душо твојата ситуација би се решила само со отворен разговор , друг начин не гледам . Еве ако знае некој друг начин нека пиши
Јас мислев па вакви игри имало до одредена возраст. Изгледа сум била грешка. Мислам дека дечкото е очаен и сака само да има секс со тебе,ништо друго.
Јас не би рекла дека само за секс сака....па девојчето кажа дека она неколку пати го одбила,па сега можеби и враќа
Тој да сакал да е со неа, немало да ја избрише од сите социјални мрежи. Вика на далечина се гледале. Сигурно тој во градот каде што живее си има и друга со која се гледа, но таа зошто имале односи ја смета за сигурна, во смисла знае дека може да има со неа кога сака. Такви мангупи од такт ме вадат, јас да сум како девојката прво ќе истражам што прави тој кога си е дома и дали има друга. По постапките не изгледа како да сака сериозна врска
Абе ајдее....ако му било само за секс...до сега сите понуди ќе и ги прифател. Покани го уште еднаш....дајте си шанса за отворен разговор.
Точно.....но како што кажа биле во врска и раскинале. Многу после тоа се бришат од социјалните мрежи. Така да бришењето не е мерило дека бил со неа само за секс.
Тој ме избриша бидејќи бев вулгарна спрема него. Како што наведов тој и јас сме имале односи,ме изненадувал,доаѓал и не секој пат сме имале секс кога сме се видувале. Јас му раскинав поради тоа што кога јас бев со неговиот град тој не излезе со мене туку со друшството. И следниот ден одвои само 30мин за да појадуваме заедно. Немаше време за мене,тоа беше причината поради која прекинав. Овој пат му воочив дека заслужил да бидам безобразна кон него тогаш. Да беше за секс тој отворено би кажал затоа што секогаш е таков тип на маж кој се сака пррмногу себе си па не би се спуштил ниско.
Искрено малце си претерала. Тој ако цело време доаѓал за тебе и сте поминувале време заедно, па што си се качила за една ноќ што излегол со другарите? Кога ќе слушнам вака, ми се повраќа искрено. Ти не сакаш да излезиш со другарки на една ноќ без него? Остај го да диши. И чим сте појадувале а не ти ѕвонал ноќта за секс, очиигледно те почитуваЛ. Си направила грешка искрено. Како кокошка без глава си искрено, само во ѕид маваш. Преиспитај се, сериозна сум. Ем ТИ си му раскинала, ем те МОЛЕЛ, ем плачиш по него. На крај краева, остај го детето да си најде некоја поарна. Ти си играш со него игри, и само сакаш по газот да ти оди. И после се чудиме како добрите момци стануваат идиоти. Е ВАКА!
Има нешто што девојчево згрешило Ништо не и преостанува,него да го врати дечкото,и малку да го спушти носот,не секогаш победува надменоста
Идете долго време со дечко,сте поминале низ се и сешто заедно и никогаш не сте се откажале од него(иако можеби би требало).Кога веќе лошите работи исчезнуваат,Вие сте многу среќни и исполнети со љубов и ете пак се случува нешто лошо..Искачаат на виделина некои разговори на фејс. сосема необични дечкото се вади со изговор како демек “сакав да се зафркавам“ поминува и тоа..Простувате.Неговите идат на викенд и ве поканува да останете кај него на спиење,вие толку среќни прифаќате,конечно со љубениот,кога ништо не е како што сте планирале! Љубениот заспива во 22:00 и баш му е гајле за Вас!!! Плачете,се нервирате,затоа што знаете дека кога не сте заедно седи и до 2 ноќе.Ајде некако се буди и ве смирува потоа легнувате во различни кревети.Сабајлето се буди нити добро утро,нити бакнеж и гушка..Ништо! Ве гледа и се смее како зелен,како да ви се сити што ви иде да пукнете,уште ви вика ДА БЕШЕ ПАМЕТНА ЌЕ СИ ОТИДЕШЕ НОЌЕСКА (А не сте баш при парични средства за превоз) ..Ова ми се случи вчера,незнам кој како ќе свати но јас сум целосно уништена,дечкото на кој што сум му била за се поткрепа во животот прави будала од мене и кога ќе види дека плачам буквално ме гледа и ми се смее!! Тоа ме уништува.Што секогаш сум му подавала рака,што секогаш пред се му бев другарка,го правев подобар човек за возврат да ме бутне на земја....и уз пат да кажам дека вака е само кога ќе види дека сум безпомошна без него,а кога сум ладна,кога не го барам е сосема др.личност. (ме бара се труди итн) Секаков совет би ми бил добредојден затоа што на секој од нас некогаш ни е потребен разговор со непозната личност.Ви благодарам,убав и пријатен ден!
@Yeeah дечкото очигледно бара начин да те откачи, и со самото тоа што така ти се понашал ко идиот чека на тебе, ти да го ставиш крајот па тој да си биде чист ко солза. Не дозволувај некоја да те навредува па дури и без памет да си, никогаш не дозволувај некој да т ејебе во психа, од такви кретени ќар немаш, само ќе се изгубиш сама себе и ќе с ејадосуваш. Немаш што да глумиш лудило и да играш игри од типот топло-ладно за тој да се труди околу тебе, биди храбра и стави крај, ваков дечко не ти треба, вакво однеусвање на се личи само на љубов не.
дечки има едно типче шо ми се допаѓа мн. се знаеме од видување ама слабо, само еден месец а си немаме зборнато. тој ме мерка. ко ќе е во машко друштво мн ме мерка ко ќе е со другарКИТЕ ме мерка ама помалце. ко се видовме еден на еден ми се насмевна и ме гушна шо мислите дали ме сака и совет како да му пријдам без да напрам глупост и без да испаднам смешна? фала мн и позз
Прво како што нагласив ние одевме пред 10 месеци. Никогаш не сум му бранела за да излезе со друшство, бидејќи претпоследниот месец тој често доаѓаше скоро секој ден да се видиме,последниот месец тој веќе не доаѓаше. Искористив јас слободен викенд од работа и отидов, тој беше навремено известен дури вечерта кога стигнав ми кажува како нема да се видиме. Е мислам требаше да ми каже ќе си испланирав и јас нешто и немаше да има пречки, потаму сме си спиеле во различни куќи. Така да клубот во кој беше излезен беше на два чекора од мене па ако толку сакал да ме види ќе излезел на 5 мин, тој прво ми вели ќе излезам на 5мин да те бакнам и подоцна ми вели еј не излегувам. Колку сум јас виновна толку е и тој. Никогаш себе си не сум се гледала како пречка да си најде тој подобра како што кажуваш ти,сепак тој е тој кој ме побара сега, а не јас. Ве молам читајте дека се работи за период од 10 месеци, поминати се 10 месеци од кога раскинавме. Ти благодарам за мислењето,ценам.