Тогаш дувањето нема врска со вашата ситуација (освен фактот што тебе не ти се допаѓа тоа). Дечкото делува нестабилно и незрело и нема почит спрема тебе. Сепак 4 години вложување во врска не се малку. Се зависи што ти сакаш. Ако сакаш да работиш на подобрување на односот, мора да се разговара за истото, цврсто и одлучно за да те сфати сериозно. Но тоа само доколку и другата страна го сака истото. Околу тоа што дечко ти, те земал здраво за готово, си само ти виновна. Во такви ситуации секогаш сме ние девојките виновни, зошто преку одредени наши постапки ние придонесуваме кон тоа. Кога ги жалиме, кога им прогледуваме низ прсти, кога им простуваме полесно зошто не сакаме да се расправаме.. Сето тоа придонесува машките да мислат дека не можеме без нив. Секако, ти секогаш можеш да го смениш тоа. Разговор. Цврст став и доследност. Ти биди таа што ќе ги постави границите. Преку одредена постапка посочи му дека можеш без него. И види дали нешто ќе се промени.
Здраво на сите. Имам еден проблем и сакам да побарам ваши мислења. Во врска сум 1 година и неколку месеци, моментално на далечина бидејќи тој студира во друг град. . Врската ни беше супер од сам почеток па се до последниов период иако мислам дека јас не допринесов доволно за истата . Последниот период имавме некои караници , раскинавме на 2 пати па се смиривме и така . Последен пат бевме раскинати скоро 1 месец , и беше повеќе поради моја вина иако и тој беше виновен до некаде . Пред 1 недела му се јавив ,воопшто не изгледаше лут , си збоиревме најнормално како ништо да не се случило . и така веќе цела недела сме во некој контакт но не знам на што сме. По однесувањето негово ми чинеше дека сака пак да се смириме , кога после некој ден го гледам со друга на место на кое што обично не излегувам јас а случајно појдов тој ден ( а тој не ме виде мене ) Не можев да верувам. Се распрашав по други ми рекоја дека му е девојка и по се изгледа се фатил со неа во периодот кога бевме раскинати. Следните денови ме бараше ми пишуваше пораки не му враќав ништо . Го игнорирав скроз. А знам колку ми беше тешко и покрај се го сакам сеуште . Деновите ми минуваат онака, немам желба за ништо само на него мислам и плачам.
@candyshop Кажи му отворено дека знаеш што и како, немој да го игнорираш. Стави му до знаење. Не си ти марионетка, па да ја врти како сака. Може му е пролазна фарса, а може и не. Без разговор ништо нема да знаеш. Кој подобро знае? Тие што ти кажале или он самиот?
А што ќе разговара? "Еј јас те видов со друга, зашто вака така, онака.." Што не е јасно, досадно му било, со едната па сака и со другата. Самата си го даде одговорот "чекал да сфати сама". Нема што да разговара, поголемо од игнорирање нема..
Се наоѓате во почетна фаза, знаете оно запознавање, пишување, зезање, гледање, и вие на некој начин си стварате некој филм дека ви е супер и оп дечкото се оддалечува, а вие тоа не ни го претпоставувате. Искрено не можев да замислам дека тој ќе се оддалечи зашто се ни беше супер. По некое време пак пишува ама не е тоа-тоа. Му пишав и јас прва во овој период ама враќаше ладно. Ми остави впечаток дека е незаинтерисиран за мене и оставив така. Ми фалеше секој ден и секој ден размислував за него, како се затрескав, поминаа 3 недели, и роденден му беше, се мислев многу, многу, но на крај си реков не, ќе го заборавам, неможам некому да се уфрлувам кога тој некој не мрда со прст. И така помина скоро цел месец, иако излегував и флертував со други, јас постојано мислев на него. Имав некое чудно претчуство, постојано го мислев. Во тек на овој период го видов дечкото кој пред некоја година ме свиѓаше но тогаш не се замрав, сега кога го видов премногу се разубавел. Бев поднапијана таа вечер и цело време се гледавме. Но ни крај памет не размислував дека ќе ми пише и слично, зашто типот беше многу изменет и физички а и карактерно. Кога дојде на маса, не се ни поздрави со мене, иако цело време ме гледаше. Но мене ми фалеше само тој дечкото..со никој друг не се гледав ниту пишував периодов. И замислете после 1 недела,во ист ден, ми пишува дечкото кој се гледав, и му пишува дечкото кој ме гледаше таа вечер и порано го одбивав..Замислете во истиот ден.... И што да направам сега? Се прашувам зошто се врати, кога имав шанса да започнам нешто ново...
@beautu17 Иди напиј се некој коктел, коктелот да има и чадорче од страна, а дечките нека си се состават и заедно нека си пишуваат Ни едниот ни другиот
Здрaвo Дaли нa пoчетoк нa врскa пoстaвувaте некoи ,,критериуми,, кaкo -Немa лaјкувaње немa кoментирaње нa други oд спрoтивен пoл oсвен aкo се рoднини -рaзменa нa пaсвoрд - известувaње зa тoa кaде и сo кoгo ќе oди, -Кoгa нa нештo тaквo или нештo штo ве изревoлтирa кaкo реaгирaте? П.С. секoј сo мaките
Јас не сум поставувала критериуми ниту пак дечко ми ниту на почетокот е било ниту сега. Така да мислам нема потреба од тоа.
Па зависи каков ви е карактерот на двајцата..Има парови што си го практикуваат ова за да избегнат караници и љубоморни испади..Ама дека е тоа здрав начин на одржување врска, не можам да се согласам..
Поставување на вакви критериуми ми е крајно детско однесување. Нема лајкнување?! Зошто па да не, ај ако не па нека не смее да има жени во пријатели.. Пасворд?! Не фала. Ниту сакам да делам толку приватни работи со некого, ниту сакам да сподели.. Што би прочитала ?! Известување ... во смисла - еј на кафе ќе одам после со Рајко и Станка, да... ама детални извештаи дури и ме нервираат... Колку повеќе критериуми, толку поформална е врската... нема спонтаност, ќе треба да пази што лајкнува, а нема ни довербата да се развие затоа што ќе го проверуваш на секој чекор.. Такво нешто за мене па нема некоја иднина
можи едно прашање....дали мислите дека би опстојала врска каде парот има различни навики? не баш буквално сите навики да им се различни, ама пр ако девојката легнува порано а момчето седи буден до 5 сабајле?
Мене би ми сметало, зошто тој има сосема друг биоритам. Ако сакам денски да пијам кафе тој нема да може да се разбуди од зимски сон и ете караница. Зависи од карактер. Мене ме нервираат такви навики на касно легнување
Се е до карактерот. Ако можете така да се согласувате без никаква караница, супер. Јас не би можела. Нормално е дека секој е различен, но веќе ако сте во врска треба да се организирате како што ви одговара на двајцата, а не да си тера едниот по негово, другиот исто така. Тука се караниците.