@shz @theowndemon Откако раскинавме, т.е. откако ми раскина кога и да се отвореше темата тој зборуваше многу повеќе од мене во врска со тоа, затоа пред некој ден го седнав и му објаснив се, и не дозволив да ме прекине. На крајот пак одговорот беше ист - "веќе не можам". Порано имаше поврќе домашни проблеми и јас му бев рамо за плачење, не гледам причина да ме оттурне ако е таква работа. Цело време си стои на истото: "не можам повеќе". Првите денови по раскинувањето имаше кажано дека не ме сака, но сега нема повторно кажано такво нешто додека упорен е и оди до крај со одлуката дека не помислува пак да биде со мене. A не верувам да има друга поради тоа што успеав да му го проверам тел. И немаше ништо... Како причина ми нагласи дека од внатре не чуствува поттрба да биде со мене ама ако беше таква работата немаше цела недела откако раскинавме секој ден заедно да бидеме.
@antonija999 Дали мислиш дека ете, можеби бил збунет и мислел дека те сака и дека ете сега го заклучил тоа и е искрен со тебе зошто не сака да те повредува нахнадно? Зошто фразата „веќе не можам“ искрено не ме асоцира на монотоност, или да има некоја друга, туку како од нешто да му е смачено, како да го мачи нешто, како да не можи сите конци да ги држи на место.
Наместо да се измачуваш зошто не сака понатаму, дај му време.. сте разговарале, сте дошле до тој заклучок и тоа е тоа.. И 100 пати да разговараш исто е.. ако тој оладил и те како може да раскине 2 годишна врска. Барем искрен бил човекот, секојдневните проблеми, стресот, плус мали ситни детали и случки во врската можат и те како да го оладат.. Дај му месец дена, ако и понатаму е со истиот став, дај си себр време колку и да ти е потребно за да преболиш и продолжи понатаму.. Не е љубовта вистинска ако е еднострана Патем...вршење на константен притисок врз него ќе доведе до контраефект..
2 години да поминеш со некого не се малку меѓутоа од она што го прочитав, немој да се нервираш и да тагуваш, секој разговор ако тој се оотвори би значело решавање на проблемот што реално не верувам дека е во тебе и тој нема намера да го реши и да продолжи врската. Смири се ти, знам дека си вложила во таа врска и боли меѓутоа кога нешто не оди ти не можеш со сила да ја туркаш. За секого постои некој некаде само треба патиштата да се вкрстат. Истагувај малку, нема да ти биде лесно ама поплачи, излези си со друштво и него стави го во фолдер МИНАТО СВРШЕНО ВРЕМЕ.
@antonija999, Понекогаш кога сме (пре)заљубени имаме тенденција да ги умалуваме проблемите во врската и свесно да ги затвараме очите пред тензиите и конфликтите со партнерот со надеж дека тие се само мала пречка на патот. Кај вас, можеби крајот веќе некое време се надзирал но ти ти одбивала тоа да го прифатиш и си сакала да веруваш дека љубовта ќе биде доволна да ги пребродите сите кризи и проблеми. Ако навистина веќе нема љубов од негова страна, не ти останува ништо друго освен да се помириш со тоа дека вашата приказна е завршена и дека е време да продолжиш сама понатаму. Но, (а верувај дека најмалку сакам да ти давам лажна надеж) понекогаш се случува луѓето, кога се длабоко несреќни, исфрустирани, разочарани итн. проблемите да ги проектираат врз партнерот. Односно, бидејќи самите се незадоволни од себе и од својот живот, место врската да им биде еден вид светлина и прибежиште, тие и љубовта ја гледаат низ призмата на мизеријата. Јас би ти рекла почекај уште некоја недела пред конечно да прогласиш крај, можеби твојот дечко поминува низ некој вид на посериозна криза која се одразува и врз вашата врска. Можеби за некој ден ќе се кае што ти раскинал и ќе те моли да се смирите. Но најважно, сега засега, престани да се гледаш со него, заедничкиот контакт сведи го на минимум и функционирај како да е готово меѓу вас.
Имам долга, и јас би рекла мачна љубовна приказна. На почеток мислев океј се нештата, полека почнавме се, иако што се однесува до мене - можевме побрзо, не да се влечкаме до толку. Му требаше време на дечково, да одлучи дека од сите, баш со мене сака да биде... Веќе од ко почнавме посериозно, јас разбрав за многу работи, кои се чудам како претходно бев слепа да не ги видам. Од таа некоја точка, кога почнавме да зборуваме за минатото со цел да разјасниме некои работи кои ме мачеа главно мене, но и него - почна пеколот. Буквално. Не памтам колку време не сме океј, не онака како што беше, не онака океј како што сакам да ни е. Постојано се караме и расправаме, излегуваат многу работи кои не штимаат, и во глобала (не да се правам светица), али најчесто јас сум таа која простува. По ден, два, неколку обетувачки збора, извинување... И ајде, почнуваме одново. Работата е што, вчера дознав нешто што многу ме здоболи. Знаете, прашувате нешто затоа што одвнатре ве јаде, и отпосле сфаќате дека не сте сакале да го чуете одговорот? Епа баш тоа. И сега, има нешто друго, поврзано со истава работа од вчера. Значи, во кратки црти, се сомневам (и после она од вчера), голема е веројатноста да се гледал со друга пред неколку месеци - дури бил со мене. И тоа не е на почеток ко почнал со мене, па да барам оправдување (иако ни во тој случај нема оправдување...). Работава е што, од една страна ми е глупаво да се навраќам наназад во минатото, и да се караме за нешто што поминало (тој постојано тоа ми вели, само сум навраќала во минатото...ама зарем може да градиме иднина ако претходно не расчистиме со минатото?). И сега, од друга страна - тоа беше сепак сега, пред неколку месеци, кога јас мислев дека ни е поокеј од било кога. И ме јаде тоа, ме боли, ме гризе. Ме убива мислата дека дур бил со мене се гледал и со друга. Ќе ми кажел спие, а тој излегувал. А, и освен тоа, ако испадне дека навистина се гледал, довербата ќе ми е на нула. Ќе се сомневам во се. За неа ако сум успеала да дознаам, нема да успеам за секоја со која (можеби) излегувал... Значи со други зборови, мислам не би можела така. Е сега, прашањето ми е, дали според вас е паметно да се навраќам на нешто од минатото, што се десило сега скоро - пред неколку месеци. Јас си го имам одговорот, али не сум сигурна дали размислувам правилно. Фала ви многу, однапред.
@Simplicity како што и самата си напиша, ако не расчистиш со минатото, тешко ќе функционирате во иднина. Секогаш може проблемот или сомнежот да се сокрие под чергиче, тоа не значи дека е решен. Сокриен е но е тука и пак може да се појави. Секое прашање треба да си добие одговор за да биде врската квалитетна.
@Simplicity и самата кажа, „мачна љубовна приказна“ и реално, дали ти си спремна да продолжиш во истата? Е сега ќе почнам убо со ред, викаш откако почнавте позериозно ти си разбрала за многу работи кои претходно не си ги забележала, тоа се работи кои тој ги правел во минатото, карактерни особини кои кај тебе не ти се допаѓаат или работи кои ги правел додека тој се одлучи дали сакал да почни посериозно со тебе или не? Не ми одговарај мене, одговорот на ова прашање те засега лично тебе. Доколку се работи за работи кои тој ги правел во минатото - јас лично не би му замерила, и кога би да зборала со него за тоа не би зборала како на некој проблем во врската или личен проблем помеѓу двајцата. Доколку не ти се допаѓаат некои карактерни особини, кои ете, сега испливале на површина а не претходно, се надевам си свесна дека некои ставови и карактерни особини не се менуваат кај луѓето, особено ако тие не би сакале да ги сменат, а и грешно е да го оформуваме партнерот како што ние сакаме место да најдиме некој кој веќе е така оформен. Доколку тој правел работи пред вие да почните сериозно, а сте се гледале претходно - тоа е веќе лично до тебе, колку тоа те повредува, колку ти ја разнишува довербата, колку те интересира и колку ти значи. Сега вториот дел од мислењето ти е за едно сомневање за кое не знаеш дали сакаш да продолжиш да прашуваш или да истисниш, колку што разбрав. Мене искрено ми значи доколку би сакала да споделиш колку години имате и колку време сте заедно? Следно, доколку се сомневаш дека тој имал друга во период кога бил со тебе, тоа ти ја разнишува довербата, а довербата е клучен дел за една врска, следствено, ќе имаш едно црвче во тебе кое ќе копа и кое само ја оправдува првата реченица во твоето мислење: „мачна љубовна приказна“. За да се соменваш во партнерот, сигурно имаш стабилна причина за истото. Викаш дека ако испадни дека е така, довербата ќе ти биди на нула и мое прашање за тоа, дали ти сериозно размислуваш да продолжиш и да простиш неверство дури и ако довербата ти дојди на нула после тоа? Како и да е, ако се сомневаш зависи од тебе, дали сакаш да дознаеш, или не? Колку шо сфатив и се плашиш од одговорот, природно е тоа, ама мој совет е - дознај. Дознај зошто ако претходно била една, потоа можи да биди друга, и ако навистина испадни така, ти заслужуваш подобро. Со среќа!!
Me bara sekoj den, seuste stoi na stavot deka ne saka nisto oficijalno, a doaga kaj sto sum, mi zbori za odmor I sl da odime... Koa sum so nego voopsto ne go osekam deka ne me saka I sl, a ako mu otvoram takva tema na zborovi e mn.laden. Ne znam kako so nego koga toj za se` se sovetuva so drugarot... plus kako sto kazav, zaminuva I ne znam kolku mi vredi rabotava na kraj, a ne mi e ni malku seedno...
Штo кoгa бивши, ви пишувa декa не мoже без вaс, мoли зa прoшкa, кoмуницирaте се вo ред. И гo снемa некoлку денa. И вели декa сo вaс имa сериoзни нaмери a не знaе кaкo дa ги oпише,штo всушнoст мисли пoд тие сериoзни нaмери. Зoштo, е тoa тaкa? Штo би нaпрaвиле,штo би рекле??
Му треба некоја проверена, привремено. Ако има сериозни намери, нема да го снема.. Празноглави мажи бе
Луѓе, ве молам за некаков совет. Многу ми е мачно да ја прекинам врската која не ветува никаква иднина, се трудев се до моментот кога ми кажа дека нема чувства за мене како за претходната,ама дека многу му е убаво и сака да се гледаме. Заминува на лето и отворено ми кажа дека немаме иднина, а се однесува сосема поинаку. Имам 25 години, вакви игри не сакам. А многу сум тажна ете сега и деновиве на се гледам негативно. Безволно се осеќам, а не сакам така!
Ако не ветува никаква иднина зошто да се измачуваш со човек кој те нема во неговите идни планови? Човек што сака да успеете ќе бара начини без разлика колку мали или невозможни ќе се чинат, а се друго е ветер и магла. Секој прекин помалку или повеќе е болен, ама зошто да не се потрудиш да го бараш она што го сакаш и заслужуваш воедно, на друго место, отколку да вложуваш во врска без иднина? Цени се повеќе себе си.
@Senorita A имаш 25 години. Тоа значи дека знаеш, барем би требало да знаеш, што сакаш во животот, конкретно во врските. Спрема тоа, доколку го имаш/добиеш тоа што го сакаш, чувај го, а ако нешто не оди така како што ти сакаш, тогаш пуштај, не е тоа тоа. Не може тој да ти кажува дека немате иднина, а да се однесува добро од друга страна и иако прво ти ја крши надежта, после ти фрла зрнца надеж. Изгледа и сам не е сигурен, не сака да биде со тебе но не може ни да се откаже. Не ти треба неодлучен маж во животот. Не вреди да губиш време на некој кој не гледа иднина со тебе, кој не ни сака да ја види. Има некој друг кој со задоволство ќе гледа во тој правец додека цврсто те држи за рака, а не само за едно прсте. Пронајди го него.
Вака девојки, имам постирано и порано но ова веќе ме измачува дури неможам да спијам мирно. Ќе биде подолго, но би била многу благодарна ако одвоите 5минути, навистина ми треба некој совет. Знаете тие што ми ги читале постовите, со дечкото со кој што сум една година во врска бев и пред неколку години т.е. заедно учевме до 8мо и од тогаш почнавме да излегуваме, тогаш почнавме да се сакаме. Одевме година ипол па и повеќе веќе бев запишана прва средно кога мајка ми и татко ми дознаа дека се гледаме и не ми дозволуваа да бидам со него. Еднаш така со дечко ми си бевме испаднати и вујко ми ме видел со него и тие почнаа да се караат нешто без врска. И овој мојот дечко без памет отишол во полиција и го пријавил дека демек го удрил ама ајде ништо се среди тоа. После некое време ние раскинавме, тој си испаѓал со други машко како машко а јас не, бидејќи јас неможев да се замислам со друг. Било што било тоа, помина тоа со тек на времето(3 години поминаа како небевме заедно). Но минатата година некако повторно стапивме во контакт, тој ми кажа дека сеуште ме сакал во секоја сакал да ме пронајде но неуспеал во тоа, сум му останала во срцето. Ме праша дали сакам да бидам со него и ми рече и да сум му рекла не тој ќе сватил, бидејќи знае дека ме има повредено и други работи. Се гледавме така скришно неколку дена и потоа јас одлучив да бидам повторно со него бидејќи премногу го сакам без разлика дали моите ќе дозволат или не. Уште што не сум претрпела порано за него, забрани за излегување, одзимање на лап топ и мобилен телефон, казни, па дури еднаш татко ми и ме удри (тоа беше кога раскинавме). Сега кога почнавме се од почеток сме една година заедно секако 20 години има, позрел е работи, тој ми рече дека му е многу криво за случувањата од порано и дека сакал да се извини. Кога и кажав на мајка ми таа несакаше да слушне за тоа, ми рече да сум прекинала со него. Неможам такво нешто да направам бидејќи дечкото безконечно пати ми има докажано дека ме сака и го чувствувам тоа, ме чува, ме почитува, ме слуша, никогаш за ништо не сме се скарале, за се е било решение мирен разговор и најважно не ме изневерува. Кога е слободен доаѓа со мене на факултет ме чека ме испраќа до дома. Пробав да разговарам со моите им кажав дека го сакам тој има сериозни намери со мене им кажав дека сака да се земеме но не уште сега сепак имам 19години, а тие не неможе сум и го погазувала нивниот збор не сум ги почитувала. Ми велат каде ќе живеете тие се 3 деца, им кажав дека не се сиромашни, имаат голем стан и дека градат куќа си работат поштено си заработуваат луѓето, и тие ме почитуваат и ме сакаат, одам за виќенд кај нив така на еден саат. И сакав да кажам лани заедно си чекавме нова година во еден ресторан и си постиравме слика заедно, овие моите кога видоа, па ајде пак карање пак забрани и глупости. Понекогаш и се срамам од нивните постапки особено од мајка ми. И дечко ми е свесен за целата оваа ситуација се знае и ми е многу неубаво од него но тој рече дека никогаш нема да се откаже од мене. А што беше најстрашно летото некој ме видел со него во кола и право кај мајка ми на работа и и кажал, па овие лути ми изнакажуваа милион работи, ќе се откажале од мене, јас не сум им била повеќе нивна ќерка, татко ми и телефонот ми го зема(тоа траеше неколку дена) сама да сум си ги перела алиштата, колата демек ми ја ставиле на оглас за продавање, факултетот немало да ми го плаќат и не разговараа со мене еден месец. Западнав во депресија не излегов од дома цел месец, а дечко ми цело време ме чекаше, си пишувавме пораќи ми даде он телефон го користев една недела. Но ние не расќинавме си останавме заедно и јас сум многу среќна со него. Тој знаеше за се и се беше согласил на се и факултетот заедно да го плаќаме и заедно да си живееме но тогаш ситуацијата се смири и одлучивме тоа да го оставиме за подоцна. Е сега тој ми вели после нова година да сме си живееле заедно, секако е прерано за брак, прво факултетот да го завршам, јас мноогу сакам но едноставно многу се плашам од моите незнам како да им кажам тие секако нема да прифатат и нема да имаат никаков контакт со мене, а за во иднина незнам. Па сакам да ве прашам дали е тоа добра одлука за нас двајцата, дали и вие да сте некогаш во ваква ситуација би се согласиле на вакво нешто. За финансиски средства не е проблем, тој заработува убаво купува и препродава коли и поправа(си отвори фирма овој месец), снаодлив и паметен е. И ја можам сега некаде привремено да се вработам и јас нешто да придонесувам.
Што е причината за твоите до толку да ти забрануваат да бидеш со него? Инаку имаш само 19 години и по мое мислење сеуште ти е рано да направиш ваков чекор, заврши факултет па види до тогаш како ќе биде. Мислам дека 19години се многу малку за вакви одлуки. Биди до 22-23 па тогаш здравје живеење заедно
@BigliMigli а да си бидете само во врска? Онака..без притисок? Млада си за да се иселиш, а и не сте долго во некоја си стабилна врска
Јас навистина не знам како да постапам.Вака, се запознав со дечко , до сеа искочивме 2 пати.Проблемот е во тоа што тој имал 9 годишна врска.Иначе јас имам 20 години тој 25.Што се вика цел живот му поминал со неа.Многу ми се допаѓа тоа што е искрен, фер,коректен со мене.Раскинати се скоро 2 месеци, доста тазе.Почнавме ние да си пишуваме , едно добри две недели после тоа искочивме,муабет на место ,дечко на место,фин културен, стварно немам лош збор за него.Навистина со мене се однесува баш онака како што би посакала секоја девојка, но мене ме јаде тоа што можно е да се смири со неа.Иако тој рече дека тоа е завршена приказна,не одбива да разговара за неа и ако јас не сакам да го запрашувам многу, прерано е.Биле заедно океј, изгледа го изварала колку што ја сфатив од муабетите, но уште го боли , го гледам коа ми збори за неа колку се занесува, објаснува, раскажува.Не знам колку е тоа добро , колку лошо.Пред некој ден не му беше добро,го прашувам во што е проблемот и он искрено и отворено ми рече, не сакам да сфатиш погрешно, но ме погоди видов нешто во врска со бившата, изгледа дека со типот со кој најверојатно ме изварала пак има нешто со него.И јас , се пресеков.Се ми е мене јасно а уствари ништо не ми е.Во почетокот викав ајде без везе онака си пишуваме нејќам да се плеткам со него, имал долга врска, нема ништо од тоа само ја ќе бидам изгорена, но ете се случи искочивме.Се поише и поише ми се допаѓа,не ме лаже за ништо отворен и искрен за било што и да разговараме,но ме мачи тоа што јас се чувствувам као да ме користи, и покрај тоа што се однесува најдобро со мене.Ми вика многу ми се допаѓаш, мила си ми , многу ми е убаво со тебе , но ете јас неможам да се помирам со фактот дека можеби еден ден пак ќе се смират.Што мислите вие за се ова?Да прекинам или да продолжам ..