Значи вака бевме во врска 7 месеци, се беше добро во врската го сакав мислев дека ме сака, се запозна со моите родители јас со неговите родители и другари. Во текот на летото скоро секој ден бевме заедно, ептен се зближивме но месец дена пред да раскинеме се појави проблем. Почнав да се сомневам дека има нешто повеќе со колешката од работа која е омажена и е постара од него бидејќи ми ја кажа лозинката на фб и во неговиот профил видов слики кои не се гледаа јавно од излегувања со неа каде таа е прилепена до него како да му е девојка а не колешка и приметив на пример кога јас и тој ќе се тагиравме излезени некаде после тоа таа го тагираше и почна многу често да излегува со неа и со уште еден колега. Две недели пред да раскинеме му кажав дека сакам да ги намали излегувањата со колешката или и јас да излезам некогаш со нив и се согласи но после ова се смени. Намали да ми се јавува па почна да ми префрла дека јас треба почесто да му се јавувам, кога беше излезен со мене како да му беше досадно така чуствував и на крај ми раскина се налути бидејќи го избришав од групна порака со колешката и уште една бивша колешка на фб. После два дена ми се јави да се видиме и прво ми рече дека ме сака и дека нема да излегува со неа но после рече не ме сакал толку многу како порано, па почна да ми префрлува дека сум му забранувала да излегува со другарите што не е точно и на крај рече дека престанал да ме сака. и да сме продолжеле ке сме оделе уште еден месец и ќе сме раскинеле. И добро раскинавме но јас утредента направив грешка бидејќи бев повредена и му пишав порака зошто бил со мене ако не ме сакал а тој ми одгвоори уште ме сакал имал чуства за мене ама сум ги преминала сите негови граници со тоа што сум била љубоморна и сум измислувала приказни за него и колешката. Поминаа две недели и пак во момент на слабост му пишав недостигаш а тој ми врати и ти и ми пратил утредента слика од излегување и напишал се журкам а после тоа ми пратил заедничка слика од нас двајца и јас напишав убава слика и го прашав дали уште ги чува сликите и рече да. И сега во саботата тој ми пиша прв зошто уште сум будна и јас му одговорив и му напишав на крај да не ми пишува повеќе иако беше предложил дека сака да останеме пријатели затоа што уште сум повредена и со која цел ми пишува и тој не одговори ништо. И бидејќи уште ми е тешко и го сакам некогаш помислувам дали да му пишам и како да го прашам дали ме сака и дали нависитна ми раскина само поради тоа што наводно сум го притискала со љубомората за колешката или да оставам да видам дали тој ќе ме побара?
Ќе ти кажам само еден совет, најчесто кога машките велат дека ги притискаш со љубомора и поради тоа ја прекинуваат врската, има друга причина за прекин на таа врска. Освен тоа, ако сакаш таа врска да биде повторно врска можно е да прерасне во нешто повеќе. Размисли кога би дошло до тоа дали би била со човек како што е тој? А млада си, можеш да бидеш слободна и да најдеш некој што многу повеќе би те ценел. Какво е тоа негово друштво со жени во брак, со вакви или такви колешки а ти на страна од сето тоа, а вашата врска ми ја опишуваш како демек сериозна?Лошо е што во врска ќе се затрескаме во некој и не знаеме каде води таа врска.
Глори колку години имате? Однесувањето негово често го забележувам кај ''дечковците'' на брачеда ми а они имаат по 15 Како што разбрав во постот на почеток се било океј типично за едно вообразено машко па потоа сватил дека крајно го сакаш па почнал со манипулација која за жал е се почеста. Ти не си никаков предмет за исмејување па он јакото мажиште да ти праќа слики од журки , демек него не го боли воопшто , а со тоа намерно дополнително те повредува. Мразам вакви егоисти . Немој ни случајно себеси да се обвинуваш , девојка му беше нормлно ќе имаш прашања и сомневања па и да ти смета нешто ..нели се сакаме со сите мани и доблести. Ма ајдее главата горе животот е пред тебе биди благодарна што побрзо си се спасила и батали го скрос немој да му ја даваш сатисфакцијата да те провоцира со некој си фори на пишување и слики.
Ова не верувам дека е цело напишано во афект. Конкретно истакнуваш дека си знаела, секогаш верувај и на интуицијата, каде ли е моралот на овај човек и тие омажени колешки прилепени до помлади момци клуб свингераја Ова го цитирав само да ти дадам мое мислење дека не е до годините туку како ќе се поставиш спрема него. Најбитно е прво да ги проценуваме поубаво луѓето, а потоа да се впуштиме во врска ама во овај случај не е така...Си се поставила како играчка 30 годишен маж сега сакам сега не да си вели кога ќе му се сака. Вкрајно ме иритираат овие маженца што подалеку тоа поубаво не очекувај иднина кога си погрешила на старт, во лошото проценување во ништо друго, знам дека боли ама кога ќе ги отвориме очите и кога ќе го погледнеме човек без љубовното идеализирање е многу полесно. -
Јас ќе ти пишам овде, не во инбокс. Сфаќам за што се работи според твоите постови, прилично е очигледно. Советот ми е: соземи се. Си нашла сега друг виновник, ама се случило тоа што се случило со вас, завршило. Прво сама со себе одлучи - кого сакаш и што сакаш? Па потоа прави што сакаш. друг не може да ти каже.
Девојчиња имам проблем. Све супер одеше, постојана комуникација, гледање се! Ама последниве неколку дена а треба да се видиме нешто излага, ајде имаше вирус, ајде работа испадна нешто еве трпението и разбирањето ми е при крај. И сеа освен да не го барам макар цркнала, друго не останува. А од друга страна нејќам да има раат бе! И сеа шо да праам?
И јас би се сомневала доколку ги криел тие слики од мене ама вака мислам дека треба да разговарате како двајца возрасни, а не па „Те неќам“ по еден ден „Ама сепак те сакам“ или пак „Немора денес да се видиме, доста е“, па после то „Еј ... сепак види ги чувам сликите“. Нема смисла карање и било како одма, туку разговор. Верувам во разговор и ако ете решите да бидите пак заедно, прво разговарајте и расчистете се. @glory 22 п.с. сега видов дека си пишала дека е 30 години ... ете сакам да земам шанса да ти кажам, многу, многу внимателно да ги бираш твоите идни одлуки во врска со него. Сериозно кога го пишував првиот дел не би му дала повеќе од 25 знаејќи дека е работоспособен, со мажена колешка, доколку не би го знаела тоа би помислила дека е тинејџер. @Lotus-14 хм ... не ти јавува, не ти обрнува внимание? Ете ќе кажам вака: можеби сеуште е опаднат, има некој приватен проблем и ете колку што имам забележано машките и не толку често можат да се отворат па вака се изолираат. Би ти рекла да му дајш време, ама не знам каква е точно ситуацијата, ако претходно сте биле се океј, и ништо не е на патот, тогаш можиш да се однесуваш како нормално што би се однесувала. Доколку продолжи да е ладен имаш две опции: Да разговараш со него, најсериозно да му кажиш во каква позиција си ти и да дознајш во каква позиција е тој. Малку да се оддалечиш и кога тој ќе сака разговор - разговарај, биди смирена. Се надевам ќе се среди, со среќа и на двете.
@Lotus-14 колку време сте заедно?Дали имате разговарано на оваа тема? Ако сте во долга врска би требало да го познаваш и сама да процениш дали е се во ред или не. Во кратка почетокот е кратки црти најидеалната личност на овај свет. Онда back to reality и го запознаваш со сите мани па се разочаруваш и си се прашуваш што, како? Затоа што го немаш доволно прочитано. Доколку го сакаш и ја замислуваш иднината со него треба да бидеш покрај него во сите проблеми нели никој не е идеален. Мој совет е да разговараш како што кажа феминката над мене смирена и да му објасниш дека ти треба повеќе внимание, биди директна, сослушај го па сама ќе си процениш дали вреди да останиш со овај човек или ако неможе да ти го даде тоа што го бараш некој друг ќе може.
Mnogu ti fala, preubavo si mi pisala. Eve ubavo e, me prasa dali sakam zaedno da slavime Nova god, da odime nekade. Vaka se odnesuva super, ubavo mi episa, no koga ke se setam na slucuvanjata prethodno ne mi e. Druzime, izleguvame se super, no ne saka vrska. Ne znam sto da pravam... a znam sto sakam.
Ако е се супер тогаш не се грижи. Само труди се за врската и биди добра како што си, ќе сфати тој што има крај себе И најбитно - комуникација. Што те мачи, што ти иде во глава - прашувај го и кажувај му. Среќно!
Fala, se trudam, zborime bukvalno za se, no jas sakam vrska od se, a toj ne I toa me maci. Plus se somnevam deka se gleda so drugi devojki I sl I toa me maci. Moram I samata da se sredam.