Да прекинеш, 9 години е предолго, зошто веднаш уште од почеток да се измачуваш и онака за 2 дејта се немаш заљубено
@awayfromyou 9год не е малку, само што врска ќе била таа од 14год... напредна младина Штета, ништо не проживеал во поглед на женски и такви ствари, па може тој да е следниот што би изневерил.. Останете си другарчиња.. Ако ја преболел, ќе приметиш по некое време..ако не, тогаш му нема спас.. И не се затрескувај во него..рано е
Имам дечко,му пружам почит,верност и целата своја љубов.Никогаш не се случило да му се обратам со “бе“, “абе“ и слично. А он многу често знае да ми се јави на тел и да ми рече:КАЈ СИ БЕ?! Страшно ми смета тоа,незнам дали јас од мрафка правам слон,па затоа сакав да прашам тука..Замислете јас очекувам да ми каже:Добро Утро мила,а он ми кажува:Кај си бе? Ме разочарува тотално немам ни желба за разговор потоа.Според мене ако двајца се сакаат треба и да се почитуваат,а не како уличари да се обраќаат еден на друг.Врската ни е долга,но тоа не значи дека и културата треба да се смали.Што мислите Вие на ова?Колку повеќе одговори толку подобро.Ви благодарам!
По колку години имате? Ако сте млади, сосема нормално ми изгледа.. Ако сте созреани веќе ..па и не баш. Патем, "абе" како збор не верувам дека има македонец што не го користи
Сметам дека на 19 твои и 20 негови е сеуште премногу рано да планирате свадби и заеднички живот,ти имаш доста да постигнеш сеуште во животот. Незначи дека ако си со него нема но еве викаш на факс си,потруди се малку околу тоа тој ако те сака нема да ти избега. Друга работа,мора да има причина зошто твоите толку се против вашава врска.Неможе само така да не им се допаѓа тој.Или ти не ја кажуваш целата приказна или има нешто друго тука.
@Yeeah И јас искрено мислам дека тоа не е убаво. Едно е во текот на разговорот да ти рече абе, бе, ма, како начин на обраќање да ти појасни нешто, како сите кога се знесеме во разговорот. Тоа "Кај си бе?" зависи и со кој тон го кажува, има некои што така се обраќаат, ама го кажуваат онака секси, дрско, интересно, мило, е ако ти го кажува со некој туп тон како да му се обраќа на другар, ондак е стварно глупаво. На тоа Kај си бе, може да додаде, кај си бе срце, сонце, маче, куче, па да не изгледа толку лошо Спомни му дека ти смета, каква врска е тоа ако не може да ти е удобно да си кажеш ако нешто ти смета или пак почни и ти така да му се обраќаш, па да видиш реакција
@awayfromyou само затоа што имал 9 годишна врска не мора под дифолт да значи дека нема ништо видено од животот. Секој си е различна и посебна индивидуа. Од друга страна, 9 години не се малку дали се работело за љубов или навика сеедно, да се помине преку некого. На некој му треба повеќе, на некој помалку време. Целата ствар е во тоа како тој прави да се чувствуваш кога сте заедно и како тој се чувствува со тебе. Без разлика колку ти е убаво со него, дури и мал сомнеж може многу да значи. Ако твојот инстинкт ти кажува нешто најчесто е во право. Но, ако навистина сакаш нешто со дечкото најдобро е да играш на отворени карти. Да му кажеш јасно на што си и дали тој ги дели истите желби како и ти. Не мора да го отпишеш од старт, па да се прашуваш после што би било кога би било. Можеби има потенцијал за повеќе и тоа можеш да го знаеш ако разговарате отворено. Ако не, корнерот е секогаш во близина и никогаш не можеш да знаеш кој те чека таму. @Yeeah мене тоа "бе" и "абе" не ми сметаат нешто посебно..и као типична Македонка ги користам. Па дури и на дм кој е странец знам да го убацам "бе" на крај од муабет, па глеам и тој почна да го користи а мене ми е пресмешно. Замисли дијалог: Јас: "lets go to nautilus беее" Тој: "sure бе!" Но без разлика за кој збор и да се работи, треба да му кажеш отворено, кога ти смета нешто. Јас не сметам дека тој со некоја намера ти го кажува тоа, туку од навика. И навика како навика увек се тешки за промена.. Нареден пат, место да ти иде на нерви, пробај да се зезаш за истото. Имате долга врска рече, уживајте во времето заедно.
Јас на дечко ми му велам брат. И тој мене така ми вели. Искрено јас не би ни помислила нешто ако така ми вели ама доколку тебе ти смета треба да му кажиш. Воопшто за се што ти смета треба да му кажиш, да разговарате, да се договорите.
@Yeeah јас мислам дека нема потреба да ти биде неубаво. Тоа не е никаква некултура нити пак непочитување итн. Таков е нашиот јазик, доста чудни комбинации на зборови има. Мене дечко ми обавезно така ми вели кога се јавува Кај си бе? евентуално Кај си бе муцка/мило/сонце? Е сега кога ќе ми го каже без тие некои додатни зборчиња, под дифолт го сметам кажано на мил начин. Еве може ма или мори да ми каже, ќе ми биде неубаво, ама БЕ мене ме асоцира на нешто мило и мало ( среден род )
Ќе може некој слободен/слободна во инбокс? Конкретно не е само за љубовни проблеми туку и други, ми треба некој за да му кажам...
ете во мојата ситуација, сака да се променам односно многу сум се инаетила, и кога го прашам за конкретна ситуација вели па за се те молам. Не знае да ми напомене ситуација. Ниту на време во моментот да укаже на проблемот. Сака да е се по негово да имал мои лозинки и сл. На тоа реков не, и сега е работата или се мењај или крај. И ако се менувам претпоставувам ќе има и нови барања и условувања. Што мислите? Совет?
Ако некој од тебе бара да се промениш, значи дека не те цени таква каква што си Лозинки? Сериозно? 21 век сме, имаш право на приватност, а тој нека не претерува
@SunnyGirl2 За квалитетна врска компромисот е многу битен. Во врска секој се менува, но тоа не треба да е затоа што едниот инсистира на истото, туку врската сама си наметнува одредени промени. Ако тој треба цело време да те моли за нешто, не е во ред. А инатот е лоша особина во било која врска и да си. ( инати сме сите, одвреме на време, ама се си има граница) А како што и Даст ти кажа, барањето пасс е детски и незрело. Разговарајте отворено за приоритетите во врската и во кој правец сакате да терате.
А зошто постојано барате совети за во инбокс, во спротивно за што служи темава? И така е анонимен форум...