Форумџика на годината 2021
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Bella.04

    Bella.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Најдобро ти е да му кажеш да се одалечи од неја,па нели ја мрази нема да му биде тешко.Нема да бидеш злобна ако му забранеш више да нема контакт со неја туку ќе бидеш у право,па и нова година заедно како да не.Преземи мерки на време после касно ќе ти биде.
     
    На Stojanovaa0529 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.941
    Допаѓања:
    61.515
    Пол:
    Женски
    Сака да ја има за резерва, така мене ми изгледа. Ако навистина те сака и пред се, почитува и цени, ако навистина и тој не ја поднесува, како што ти кажал, тогаш би требало да се оддалечи од неа. Ама не, машко ко машко, му одговара таа нејзина наклонетост и заинтересираност. Разговарај со него ама сериозно, не се откажувај додека не го решите проблемот. Ако те сака нека докаже. Ако не те сака, не го губи времето со таков неодлучен дечко.
     
    На Stojanovaa0529 и Summerlover им се допаѓа ова.
  3. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Ама сум глупава.
    На дечко ми роденденот го заборавив синоќа, си заспав.
    Налутен ми е ептен.
    Аххххххххххххххх ;(;(;(:@:@:@
     
    На fallenangel, Summerlover, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.555
    Допаѓања:
    78.270
    Пол:
    Машки
    Права љубов нема што :)
     
    На fallenangel, LazyGirl5689, deskarada и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.594
    Zdravo decki se resiv javno da go pisam mojot problem, sekakvi mislenja i soveti se dobrodojdeni, prifajkam i kritiki... Znaci situacijata e sledna.. imam decko 2,5 godini so koj mi e super, super decko e kako licnost, se odnesuva super i so mene i so moite i so lugeto odokolu, so site, nemame nekoi problemi mi udovoluva vo se i slicno..ama da skratam postoi golem problem kaj mene... jas veke se oladiv od nego. Ednostacvo ne cuvstvuvam nisto sprema nego, go osejkam onaka kako kolku sto "mora" ili samo kako dobra osoba za poddrska, kako drugar. Ne znam sega dali e problemot vo mene ili vo nego tocno, no problemot e golem... kako da ja resam situacijava? Mi treba masko, ljubovnik, strast.. so nego go nemam seto toa se e kako povrsno.. sto da pravam luge? Daj kazete nekoj sovet, ke poludam ..ne sakam da go izneveram ne mi e toa resenie.. sto mislite?
     
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.891
    @Youknow Решението е многу едноставно: Раскини му на човекот.
    Не продолжувај, врската не треба да ти е рутина и да ја чувствуваш како обврска, а ниту да бидеш во неа, а од страна да изневеруваш. Тоа што сте 2.5 години не игра никаква улога. И 1 да сте, и 10, кога не иде, се раскинува :)
    :d::drunk:
     
    На Згодно Момче му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.165
    Допаѓања:
    26.940
    Монотонија вероватно.
    Пробајте да ги промените секојдневните навики, отпатувајте некаде, земете си неколку дена за себе... Се зависи дали ви е врската пасивна или не, во смисла, колку често излегувате, колку често правите работи заедно, дали патувате заедно итн... Ако се сведува се на иди ми-дојди ми кај тебе дома и кај него дома, пробајте да го промените тоа и да внесете малку живост, како што реков погоре, отпатувајте некаде. Ако и после тоа пак биде монотоно и досадно, пиши пропало. Јас се гушев во таква врска долго време, исто како што рече, си го доживував ко другарче, а не како љубовник и се мачев долго време да излезам на крај со сето тоа, неизмерно го сакав и почитував, ама џабе е кога нема страст и заљубеност. Велат дека страста со текот на времето избледува, ама јас не се согласувам. Со бившиот бев во врска исто време колку што сум со мм во брак. ММ сакам со очи да го изедам, го гледам и му се восхитувам, имам потреба да биде до мене, имам потреба од него, кога спиеме навечер да бидеме залепени еден до друг, додека со бившиот на пример, исто ми се фаќаше дали е тука или не е. Последните месеци, еве да речам, последната гдина со него, не ни имавме односи.
    Затоа пробај, ништо не губиш да промените некои секојдневности, рутини и навики. Ако не упали, кажете си чао подобро, отколку со години да се гушите во таква врска која може да премине и во брак од немајкаде и од помислата дека долго време сте заедно, па да живееш несреќен живот со човек кој не го љубиш.
     
    На samovila.red. и Dust им се допаѓа ова.
  8. emmacool

    emmacool Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Има ли некој за во ЛП?
     
  9. Stojanovaa0529

    Stojanovaa0529 Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    благодарам на советот, иначе јас воопшто не мислам дека сака да го направи бившиот љубоморен бидејќи она самата му раскина и се фана со друг e од кога се фана со другиот кога по 1 месец раскина и со него е тогаш седеа 3 часа со дечко ми кога ја тешеше тоа заборавив да го наведам... сепак уште еднаш благодарам на советот...
     
  10. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.686
    Здраво на сите ^_^ Имам проблем па решив да се обратам повторно на форумов.
    Многу ми смета што кога и да зборам со дечко ми на телефон сестра му се се вртка околу него и да сакам нешто да му кажам интимно срам ми е она да не слушне.Исто така глупо ми е што кога ќе отидам кај него она цело време седи со нас и ако отидеме во соба да имаме однос нешто такво она одма се лути..Има 11 години.Се расправавме со дечко ми и му реков :Не е моја вина што ти имаш толку помала сестра за да морам да седам јас со неа секое доаѓање кај вас.Неговите вчера беа на прослава и зашто ние сме отишле во соба цело време и ѕвонела на мајка и,ајде искочивме седевме,прво дечко ми неможе да дојде на ред да си зборнеме ние нешто,цело време за во школо ми збореше,но потоа премина на една тема,почна да ми збори за БИВШАТА на дечко ми,замислете..Многу ме здоболе.Затоа што таа иста бивша негова многу го повредила и кога јас се фатив со него она ми пишуваше како јас само му ги бришам солзите!! Откако сестра му ми ја спомна,инаку јас и таа блиску живееме сестра му ми рече:Вие другарки сте ? Јас СТАНАВ и реков ЌЕ СИ ИДАМ ЈАС,си облеков јакна и она почна нешто :извини те молам и јас на дечко ми му реков :Не е да ми се извини работата туку треба да размислува малце што збори! Не и е прв пат ова да ми спомнува бивши на дечко ми.Сметам дека ако тоа е минато треба да остане во минатото. Дечко ми тргна по мене,но јас си останав за својот став.И јас сум имала бивши па мојот брат никогаш не му ги спомнал на него.Сите ние сме имале 11 години и апсурдно би било да речам “мала е не разбира“ Да не разбираше немаше да ја раскопа таа тема,а и како што напомемав не и е прв пат ама вчера се прели чашата.Ми се одмили веќе да идам кај него.Незнам ни што ќе биде со врскава,несакам секој да си го пика носот Совет? Како би постапиле Вие? Секој совет би ми добродошол тука или пишете ми лп.
     
    На LazyGirl5689 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.941
    Допаѓања:
    61.515
    Пол:
    Женски
    Да сум на твое место, понатака би се гледала со него надвор или дома кај мене, додека се опамети малата.
     
    На fallenangel, elimkd, Barbara90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Barbara90

    Barbara90 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    мала е , па изгледа го сака твоето внимание :) не и замерувај ,продолжи си по твое :)
     
    На Yeeah му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pinky97

    Pinky97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Јас сепак мислам дека сеуште е мала и дека сепак неразбира што треба да збори и што не, и таков и е периодот влегува во пубертет и сака да се покаже да се прави важна и паметна и само да збори,а можеби и сака да стане поблиска со тебе и го сака твоето внимание дека си и интересна па прави глупости бидејќи сеуште незнае како да ти се приближи. Незнам каков е твојот однос со нејзе и какво е девојчето ама можеби и само си сака друштво и да си збори со некого да му раскаже нешто што е за нејзе интересно. Можеби е најпаметно некој период со дечкоти да се гледате повеќе надвор или кај тебе дома секако доколку може и разговарај со него објасни му дека тоа ти пречи па и тој нека разговара со мајкаму доколку е потребно и дека сакаш поретко да одиш кај него или да одиш додека е мајкаму тука па таа да си ја контролира ќерката. Со среќа се надевам брзо ќе го решиш проблемот :) :*
     
    На Yeeah му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    19.414
    @Yeeah,

    Разбирам сестрата да ти е врсничка па да се нервираш зошто мислиш дека те свесно те провоцира ама во твојот случај, како и да ја свртиш работата, имала или немала лоша намера, фактот останува дека сестрата на дечко ти е дете. Може не и се свиѓаш па намерно те буцка, може така ти збори сосема детски наивно, без воопшто да претпоставува дека тоа толку ти смета. Која и да е позадината на нејзиното однесување, едноставно помири се дека „соперничката“ во моментов ја чита Хајди и учи кој бил Крали Марко, односно батали исправање криви дрини со некој кој е 6то одделение. Од друга страна, пишуваш дека долго време сте во врска па зошто тогаш ти „возрасната“ толку драматично излетуваш од дома само зошто некој кепец ја спомнал бившата на фраерот? Ти си знаеш каква ви е врската, ама па толку узбуна да се дигне поради еден глуп коментар кажан од страна на некој кој веројатно уште се игра со кукли и носи ранец со Фроузен?

    Исто, веројатно јас сум премногу конзервативна, ама мене едноставно ми е незамисливо да се сексам додека знам дека во станот има присутно дете а родителите се излезени. И другарка ми имаше многу помала сестра ама кога дечко и (сегашен сопруг) и доаѓаше на гости, никогаш не се затвараа сами во соба, туку напротив, ако детето сака да седи со нив, ја оставаа. Дечково дури и домашно пишуваше со малото. Премотај неколку години, „малото“ денес е студентка која им го чува синот кога другаркава и мажот сакаат сами да излезат да прошетаат :)
     
    На ivana--aerodrom, Upintheskylol, Yeeah и 3 други им се допаѓа ова.
  15. SweetDreams007

    SweetDreams007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми сме месец дена во врска, пред тоа се мувавме околу два месеци. Всушност за тоа време ние се дружевме цело време неговото и моето друштво, т.е. јас и тој ретко останувавме или поминувавме време сами. Сега е малку подобро, но јас не можам да се опуштам пред него. Иначе сум доста комуникативна личност и со сите се шегувам, имам многу пријатели, но со него нешто ме кочи. На почетокот зборував многу, но се ми изгледаше како тој да не сака да е многу насамо со мене. Сега е пак обратно, он си е опуштен, јас не.. Инаку и двајцата сме "нови" во врски, неаме баш искуство, па има незгодни ситуации.. Исто ми смета што не правиме работи заедно, туку сме или кај мене или кај него дома. Мене ми е прва ваква врска па малце ми е глупо да бидам иницијатор јас, мислам дека треба он, а ни него не му текнува. Се нервирам што се анализирам и не оставам се да си тече, но не знам како да си помогнам..
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    10.328
    Допаѓања:
    153.600
    Пол:
    Женски
    @yeah јас па мислам дека си премногу голема лутка..
    На 11 годишно дете да се налутиш мислам...
    Треба да ја гледаш како твоја сестра а не да се лутиш..

    Патем има право Nausica, за се што пиша..:handshake:
     
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    21.683
    Пол:
    Женски
    Може некој што се разбира и може да ми помогне да пише лп? :)
     
  18. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    10.509
    Допаѓања:
    133.067
    Пол:
    Женски
    @Yeeah се сеќавам ти го читав проблемот ама бев од телефон и изумив да ти пишам. Денес случајно влегов во темата и време е да ти вратам, малку закаснато - извини. Ќе ти кажам дека јас имам брат, 11 години наполна пред 2 месеци. Сега влегва во пубертет, му работат хормоните. Поќе од еднаш кога зборам со дечко ми на телефон, он ми збора за бившиот. Ама дечко ми ни малку не му замерва зошто - дете е. Буквално дете е. Сака да се најди во муабет и сака да се дружи со постари и од таму, пробва да се вклопи во разговор мислејќи дека е интересен или пак дека така треба, а не дека ете, неможи некој да повреди со таквите размислувања. Ако му побарам сок, ми тура во шолјата од бившиот, и ми вели „Ова ти е шолјата од ****“ и океј му велам, искрено дете е. Кога видов дека има 11 години во главата си напрајв паралела меѓу сестра му и брат ми зошто ете, врсници се. За неа вие двата сте големи и паметни, знајте се и таа сака само место под сонцето да биди покрај вас. Кажи ѝ дека ти смета ако пред тебе збора за бившата на твојот сегашен дечко. Со нагласок бивша, зошто сега си ти тука, а не е бившата. Не велам дека детето сака да те повреди, велам дека е дете и дека верувај, не е свесна за тоа што го вели.
    Велиш, како би постапиле ние. Јас искрено, гајле ќе ми биди дали некој во мое присуство ќе збора за бивши на дечко ми зошто јас прва му прам мајтап за една бивша од основно и една бивша од средно. Сакам да кажам, намали то љубомората туку верувај му малку на дечко ти, сестра му збора, не тој и нема смисла него да му се лутиш за шо пубертетлија прај. Немој да си уништуваш врска ради ... дете.
    Со среќа и кажи како постапи, шо одлучи, сепак доволно време помина откако го пиша проблемо.

    @SweetDreams007 Убаво рече, многу анализираш и не оставаш работите сами да течат. Иницијатор за шо? Да излезите сами? Можеби неќи да те притиска. Ако сакаш тој прв да биди иницијатор, ти треба да му дајш знак, да знај дека си сеуште заинтересирана зошто можеби мисли дека не би сакала ете било шо зошто на почеток си зборувала многу, а сега си оладила и е си опуштена. А и не е лошо и женското да биди иницијатор за било шо. Just saying.
     
    На Yowannty и Nausicaa им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    21.683
    Пол:
    Женски
  20. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    10.509
    Допаѓања:
    133.067
    Пол:
    Женски
    Кога сакаш бе злато, немора да прашваш. :D
    Ти пиши ми, јас можи сега за дестина минути да се исклучам, па ќе видам малку покасно. :hug: