@bombona23 и да разговарам со него знам дека нема да успее. Никогаш нема да ти каже директно во лице за било што ( на пр. дека му смета нешто кај мене, го нервира , да сменам нешто и сл.), туку или измеѓу редови или вака ќе ти праи со враќање , за сам да си ја сватиш грешката. И да го прашаш што не чини нема да ти каже , ќе се прави наудрен демек се е во ред, исто како ништо да не се случило. Инаку од друга страна се си е супер немам забелешка за него за др работи , ама ова страшно ме иритира.
Намерно го прави тоа за да сфатиш самата каде си погрешила, да ја сфатиш самата грешката и ќе чека наредно да гледаш да поправиш. Се работи за затворена личност,човек кој е лабав со тебе ама ако не се поправиш ништо. Сеуште е рано за да се отпушти пред тебе. Ако гледаш наспрема тоа тогаш не си одговарате. Да се разговара е лесно, но тој не е спремен за компромис.
@lav4ence.e.e, основата на една квалитетна врска лежи во добрата комуникација. Вистина дека сте кратно време заедно ама па враќање „мило за драго“ не е воопшто нормален начин за решањање на проблеми. Ако нешто ти смета, кажи си отворено а не одоколу педерски да наговестуваш, или уште полошо, да се одмаздуваш (пример-ти каснеше и морав да те чекам, затоа сега јас намерно ќе ти закаснам па ти дреми ко мисир и чекај ме). Плус, реално, какви проблеми ви се појавиле во врска која едвај трае месец дена за тој толку да се вреѓа? Не си му одговорила во истиот моментот кога ти пишал на фб? Те барал на моб а ти не си кренала? Сакал некаде да оди а тебе не ти се одело таму?
@Nausicaa порблемите се од типот на - не сум му пишала на фб , не сум му се јавила на време и слично. Не прашува дали има причина за тоа , мора ти сам да почнеш да му објасниуваш се до детали да пазиш нешто да не згрешиш макар и несвесно инаку крај си. Нема многу муабети и расправање кај него. Значи тој е многу ситничар и се треба да биде по некоја си мерка, на вагата мора се подеднакво да тежи и на двете страни, не смее никаков пропуст да се направи иначе после тешко тебе , низ нос се ќе ти извади што се вика. Но директно во лице никогаш нема да ти каже.
Ако таа негова особина до толку ти ја личната слика за него и не можеш да прејдеш преку тоа, подобро раскини на почетокот отколку да се измачуваш подоцна. Штом викаш дека не можеш да разговараш со него, дека тој не знае како да комуницира со тебе, тогаш тоа не се нарекува врска во прав смисол. Основна единка е разбирањето и комуницирањето за проблемите што ги имате двајцата, инаку се` друго би било само играње топло-ладно.
@Katherine Manson а како би одговорила на нивните провокации? Следно, јасно нагласуваш дека он не им обрнува внимание, така да нема никаков проблем, само ти вака или така го создаваш. Мала си, ама ова е почетен стадиум на љубомора. @Miss Snowdrop да си невработен го имаш цело време на светот, дури и да имаме пријатели, роднини, луѓе воглавно за да се оддалечиме од партнерот за да направиме промена - не е исто доколку би оделе на работа. За старт си имате една заедничка тема. Не сте на прва монотоност по извесен период на почеток на врска да ти речам да ставиш нови активности кои би ги правеле заедно, туку мислам дека можеби еден период и треба да не врвите многу време заедно, во смисла најдете си работа, работете па после за со душа да чекате да се видите и да се релаксирате заедно. Мој совет е обидете се како што напишав погоре, ако пак не оди, во право си, работата не е на арно, можеби земете си време одделно или пак .... разговарате или пак .... @lav4ence.e.e Колку години сте? Колкав е он за вака да се однесува? Ова од негова страна е детско и незрело. Совет, искрено не знам. Разговарај со него ако ти значи дека тоа негово однесување ти смета, дека те прави да се осеќаш лошо, нешто во таа смисла.
Здраво.Имам еден проблем,мислам поточно ме мачи нешто.Имам дечко веќе 1 недела,а пред тоа бев во подолга врска и нормално имавме односи,јас му кажав на сегашниот,тој си знаеше дека ќе ми е втор.Е сега секоја вечер одам кај него,и имавме односи......Не знам многу набрзина се случи,многу сум опуштена пред него и се случи ете..А сакав време да помини,сега не се чуствувам убаво мислам да му раскинам.Не сакам да ме мисли лесна или не знам како да кажам,тој ми кажа знам што мислиш ама не е така.Тој една година ме бараше,јас не сакав тогаш да бидам со него а сега кога се случи ова,не знам,чудно ми е,не знам што мисли...Не се осеќам убаво што да правам
Pa ako mislis deka ako mu raskines ke te pravi lesna bash da znaes deka ke si pomisli deka e za seks. Si sakala si mu dala, sto ti e neubavo. Prv pat normalno deka podolgo ke te ceka, ama od koga ke imate odnosi po vtor pat so drug decko normalno deka ke imate porano. Ti se sakalo. Razgovaraj so nego, kazi kako se cuvstvuvas, ne vi e za ukras samo. Kazimu deka ne sakas samo odnosi da imate, deka sakas da setas,jades, pies...ednostavno e.
Зошто сакаш да му раскинеш? Си заклучила дека не ти е убаво со него или е само поради тоа што си му дала па можеби очекуваш после тоа да те моли да се вратиш назад и да ти докажува дека не си лесна женска? Ти се сакало - си му дала. Ако мислиш дека си направила грешка исправи ја. Наместо да одиш секоја вечер кај него и да имате односи, викни го некаде да излезете, прошетате и др. Дај му до знаење дека не си со него само за секс.
Штом ти е до толку неубаво тогаш најубаво разговарај со него , отворено, кажи му ја причината. Така сигурно ќе се осекаш поубаво и ке ти олесни малку... Ќе те разбере тој и ако не друго барем ќе му стане јасно и ќе знае зошто си со него.
После ебење, нема каење... Ајде барем ти во врска си со него, ама некои од прво гледање што имаат секс? Се допишувале 4 дена на фб, се виделе прв пат во живо и одма имаат секс...... После тоа, дечкото исчезнува. Теши се со такви. Ако те сака, нема да има ТАКВО мислење.
@theowndemon И другите ми викаат дека не треба да им обрнувам внимание, но ме нервира тоа што со една од девојките се знам и глуми дека не знаела дека сме биле ја и он у врска. Мислам дека тоа го прави чисто за да ме изнервира или не знам која и е целта. Вчера разговарала со една моја другарка и ја прашала дали ја и он сме биле у врска, и коа дознала дека сме биле, рекла дека као не знаела и глумела дека е загрижена да не и се лутам. А денеска пак го направи истото, и работата е што она не го свиѓа него туку една нејзина школска. Ужас