Decko ti e idiot. Licnosta sto te saka nema da te ismejuva i ponizuva,pogotovo ne koga si bespomosna. Jas bi razmislila sto dobivam od taa vrska i dali vredi da prodolzam so takva licnost .
Здраво девојки, вака, ја сум со дечкоми во врска веќе 6 месеци и во исто школо учиме и се појавија едни девојчиња кои почнаа да му досаѓаат и да го викаат но тој не им обрнува внимание. Но тоа многу ме нервира бидејќи тоа го прават пред мене и многу се нервирам. Денеска им станав и пред нив го гушнав и го бацив. Не знам што да правам понатаму, ќе можете ли да ми дадете совет како да се однесувам понатаму и дали да им одговарам на нивните провокации..
Ми треба совет. Немам со кого искрено да разговарам. Се работи за врска од 6,5 години, многумина би рекле таа врска треба да е изградена и да стоите на здрави ноѕе но за жал не е така. Периодов од изминативе три месеци ми е катастрофа напната , нервозна , под стрес со триста проблеми. Се работи за личноста со која планирам иднина, но се плашам од неуспех како се приближува времето за заеднички живот. Буквално се ми е одмилено несакам дури ни да го гушнам, сексот не е тоа што беше, моментите заедно како да се од навика,чести караници и нервози незнам до каде вака многу сум загрижена. Постанав многу нетрпелива, се ми смета дури и неговата облека, мирисот неможам да го поднесам. Не е во ред знам, ама само од себе е. Некако како да е се монотоно, двајцата без работа неможеме да си ги пружиме некои задоволства тој секогаш кога ќе се видиме со телефонот во рака прати резултати... Абе ужас, не ми се излегува.Ќе ве молам за совет. Работата не е на арно.
@Miss Snowdrop Работата не е на арно и тоа со право. Фактите се тие: Долга врска- автоматски притисок за заеднички живот, и тој притисок во повеќето случаеви паѓа на девојката, а мажот си продолжува со стандардниот тинејџерски филм, наместо озбилен, 24/7 со билтенот во рака. За жал, она што го напиша го препознавам во 80% од паровите што ги познавам. Притисокот станува се поголем кога се ближи тој фамозен заеднички живот, а ти се чувствуваш избезумено бидејќи длабоко во себе знаеш што реално те очекува. Мој совет е the hell with it. Животот е еден и не треба да биде монотон, прави повеќе од она што те прави среќна. Ако си несреќна, не живеј заедно, ако не иде, прекини за подобро утре, отколку под притисок од околината и туѓите влијанија да живееш мизерен живот, само да не рече некој нешто!
Целиот проблем лежи во болдот. Ангажманот вон заедничкиот љубовен живот ќе ве натера да се посакувате одново. А и ќе капне некоја паричка со што можете да инвестирате во заеднички задоволства покасно.
Ми треба совет. Немам со кого искрено да разговарам. Се работи за врска од 6,5 години, многумина би рекле таа врска треба да е изградена и да стоите на здрави ноѕе но за жал не е така. Периодов од изминативе три месеци ми е катастрофа напната , нервозна , под стрес со триста проблеми. Се работи за личноста со која планирам иднина, но се плашам од неуспех како се приближува времето за заеднички живот. Буквално се ми е одмилено несакам дури ни да го гушнам, сексот не е тоа што беше, моментите заедно како да се од навика,чести караници и нервози незнам до каде вака многу сум загрижена. Постанав многу нетрпелива, се ми смета дури и неговата облека, мирисот неможам да го поднесам. Не е во ред знам, ама само од себе е. Некако како да е се монотоно, двајцата без работа неможеме да си ги пружиме некои задоволства тој секогаш кога ќе се видиме со телефонот во рака прати резултати... Абе ужас, не ми се излегува. Колку си само во право. Овој притисок што го чувствувам не е од сега трпев,трпев ама еден ден ќе пукне. Незнам тој ден кога ќе е ...Фала за советот
Ниво на надеж 20% Незнам дали можам да се соочам со проблеми ако во иднина би имала од тип што ги наведов. Работата е што тој сака да имаме уште сега заеднички живпт т.е да се вериме ама јас избегнувам зошто од самата помисла искрено станувам многу нервозна.
Луѓе ми треба совет... Штотуку влегов во врска, поминаа 2-3 недели како сме заедно . Се друго е супер сега за сега, единствено ми смета што тој не е ич попустлив , во смисол ако на пр. погрешам нешто или на пр. не го побарам на време ( може сум била нешто зафатена или сум имала некој проблем ) , одма право се лути т.е. секогаш гледа да ти врати со иста мера . Времето во тоа ли ќе го поминуваме, во враќање еден на друг ... Може и до мене некаде има кривица не сум ни јас совршена но не сакам вака да биде, спремна сум да направам се за да се среди, ми значи типот и не сакам да го изгубам. Совет некој, било што ??
Мое мислење е да разговараш со него, да му кажеш дека ти смета неговото однесување, т.е префрлање. Ако повторно префрла накај тебе, тогаш се работи за многу големо его, што никогаш нема да се промени или не е многу заљубен во тебе, па си бара само причина за кавга. Врската е прилагодување, прифаќање и разбирање. Ако тоа не постои, тогаш ќе згасне и љубовта.
ти изгледа си падната во депресија или анксиозност, побарај помош од стручно лице во секој случај...душичке