Батали го. Има во Битола еден куп машки. Сигурно ќе најдеш некој што ќе го засакаш и повеќе од овој. Овој не сака да инвестира у вашата врска. Немој да му ги рационализираш изговорите. Ако те сака, ќе најде време и да те слушне, па и автостоп да дојде да те види. И мене ми личи на женкар. Сака да те држи на лагер, за кога ќе има прилика да си поуживка со тебе. Извини за директноста, можда ќе боли на почеток, ама што порано то боље. Позз
Многу драма... ова ми звучи како на Касандра, Есмералда шпанските серии на времето. Само кратко ке кажам партнер/партнерка кој/а незнае како да си ги изкаже своите чуства или си му прва/втора девојка или нешто е сумливо тука...Има многу дечковци не е еден и единствен, ти посакувам среќа!
@Ammy.Lee Епа вака, во врска со телефонот, да врска е и ете можеби зошто јас секој ден можам да го видам дечко ми па немам потреба да зборам со него на телефон дури и да се видам со него дури вечерта или пак еден повик ако тој ден не се видиме ми е доволен. Во врска на далечина ете каде се гледате само за викенди основа на врската ви е довербата и максималната блискост која можите да ја постигните. Блискост можи да постигните со зборање на телефон, да, не само тој да ти јавува, јави му и ти. Ако работата му е тешка, напорна и со големи обврски, јавувај му се вон работно време или он нека ти јавува кога има пауза или евентуално пред да оди на работа. Имајќи некој покрај мене кој не е фан на телефони, можам да ти кажам дека е сосем нормално да му е мака да збора на телефон после работа, па за разлика од тоа кога ќе легни дома в кревет - видете се на скајп. Си решила да прекиниш ради ѕвонењето и недоволното внимание? Ако да, како реагираше тој во врска со таа расправија пред да ти јави дека те сака назад зошто чувствува нешто за тебе или како што рекол, дека те сака? Тоа што сите девојки му биле пролазни до сега зборува да не речам барем пола од приказната, не секој можи лесно да се навикни на врска, или пак врска која скока од викенд за викенд и има потреба од константна потпора зошто пет дена сте разделени. Не велам дека не е спремен, туку дека му треба адаптација. Место да се расправате за внимание, да бараш да раскиниш со него зошто не ти јавува, би ти препорачала да разговараш со него. Мислам дека немам поразличен совет од ова даено на темава, ама верувај, разговорот отвора многу врати. Прво, градиш добар однос. Второ, градиш доверба. Трето, ја одржуваш љубовта. Крај краева сите овие три работи ти се основа за една стабилна врска. Кажи му што ти пречи, биди искрена, не раздразлива. Тој нека ти кажи што му пречи. Разговарајте да најдите некоја средина за вашиот проблем. Ако ти смета лајкувањето на фејсбук - не одиш одма на забрани и лутење туку на разговор. Ќе му кажиш дека ти смета, но ако сака да продолжи, па веројато имајќи ја мислата ќе намали, па се дур да престани. Убаво е да се искажува љубов, па дури и малку љубомора, ама се да биди во мерките на нормалата. Ако ете, не успеете, делумно би се согласила со другите коментари над мене, но сепак прво сакам да тргнам со гледање на доброто во луѓето, па после доколку нешто смрди можеби и би те советувала поинаку (најискрено, двете прашања погоре зависно од одговорот можат или да го потонат мислењево или да го потврдат), а искрено не гледам премногу чад. Се надевам ќе се среди и дека е период, со среќа.
А,зашто сите викате батали го,?најлесно е да речеш батали го ,ќе најдеш друг демек на излог се наредени па можеш да бираш,а и ние општо таков менталитет сме што нашиве машки се доста позатворени до некаде...како и да е го почитувам секое мислење,ама јас лично не би ти рекла да се откажеш од него...и онака викаш декаубаво ти е со него дека те сака ,и работата ни ништо друго не е пречка ако сака некој да те побара се друго се само изговори,ако не тоа може бар една порака да ти пише 3мин раб е,сигурно има пауза не сме камена доба..јас мислам дека најдобро ќе биде да разговараш со него за се што ти смета и ќе видиш како ќе реагира,побарај му пасворд ако толку ти смета тоа,иако тоа не е решение,фб и во живо не е исто.Јас да сум на твое место би зборела и би го прашала а вака џабе се измачуваш а и ти го знаеш многу подобро од сите нас ,па спореди како би се однесувал,види прво како ќе реагира па после ќе видиме дали дошло до тој степен за да го откачиш.
За СМС се потребни 30 секунди. Јас на семафор додека чекам црвено праќам пораки. За жал понекогаш и додека возам. Ако те сака, ќе најде време. Ако не те сака, ќе наоѓа изговори. Simple as that. Али за жал има многу девојки кои колку повеќе не ги сакаш, толку повеќе се затрескуваат у тебе. Многу глупо својство на Х-хромозомот.
Сите што ме цитирале, не ми стигна известување. Во ред тоа и здосадив, но ме интересираше кога и зошто до последно лаже? Настрана тоа, имам доста прашања кои никогаш нема да бидат одговорени, или можеби некогаш ќе и текне да пише, и да разговара откако ќе помине време и веројатно чувствата. Јас како карактер сум многу тежок тип и срамежлив. На рака се бројат личностите за кои сум имал чувства и одредена блискост, ама оваа ми беше посебна. Можеби избрзав на некој начин, премногу вложив во неа, а од друга страна таа сака малце повеќе слобода и слично. Многу ми е криво што не успеавме, live goes on.
Е ајде и јас да си напишам што ме мачи, Па вака пред неколку дена се заљубив во едно момче али проблемот е тоа што тој има девојка па неможам ништо да направам околу тоа. Освен да чекам можеби ке раскинат, и онака ја познавам девојкаму до сега со колку била ехее се надевам на позитивно и еве да речеме раскинале што мислите совет одма да му пишам на фб да се видиме па после да му признам се во живо лудо сум вљубена во него. Не сакам да се мешам да ги карам со тоа само лошо ке направам за мене ајде совет4ее ве моламм <3
Ти чекај прво нека раскинат И како можеш толку "лошо" да му посакуваш на некој што наводно го сакаш хмм Може тој ја сака неа, место да посакуваш да раскинат - посакај да бидат среќни
Најдобро ти е да си најдеш слободен дечко. Ехее многу ги има слободни, не унишувај нечија врска не е убаво тоа
Се што кажа е во право али јас ке почекам ке видам што како ако навистина ја сака Нека му е среќно со неа Ако не ке си ја пробам шансата
Да кажам малку поконкретно девојкаму учи во истото школо со мене и секој ден со некое машко ке се гушка ова она од што се изнервирав еднаш ми одеше да ја сликнам па да му пратам слика да види али ајде ќе видам како и што ке биде имам самодоверба и тоа голема во себе
Како тоа "ке почекаш да видиш дали навистина ја сака", без навреда но и самата и пред него си се понижуваш, не си ти на "лагер" ставена па да чекаш некого. Има милиони машки кој се слободни и убави и се сингл. (вклучувајки и мене) аххаааамммм!! се закашлав пардон!
Devojki ajde eden sovet bez da me karate ) Imam devojka 8 godini, ne sme deca, ideme nakaj 30. Megutoa so edna druga ja izneveriv, imav dvojna vrska no vidov deka vtorava e k... Devojka mi niso ne znae, i nz so da napraam, nejkam da ja ostavam, za ovaa so e drugava se pravev, za devojka mi ne sum prael tolku.Mislam dali da ja pobaram devojka mi za zena, nz kako da ja otarasam vtorava, pred pola saat i kazav deka sum vo vrska, no mi se javuva, vika ne si, znam jas, a ako kazam na devojka mi da i kaze, ke se doznae.So da napraam?
... ... ... Втората е што? Си ја оставил втората зошто? Нели мислиш дека ако разделиш некој било како, дека ете, можеби ќе бидиш на местото на жртвата? Како и скоро секоја девојка, сум била во таква ситуација и верувај сакав детево да биди среќен со неа и беше до скоро, за жал раскинале. Ако веќе раскинат, немој да бидиш како на тапет, нели, не си ти со број земен како во банка за кога тој ќе посака, ама ако веќе тебе ти се сака не знам ...
@theowndemon ja ostaiv vtorata deka e lesna..sega sum so devojka mi ama nz so da praam, sakam da e po staro..uffff
Spoiler: Вистината Таа лесна, а ти со двете паралелно ... ? Хмм ... Еве сега ќе ти кажам накратко, девојката втора ако дознај која ти е девојка, кои се шансите да ѝ кажи? Дали мислиш дека твојата девојка ќе ти прости? Најискрено, ако успејш некако да ја откачиш втората можи и ќе влезиш во некој брак ама размисли ... дали ти ја сакаш твојата идна сопруга и дали гледаш иднина со неа или ќе се венчаш со неа само зошто таму колку рече, осум години сте заедно?