаме. Но како што кажа и ако сум свесна за тоа..ми требаше и туго мислење. Се надевам дека ова ке заврши како една добра авантура во животов. А за него би ми било мило да му е убаво во животот.....затоа што разубави еден дел од мојот. И после се би била тука за него стално..барем како пријател. Уште еднаш ти благодарам милаа.
@Mamasita123 Размисли си убаво, стави на вага двете ствари. Глеаш више си имала лошо искуство, пробај да научиш лекција од тој брак и стави си критериуми за идни врски.
Здраво Во потрага по повеќе мислења, решив да се зачленам тука. Пред 10 месеци се гледав со едно момче, кое ми остави длабока трага по раскинувањето. Јас имам 30 години, а тој 27 години. Двајцата сме од различни градови, се гледавме на далечина добри 6 месеци. Пукна од многу причини се разделивме, тој ме избриша од секаде. Јас многу патев затоа што го љубев во срце ми беше, имавме прекрасни мигови кои не сакав да паднат во вода. Сега после толку време тој ме заследил на Инстаграм и ми ги лајкнуваше сите фотографии, јас го игнорирав. Кога ќе ставев по грешка лајк тој веднаш ми пишуваше во пошта. Бев дрска и иронична кон него и самата незнаев зошто го правев тоа. Пред некое време бев во неговиот град и несвесно се тагнав на Инстаграм, тој видел и ми пиша да пиеме кафе повторно го одбив со иронично НЕ. Од таа ноќ јас се почувствував како не сум дала шанса да се искаже, почнав да се прашувам зошто по толку време ме бара и зошто со мене би си го трошел времето. После некое време од тој настан јас му пишав на вибер чисто информативно и го поканив на кафе, тој не ми рече не туку ако имал време. Му реков дека ми е сеедно, а не ми е. Верувајте не би го пишувала ова, но како да ми се врати се. Потоа пак го поканив на кафе бидејќи е често во мојот град работно и повторно следуваше дека немал слободно време за кафе. Комуникацијата ни е секојдневна, но не е тоа тоа. Незнам како да го сфатам ниту разберам. Ве молам за совет. Да ви кажам дека во теков на врската сме имале односи.
хмммм ова ми е како детско играње , сега не сакам после сакам Вака или биди дирекна со него кажи му што сакаш или заборави го . Нема потреба од тактики .
Mila jas go imam prasano isto saka i toj mi veli ednas da ne bides drska... Ke mu recam e ne ti pisuvam poveke, sega za kafeto mu rekov ete posleden pat te pokanuvam, koga ke pokanis ti ako bidam slobodna ok i toj da sme zivi i zdravi pred se.
покани го пак ти ... види нема ништо лошо да го поканеш пак и да му кажеш што сакаш . Немој да бидеш ограничена со тоа па тој не сакал да дојде и сл., покани го и биди позитивна , побрзај дури не ти го грабнала друга.